логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

svod.sv.sofija.jpg


Aколутин (архиерејски намесник)

 Треба да се дејствува полека и тивко. Нема потреба да се подига прашина. Главно е дека браќата треба да се засакаат, и големи и мали, и да се дејствува во духот на љубовта. Колку е некој послаб, толку поголема љубов кон него треба да се има. Ако постапувате така, љубовта на сè ќе ве научи. Од дејствување спрема страстите чувајте се како од оган. Таму каде што постои макар и мала сенка на страст, не пчекувајте корист. Зашто ѓаволот се меша и сè заплеткува. Кога мора да се казнува, избегнувајте го она движење на срцето, според кое намесникот одредениот престап го смета за лична навреда. „Како смеел тоа да го направи, кога наредив друго? Како смеел кон мене така да постапи?“ Значи, треба да биде исфрлено „јас“ во било кој облик.
 Аколутин не е настојател и треба да биде потчинет на овој. Каков е тој намесник, ако со својата непослушност и невнимание кон настојателот прв прави неред.
 Нека аколутинот не го притиска монахот. Зашто намесник е привремен чин, а монахот е по заветот монах и ќе умре како монах. Така пред сè монахот треба да се пази. Намесништвото може да се отфрли, а монаштвото како да се отфрли? Треба добро да се пази и секоја вечер да се суди себеси – да се суди без милост... така човекот треба да се учи да добротвори и да биде монах.
 Не треба да се очекува дека сè ќе помине така како што се сака, штом биде издадена наредбата; напротив, секогаш треба да се очекуваат препреки и да се биде спремен тие да се очекуваат без вознемирување, со разумно промислени средства за нивно совладување.
 Се треба да се прави со усрдност – а успехот потоа да се препушти во рацете Божји. Затоа не треба да се лутиме кога нема успех, туку да се прекоруваме себеси за лошите замисли и да се изнајде ново средство.

Светото Писмо и духовната литература

Одкако Сеачот излегол на сеидба, Тој не престанува да сее. Одпрвин сеел Тој сам, потоа преку апостолите, а на крај преку Боженствените книги и богомудрите учители.
Бог е Светлина, и словото Божјо е светлоносно, а со тоа и душата која го примила станува просветена и светлоносна.
Читајте го само Евангелието... Зашто која книга е подобра од Евангелието... Читањето на Евангелието ја вооружува душата со атмосферата Божја. Само со Евангелието или со Новиот Завет може да се проживее цел век, цело време читајчи го. Колку и да го читаш, нема да го исчиташ до крај. Сто пати прочитај го, таму сепак ќе остане недочитано.
Не заборавајте сокој ден да го читате словото Божјо, да размислувате (за него), да (го) чувствуватеи со тоа да ја храните својата душа. Душата од тоа ќе се заслади, ќе стане потврда и посигурна.
Секој ден треба да се прочита по едно зачало во Евангелието. Тоа е лекција на Светата Црква на нејзините чеда и треба да се изучи... Наутро, кога душата е слободна од впечатоци од страна, со молитва за вразумување, внимателно пристапете до оваа ризница на садовите Божји, пазејќи што преку тие зборови ќе ви соопшти живиот Господ.
Дека Евангелието не може да се помири со светот, тоа го знаел и Господ кога ги давал заповедите; Тој никаде не рекол дека може да се прават отстапки на светот. Отстапките се – предавство на Господа.
Не треба да се пишува толкување на Евангелието, туку да се бележат размислувања – дека секој збор и секоj двиг Господов биле свечени сведоци на Неговот Божество. Кога Бог ќе даде ќе отпочнеме пофална песна кон Господа и тогаш нема да ù има крај. О, кога би можеле макар да отпочнеме со тоа!
Евангелието може да се чита седејќи, но да не се намали побожното почитување кон него.
Словото Божјо е налик на огледало. Како што гледајќи во огледало секој гледа каде е која дамка или валканица на неговото лице или облека, така и душата читајќи го словото Божјо и рагледувајќи ги таму наброените заповеди не може да не види дали е исправна или неисправна во однос на тие заповеди; совеста во истиот час ова нелицемерно ќе ù го рече, бидејќи е просветлена со зборовите од Живиот Бог.
Оној што внимава на словото Божјо, собира јасни поими за сè што  во него самиот, околу него и над него,: тој ги појаснува своите обврски во сите животни ситуации, нижејќи ги светите правила како драгоцени бисери на нитката на совеста, која подоцна точно и одредено му кажува како кога да постапи, да би Му угодил на Господа; тој ги скротува страстите, зашто читањето на зборовите Божји врз нив секогаш делува смирувачки. Која и страст да те вознемирува, фати се за читање на зборовите Божји и таа постепено ќе се утеши, за на крај сосема да би се смирила. Оној што се богати со познавање на зборовите божји го има над себе столбот од облак, кој ги водоа  Израилците во пустината.
Како што поедини меки и растресити тела стануваат цврсти, скаменети и недостапни за повреда и разложување кога во себе ќе примат цврсти, камени честици, така и душата кога ќе се нахрани и исполни со зборовите Божји станува тврда во вистината и добрите расположенија и безбедна од наездите на лагите и гревот.
Сè додека умот се труди сам да го разбере Светото Писмо, дотогаш вистините кои во главата се држат за паметни, се воглавно бесплодни за живот. Озарувањето пак одозгора, запечатувајќи ги тие вистини во срцето и дозволувајќи да се вкусат, прави тие да почнат да го насочуваат животот, а животното искуство уште попотполно овозможува да се сфати нивната сила.
Најплодоносно е Словото Божјо, а по него – отечките дела и житијата на светиите. Меѓу другото, мора да се знае, дека житијата се подобри за почетниците, отечките дела - за средните, а словото Божјо – за совршените.
... Евангелието се појавило многу години после Вознесението. А, сите Апстолски дела, заедно со Евангелието во една книга се собрани дури на крајот на првиот век... веројатно под раководство на светиот Евангелист Јован.
... Бог испраќал на земјата пророци и Апостоли, А и Сам ја изодел и ни ја открил Својата Света волја – како треба да живееме и да се спасуваме – заповедувајќи сето тоа да се запише во Божественото Писмо, за сите луѓе да би читале и виделе што сака Бог од нас.
Заради Господа, не заборавајте го да го читате свети Златоуст – ма која негова книшка и да дојде до вас. Тој пишувал едноставно, без подготовки, онака како што работите ги гледал со духот и како што мислите за тоа се составувале во неговото срце. Многу нешта кај него на прв поглед делуваат неважно, но кога ќе продолжите понатака, ќе наидете на непроценливо богатство.  Некои велат дека свети Златоуст го изобразувал општиот поредок на христијанскиот живот. Тоа воглавно е точно, о не претставува начелно правило. Речиси во секоја негова беседа ќе се најдат изреки кои го опишуваат најскриениот живот на духот. Тоа да го изучувате и да го држите во срцето во случај на неволја и потреба.
Секој што почнал да ревнува и да сака да го исправи своето срце, сè што му треба ќе најде овде (во „Добротољубието“), во различните отечки дела.
Еве ви заклучпк за целото „Добротољубие“. „ Секој здив да се посветува на чистата молитва и добро да се внимава од каде непријателот ги насочува своите стрели, и соодветно на тоа да се дејствува...“
Колку има само добро во книгите на „Добротољубието“! Читајте ги. Тоа се секогаш нови книги.
За усвојување на поимите за верата читајте го светителот Тихон, светителот Димитриј Ростовски, светителите Јован Златоуст, Василиј Велики и други.
Добро е да се читаат житијата на светиите и да се читаат Минеите: иако ние не можеме така да живееме, обврзани сме да се угледаме на нив колку што можеме, па дури и преку нашите сили. Во секое житие е претставена општа скица на животот на светителот кој се слави тој ден... Од општиот преглед на тие скици ќе видете што на сите им било заедничко,  па од тоа изведете заклучок; значи, ова или она е – неопходно.
Што се однесува на преводот на Библијата, во потполност го делам мислењето на мојот драг наставник, високопреосветениот Димитриј (Мурјотов, архиепископ). И добро би било да се пристапи на работа. Почнете да преведувате. За издавање формирајте друштво. Редактор нека биде преосветениот Димитриј, издавач – друштвото, а постојано вработено лице на таа работа С. А. Первухин.
Дека е тешко време за православието – тоа е јасно како два по два. Организаторите на предавањето во московското Друштво на пријатели нна духовната посветеност испешатиле потполно неправославен весник за преводот на Седумдесетмината (станува збор за древен превод на Стариот Завет на грчки, од дамнина прифатен во Црквата – заб. М. С.). Црквата не знаела за друго Слово Божјо, освен за Седумдесетмината, и кога велела дека Светото Писмо е боговдахновено, мислела точно на тој превод. Сите толкувања кои се спротивни на тоа – се еретички. Кога ќе бидете кај московскиот владика, речете му да ја испита редакцијата на тие предавања, но не споменувате дека јас тоа го сугерирам... Жал ми е што одлучив таму да го дадам Посланието до Ефесјаните (се мисли на толкувањето на Посланието до Ефесјаните, кое светителот Теофан му го дал на спомнатото друштво за објавување – заб. М. С.).
Да се откриваат помислите, како што ви е вам од опит познато, е многу благотворно. Да се читаат книги- исто така е добро; и тоа може во одреден случај да пружи вразумување. Но, таму се дадени општи упатства; а за поединечни случаеви подоро е да се бара појаснување од жив познавач на работите... Страста за читање е лоша. Таа не води кон добро и поставува ѕид помеѓу срцето и Бога...
Ројте се околу оние источници, каде очекувате дека ќе пронајдете утеха.
Читајте, размислувајте и применувајте на себе. Да се применува на себе – тоа и е целта на читањето. Ако читате без да применувате на себе, нема да има корист, туку уште и зло. Во главата само се трупаат теоретски знаења, а човекот не се челичи себеси да се усмерува на добро, туку други да осудува.
Читајте свети книги по малку, но со расудување.
При читањето, на ум треба да се има главната цел на животот и сето останато да се обликува според тоа. Така ќе се добие нешто целосно, поврзано, и со тоа цврсто. Силата на познавањето и убедувањето ќе ù дадат сила на волјата.
Кога некој се обраќа кон Бога, настанува борба: самољубието и светот од една страна, а вистината Божја од друга. Човекот ги испитува тие мисли, ги совладува егоизмот и светот; но не делуваат сите вистини подеднакво на сите луѓе, на некого повеќе влијае една, а на друг друго. Но, меѓу нив за секого постои таква, која штом се појави во свеста, веднаш во човекот буди страв Божји. Таа вистина веќе во првата борба донесува победа, а и во секоја друга ги растерува непријателите. Кои се тие вистини. Повелете во книгата „Пат кон спасението“ прочитајте го вториот дел: За исповедта и покајанието. И ќе видете.
Немојте да се задоволувате со еднократно читање, туку читајте толку пати колку  што е потребно сè да запамтите: зашто во книгите е напишано сè што е потребно.
При читањето срцето не треба да биде со ништо зафатено, туку отворено за вистината – со рабирање да го прима она што се чита и составува во себе; при тоа, срцето ќе допре час еден, чес други стих, а некои од нив посебно силно. Обрнете внимание на стиховите кои ќе ве допрат, и преку ден почесто присетувајте се на нив, особено на оној што најмногу ве допрел. Тоа повторно ќе го оживее срцето, што е многу плодотворно. Подобро е да се чита помалку, но со усвојување на она што се чита и со чувство, отколку многу но без тоа: зашто без тоа, читањето  ќе биде сеење покрај пат.

Светото Предание

Zrze.cud.Bogorodica.jpgПод зборот Предание не се подразбира некое неодредено мислење, за кое не се знае како се појавило раширило, туку усно предадено апостолско учење или правила и одредби кои се на дело прифатени во Црквата. Апостолите во потполност ја организирале Црквата Христова – во сите видови на спасоносен духовен и црковен живот. Но тоа како ја организирале, не е изложено во нивните дела, туку од страна на самите апостоли е направено во дело и спроведено во животот на христијаните, а вкоренето со често посетување на христијанските општини кои ги основале и повеќекратно исправување на она што не било исправно – се со личмо делување и зборови. И начинот на христијанското однесување, и взаемните односи на христијаните, и осветувачките светотаински свештенодејства, и правилата за црковни собири... сето тоа било востановено со лични зборови и со личен надзор...
Христијаните почнале да размислуваат, живеат, меѓусебно да се посетуваат, управуваат, осветуваат и служат на Бога онака како што востановиле Апостолите... Новообраќаните сево ова го прифаќале од нив и се организирале според нивните повелби. Новите нараснувања, сите аспекти од животот ги организирале според оној облик на уредување на христијанските заедници кои ги оставиле Апостолите... И така од поколение во поколение... дошло и до нас.
Заради тоа целокупното добро уредување на христијанските заедници, во сите детали, го претставува Светото Предание, кое секој христијанин мора неизоставно да го следи ако сака да стои во вистината. На зборот „Предание“ секогаш додадете „апостолско“.
Вие преданието го сфаќате – како пренесување од уста до уста.... а тоа било предание од живот во живот, од дело во дело...
Ние ги читаме апостолските списи заради тоа што во нив се чува апостолското Предание, кое се препознава по општата согласност на сите нив...
Грчката црква точно го сочувала апостолското Предание и ни го предала нам. Тоа апостолско наследство е –  кај нас.
Римокатолиците го поматиле апостолското Предание. Протестантите зеле да ја исправат работата- да би ја нагрдиле уште повеќе... Кај римокатолиците има еден е папа, а кај протестантите, секој протестант е папа...

Сево ова го зборувам за апостолското Предание, кое Светата Православна Црква го има како извор на своето учење, напоредно со Светото Писмо.
Тоа што го предана апостолите, тоа го сочинува христијанскиот живот и, како такво, неизменливо преминувало од раст во раст, влегувајќи истовремено во делата на отците од првиот век.

Светињите

Зошто некои икони стануваат чудотворни? Затоа што на Бога Му е така угодно. Чуда не прави никој друг освен Бог. Силата не е тука во иконата ниту во луѓето кои им прибегнуваат, туку во милоста Божја... Како Владика на сè, Бог секоја твар може да ја претвори во орудие на Својата милост.
Моштите се сенка на идното веоскресение. И едното и другото стануваат со силата на Воскресението Господово. Слава Богу!
Постојано имаме пред очите свети мошти. По законот на природата би требало да се распаднат, а тие толку векови не знаат за трулење; ним на некој начин им е предаден и ги пронижал Боженствен живот и законот на трулежност ја изгубил својата власт над нив; на тој начин, иако по природа пропадливи и опкружени со пропадливо, тие остануваат нетрулежни.
Светите мошти се – сведоштво за завршетокот на побожното себеотфрлање. Војникот станува појак кога ќе го здогледа венецот на победа; земјоделецот радо ја поднесува ладноста на ноќта и дневната жега заради идниот род; болниот се одлучува на најтешки методи за лечење во надеж  за оздравување. Да се вдахновиме браќа! На оние што го љубат подвигот на побожноста им се ветени блага – вистински и непроценливи по својата возвишеност и вредност...
Штом светителот е прославен, тој може да се слика на секоја икона, и во сите комбинации на свети личности и настани.
Кој е подостоен да ја држи иконата на Успение, од свети Антониј? Нему иконата и му е испратена, и тоа од Самата Мајка Божја.
Умот кој себеси се упатил по начелата на натурализмот и се потпира особено на природните закони, како што си ги претставува на себеси, не верува во чудеса воопшто, па со тоа ни во било кој поединечен облик на чудо.

(Продолжува)

Подготви: Златко Дивјаковски

 Bogorodica.LESNOVO.jpg 

Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (11)

sv.Efrem.Sirin3a.jpg

  Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (3 дел)

Посети: {moshits}

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная