Копнежот за слава и сетилни уживања е исто како бркањето на сопствената сенка.
На многу луѓе светската слава и човечките почести им го завртуваат мозокот и тие сите свои напори и средства ги вложуваат за да ги достигнат, не гледајќи дали употребените средства се морално допуштени или не. Колкумина од нив на грешен начин се искачиле до високи функции во државите, па дури и до самите владетелски престоли? Меѓутоа, ништо не е полажливо и пократкотрајно од човечката слава: поминува како пареа и исчезнува како сенка. Неодминливата смрт, ако мирно ја дочекаат, му става крај не само на нивниот живот, туку и на славата! На многу властодржци ни името не им се сочувало. А славата и на оние чие име го сочувала историјата, легнала со нив во гробот.
Ава Сисој пред гробницата на Александар Велики (фреска од манастирот Варлаам, Метеори)
Сликата е придружена со натпис: „… што е сета оваа слава, богатство, величественост, која неповратно го лишува лицето до смрт? И бесмртната душа, раздвоена од несовршеност, како затворена во затворот на неговото смртоносно тело, нема да најде одмор, затоа што тој човек не ја воспитувал, не се принудувал во молитва, ниту мислел на Бога, не се смирувал во лишувања и таги. О, смрт, кој може да те избегне!“
Свети Сисој Велики застанал замислен пред ковчегот во кој биле коските на царот Александар Велики Македонски, па извикал: „Додека беше жив, целиот свет ти беше тесен, а еве сега и овој ковчег ти е премногу широк“.
Извор: Бигорски манастир