(10.07.2009)
На седницата од 8 јули оваа година Светиот Синод на Бугарската Православна Црква донесе решение трајно да го прекине учеството на Бугарската Црква во мешаната комисија за богословски дијалог меѓу Православната и Римокатоличката црква. Мотивот на бугарските архиереи е „дека досегашните богословски дијалози меѓу православните и римокатолиците не доведоа ни до минимално приближување на римокатоличката догматика до православната вероисповед“. Затоа БПЦ нема да испрати свој претставник на наредната средба на мешаната комисија за дијалог, којашто ќе се одржи на Кипар од 16-23 октомври 2009 година. Светиот Синод изјавува дека „го смета за несоодветно учеството на БПЦ во тој дијалог. Светиот Синод ќе даде свој придонес во средбите за разгледување на социјални и други општочовечки пробелми“.
Преземено од: МПЦ
Друго: