логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Монах Павле од Лавра 

ЖИТИЕ И СЛУЖБА НА СВЕТИ НЕКТАРИЈ БИТОЛСКИ

 Korica.zitie.sv.Nektarij.jpg

vozdvizenie.jpg

 

НА ГОЛЕМА ВЕЧЕРНА
„Блажен е оној човек...".
На ГОСПОДИ, В033БЛ)(Ъ,
стихири на свети Нектариј на 8, глас 4. Подобнина: с выше звдный...
И
спитувајќи им ги помислите и срцата на луѓето и знаејќи ја иднината со својата промисла, Словото и Господ патот ти го покажа, блажени Нектарие; и ги спаси од ропство твоите родители, со благодатта и содејството на Богородица, која во Битола и тебе те зачува од агар-јанско ропство. По нејзините молитви избави нё и нас, Исусе, спасителу наш, од секакво робување на лукавиот демон.
О
д дете си бил хранет со нектар, како некој невештес-твен и небесен човек, а такво ти е и името, оче Нек-тарие. Од земните и смртните си го учел најдоброто, коп-неејќи по неминливата и вечна радост. Си живеел во Христа, со умносрдечната молитва на усните, а духовниот поглед на својата душа си го окрилувал со созерцание. Затоа и сега, блажени, моли се за спасение на нашите души.

К
ако што пајажината - оружјето на пајакот - лесно се уништува со рака, така и ти лесно ги уништи лу-кавствата на демоните и сите нивни стапици. Носејќи го на плеќите непобедливиот крст си се борел со страстите, а откако ги победи, заедно со браќата ја прослави негова-та победа. Удостој нё и нас, Исусе Христе, по молитвите на божествениот Нектариј, да ги уништиме сите мрежи на лукавиот.
В
о Битола си бил послушно и кротко дете, а на гора-та Атос си се украсил со светли победи, оче Нек-тарие. Денес блескаш како друго сонце и нё милуваш со зраците на твојата добрина. На сите што со вера го праз-нуваат твојот божествен спомен, подај им за награда свет-лина и благодат, и моли го Христа, нашиот Бог, да ги из-бави од темнина нашите души.

Глас 8.
Подобни на: СЭ прЕслдвыдгѵѵ ЧІЗДЕСЕ...
О
че, богомудар Нектарие! Од дете си се молел хра-бро да го износиш Христовиот крст и добро да го изврвиш спасителниот пат на евангелието, кој води кон небесниот град, себлажени. Таму душите на праведни-ците му се радуваат на Христа, Бога, славејќи го со бо-жествени песнопеења.
О
че, богомудар Нектарие! Со вера во Бога си го ок-рилил умот, замразувајќи ја вселенската побуна. Си го зел својот крст и со него си тргнал по Христа. Разумно и со подвиг си го скротил тешко скротливото тело, ста-вајќи го во служба на божествениот дух.
О
че, свети Нектарие! Мудрувањето на плотта си го потчинил на умот, преку воздржување и постојани молитви. Си се исполнил и со благодатите на Светиот Дух, и затоа блажени, со неговите духовни зраци одбиј ги од нас сите чети демонски.
О
че, Нектарие! Ние што го носиме твоето име, од љубов ти ја принесуваме оваа празнична служба во твој спомен, обземени од копнежот на верата; ти пак, преблажени, примајќи ја, смилувај се на нас, а на сите што те чествуваат богољубиво дарувај им небесна бла-годат.

Слава, глас 4:
Б
леснаа како сонце на земјата и на небесата делата на твојот добродетелен живот, богоносен оче Нек-тарие. Праведен со праведниците, светиш како сонце, како што вели Господ, размислувајќи како мудрец за де-лата Божји и за неговата волја. Со твоите молитви освет-ли нё и нас овде во Битола, и отстрани ги смртта и смрт-ниот сон од нас со твојата богодадена добрина.

и сега и секогаш, на претпразникот, истиот глас:
В
о пештера си се вселил Христе, Боже, и јасли си примил; овчарите и мудреците ти се поклонија и пророштвата на пророците се исполнија; ангелските сили се восхитија, извикуваа и велеа: слава му на твоето снис-ходење, единствен човекољупче.

 

 


Вход, „Светлино тивка...", прокимен на денот, три читања.

Од пророштвото на Исаија читање (1:16-20)
И
змијте се, исчистете се; иставете ги од очите мои лошите дела свои; престанете да правите зло; научете се да правите добро, барајте правда, спасувајте угнетен, заштитувајте сирак, застапувајте се за вдовица. Тогаш дојдете и ќе се пресуди, вели Господ. Гревовите ваши да се и како бакам - како снег ќе ги побелам; да бидат црвени и како пурпур - како волна ќе станат бели. Ако го барате и го послушате, ќе ги јадете добрата земни; ако, пак, не сакате и се противставувате, меч ќе ве истре-би, тоа го рече устата Господова.

Од пророштвото на Исаија читање (65: 8-16)
В
ака вели Господ: „Кога во гроздот има сок, не повре-дувај го, зашто во него има благослов; исто ќе напра-вам и за моите слуги, та сите да не ги погубам. И ќе про-изведам од Јакова потомство, а од Јуда - наследник на моите гори; и тоа ќе го наследат моите избрани, таму ќе живеат слугите мои. И Сарон ќе биде пасиште за овци, а долината Ахор пладниште за говедата на мојот народ, кој ме побара. А вас, кои го оставивте Господа, ја забора-вивте мојата света гора, готвите трпеза за Гад и отворате полна чаша за Мени - вас ве определив за меч, сите ќе се наведнете за колење, зашто викав и не одговаравте, гово-рев, не слушавте, ами вршевте зло пред очите мои и го избравте она што не беше по волја моја". Затоа вака вели Господ Бог: „Ете, слугите мои ќе јадат, а вие ќе гладувате;

слугите слугите мои ќе пијат, а вие ќе се измачувате од жед; слу-гите мои ќе се веселат, а вие ќе бидете во срам; слугите мои ќе пеат од срдечна радост, а вие ќе пиштите од срдеч-на жалост и ќе плачете од отпаднатоста на вашиот дух. И ќе им го оставите името свое на моите избрани за про-клетството; а тебе ќе те убие Господ Бог, и слугите свои ќе ги нарече со друго име, оној што се благословува на земјата, нека се благословува со вистинскиот Бог".

Од Книгата мудрост Соломонова читање (4: 7-15)
Й
праведникот и рано да умре, ќе биде во мир, оти чесната старост не е во долговечноста, ниту се из-бројува со бројот на годините. Мудроста - тоа се белите човечки коси, а непорочниот живот - возраст на староста. Откако му угодил на Бога, праведникот е засакан, и от-како живеел меѓу грешниците, Бог го прибрал; грабнат е, злобата да не го измени неговиот разум и подмолноста да не ја заведе неговата душа. Зашто, извршувањето на лошото го помрачува доброто, а страсното бранување го развратува незлобливиот ум. Кој достигнува совршен-ство во кратко време, тој живее долго; зашто неговата душа му била угодна на Господа, затоа и побрзал да го избави од безбожноста околу него. А луѓето го видоа тоа, и не го разбраа, дури и не помислија за тоа дека Бог има благодат и милост за своите светии и промисла за своите избраници.

На литија, стихири, глас 1, самогласни:
Н
админувајќи ги ангелите и господарејќи како бого-мајка над сите созданија, ја прифати гората Атос
како како свој имот, чувајќи ја и штитејќи ја од нападите на лукавиот. Денес, во спомен на нејзиниот слуга Нектариј, во храмот на архангелите, заедно со свети Атанасиј -корифејот на атонските отци, да ја воспееме неа, која лично господари со Гората, извикувајќи й и поздравувај-ќи ја заедно со ангелите: радувај се, себлагословена, ти што му носиш радост на тварното и бестелесно создание; радувај се, ти што дивината и неплодноста на Атос ја претвораш во духовна плодност на доблесните мажи; ра-дувај се, заедно со Атанасиј - твојот верен слуга, зашто гората ти се исполни со безброен хор свети луѓе; заедно со нив сега блеска и нашиот славеник. Затоа, по нивните молитви, пресвета, и по застапништвото на бестелесните сили, зачувај ја оваа гора од секакви напади на непријате-лите.
Й
танасие, си бил незалезна светлина на Атос, а по многу време во твојата обител си ни покажал уште една светлина, блажениот Нектариј, со име на нектар. Браќа, него да го подражаваме во доблестите, зашто е тој наш застапник и украс на карејската лавра. По него-вите молитви и ние да се удостоиме со божествена слава.

Глас 3.
П
овторно си меѓу нас, Нектарие, денес, на твојот празник. Никогаш не оставај нё и не отстапувај од нас, туку секогаш биди тука меѓу нас; погледни на нашите усилби и постојано моли го сесветлиот Христос да не нё посрами во судниот ден.

 

В
о светиот манастир на архангелите, оној на светиот Филотеј - кој беше негово величие и слава, и оној на прочуениот Дионисиј Јагари - кој беше негов венец на благодатта, и ти престојуваше телесно, оче Нектарие. Слугите твои што во него сега се подвизуваат, постојано те чествуваат со духовни песни, празнувајќи го твојот свет спомен. Преку твоите молитви направи нё достојни за учество во твојата слава, како што овде на земјата нё удостои со живеалиштето во кое ти привремено престоју-ваше.

Глас 4.
Ј
авувајќи им се во светлина на своите ученици, Гос-под им рече: „Вие сте светлината на светот". От-како се облековме во нетварна светлина, преку божес-твено просветлување, достојно да го прославиме овој ден, не со пијанки и народни игри, туку како што нё учеше богопросветениот Нектариј: со пост, солзи, молитви и бдеења, пеејќи му од нашите срца на Господа богоугодни песни.

Глас 5.
О
че, свет, богоносен Нектарие! На очите не им даде сон, ниту на клепките дремка, сё додека телото и душата не ги ослободи од страстите. Откако цел му се принесе на Бога, се удостои со восиновување по благодат. Го победи кнезот на овој свет и стана наследник на вете-ните блага; како син на Бога, чувар на неговите заповеди и пријател и брат на неговиот Син, по природа. Бидејќи

имаш смелост да застанеш пред небесниот Отец, моли го, преблажен оче, и нас да нё удостои со просветлување одозгора.

Слава, глас 6:
О
бразот си го зачувал неповреден, а умот со подвиг си им го противставил на погубните страсти. Во по-добието си се вратил како подобен, машки совладувајќи ја својата природа. Си се трудел силата на телото да ја скротиш со послушание, а плотта да му слугува на духот. На монасите си им давал најдобри примери, си бил жител на пустината, учител на подвижниците и образец за доб-лесен живот. Сега на небесата, блажени, ослободен од огледала, гледаш чисто лице в лице и непосредно й се молиш на пресвета Троица за сите што со вера и љубов те чествуваат.

и сега и секогаш:
Д
енес се радуваат и ликуваат ангелите на небесата, му се радува и целото создание на родениот во Вит-леем, спасителот и Господ, зашто престана сета прелест идолска и Христос царува во вековите.

На стиховни стихири, глас 5.
Подобни на: РДДЅИСА ПОСТЫИЧЕСКИХЪ...
Р
адувај се, на монасите убавино, чесно величие на Гората Атонска, славо на оние што се подвизуваат во карејската лавра, во неа и ти поживеа, себлажени, па-зејќи го законот на добродетелите, монашкиот завет и божествениот закон. Ти си ни патоводител, неизгаслив светилник на воздржанието и стамена потпора на сите што го подражаваат твојот живот. Ти ги поттикнуваш сите и ги препознаваш оние што смело врват кон тебе. Моли го Христа Бога, да им даде милост на сите што те почитуваат.

Стих: Чесна е пред Господа смртта на неговите препо-добни.
Н
ектару на боготворни доблести, себлажени, на атонските отци си им станал жив извор на благодат, точејќи им од него Христови небесни духовни потоци на оние што вистински те возљубиле и кои верно ја чуваат светлината на твоето животворно кандило, како што ти ја чуваше незалезната светлина. Си се покажал како Христов нектар, Нектарие, затоа измоли го и нас да нё удостои со неговиот божествен нектар.

Стих: Блажен е оној човек што се плаши од Господа и постојано ги исполнува неговите заповеди.

(самогласен)
Н
авистина си тргнал кон чудесната скинија, кон Бож-јиот дом, о севоспеан, вслушувајќи се во свечениот глас на радосната и милозвучна песна, и учествувајќи и самиот во неискажливата радост, Нектарие. Откако се здоби со праведност и ја скроти плотта, го напушти мана-стирот, украсен со безбројни доблести. Моли го Христа Бога, да им подари и на нашите души голема милост.

 


Слава, глас 8.
Н
ие монасите те почитуваме како учител, оче наш Нектарие. Преку тебе научивме да одиме по ви-стинскиот пат. Блажен си, зашто му служеше на Христа, победувајќи ја силата на демоните. Ти си собеседник на ангелите и сожител на праведниците и светителите; за-едно со нив, моли го нашиот Господ да ги спаси нашите души.

друга слава:
Н
а земјата си поживеал подвижнички и рамноангел-ски живот, оче Нектарие. Со воздржание си го скротил телото и си му го потчинил на духот. Си бил ис-кусен исполнител на Господовите заповеди и си ја зачу-вал неосквернета првобитната убавина на образот. Кне-зот на овој свет храбро си го победил со подвигот на трпе-нието. И сега на небесата заедно со сите светители, стоиш крај престолот Божји, молејќи се за сите нас што со вера и љубов го празнуваме твојот светол спомен.

и сега и секогаш:
О
д Витлеем дотрчаа пастирите и го препознаа ви-стинскиот пастир, оној што седи на херувимите, а тој лежеше во јасли и заради нас прими лик на дете. Гос-поди, слава ти.

„Сега го отпушташ слугата твој...", трисветото и отпуст.


Тропар, глас 1.
Подобен на: Шстьшый ЖИТЕЛЬ...
К
ако ѕвезда зороносна си изгреал на Атос, си го ос-ветлил карејскиот скит, те воспита градот Битола, оче наш Нектарие. Просветли ги сите што со љубов те чествуваат и непрестано моли се за сите нас. Слава му на Христа, кој те прославил, слава му што те облагода-тил, слава му на оној што преку тебе ни даде нам исце-ление.

Korica.zitie.sv.Nektarij.jpg

 

Со благослов на митрополитот австралиски и новозеландски и администратор преспанско-пелагониски господин Петар

 Korica.zitie.sv.Nektarij.jpg

Наслов на изворникот:
ΠΑΥΛΟΥ ΜΟΝΑΧΟΥ ΛΑΥΡΙΩΤΟΥ,
Ό "ΟΣΙΟΣ ΝΕΚΤΑΡΙΟΣ Ό ΑΓΙΟΡΕΙΤΗΣ,
Αθήναι 1991 (Έκδοση: Επτάλοφος ΑΒΕΕ)

Превод од Грчки:
Весна Калпаковска
Валентина Гулевска

 Подготви: Стојанка Тежак

Друго:

Житие на св. Нектариј Битолски (2)

Житие на св. Нектариј Битолски (!)

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3131
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7606
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

17/11/2024 - недела

Преп. Јоаникиј Велики; Св. свештеномаченик Никандар, епископ Мирски и Ермеј презвитерот;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Вера имајќи повредна од животот земен,дарувана ви беше о Галактионе и Епистимо, времето дадено за преумување мудро го употребивте поучени...

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Јоаникие оче наш преподобен, Тебе на кого надеж ти е Отецот,  прибежиште Синот, а покров Духот Свети,  моли се о ти...

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните,помошник на владетелите,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная