логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



На 28 ноември Епископот Виенски и Австриски Иларион, претставник на Руската Православна Црква при европските меѓународни организации, одржа прес-конференција, во врска со посетата на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Алексиј II на Австрија. Посетата е најавена за периодот од 20-23 декември и е по повод осветувањето на виенскиот соборен храм на Свети Никола, после големиот ремонт. Како што нагласи Епископот Иларион, соборениот храм на Свети Никола е главниот духовен центар на Виенската и Австриската епархија. Изграден е во 1899 година, и е најголем храм на Московската Патријаршија во Европа – неговата висина е повеќе од 60 метри. Во последните 5 години на храмот се изведуваа реставрациони работи. Основни спонзори на проектот се од Русија, нафтената компанија „Лукоил“, управата на градот Виена, Министерството за култура на Австрија и компанијата „Газекспорт“.

Во свеченостите ќе учествува Австрискиот митрополит Михаил Стајкос (Цариградска патријаршија) и претставници на другите помесни Православни Цркви, кои имаат парохии во Австрија.

Во состав на делегацијата учество ќе земат претстедателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија Митрополитот Смоленски и Калининградски Кирил и Митрополитот Кишиневски и на цела Молдавија Владимир. Ќе присуствуваат осум Епископи од Руската Православна Црква, кои служат во Западна Европа, од кои тројца се од Руската Задгранична Црква.

На 21 декември во соборниот храм ќе биде отслужена Божествена Литургија.

Во понеделник, на 22 декември Рускиот патријарх ќе се сретне со претседателот на Австрија Ханц Фишер. Истиот ден во Амбасадата на Руската Федерација ќе се одржи свеченост на која ќе бидат доделени ордени и медалји на Руската Православна Црква на лицата кои потпомогнале во реставрацијата на Свето-Николаевиот соборен храм.

Извор: Православие.ру

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…
Јуни 25, 2024
HRISTOS.nafora

За нафората

Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и употребена за свештеничка работа.Овој леб,како избоден со копје и осветен со божествени зборови,им се дава на верниците кои не се причестиле наместо Страшните дарови,т.е.Светата…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 2782
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7230
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 7056
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Најново од духовност

Православен календар

 

07/07/2024 -среда

Света Ана; Света Олимпијада, ѓакониса; Преподобната девица Евпраксија; Спомен на Петтиот Вселенски Собор;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 26 јули / 8 август 2024

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 26 јули / 8 август 2024

 Параскево света девственичке,Словото Божјо во тебе сила покажа,нагазувајќи на змии и шкорпии и на сета дрскост демонска,

Тропар на светата Богомајка Ана 25 јули / 7 август 2024

Тропар на светата Богомајка Ана 25 јули / 7 август 2024

Богомудра Ано,во твојата утроба си ја носела чистата Богомајка која Го роди Животот.Затоа сега си се преселила кон небесното блаженство,каде што...

Тропар на св. Христова маченица ХРИСТИНА 24 јули / 6 август 2024

Тропар на св. Христова маченица ХРИСТИНА 24 јули / 6 август 2024

Верата твоја света Христино,помести тројца мачители, како три планини обременети,телото кое во парчиња човечката злоба го раздроби,Животот него ќе го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная