(24.03.2009)
Со праќање на покани до сите Поглавари на Православните Цркви за две подготвителни средби за Сеправославен собор во јуни и во декември оваа година, Цариградскиот Патријарх Вартоломеј ги спроведува одлуките што беа донесени на последната Сеправославна средба во октомври одржана во Цариград.
Во поканите испратени за двете подготвителни средби што ќе се одржат во јуни на Кипар и во декември на место што сѐ уште не е одредено, се наведени следните теми:
1. Православната дијаспора, каде што јурисдикциите на православната паства ќе се дефинираат надвор од национални граници.
2. Начинот за признавање на статус на автокефална Црква.
3. Начинот за признавање на статус на автономна Црква.
4. Диптихот, односно правилата на меѓусебно канонско признавање меѓу Православните Цркви.
5. Востановување на заеднички календар за празниците.
6. Пречки и каноничност на Светата Тајна брак.
7. Прашањето за постот во современиот свет.
8. Односите со останататите христијански конфесии.
9. Екуменското движење.
10. Доприносот на Православието за сведоштво на христијанскиот идеал на мир, братство и слобода.
Извор: Directions to Orthodoxy
Преземено од : http://www.mpc.org.mk/svetaktuelno.asp?id=3608