логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Stefan.V.CHetvtok.jpg

Молитвата
1. Молитвата – дишење на духот

Делото на молитвата е главно во христијанскиот живот. Молитвата е - дишење на духот. Ако има молитва – духот живее; ако молитва нема – нема живот во духот.
              Да се стои пред икона и да се прават поклони, тоа уште не е молитва, туку само помошно средство за молитва; да се читаат молитви, напамет или од книга, или да се слушаат, тоа сеуште не е молитва, туку само орудие за молитва или помошно средство за нејзино подтикнување и појавување. А самата молитва е никнување во нашето срце побожни чувства кон Бога – чувства на самоуниженост, преданост, благодарење, славословие, молење, скрушеност, покорност на волјата Божја, усрдното паѓање ничкум пред Него и друго.
            Тука сета наша грижа треба да биде насочена на тоа, за време на молитвата такви чувства да ја исполнуваат нашата душа и срцето да не биде пусто. Кога во него постојат сите тие чивства или било кое од нив, насочено кон Бога, тогаш нашето молитвословие представува молитва. А кога ги нема – тоа сеуште не е молитва.
Молитвата или насоченоста на срцето кон Бога треба да се подтикнува, а кога ќе биде поттикната и да се утврди, и или, исто така, треба во себе да се негува молитвен дух.
            Прв начин за тоа е молитвословие преку читање или слушање. Читај или слушај молитвословие како што треба, па неминливо ќе го пробудиш и ојачаш восходењето кон Бога во твоето срце, то ест ќе влезеш во молитвениот дух. Молитвите на светите отци содржат импулс на голема молитвена сила и кој со сето внимание и усрдност ќе проникне во нив, тој – по силата на законот на взаемно дејствие – неизоставно ќе ја вкуси молитвената сила, во мерата на зближувањето на своето расположение со содржината на молитвата. За нашето молитвословие, да би ни станало надежно средство за негување на молитвата, неопходно е да го совршуваме така, што и мислите и срцето да ја прифатат содржината на молитвите кои го сочинуваат молитвословието.
               Еве три многу едноставни методи за тоа: да не се пристапува кон молитвословие без потребните подготовки; да не совршува небрежно, туку со внимание и чувство; да не се заминува веднаш по завршувањето на молитвите на обични занимации.
             1) Подготовка за молитвословие.
Пристапувајќи на молитвословие, кога тоа и да било, постој малку, или поседи, или прошетај, и потруди се за тоа време да ја отрезниш мислата од сите земни дела предмети. Потоа размисли за тоа Кој е Оној Кому ќе Му се обратиш на молитва и кој си ти, кој сега ќе го започнеш тоа молитвено обраќање Нему. Пробуди го во твојата душа одговарачкото расположение на самоуниженост и побожност пронижено со стоење пред Бога во срцето. Тука е – почетокот на молитвата, а добриот почеток е веќе половина дело.
              2) Самото извршување на молитвословието.
Кога си задобил такво внатрешно расположение, застани пред иконите, прекрсти се, поклони се и започни го вообичаеното молитвословие. Читај без брзање, проникнувајќи во секој збор и мислате (идејата) на секој збор доведувај ја до срцето, следејќи го тоа со поклони и осенување со крсниот знак. Во тоа е суштината на богоугодното и плодоносно читање на молитвите. Проникни во секој збор и неговата мисла доведи ја до срцето, со други зборови: разбери го тоа што го читаш и тоа што си го разбрал почувствувај го. Читаш: „очисти ме од секаква нечистотија“ – почувствувај ја својата нечистотија, посакај чистота и со потполна надеж побарај ја од Господа. Читаш: „да биде волјата Твоја“ – и во срцето својата судбина во потполност предај ја на Господа, со подготвеност мирно да дочекаш сè што Господ ќе ти испрати. Читаш: „и прости ни ги нашите долгови, како што и ние им ги проштеваме на нашите должници“ – во својата душа на сите опрости им и на тој начин измоли за себе простување од Господа. Ако така постапуваш при изговарањето на секоја реченица од твоите молитви, ќе имаш вистинско молитвословие. А да би го извршувал што поуспешно точно на тој начин, еве што треба да направиш:
А) треба да имаш одредено молитвено правило – не големо, за да би можел без брзање да го исполнуваш покрај своите вообичаени работи.
Б) Во слободното време вдлабочувај се во читање на молитвите од твоето правило, разбери го секој збор и почувствувај го, за унапред да би знаел што при секој збор треба да имаш на душата и во срцето и за да би ти било лесно за време на молитвата да ги разбереш и почувствуваш.
В) Ако твојата мисла за време на молитвата се оддалечува на други предмети, напрегни се да го одржиш вниманието и да ја враќаш на предметот на молитвата; ако пак побегне, пак врати ја: продолжи да читаш додека секој збор на молитвата не го прочиташ со разбирање и чувствување. Со тоа својата мисла ќе ја одучиш од расејаност во молитвата.
            Г) Ако пак некој збор од молитвата силно ја допре твојата душа, запри се на него и не читај понатака. Стој на тоа место со внимание и чувство, и чуваја својата душа со него или со мислите кои тоа би ги произведувало. Не разорувај ја таа состојба додека самата не помине: тоа е знак дека молитвата почнува да се вкоренува во тебе, а таа состојба е најдоверливо средство за јакнење на молитвениот дух во нас.
             3) Што да се прави после молитва?
Кога ќе го завршиш своето молитвословие, немој веднаш да преминеш на некое друго занимавање, туку малку постој и поразмисли – што штотуку си направил и на што тоа те обврзува, чувајќи го после молитвата посебно она што оставило најсилен впечаток врз тебе. Особина на самата молитва е тоа, ако се помолиш добро, ако се помолиш како што доликува, тогаш нема да посакаш набрзо да се занимаваш со други работи: кој ќе вкуси благо, тој нема да посака горко; а вкусувањето на сладоста на молитвата и е цел на молитвословието. Преку вкусувањето на молитвена сладост во молитвата, се одгледува молитвениот дух.
Исполнувајќи ги овие неколку правила, брзо ќе ги видеш плодовите на молитвениот подвиг. Секое молитвословие остава траг на молитва во душата – неговото непрекинато продолжување во истиот поредок ја вкоренува, а трпењето во тој подвиг го привива и молитвениот дух...
             Кога ќе се навикнеш со ум и срце да се обраќаш на Бога со помош од страна – од молитвениците, неопходно е после тоа да стекнеш и искуство на сопствено восходување кон Бога: да дојдеш дотаму, душата сама да се вознесува кон Него, да се открива пред Него и да го исповеда она што е во неа и што го сака. На тоа треба да се учи душата. Што да се прави за да би се успеало во таа наука?
            До тоа доведува и навиката со побожност, внимание и чувство да се молиме од молитвениците; зашто од срцето, кое со посредство на молитвословија се исполнува со свети чувства, сопствената молитва сама од себе почнува да се оттргнува кон Бога. Но постојат и посебни правила за тоа, кои водат кон потребниот успех во молитвата.
            Прв начин за обучување на душата за често обраќање кон Бога е богомислието или побожното размислување за Божјите својства и дејства – размислување за добрината Божја, за Праведноста, Премудроста, Семожноста, Секадеприсутноста, Сезнаењето – за создавањето и промислувањето, за уредувањето на спасението во Господ Исус Христос, за благодатта и зборовите Божји, за       Светите Тајни, за Царството Небесно. За било кој од тие предмети да почнеш да размислуваш, тоа размислување неизоставно ќе ја исполни душата со побожно чувство кон Бога: тоа директно кон Бога го насочува целокупното човечко битие и затоа представува најдиректно средство за обучување на душата да восходи кон Бога. Кога ќе го завршиш молитвословието, особено наутро, седни и почни да размислуваш – денес за едно, утре за друго Божјо својство и дејство, и произведи во душата расположение кое на тоа одговара. Говори со свети Димитриј Ростовски: „Оди, свето богомислие, и вдлабочи се во размислување за великите дела Божји“ – допри го со тоа твоето срце и ќе почнеш да излеваш молитва во својата душа. Напор е малку, а плодови многу. Потребни се само желба и одлучност. Почни, на пример, да размислуваш за добрината Божја и ќе паднеш ничкум пред Бога излевајќи чувства на благодарност; почни да размислуваш за сеприсутноста Божја, па ќе сфатиш дека си секаде пред Бога и Бог пред тебе и не ќе можеш да не се исполниш со побожен страв; почни да расудуваш за правдата Божја и ќе се увериш дека ниедно зло нема да остане без казна и секако ќе решиш да ги очистиш сите свои гревови со скрушеност пред Бога и покајание; почни да размислуваш за сезнаењето Божјо и ќе спознаеш дека ништо во тебе не е сокриено од окото Божјо, па секако ќе одлучиш да бидеш строг кон себеси и внимателен во сè, да не би го навредил некако Севидливиот Бог.
          Втор начин на обучување на душата за често обраќање кон Бога е извршувањето на секое дело, и големо и мало, во слава Божја. Зашто, ако си одредиме за правило, по заповедта на Апостолот (1 Кор. 10, 31), сè во слава Божја да правиме, дури и кога јадиме или пиеме, тогаш при секоја работа неизоставно ќе се сетиме на Бога – и тоа не туку така, туку со внимателност во некоја ситуација да не постапиме погрешно и да не го навредиме Бога со некое свое дело. Тоа ќе нè натера на Бога да се обраќаме со страв и молитвено да ја бараме Неговата помош и вразумување. Бидејќи ние речиси секогаш нешто работиме, тогаш речиси непрестано ќе се обраќаме на Бога; и соодветно со тоа, речиси непрестано ќе ја проучуваме науката на молитвеното восходење кон Бога во душата. Така ќе ја научеме душата што почесто во текот на денот да се обраќа на Бога.
            Трет начин за обучување на душата на често обраќање кон Бога е честото повикување на Бога во текот на денот, повикувањето од срце, со кратки зборови, во зависност од потребата на душата и тековните работи. Кога нешто почнуваш, речи: Господи, благослови! Кога ќе ја завршиш работата, не само со јазикот, туку и со чувство на срцето речи: слава Ти, Господи! Кога ќе се подигне некаква страст, говори: спаси Господи, пропаднав! Кога ќе те помрачат вознемирувачки помисли, повикувај: изведи ја од темнина душата моја! Ако пред тебе се зли дела и ако гревовноста те влече кон нив, говори: поучи ме Господи на прав пат, или: не давај да застранат нозете мои. Ако те притискаат гревови и те влечат во очајание, повикај со цариничниот глас: Боже, милостив биди ми мине грешниот. Така и во секоја друга прилика. Или едноставно што почесто говори: Господи, помилуј! Владичице Богородице, спаси ме! Ангеле Божји, чувару мој свети, заштити ме! Или повикувај со некои други зборови. Само колку е возможно почесто така повикувајте, својски трудејќи се тие повици да потекнуваат од срцето како негови разгранетоци. Кога така ќе постапуваме, ќе ни се случуваат чести умни восходења од срцето кон Бога, чести обраќања кон Бога, честа молитва, а таа зачестеност ќе ни донесе навика за умно собеседништво со Бога.
               Значи, освен молитвеното правило, постојат уште три начини за обучување на душата за молитвено восходење кон Бога, погодни за воведување во молитвен дух. Тоа се: да се посветува наутро некое време на богомислие, секое дело да се извршува во слава Божја и често да се обраќаме кон Бога со кратки молитви. Кога човек наутро на прав начин ќе се занимава со богомислие, ќе остане во расположение на длабоко размислување за Бога. Размислувањето за Бога ќе ја натера душата секое свое дело – и внатрешно и надворешно – да го извршува внимателно и во слава Божја, а едното и другото душата ќе ја доведат во таква положба, што од неа често ќе произлегуваат кратки молитвени повици кон Бога.

Тие три: богомислието, правењето на сè во слава и чест Божја и честите повикувања кон Бога се најделотворни орудија на умната и срдечна молитва. Секое од тие оружја ја вознесува душата кон Бога. Кој решил да се вежба во нив, тој брзо ќе задобие навика во своето срце да восходи кон Бога. Одделувајќи се од земјата, душата ќе стапи во својата област и сладосно ќе престојува горе: овде – во срцето и мислите, а таму и суштински ќе се удостои да пребива пред лицето Божјо.

 

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: З. Д.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3221
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7715
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная