логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


   

Монах Павле од Лавра 

ЖИТИЕ И СЛУЖБА НА СВЕТИ НЕКТАРИЈ БИТОЛСКИ
 Korica.zitie.sv.Nektarij.jpg

Предговор

Нема ништо понеопходно и покорисно за оние што според Божјата заповед го слават монашкиот завет и на кои им е дадено него да го исполнуваат внимателно и со подвиг (а поради страв од Бога - што, пак, е грижливо чување на неговите заповеди), од слушањето за добрите дела на богољубивите мажи и од говорењето за нивните духовни борби и подвизи. Затоа душата на оние што се грижат за своето спасение нека го прифати ова кажување со смирение. Тоа ќе им овозможи полесно да ги исполнуваат Божјите заповеди, зашто патот до царството Божјо е тесен и стрмен.
Се чини дека токму слушањето и говорењето за духовните борби и подвизи им ги усовршува душите на богољубивите мажи и дека тие за нив претставуваат благодатен извор и бујна река. А и мудрите старци за тоа имаат оставено многубројни и разновидни стари записи и творби од разни времиња, од кои секој може да има полза за душата ако ги применува внимателно и со ревност.
Кога земјоделецот зимно време ќе види разлистани дрвја со плодови, тој нема да ја занемари добивката од нив, туку напротив, весело и со радост ќе ги собере плодовите со своите вредни раце, ненаситно ќе ги бакнува со своите усни, ќе ги мириса и нежно ќе ги прегр-нува, зашто иако се предвремени, сепак се убави и добри. Така се осмелив и јас да ви го принесам денес мојот плод, кој, иако предвремен, сепак е убав онолку колку што му дозволува времето. Тој не треба да биде отфрлен поради тоа што не е украсен со соодветните дарови на летото: со чиста боја, со свежина и со секаков друг цвет, туку треба да биде дочекан со љубов, зашто е предвреме раззеленет. Исто е и со морепловците што презимуваат на море, ним појавувањето на една единствена ѕвезда или на некој друг небесен знак им е навистина многу пријатно.
Но, време е да се приложи плодот и, каков и да ви се види тој, сепак, ислушајте го со трпение.

vozdvizenie.jpg

Потекло

Вие не сте толку наивни, па да помислите дека ќе ви зборувам за некаков плод што се јаде и што потоа се фрла. Не, јас ќе ви зборувам за плодот што ни го даде земјоделецот и сејачот, Господ Исус Христос, од хранителната и ангелородна светогорска пустина.
Тој плод, нектар на послушанието и смиреноумието е божествениот Нектариј, кој е роден во Битола, митрополија на Охридската архиепископија, во епархија што сега се вика Пелагонија. Неговите родители беа многу богобојазливи луѓе и праведни пред лицето на на¬шиот спасител и Господ. Затоа и се радуваа на неговата закрила и на големата помош, како што по ред ќе појасни житиево.

Сонот на мајката на светителот

Нивната земја беше нападната од Агарјаните, а тие речиси сите ги носеа во ропство. Еднаш, додека престојуваше во гумното заради некоја летна работа, мајката на Нектариј беше удостоена со Божјо видение. Познато е дека ја видела пречистата Богородица, која и рекла и и порачала да не се грижи, да си ги земе мажот и децата, да замине од градот и да се засолни на некое место, зашто Агарјаните наскоро требало да го поробат сиот народ. Ете, такви работи виде во видението. Затоа таа не се грижеше за имотот, туку беше послушна, па откако го совлада стравот, ја напушти куќата. Сиве овие работи му ги кажа и на мажот и, кој и беше вистински помошник; па излегоа од градот со сета покуќнина и се скрија каде што им се чинеше дека е најбезбедно. Набрзо целиот град и сета градска околина беа разурнати од варварите. По неколку дена, откако престана жестокиот налет, тие излегоа и се спасија, зашто беа богобојазливи спрема видението и под заштита на сесветата Богородица. Сепак, беа обземени и со радост и со тага. Со радост беа обземени поради нивното чудесно спасување, за што од сета душа му принесоа пофални химни на Бога и на неговата сесвета мајка и богомајка, бидејќи ги спаси, а со жал беа исполнети поради ненадејниот налет на Агарјаните врз благочестивите христијани, кои поради нивните гревови беа оставени од Бога. Тие работи имаа таков крај.

Монахот Пахомиј

Таткото од кој ни произлезе божествениот Нектариј, откако се договори со својата сопруга и се раздели од роднините, а бидејќи виде дека е веќе стар и изнемоштен за овој световен живот, ги зеде своите две дечиња и со мака стигна до еден манастир на светите бесребреници Кузман и Дамјан во подножјето на планината. Кога дојде таму, му се оддаде на Бога и се грижеше за своите деца со многу внимание, поучувајќи ги и одгледувајќи ги во страв Божји. Добриот Пахомиј, така се викаше старецот, вака истрајуваше и живееше.

 Необичното чудо

А Бог правеше чуда и наспроти очекувањата. Обичај беше од дамнини, а обичајот постепено стана закон, верниците што живееја во околината да одде-луваат по некој плод што го дава земјата и да му го посве-туваат и подаруваат на светиот манастир за да имаат од што да живеат тие што се во манастирот, а и да може се-која година да се слави празникот на себлагоречивите бесребреници Кузман и Дамјан. Па штом дојде денот на славата, а во манастирот по обичај ја славеа, старецот запали една свеќа и заедно со децата слезе во визбата до бочвата со вино, која веќе беше испразнета за славата на светите, сакајќи да ја измие со вода. Застана до бочвата и се обиде да ја заниша со раце, но не можеше, зашто таа беше потешка од олово. Внимателно погледна и забе-лежа дека е полна со миризливо вино, иако тој самиот пред некое време ја беше испразнил. Го обзеде и радост и страв од чудото. Вчудовиден ги придвижи усните славо¬словејќи го Бога, кој и на ваков необичен начин ги воз-величи светите чудотворни бесребреници.

Средбата со светиот Дионисиј

Неговиот син Никола, за кој сега зборуваме, беше по природа многу умен и штом го виде овој чуден знак, а имајќи го на ум и претходното видение на света Богородица што го имаше неговата мајка кога беа спа-сени од ненадејното доаѓање на туѓинците, добро размис-ли, па и се оддаде на љубовта Божја, стана праведен пред Господа и почна со сета душа да ревнува по него. Жедне-еше за љубов, „како што кошута жеднее по извори вод-ни"1, како што стои во Светото писмо, и со сета сила се стремеше таа љубов да ја здобие. Бараше лек за раната и го најде, зашто се што е добро промислено се постиг-нува, како што не поучува словото Божјо.
Значи, откако остави се, не мислејќи на последи-ците, со жар во душата тајно избега на Света Гора Атон-ска. Таму сретна еден старец по име Дионисиј, наречен Јагари, кој беше ненадминат во добродетелта. Тој старец „го возљуби нашиот Господ Исус Христос, со сета своја душа" и заради него имаше се оставено: гордоста од по-теклото, бидејќи беше син на некој сенатор што зазема-ше прво место во градот Константинопол, богатството и славата и се друго што меѓу луѓето се нарекува благо-состојба. Па облече монашко расо и му се покори на не-кој осамен старец по име Филотеј, мудар и благороден, кој живееше според Писмото и се подвизуваше во це¬лосна добродетел. Му се покори за да биде раководен од него во стремежот кон добри дела.
Добриот Никола најнапред се сретна со тој чуде-сен Јагари. Овој, пак, срдечно го прифати дојденецот, целиот му се посвети, му се доближи со сета своја душа и веќе не го оддалечуваше од себе.
А чудесниот Дионисиј, милозлив по душа и голем човекољубец, како го прими Никола? Дали го избрка како селанец или го запостави како питач? Никако. Тој беше трогнат од доаѓањето на момчето и заедно со него отиде кај својот духовен отец и старец, божествениот Филотеј.
Старецот Филотеј беше прозорлив. Штом ги до-врши вообичаените молитви, поздравувајќи го момчето, го викна на име и му рече: „Ти си Никола, синот на Па-хомиј, дојден си да живееш овде со нас!" Момчето му рече: „Чесен оче, од каде знаеш се за мене?" Старецот му одговори: „Бог на нашите татковци, чедо, кој те прати кај нас, ми го кажа тоа за тебе". Оттогаш Никола со уште посилна ревност во срцето ги отфрли сите световни ра-боти, па со страв Божји и со голема сесрдност му се при-дружи на старецот.

Нападите на ѓаволот

Откако прими монашки постриг и ја слече световната промена, отфрлајќи ја така облеката што поради непослушание ја примија нашите прародители, остави се што е од овој свет. И не остана само на тоа, како што повеќето монаси прават денес, прифаќајќи ги само надво¬решните работи и останувајќи на тоа, туку заветот на бестелесните го противставуваше на желбите на пропад-ливото тело. Со збор и на дело докажуваше, а со пост, молитви, бдеења и други страдања му ги покоруваше на духот помислите на плотта.
Гледајќи го ова, злосторничката змија не остана мирна и не можејќи да го трпи неговиот подвиг, реши да си поигра со момчето. Сакаше да го настапне и да го од-дели од сложното и заедничко живеење со духовниот отец, внесувајќи му секакви помисли и смислувајќи нај-различни погубни зла. Знаеше таа дека тој копнее по многу страдања, но бидејќи итра, не му се нафрли нему, туку на друг монах. Нектариј се бранеше од лукавиот, смирувајќи се со советите и поуките на светиот старец. Ѓаволот, бидејќи овој беше млад, измислуваше најголеми лукавства за да го победи, но неговите настојувања беа залудни. Бог беше повисоко и го чуваше од сите напади на нечестивиот.
А што смисли мачителот и непомирливиот непри-јател на нашето поколение? Бидејќи не можеше никако поинаку да го оттргне од љубењето на вистината, се во-влече во некој монах, соќелијник на Нектариј, му ја пот-пали зависта и ја насочи против него. Тој монах, опреле-стен од помислата, еднаш им рече на старците: „Или Нек-тариј да се оддалечи од скитот или еден од нас ќе биде мртов". Кога старците го слушнаа ова, се зачудија и долго време ништо не зборуваа. Но, и ова искушение требаше да се истрпи.
Старците започнаа на тој монах да му даваат ду-ховни совети од Светото писмо и поуки што од големото искуство ги научија. Со љубезни зборови го молеа и успо-којуваа злото во него, а потоа го заплашуваа и го потсе¬лосна добродетел. Му се покори за да биде раководен од него во стремежот кон добри дела.
Добриот Никола најнапред се сретна со тој чуде-сен Јагари. Овој, пак, срдечно го прифати дојденецот, целиот му се посвети, му се доближи со сета своја душа и веќе не го оддалечуваше од себе.
А чудесниот Дионисиј, милозлив по душа и голем човекољубец, како го прими Никола? Дали го избрка како селанец или го запостави како питач? Никако. Тој беше трогнат од доаѓањето на момчето и заедно со него отиде кај својот духовен отец и старец, божествениот Филотеј.
Старецот Филотеј беше прозорлив. Штом ги до-врши вообичаените молитви, поздравувајќи го момчето, го викна на име и му рече: „Ти си Никола, синот на Па-хомиј, дојден си да живееш овде со нас!" Момчето му рече: „Чесен оче, од каде знаеш се за мене?" Старецот му одговори: „Бог на нашите татковци, чедо, кој те прати кај нас, ми го кажа тоа за тебе". Оттогаш Никола со уште посилна ревност во срцето ги отфрли сите световни ра-боти, па со страв Божји и со голема сесрдност му се при-дружи на старецот.

Заминување на светиот

Нектариј беше послушен и ги извршуваше запо ведите, па заради доброто на сите замина од кај нив ка старецот Даниил. Од сесветиот Даниил тој беше приме] со љубов, на што возврати со љубов. Кај него го вежбаш духовниот подвиг, како што бара заветот.
Додека божествениот Нектариј се наоѓаше там) во мир и во длабока старост се упокои богољубовио Филотеј. Се пресели тој со радост кај многуљубенио Христос на 21 октомври.
Чудесниот Дионисиј Јагари веќе не можеше д го издржи заедничкото живеење со оној непослуше] монах. Се приклони тој кон божествениот Нектариј и п повика да се врати назад, сакајќи да му возврати за по кажаната ревност. Излезе дека и овој жеднее за сожител ство со него, зашто тие беа одгледувани и подучувани о, ист духовник. Но првин добро размислија, а потоа п< Божја волја се населија во прославениот манастир, онс во Кофо, посветен на светите архангели, кој им беше даден од сесветиот и прв господин Даниил. Во него живееја свето и богољубиво. Лебот секојдневно го месеа со свои раце, а колку што можеа им помагаа и на сите што имаа потреба од помош. Така се извршуваа тие ра-боти кај праведниците.

Крајот на непослушниот монах

Оној непослушен монах што одгледуваше завист кон Нектариј, кој лошата намера им ја соопшти на стар-ците и кој сиот отров на зависта го истури врз него, што, секако, не требаше да го направи, почна како безумен да талка горе-долу низ Гората. Најнакрај го напушти ски-тот и им се предаде на демоните, водејќи неумерен и ра-зуздан живот. Животот го заврши со лош крај. Неговата бедна душа се раздели од него на една патека, а бидејќи беше бездомник, непромислен и неуреден, не ја доби ниту последната погребна молитва.
Колкава омраза и непослушност. Поради нив му се затемни духовниот вид. Непослушноста кон Бога и омразата кон мажите што му се мили на Бога, му ги зедоа и покривот над главата и лекот за спасението. А тој ги носеше нив (непослушноста и омразата) како слепец, фр-лајќи се себеси во пропаст. Значи, со сета сила треба да го одбегнуваме непослушанието и треба да ја замразиме омразата, и постојано да посакуваме да не се одделиме од славата Божја. Треба повеќе да ги љубиме послуша-нието и ближниот. Само така ќе можеме да влеземе во царството Божјо. Ете, таков крај доживеа непослушниот монах.

Успението на светиот Дионисиј

Чудесниот Дионисиј проживеа свет живот, достоен за восхит, украсен со смерност и целомудрие, па во длабока старост (на 20 ноември) се пресели кај Господа, кого многу го љубеше. Божествениот Нектариј, со голема љубов и со страв Божји ги закопа неговите свети мошти, го изврши светиот чин за монасите со пеење духовни песни и химни, заедно со сесветиот Даниил, со сите презвитери околу него, со ѓаконите и со останатите монаси. Неговиот гроб го постави надвор од ѕидиштата, во светото место на храмот на највеликите архангели Михаил и Гаврил - мал манастир на скитот на Карејците, во областа Кофо.
Кога свети Нектариј се оддели од овој божествен маж, безмерна тага му го обзеде срцето. Од една страна, поради природното сочувство и поради поврзаноста меѓу луѓето - бидејќи и тој беше човек, а, од друга страна, му беше жал што не сожителствува со него во подоброто престојувалиште.

Гробот на свети Нектариј Битолски

Бог не ја превиде неговата ревност, туку го овенча со голем венец - каков што тој посакуваше. Но, првин му прати разни болештини што многу го истоштија, а потоа и староста го стави во слабост; и на крај и него -кој веќе стори седумдесет години, Бог, на 5 декември, го прибра кај неговите отци, Филотеј и Дионисиј.
Неговите ученици од љубов кон својот духовен учител го испочитуваа неговиот рамноангелски завет и цели четири години бдееја над неговите свети мошти.
На ридот, северно од храмот му имаа направено убав гроб, во кој со страв Божји ги ставија неговите свети мошти, а над гробот го насликаа неговиот божествен лик, за потсетување и застапништво.

Поговор

Тоа е животот и подвигот на нашиот богоносен отец Нектариј. А вие, најсвето и рамноангелско стадо, пијте од нектарот на неговите плодови, мириснете ги, пробајте ги и не гледајте ги само оддалеку. Во нив нема мамка на змијата на гревот, нема смрт, ниту казна за оној што ќе ги вкуси, туку има осветување на душата и телото и духовно насладување со нашиот Господ Исус Христос, кому му приличи секаква слава, чест и поклонување, заедно со Отецот и Светиот Дух, во вековите на вековите. Амин.

Korica.zitie.sv.Nektarij.jpg

 

 

Со благослов на митрополитот австралиски и новозеландски и администратор преспанско-пелагониски господин Петар

 Korica.zitie.sv.Nektarij.jpg

Наслов на изворникот:
ΠΑΥΛΟΥ ΜΟΝΑΧΟΥ ΛΑΥΡΙΩΤΟΥ,
Ό "ΟΣΙΟΣ ΝΕΚΤΑΡΙΟΣ Ό ΑΓΙΟΡΕΙΤΗΣ,
Αθήναι 1991 (Έκδοση: Επτάλοφος ΑΒΕΕ)

Превод од Грчки:
Весна Калпаковска
Валентина Гулевска

 Подготви: Стојанка Тежак

Друго:

Житие на св. Нектариј Битолски (2)

Житие на св. Нектариј Битолски (3)

Житие на св. Нектариј Битолски (4)

Житие на св. Нектариј Битолски (5)

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная