(26.06.2009)
На 21 јуни археолози од универзитетот во Хајфа објавија дека е пронајдена уникатна по размер подземна пештера од времето на Господ Исус Христос, којашто според нив дејствувала како манастир во текот на 500 години. Пештерата се наоѓа во Јорданската долина на околу 40 км. од градот Ерихон и е на длабочина од 10 метри со површина 4000 квадратни метри. Главната просторија е со височина три метра, а таванот го држат 20 камени столбови. На ѕидовите има претстави од христијански симболи, вклучувајќи и крстови, коишто датираат според археолозите од периодот од 350 година после Христос. Раководителот на ископувањата професорот Адам Зертал верува дека пештерата може да се претвори во еден од туристички најпосетуваните објекти на Светата Земја. Професор Зертел претпоставува дека станува збор за местото означено како Галгала во најдревната сочувана мозаична карта на Светите Земји – т.н. Медва. Оваа карта била направена во 560-565 година и е откриена на подот на црквата во градот Медва (Јордан) во 1884 година.
Извор: Дверибг.нет
Преземено од : сајтот на МПЦ