логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Eпископ

 Духот Свети на Апостолите слегол непосредно, додека нивните преемници (наследници) Го добиле и добиваат преку ракополагање.
 Црквата како заедница на верните е дом Божји. Епископот се поставува да го надгледува тој дом и да внимава на потребниот ред во него.
 Апостолската власт и сила останале во Црквата, само што не припаѓаат на поединечни лица, туку на целокупниот корпус на епископи, кој, кога делува соборно, и е законодавец и управител на Црквата.
 Светител – тоа е епископ кој Му угодил на Бога и е прославен. Понекогаш така ги нарекуваат и живите архиереи, кои заслужиле уважување.
 Како што уредната облека добро лежи на целото тело, така да кај неа да е сè по мера и на место и соодветно, така и ликот епископски достоинствено треба да го украсуваат особено одговорни дејности.
 Свештениците се очи, нозе и раце на епископот. Епископот и свештениците – тоа е едно и неразделно пастирско служење.
 Ако тој (архиерејот) е вистински строг по Бога, тогаш не може а да не биде воедно и благ...

Isus.Hristos.Sedrzitel.jpgБоговостановеност на пастирството

 Кој видливо управува со Црквата? Пастирите. А кој ги поставува нив? Бог Отецот (1. Кор. 12, 28), Бог Синот (Еф. 4, 11) и Бог Светиот Дух (Дела 20, 28). Соодветно со тоа, Црквата преку пастирите не ја управува само едно исклучиво лице, туку Едниот Триипостасен Бог. Заради тоа таа и се нарекува и Црква Божја (1. Кор. 10, 32; 11, 16; 15, 9), или Црква на Живиот Бог (2 Кор. 6, 16; 1 Тим. 3, 15).
 ... Во секое место тие (апостолите) востановиле посебна парохија со посебен свештеник. Тоа е и точно тоа што кај нас денес се прави. Сега се поставува прашањето – дали тие свештеници кои ги ракоположиле апостолите го носеле само името на свештеникот или и дајствувале како свештеници? За што тука се работи? Тие верните ги собирале на молитва, им го поновувале апостолското учење, ги причестувале со Светите Тајни на Телото и Крвта; ако некој нов би се обраќал или ако на некому деца му се раѓале, ги крштевале и миропомазувале; кога некој би се разболел – го помазувале со масло (осветен елеј); ако некој би умрел – го предавале на земјата со молитва итн. Дека свештениците, поставени од страна на апостолите, го правеле сето тоа може да се виде од многу места од Посланиците и Делата Апостолски... Начинот на своите свештенодејства, особено на совршувањето на Светите Тајни, го чувале во тајност, пренесувајќи го само усно или на дело; не го зпишивале посебно, да не би станал познат на неверниците, та де не би се нашле сами криви против заповедта Господова: Не си ги фрлајте бисерите свои пред свињите (Мт. 7, 6).
 Епископството и пастирството во Црквата потекнуваат од пастирството на Христа Спасителот и представуваат негов продолжеток во Црквата.
 Апостолите сè одново преуредиле втемелувајќи ново свештенство кое ги храни верните со Зборовите на Животот.
 Со светлоста на Синот направи ме служител. Светлоста на Синот – тоа е спасението кое го устроил Господ и кое на сите нам ни се дава по верата и животот заснован на верата. Служител на таа светлина е оној кој сесрдно Му служи на Господа, со вера и секакви добри дела. Силата да се биде таков ја дава Господ, во Кого се обелкуваме на крштението и со Кого најблиску се соединуваме во Светото причестување. Со Светлината на Синот направи ме служител,  ќе биде: преку Светото прчестување исполни ме со сила да верувам и живеам како што озаконил Господ и Спасителот, за да би се удостоил со спасение...
 Пастирите и учителите после Апостолите, само се чувари на апостолските преданија и установи. Секој апостол имал по неколку најблиски ученици, кои биле нераздвојни со нив и кои ја усвоиле апостолската премудрост во секој детал. Тие најблиски ученици биле нивни наследници (преемници) во управувањето на Црквата и во чување на сето она што Апостолите го предале.
 Иако промената на свештениците не е секогас пријатна, тоа не е преголема несреќа. Господ управува со Црквата и со сè што е во Неа. Свештениците се – Негово орудие. Што кому е потребно, Господ ќе му даде преку свештеникот, па каков и да бил тој – доколку оној кој бара, бара со полна вера и усрдно...

Пастирство

 Учениците на Господа му велеле да го отпушти народот, за да би купиле за себе леб од околните села; но Господ им рекол: Нема потреба да одат; дајте им вие нека јадат (Мт. 14, 16).  Ова било воочи на чудото со хранење на пет илјади луѓе, освен жени и деца, со пет леба и две риби. Таквиот настан, кој има особена важност во Господовиот живот, ја дава и следнава лекција. Народот е  - слика на човечкиот род, гладен и жеден за вистината. Кога Господ на апостолите им рекол: подајте им вие нека јадат,  Тој со тоа им укажал на нивното идно служење на човечкиот род – да го хранат со вистина. Апостолите тоа и го направиле во своето време; за идните времиња ова служење им го предале на пастирите кои ги наследиле. И на денешните пастири се однесуваат Господовите зборови: дајте му на вашиот народ да јаде. Пастирите треба совесно да ја исполнуваат својата обврска – да го хранат народот со вистина. Во Црквата треба немолчеливо да се проповеда Словото Божјо. Пастирите кои молчат – какви се тие пастири? А многу ќутат, ќутат преку секоја мера. Но, не може да се каже дека тоа се случува поради недостаток на вера во срцето: во прашање е само недоразбирање, лош бичај. Тоа сепак не е оправдување.
 ... Дали делото Божјо го извршуваме ние? Зар не го извршува Самиот Бог во нас и преку нас? Ние треба да Му се препуштаме или предаваме На Бога како орудие, ако Му е Нему угодно да направи нешто преку нас.
 Како што војникот е посветен на својата вештина, како што уметникот е сиот во својата уметност и научникот сиот во својата наука, така и ти во потполност биди посветен на своето пастирско служење. Зашто тоа е основниот услов за некој да би можел да се покаже како соврешен во делото за кое се прифаќа или на кое е повикан.
 За главно дело на својата совест свештеникот треба да го смета следново: возрасните да ги усовршува во познавањето на христијанската вера, а младото поколение кое само што дошло на свет, да го припрема од првите свесни години, објаснувајќи им го она што е потребно и што се во состојба да го сфатат. Не треба да се чека да отидат во училиште. Тоа треба да се прави усно, собирајќи ги децата во црква или дома, недела навечер или во некое попогодно време.
 Биди искрено чедо на Црквата и држи го сè она што Таа го држи. Биди чист и непорочен во животот и не допуштај совеста да те оптужува за било што, големо или мало; штом во нешто згрешиш, очистувај се со покајание.
 Вашиот исбор е добар – пастирско служење. Нема повозвшено служење од спасување души.Од напорите не треба да са плашите зашто тие лесно се поднесуваат. Самото дело на спасување души е дело Божјо. Важно е да не се попречува делото на благодатта... Потребна е силна вера, долично држење, молитвен дух и стриктност во надворешните односи. А Бог ќе го уреди останатото. Пред сè спремајте се за  проповеди. Најдете светоотечки дела за пастирското служење и прочитајте ги. Исто така, побарајте книга за должностите на парохиските свештеници...
 Еве ви вам мое решение: додека не се средите духовно како што треба и не ојачате, не примајте монаштво, а со тоа уште повеќе ни свештенство. Речета, кога би ви предложувале монаштво... ќе почекате малку и да служите... Така одбијте го и свештенството. А сега прифатете се за беспоштедна строгост, додека не истерате сè похотно.
 Се испоставува дека таа (книгата на Ушински) едноставно бескорисна во односот со вас, успиените свештеници. Ушински се надевадека ќе ве разбуди. И греши. Тоа е неговата  вина.. Требало подобро да ве познава и да не се залажува со сонови дека ќе ја прифатите неговата песна, дека ќе го фатите неговиот тон. Зашто, вие сите му одговарате: „Нема ништо од тоа брате! Погрешно си сфатил, ние не даваме да нè разбудиш... Ќе ни помина нас сè! Сакаме да спиеме...“
 Тоа што го велите за опаѓањето на христијанскиот дух и кај свештонството и кај световниците – тоа очигледно и се случува. А ние спиеме, да би се противхристијанскиот дух што побрзо зацарил.
 Што се однесува на појавата на мрзеливоста на службите... Треба да се направи напор и да се совлада, сосредоточувајќи го вниманието и молитвата кон Господа точно за таа своја слаост, а Господ ќе помогне.
 Вистина е дека секој ереј треба да има иницијатива во делот на заштита на Божјата вистина и чување на својата паства; но во многу случаеви тие и не знаат дека волците по малку им грабаат овчички од стадото.
 Меѓу православните верувања е и тоа, дека преку своите пастири Бог ја открива Својата волја за паствата.
 На такво прашање Господ одговорил: Сочувај ги заповедите, ако сакаш да влезеш во животот. Свети Марко пишува: Кој има вера и се крсти, ќе биде спасен. Постојат и други места. Кога ќе ги собереме сите во едно, ќе добиеме дека за спасение апсолутно се неопходни и верата, и животот по заповедите, и осветување со Светите Тајни, и раководење од страна на од Бога поставените пастири, и сојуз со вистинската Црква.
 Сетете се дека Господ заповедал: „Никого не нарекувајте го отец... Еден е Отецот. И учител никого не нарекувајте... Еден е Учителот...“ Меѓутоа, во Светото Писмо некои односи кон телесните и духовните отци и учители се представени некако задолжително. Како тоа да се помири? Вака: постојат аспекти на тие работи според кои никој не треба да се нарекува отец и учител, и такви според кои може да се има многу отци и учители... Изворното очинство и учителство е едно – во Бога, а постранични може да ги има многу. Станува збор за спроводниците на Божјото татковство и учителство.
 ... Закон за пастирите од сите векови е – да го усвојат предаденото и да го чуваат онака како што е предадено, да би и на своите наследници (преемници) им го предале еднакво, без додавање на сопствени измислици.
 Древните соборски канони ги затвориле дверите за влез во свештенството кон оние кои не ја сочувале целомудреноста. Но, бидејќи покајанието кое е строго совршено и ја враќа првобитната чистота, ги распределува оние кои поминале, меѓу способните за поднесување на напорите на ова служење во совршенство, ерархијата, земајќи го ова во обзир, ги отворила дверите за влез. Така и денес се прави... Но, не ретко без увереност во исправноста (на кандидатот за свештенство), туку со нејзино претпоставување.

 

(Продолжува)

Подготви: Златко Дивјаковски

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная