логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Новопрославениот светител Гавриил Ургебадзе

АЈДЕ, СЕГА ЈАС ТЕБЕ ЌЕ ТЕ ИЗЛЕЧАМ
За уште едно чудо на старец Гаврил Грузиски (Ургебадзе)


Со Иракли Гоголадзе се запознав во манастир Самтавро. Совршено случајно, тој млад човек на 25 години дојде до мене и ми рече:
Знаете, на мене старец Гаврил ми направи повеќе од едно чудо... Слушнав дека се прави колекција во која ќе се стават и такви настани. дали можете да  ми кажете можеби, кому можам да му се обратам по тој повод?
Со голема радост реков: јас сум преведувачот и тој кој ја прави руската верзија на книгата „Диадемата на Старецот“...
Не давајќи ми време да ја завршам реченицата тој, преплавен со емоции, почна да зборува. Го уклучив диктафонот и... слушам за едно од многуте чуда на старец Гаврил (Ургебадзе). Тој расказ и сакам да го споделам со вас, драги читатели:
Старец Гаврил во моето семејство направи многу чуда. Тој уште не беше канонизиран, кога прв пат чув за него. Нашата прва „средба“ се случи кога јас, ученик во седмо одделение, заедно со другарите го посетив манастирот Самтавро. Мене, тогаш сѐ уште момче, ме зачуди сѐ што видов на гробот на старецот. На прво место - мноштвото луѓе кои доаѓаа и се поклонуваа на гробот. Сосека несвесно и јас, исто така, се приближив до гробот и токму тука почна моето другарување со старец Гаврил. Приклонувајќи ја главата на гробот, почуствував огромна благодат. Моето срце се наполни со љубов. Чувствував внатрешна радост и сакав да викнам силно, најсилно:
„ЈАС СИТЕ ВЕ САКАМ!“
Монахињата Параскева ни поради елеј од кандилото на гробот на старец Гаврил и ни објасни како можеме да се помазуваме со него. Имав чувство како да сум добил некоја огромна сила. Така и беше!
Кај гробот на старец Гаврил во манастирот Самтавро.
Поминаа неколку месеци и нашиот дом го погоди несреќа. Мојот татко доби псоријаза. Ги поминавме сите болници, но гледајќи го тешкиот и комплициран стадиум на болеста, ниту една болница не нѐ прими. По некое време, благодарение на помошта на едни наши роднини, мојот татко го примија во болницата за кожни и венерични болести во Т“билиси.
Лекувањето одеше бавно. Лекарите кажаа дека ќе треба да поминат најмалку четири месеци до целосно излекување. Еднаш, во текот на ноќта, мојот татко имаше срцев удар и едвај го вратија во живот. Тогаш се сетив на старецот и гробот на кој се случуваат многу чудесни исцеленија.
Потрчав дома и го земав маслото од кандилото на гробот на старец Гаврил и дојдов во болницата.
Лекарите никого не пуштаа навечер во сабота, но кога им објаснив за што се работи, ме пуштија тајно да влезам. Се приближив на татко ми, тој спиеше. Со малиот прст го помазав трипати крстообразно со маслото, ја прочитав „Оче наш“ и со целото срце го замолив старецот за излекување на мојот татко. Потоа, немо излегов.
Утрото дојдов со мајка ми во болницата. Наближувајќи до собата на мојот татко, со ужас затрчавме кон крикот на медицинската сестра:
„НЕ Е МОЖНО!“
Помисливме, еве - ова е крајот!
Мајка ми се онесвести. Мене ме фати треперење од кое не можев да се смирам. Влегов во собата и го видов својот татко како седи на креветот. Бев шокиран. Немаше никаков осип на телото и на лицето, кожата му беше како на бебе. набргу во собата влезе и главниот лекар, истиот оној, кој ми дозволи да го посетам татко ми. Никогаш нема да го заборавам неговиот израз на лицето, оној момент кога ја виде совршено чистата кожа на својот пациент! Лекарот почна да плаче и да се прекрстува зборувајќи:
„СЛАВА МУ НА БОГА“...
„СЛАВА НА ТОЈ СТАРЕЦ...“
Во тој момент татко ми нѐ прекина и праша за каков старец говориме. Не ни почнав да зборувам за старец Гаврил, кога мојот татко самиот почна да ни раскажува за тоа што го видел во сонот, некаков свештеник со бела брада кој влегол во собата и му рекол:
Е, мој брате... Ти никогаш не си се причестил, ниту исповедал, но имаш верен син и верна жена, кои ме повикаа.
Не можам да гледам како тие плачат. Ајде, јас сега тебе ќе те излекувам, а ти почни да живееш со црковен живот. Очи често во црква, исповедај се и причестувај се. Така ќе се дружиме. Во спротивен случај, нема да бидам твој другар. Разбираш?
Тој намигнал на татко ми, го осенил со крсниот знак и излегол.
Јас плачев, и сите во собата плачеа!
И покрај тоа што мојот татко никогаш не го видел старецот за време на животот, описот кој го даде за „свештеникот“, во потполност одговараше на ликот на старец Гаврил.


Слава Ти Боже! Слава на тебе, баќушка Гавриле!


Иракли Гоголадзе

МАНАСТИР СВ.ГАВРИЛ ЛЕСНОВСКИ

 

Друго:

19042009

Акатистот на свети Гаврил Ургебадзе (15.02.2019)

арх. Гавриил Угребадзе - Љубовта е над сите канони и устави

„Тато купи ми кифла…“ Нови истории за чудата на Преподобен Гавриил (Ургебадзе)

 

 Јуни 2022 лето Господово

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3223
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7716
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная