логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Старец Пајсиј Светогорец

Самооправдувањето го попречува духовниот напредок
Геронда, на што се мисли кога се вели дека во Светото Писмо нема да сретнеш самооправдување?
ruskikrst.prozor].jpg На тоа дека за самооправдувањето  нема оправдување. На човек (а особено на монах) апсолутно не му прилега самооправдување. Тоа нема ништо заедничко со духовниот живот. Мора да ни стане јасно дека, оправдувајќи се себеси, влегуваме во состојба на лага. При самооправдувањето, јас ја прекинувам врската  со Бога и се лишувам од Божествената Благодат. Зашто, Божјата Благодат не може да ја прими човек што се наоѓа во состојба на лага. 

Од мигот кога човек ќе почне да го оправдува она што не може да се оправда, тој се одделува, се изолира себеси од Бога. Просторот меѓу човекот и Бог се исполнува со изолирачки материјал, како со некаков духовен каучук. Може ли да тече електрична струја низ каучук? Не, не може, тој е непропустлив за електричната струја. Така и за Божествената Благодат нема посилен изолирачки материјал од самооправдувањето. Оправдувајќи се себеси, ти буквално градиш ѕид којшто те одвојува од Бога, и на тој начин ја прекинуваш врската со Него.


 Геронда, Вие често велите: „Да се грижиме, во крајна линија, да не паднеме пониско од духовно прооден степен.“ Што значи тоа?
 Духовно прооден степен е смирено признание на својата грешка, а исто така и откажување од самооправдание, дури и тогаш кога ќе ти укажат во што е твојата вина, а тебе ти станува јасно во што се состои таа. А да не се оправдуваш себеси дури ни тогаш кога ќе те обвинуваат за нешто за што не си винвен, тоа е веќе  пет плус. Оној што се оправдува себеси, не само што не напредува (духовно), туку и нема внатрешен мир. Бог нема да не казни за грешка што сме ја направиле, но и ние самите не смееме да се оправдуваме за таа грешка и да ја сметаме за нешто природно

  А ако ми забележуваат за некаков пропуст, а јас не можам да разберам колку е голема мојата вина, треба ли да прашам за тоа, за друг пат да бидам повнимателен? Или е подобро да молчам?
 Ако ти, кој си виновен за пет проценти, се обвиниш себеси за дваесет и пет проценти, зарем не си во добивка? Обвинувај се повеќе одошто треба, за да не се излажеш во својата пресметката. Тоа, всушност, е духовната работа со која треба да се занимаваш: да ги откриваш своите грешки и самиот да се фаќаш во престапот. Во спротивно, ти се плашиш да се разделиш со своето „јас“, го оправдуваш, но немаш внатрешен мир.


 Геронда, а стекнува ли полза човек кој, оправдувајќи се по навика, на крајот ја спознае својата грешка и се покае?
 Во крајна линија, кај таквиот човек се насобира искуство. Ако тој го користи тоа искуство со должно внимание, ќе има полза. А ако Бог каже: „Но, бидејќи ја разбра својата грешка и се покаја, треба да му се даде нешто“, таквиот човек ќе добие и извесна „субвенција“, но од друг (духовен) фонд  од Фондот на Покајанието.
Причината за самооправдувањето е егоизмот
 Геронда, ако јас не наоѓам оправдување во постапките на другите, значи ли тоа дека срцето ми е тврдо?
 Не наоѓаш оправдување за други, а наоѓаш за самиот себе? Но тогаш мошне брзо и Христос нема да најде оправдување за тебе. Ако човек се однесува злобно, неговото срце може во еден миг да стане тврдо како камен. А ако се однесува со љубов, срцето може во еден миг да стане мошне нежно. Стекни мајчинско срце! Како се однесува мајката? Таа сè им простува на своите деца, и се преправа дека не ги гледа нивните палавости.
Оној што правилно ја извршува духовната работа врз себе, за сите наоѓа околнисти за омекнување на вината, сите ги оправдува, а за себе никогаш не бара оправдување  дури и ако е во право. Тој секогаш себеси се нарекува виновник,бидејќи размислува за тоа дека не ги ползува благопријатните можности коишто му се нудат.

На пример, ако таков човек види дека некој краде, тој си помислува дека и самиот би крадел уште повеќе, доколку скршне од вистинскиот пат. „Бог ми помогна,  вели таков човек,  но јас Неговите дарови си ги припишувам на самиот себе. Таа кражба е поголема од кражбата на мојот ближен: разликата е само во тоа што неговата кражба е видлива, а мојата останува сокриена.“ На тој начин, човекот строго се осудува самиот и со попустливост суди за ближниот. Или, согледувајќи во ближниот некаков  мал или голем, сеедно  недостаток, таквиот човек го оправдува, активирајќи ги добрите помисли. Тој размислува за тоа дека и самиот има недостатоци, коишто се забележливи за другите. Зашто, ако истражува, може во себе да пронајде множество недостатоци! Тогаш оправдувањето на ближниот станува мошне лесно. „Гревовите на младоста моја и незнаењето мое не ги споменувај“ (Псалм 24:7).   


 Геронда, се случува да бараат помош од мене, и јас сум подготвен да помогнам, но во брзање нешто ќе згрешам, а потоа, кога ќе ми префрлат за тоа, настојувам да се оправдам...
 Ако, сакајќи да направиш добро дело, нешто направиш погрешно, потребно е [смирено] да ги примиш забелешките за грешките  за да добиеш целосна награда. Ѓаволот е мошне лукав. Својот занает тој го знае беспрекорно. Зарем тој нема да го искористи своето многувековно искуство? Тој те поттикнува да се самооправдуваш, за да ја изгубиш ползата од доброто што си го направил. Ако видиш дека некој, облеан со пот, носи на грбот некаков товар, а ти посакаш да го преземеш товарот врз свој грб, за да му олесниш на ближниот, таквото нешто, може да се каже, е  природно. Но, да ја понесеш врз себе тежината од неправедното обвинување искажано спрема некого  таквата постапка има многу поголема вредност. Ако ни префрлат з анешто, а ние веднаш почнеме да се правдаме, тоа сведочи дека во нас во сета полнота живее световното мудрување. 


 Геронда, во што е причината за самооправдувањето?
 Во егоизмот. Самооправдувањето е  паѓање, тоа ја отстранува Божјата Благодат. Човек не само што не смее да се оправдува, туку мора и да ја засака онаа несправедливост којашто се манифестира во однос на него. Зашто, што друго освен самооправдувањето нè изгонило од Рајот? Зарем падот на Адам не се состои во самооправдувањето? Кога Бог го прашал Адама: „Да не си јал од она дрво, од кое ти забранив да јадеш?“, Адам не Му одговорил: „Да, Боже мој, згрешив“, туку почнал да се правда: „Жената, која ми ја даде Ти, таа ми даде од дрвото, и јас јадев.“ Со тоа, тој како да Му рекол на Бога: „Ти си виновен, зашто Ти ја создаде Ева“. Но, дали Адам бил обврзан да ја послуша Ева во врска со нејзината понуда? Бог ì го поставил истото прашање и на Ева, но и таа почнала да се правда: „Змијата ме измами“. Да рекол Адам: „Згрешив, згрешив, Боже мој“, и ако Ева, исто така, ја признала својата грешка, сè би останало на своето место. Но, не: тие и двајцата почнале да се самооправдуваат. 


Геронда, а ако човек не разбира колку големо зло е самооправдувањето, кој е виновен за тоа?
 Кој е виновен? Виновен е самиот тој. Оправдувајќи се бескрајно и сметајќи дека другите не го разбираат, дека сите околу него се несправедливи, а дека тој е  невин страдалник и несреќна жртва, човекот станува непресметлив, престанува да владее со себе. Размисли: ако во одредена прилика направи некаква неправда, и за неа самиот се обвини пред другите, таквиот човек, всушност, вели: „Да сум на ваше место, јас секако би ја истрпел оваа неправда, но не сакам да ве доведувам во грев!“ Односно, тој настојува да се оправда, божемно поттикнат од љубов, за да оној што  како што нему му се чини  го осудува, се покае и со тоа не падне во грев! Или, пак, почнува да наведува цела дузина објаснувања, за неговиот „обвинител“да не падне во грев ако, по некој случај, го разбере погрешно. Гледате со каква суптилна работа се занимава ѓаволот?
Оној што се оправдува, не може да добие духовна помош.

Забележав дека денес сите  од мал до голем  се оправдуваат со помош на некаква сатанска помисла. Ѓаволот за нив сите нешта ги толкува на свој начин и со тоа тие луѓе излегуваат од реалноста. Сатанско толкување  ете што е самооправдувањето.


 Геронда, а зошто некои луѓе приговараат на секој збор што ќе им се каже?
 О, да беседиш со човек свикнат на самооправдување  претставува страшна работа! Тоа е исто како да разговараш со опседнат со демони. Нека ми прости Бог, но оние коишто се оправдуваат себеси, за „сатрец“ го имаат самиот ѓавол. Тоа е страшно измачување на луѓето, тие немаат мир во себе. Тие од самооправдувањето направиле своја наука. Односно, слично како што крадец цела ноќ не склопува око туку размислува што да украде, така и тие луѓе постојано смислуваат начини за оправдување на своите грешки.

Поинаков од нив размислува како да се смири или како да направи некакво добро дело, а тие размислуваат за сосема спротивното  како да го оправдаат тоа што не може да се оправда. Тие луѓе стануваат вистински адвокати! Нив не можеш да ги преубедиш  тоа би било исто како да се обидуваш да го преубедиш самиот ѓавол.

Да знаете колку се измачив со еден таков човек! „Тоа што ти го правиш, нема да отвори ниту една врата  го советував.  Ти мора да обрнеш внимание на одредени нешта, ти сосема си престанал да слушаш, треба да постапиш така и така...“ Меѓутоа, тој наоѓаше оправдување за себе на секој мој збор, а на крајот од разговорот уште рече: „Ти не ми ни кажа што да правам!“ „Златен мој,  му одговорив,  а за што зборувавме сето ова време? Зборуваме за твоите грешки, за тоа дека си тргнал во погрешна насока, но ти без прекин се оправдуваш. За изминативе три часа, додека разговаравме, сосема ме истошти! Зарем не ти кажав што треба да направиш?“

Ете така: ти му кажуваш на човекот соодветни примери, појаснувајќи му дека однесувањето на начин на кој тој се однесува е  сатански егоизам, го предупредуваш дека е подложен на демонски влијанија и ако не се промени, ќе загине  а тој по сето тоа изјавува дека не си му кажал што да прави! Навистина, како да не избувнеш во таква ситуација? Ако на човек за ништо не му е гајле, тој во таков случај нема да се растревожи. Што и да се случи, за него е животна ситница. Но, ако човек не е рамнодушен, во слични ситуации просто избувнува. Не, сепак се среќни оние луѓе на кои не им е гајле за ништо.


 Геронда, ако му велиш на некој којшто оправдува некоја своја погрешна постапка, дека тоа е самооправдување, а тој сака да покаже дека не се работи за самооправдување, продолжувајќи да се самооправдува, постои ли можност таквиот да се поправи?
 Како да се поправи? Тој разбира дека направил грешка, зашто чувствува страдање, но поради егоизмот не сака да го признае тоа. Тоа е мошне страшно!

 Да, но при тоа тој изјавува: „Ти не сакаш да ми помогнеш. Јас барам помош од тебе, а ти дури не сакаш ни да ме поканиш на разговор. Се однесуваш со преѕир спрема мене.“

 А што да се каже на тоа  таквата состојба исто така започнува од егоизмот. Тој како да си вели: „Не јас, туку ти си виновен за тоа што кај мене е се така лошо!“ Да, да, таквиот човек стасува до таму. Остави го таквиот човек на мира: не е потребно да се губи време со него, зашто не можеш да му помогнеш. За таков човек одговорност не сноси ниту неговиот духовник, ниту  ако тој живее во манастир  игуменот или игуманијата. Тоа не е човечки, туку сатански егоизам. 

Од човечки егоизам страда оној кој, затоа што не се смирил до степен за да каже „прости“, сепак не се самооправдува. Но, оној што згрешил, а потоа се оправдува себеси, го претвора своето срце во пристаниште на демони. Ако такивот човек не го разурне своето „јас“, ќе прави се поголеми и поголеми промашувања и него, без каква и да е полза, ќе го разурне неговиот сопствен егизам. Ако човек не разбере какво зло е самооправдувањето, тој пронаоѓа ситуации коишто ја ублажуваат неговата вина. Ако, пак, разбере што е самооправдување  самиот или со помош на дуг  нема ни да бара ситуации за оправдување.

Кога сакаш да му помогнеш на човек којшто навикнал на самооправдување, биди мошне внимателен. Затоа што, ако тој се самооправдува, тоа значи дека во него има многу егоизам, и затоа понекогаш се случува следново: ти му зборуваш дека постапил неправилно, а тој, бранејќи ја својата „беспрекорност“ и докажувајќи дека, всушност, ти грешиш, почнува да додава измислица врз имислица и самооправдување врз самооправдување. Во таков случај ти, укажувајќи му на неговата грешка, стануваш причина тој човек да стане уште поголем егоист и лажго, одошто бил порано. Ако забележиш дека тој продолжува да се самооправдува, престани да му објаснуваш што и да е, но моли се Бог да го просветли.
 

Подготвил: д-р Драган Михајловиќ

Посети:{moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная