логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Sv.Serafim.Sarovski.dacha

Неспорно е дека се впечатливи наведените случаи на пројавување на силата на молитвите на отец Серафим. Меѓутоа, постојат примери, каде што силата на тие молитви се пројавувала уште поубедливо, всушност зачудувачки, бидејќи се однесувала на оној, а не на овој свет. Таа се простирала на умрените, а се изразувала во промена на нивниот посмртен удел. Молитвеното застапништво пред Бога на прекрасниот саровски молитвеник, го можело дури и тоа. Не попусто отец Серафим во својата ќелија палел многу свеќи и за сите починати православни христијани вознесувал пламени молитви. Понекогаш тој врз себе земал и напорен молитвен подвиг за поедини упокоени, особено ако би го провидувал посмртниот удел што ги очекувал. Заради таквите молитви преподобниот, како што е познато, повремено на неколку денови се затворал во ќелијата, совршено оддалечувајќи се од посетителите.


За дејството на молитвите на отец Серафим за упокоените, за нивното влијание на нивниот удел по смртта, најдобро зборуваат случаите што ги навел самиот преподобен. "Умреле две монахињи. И двете биле игумении" - раскажува светиот старец. "Господ ми откри дека нивните души биле водени по воздушните митарства и дека биле испитувани, а потоа и осудени. Три дена и три ноќи се молев, јас бедниот, преколнувајќи ја за нив Мајката Божја. И Господ по Својата благост ги помилува, заради молитвите на Богородица. Тие ги поминале истите воздушни митарства и добиле прошка од Божјото милосрдие".

SV.Serafim.SArovski2
Друг случај од таков вид, дури и уште позначаен, му раскажал отец Серафим на веќе познатиот Иван Тихонович, како тајна од својот живот. Еднаш преподобниот дознал (иако не кажал на кој начин), дека една потполно несреќна, изгубена душа била во канџите на сатаната. На кој начин згрешила, отец Серафим не открил во раскажувањето. Прекрасниот старец за таа душа Му упатил молитва на Спасителот и на Мајката Божја. Потоа ја видел како лета од канџите на сатаната и тоа веќе како потполно чиста гулабица. Толку била голема силата на молитвеното застапништво на отец Серафим и толку ревносно се подвизувал тој против непријателот на спасението! "Кога веќе се истрајува против непријателот, тогаш веќе треба да се истрајува!", велел преподобниот, раскажувајќи го наведениов случај. Таквото залагање на отец Серафим за потполно грешна душа, било толку големо, што сатаната, не можејќи да го поднесе својот губиток, врз светиот старец ја излил сета своја злоба и го повредила со тежок удар. Последица од тој удар била раната, која Иван Тихонович сам ја видел и ја пофатил, иако тогаш кога веќе била исцелена. "Таа беше на грбот на старецот, меѓу лопатката, многу мека. Личеше на обесено парче месо со големина на гускино јајце. Со таа рана и го погребаа". Болката од зададениот удар на бесот била ужасна, неиздржлива. " Ако Господ и Небесната Царица - велел старецот - не ме исцелеја, никој не ќе можеше да ме исцели". Сепак, ниту по таквата страшна освета на непријателот на спасението, отец Серафим не го оставал својот молитвен подвиг за умрените, туку секогаш бил подготвен со смелост да Го моли Господа за спасение на другите. Ние веруваме дека, многу грешни души, по молитвите на праведниците, добиле прошка на гревовите и се избавиле од маките по смртта.
Се досега реченото не убедува во тоа дека Господ секогаш го слушал Својот праведник, за што и да Го молел и за кого и да се помолел. Самото вознесување на одредени молби, веќе значело голема смелост на саровскиот старец пред престолот Божји. (Извадок)

+++

Се повел разговор за 'целта на христијанскиот живот', прашање кое уште од млади години го интересирало Мотовилов. Отец Серафим за тоа не дознал од него, туку по откровение од Господа.
Објаснувајќи му ја на својот собеседник таа работа, која некогаш многу го интересирала, отец Серафим докажувал дека "вистинската цел на нашиот христијански живот се состои во стекнување на Светиот Дух Божји. За негово стекнување постојат различни средства: бдение, пост, милостина и други доблести кои се прават заради Христа, а посебно молитвата. Таа, повеќе од се донесува Дух Божји".


Откако го сослушал преподобниот, Мотовилов го прашал: "Брате, еве, вие постојано зборувате за стекнување на благодат на Светиот Дух, како за цел на христијанскиот живот. Но, како и каде јас можам да ја видам? Зарем Светиот Дух може да се види?"
Во одговорот на својот собеседник, отец Серафим почнал да објаснува дека Господ Исус Христос, извршувајќи го делото на спасение на луѓето, на апостолите им дарувал благодат на Светиот Дух на денот на Педесетницата. Таа благодат им се дарува и на сите верни во тајната крштение и се запечатува во тајната миропомазание. "Кога ние по крштението никогаш не би грешеле, би останале засекогаш свети и непорочни". Сепак, без разлика на човечките прегрешенија, благодатта на Светиот Дух, дадена на крштението, останува да блеска во нашето срце. Таа благодат е светлината која го просветлува човекот и Господ повеќе пати го открил нејзиното дејство на одбрани лица. При тоа отец Серафим укажал на Мојсеј и на случката на Господовото преображение.
Тогаш Мотовилов го прашал светиот старец: "На кој начин мо-жам да дознаам дека се наоѓам во благодатта на Светиот Дух?" Од почетокот отец Серафим на својот собеседник тоа сакал да му го објасни со зборови, но Мотовилов забележал: "Сепак, јас не го разбирам тоа. Како можам цврсто да се убедам дека сум во Духот Божји?" Тогаш отец Серафим на очигледен начин му ја покажал таквата состојба.
Фаќајќи го Мотовилов цврсто за рамената, преподобниот му рекол: "Сега и двајцата, брате, сме во Духот Божји! Што гледаш сега на мене?"
Мотовилов одговорил: "Не можам да гледам, брате, бидејќи од вашите очи светкаат молњи. Вашето лице стана посветло од сонцето и болка ми ги боде очите..."
"Не плашете се, ваше богољубие - одговорил светиот старец - и вие сега сте светол како и јас. Сега вие сте во полнотата на Духот божји, инаку не би можеле да ме видите во таква состојба". Наведнувајќи се кон Мотовилов, тој тивко му рекол на увото: "Заблагодарете Му на Господа Бога за Неговата неискажлива милост кон вас. Видовте дека јас дури не се ни прекрстив, туку единствено мислено во срцето Му се помолив на Господа Бога и во себе си реков: Тосподи, удостој го јасно и со телесните очи да го види симнувањето на Твојот Дух, со Кој ги удостојуваш Своите слуги, кога посакаш на светлост да се јави великолепието на Твојата слава'. И ете, брате, Господ за миг ја исполни смирената молба на бедниот Серафим... Дури ни на големите пустиници Господ Бог не им јавува секогаш таква Своја милост. Божјата благодат посакала да го утеши вашето смирено срце, на застапништво на Мајката Божја!..."


Отец Серафим му наредил на Мотовилов да го погледне во очи. "Погледнав во неговото лице - вели Н. А. - и ме фати уште поголем побожен ужас. Замислете си го во средината на сонцето, во најблескавиот сјај на неговите пладневни зраци, лицето на човекот кој разговара со вас. Ги гледате движењата на неговата уста, промените на изразите на неговите очи, му го слушате гласот, чувствувате дека некој со рацете ве држи за рамената, па сепак, не само што не ги гледате тие раце, туку ниту самите себе, ниту неговата фигура, туку единствено заслепувачката светлина која се простира на неколку фатки наоколу, осветлувајќи го со својот силен блесок и снежниот покривач кој ја прекрил полјаната и снежната веавица што паѓаше одозгора, и мене и големиот старец. Можно ли е да се претстави состојбата во која тогаш се наоѓав!..."

 SV.Serafim.SArovski1

Свети Серафим Саровски за силата на молитвата


Секое добро дело кое се прави од љубов кон Христа, донесува благодат на Светиот Дух. Сепак, со молитвататоа најлесно се постигнува, зашто таа е оружје со кое секогаш располагаме.

Можеби ти сакаш да одиш во црква, но во твојата околина нема црква, или сакаш да му дадеш на сиромавиот, но на твојот пат не го среќаваш, или сакаш да бидеш незлобив, но твојата наклонетост и твојата слабост пред замките на непријателот ќе направат да не ја најдеш во себе потребната сила.

Затоа молитвата секогаш и за секого е можна, за богатиот и сиромавиот, за учениот и простиот, за јакиот и слабиот, за праведниот и грешниот. Силата на молитвата е бескрајна и таа најповеќе од се друго ни донесува благодат на Божјиот Дух. Молитвата не оспособува да можеме да говориме со милостивиот и животодавниот Господ. но ние треба да се молиме се до моментот кога Господ, преку својата благодат, ќе слезе во нас. кога е он во нас, молитвата мора да престане бидејки е исполнета. „Дојди и всели се во нас и очисти не од секаква нечистотија и спаси ги благи, нашите души“.

Сега тој не учи што треба понатаму да правиме.
Одејки или доаѓајки, седејќи или стоејќи, на работа или во црква, твоите усни секогаш треба да повторуваат „Господи, Исусе Христе, помилуј ме грешниот“.
Со ова молитва во срцето ќе најдеш внатрешен мир и чистота на душата и телото. кога ќе ја почнеш оваа молитва, собери ги сите внатрешни сили на духот и поврзи ги со моќта на срцето и истрај внимателно додека Господ не го загрее твоето срце со својата благодат и не се соедини со тебе во еден единствен дух.

Тогаш внатрешната молитва ќе постане извор на жива вода, која непрестајно тече и непрестајно те храни и оживува. Амин.

 

 p.p.

15ти ноември 2020 лето Господово

 

Извадок од книгата: „Свети Серафим Саровски“

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3109
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7566
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

04/11/2024 - понеделник

Свети Аверкиј Рамноапостолен; Преподобен Лот; Спомен на чудотворното избавување на Москва од Литванците со помош на Пресвета Богородица;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов 23 октомври / 5 ноември 2024

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов 23 октомври / 5 ноември 2024

Како праведен Господов ученик,си го примил Евангелието,како маченик имаш смелост непобедлива,како јерарх се молиш, ти кој си брат Божји.

Тропар на светиот Христов рамноапостолен Епископ Ерополски Аверкиј 22 октомври / 4 ноември 2024

Тропар на светиот Христов рамноапостолен Епископ Ерополски Аверкиј 22 октомври / 4 ноември 2024

Божји угодниче, Аверкие свети милостив, незнаењето човечко го исплака,заблудата кон идолите ја разруши со силата Христова,адот пред тебе глава наведна,

Тропар на светиот Иларион Мегленски 21 октомври / 3 ноември 2024

Тропар на светиот Иларион Мегленски 21 октомври / 3 ноември 2024

 Чудо се јави како сведоштво, со дела на Божјите добродетели си засветлил,си ги пасел монашките заедници,исчистил архиерејските тронови,не поколебувајќи се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная