логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

СВЕТИ ЈУСТИН НОВИ  (ЌЕЛИСКИ)
СОБРАНИ БЕСЕДИ
 
 
 ПРАЗНИЧНИ БЕСЕДИ -  ТОМ 1 
 
 Беседа 2 .  за Раѓањето на Пресвета Богородица
1966. година, во манастирот - Ќелии
 
 Денес е голем Празник, Сепразник , мал Божиќ , зашто денес се родила  Пресветата Богомајка, Која што нам Господа  и Бога Христа  ни Го родила.
Отука , преполн е радост овој Празник. Во  безбројните денешни  молитви и песнословија непрекинато се нагласува  дека денес, со раѓањето  на Пресвета Дева Марија  се` и насекаде  се исполнува со радост. 
Се` и насекаде, зашто Таа – Бога ни го родила. А што е поголемо од тоа на оваа земја.


 
 
 Денес е мало Воскресение , зашто Пресветата Богомајка Господа Христа, во Тело ни Го роди.  Тело со кое што Воскреснатиот  од мртвите, смртта ја победи  и се` и насекаде  се исполни со бескрајна радост.
Бидејќи  што е порадосно за нас луѓето,  освен  смртта да биде победена, смртта да биде уништена,  Животот Вечен да ни биде обезбеден? 
А тоа го направи Пресветата Богомајка , раѓајќи го во тело Господа Исуса Христа , Тело на кое што Господ му  даде воскресна сила, му даде бесмртност и Живот Вечен.


Денес е и малиот Спасовден ,
зашто се родила Онаа , која Тело Му даде на Господа Христа , Тело , кое што воскресна од мртвите  и се вознесе на на Небото  и седна над сите  Херувими и Серафими .
Каква чест за човечкото тело  и каква радост за нас луѓето !  А се` тоа е  по чудесната заслуга на   Пресветата Богомајка , Која што се родила на денот денешен!

Денес е исто така мал Духовден ,
зашто се родила Онаа , која што нам ни го даде Синот Божји , Господ наш Христос , Богочовекот, Спасителот на светот Кој на Спасението , се вознесе на Небо, ни го ипрати Духот Свет  и ја основа Црквата на земјата  па така да се рече, на телото на Богомајката  и даде душа небесна .  Затоа денешниот Празник  е навистина празник на преголема и неискажлива радост. 
 Се` од Неа е,  од Пресветата Богомајка;
 се` што Господ Исус Христос  направил во овој свет,  од Неа е!
 Таа му ја дала таа човечка природа , Таа му ја дала душата наша, му го дала срцето наше, му го дала телото  наше,  за сето тоа Он да го спаси, за сето тоа да го исполни во Бога , за сето тоа да го очисти, да го освети , да го обожи и така човекот, созданието човечко родено,  да го исполни со најголема радост, бесмртна радост, Серадост.
А тоа, тоа е подвиг и дело на Пресветата Богомајка. Сѐ во  Господ Исус Христос е од Неа,
сиот Спас,  сиот Богочовек,  сето Евангелие Негово,
 сета Црква Негова, сите Светители, сите христијани, сите праведници, вие и ние, денешните христијани.
...
 И  Таа, раѓајќи ни го Господа Исуса Христа  и давајќи му се` што Он му го донесе на светот , заради тој свет,  Таа е најславната  од сите човечки суштества  создадени во сите светови,
Најмоќната, Најчистата, Најбезгрешната!
 ..
 Глеј, таа е над Херувимите и Серафимите, почиста и посветла од нив.
 Луѓе,  горе срцата!
  Не се плашете ниту од гревот ,
 не плашете се ниту од смртта , не бојте се ниту од ѓаволот.
 Гледајте, пред нас и над нас е, и пред нас и околу нас и  насекаде , низ сите светови, Онаа  - Пресветата, Семоќна Богомајка.
Посилна од сите смрти , посилна од сите  гревови,
 посилна од сите ѓаволи , зашто нам ни го родила Победителот на смрта  и Спасителот, Господ Исус Христос. 
 
Затоа, Нејзиното  име , Нејзината личност , Нејзиното присуство  на небото  и на земјата  ги исполнува со неискажлива радост  сите созданија Божји. Зашто  низ Неа и од неа, 
Господ сите ги спасува од пеколот ,
сите ги спасува од гревот ,
 на сите им се отвора Рајот,
на сите им се отвора Царството Небесно.
О, каква радост  е да ја имаш пред себе , над себе  како  водач  на родот човечки , Пресветата, Преблагословената , Мајката Божја , Богородица , Приснодева Марија .
 Се`, се` што е од Неа,  се` е спасение наше!
 
 Волшебната денешна песна, прекрасниот тропар , полн е со  Божиќна радост , полн е со воскресителна радост , полн е со вселенска радост , полн е со радоста Небесна.
 Ни ја кажува сета  тајна на нашето спасение,  и ни ја раскажува тајната на  нашата радост. 
 
Зошто ние православните , толку ја љубиме, толку  ја почитуваме  и толку и` се молиме на Пресветата Богородица?
 Зашто во Неа, од Неа, за нас  е се` , за нас  православните.  Прекрасниот тропар денешен гласи:
 „ Раѓањето Твое Богородице  Дево, објави  радост на целиот свет . Зашто од Тебе блесна Сонцето на Правдата , Христос, Господ наш.  И разурнувајќи ја клетвата , проклетството, даде благослов. И уништувајќи ја смртта , ни дарува Живот Вечен.“.
 
Ете,  тука е сето Евангелие на спасот , сиот  домострој на спасението , сиот Господ Исус Христос, целокупното дело Негово.
Значи: во Неа – Пречистата Богомајка!

            Од Неа и кај Неа, ете, ние се спасуваме , Живот вечен добиваме, смртта ја победуваме. Сонцето на Правдата – Господ Исус Христос низ Неа се раѓа и од Неа во овој свет  да го изгони секој мрак и секоја темнина , да го уништи секој пекол  и на луѓето да им го осигури  бесмртниот Живот Вечен , да го отвори целиот Рај Небесен  и да подари Царство Небесно , и слава и сите блага небесни.
  И  ние, имајќи ја пред себе Богомајката  како наша Молителка , како наша Застапмичка   пред Бога , како наша заштитничка , секојдневна  и секојноќна , ние сме навистина моќни и силни , ние, христијаните .
 
Знаете ли кога сме најмоќни , знаете ли кога е христијанинот, семоќен?
 Кога е цел  распростран  во молитва  пред Пресветата Богомајка , кога и`  е сиот доверен Нејзе , кога со сета душа своја  оди по Неа и и` служи Нејзе .
Тогаш, тогаш ти си моќ и сила , и сесила!
Нема моќ мрачна и страшна на овој свет  која што би можела да и наштети  на твојата душа и тебе.
 Нема смрт која што може да те грабне  од прегратките на Пресветата Богомајка.
 Нема ѓавол кој може да  ти се приближи тебе , кога си ти предаден  на Пресветата Богомајка.
 
 А Таа, Таа е на небото и на земјата , непрестајно му служи на својот Божествен Син . Што беше животот Нејзин на земјата?
Служење на Бога , служење на Господ Исус Христос.
Што е нејзиниот живот на Небото?
Пак, служење на Господ Исус Христос, служење на Бога.
Непрестајно Богослужење.
Ете, тоа е Пресветата Богомајка , Пресвета Богородица.
 
И ние ја празнуваме Неа, толку пати во годината  и, подобро речено , секој ден и секој час  Православната Црква Ја слави  низ неброени песни и стихири на секојдневните богослужења . Непрестајно И` служи.
 О , таа  прекрасна среќа и ти и јас да учествуваме во тоа !  
 И ние ја пелтечиме таа прекрасна молитва  и непрекидно ја призиваме Неа, за Заштитничка , за Молитвеничка на сите нас, на целиот род човечки .
 
Ние, православните христијани  и на денешниот ден ја прославуваме Неа, пресветата, Пречистата, Преблагословената Владичица наша Богородица. И ние, служејќи Му на  Нејзиниот Божествен Син, и` служиме всушност и Нејзе. Бидејќи, вршејќи ги заповедите на Евангелието Христово, ние ја покажуваме својата љубов кон Него и ја потврдуваме својата љубов.
 
„Кој ме љуби мене, ги врши заповедите мои“ – вели Спасителот. И ние, вршејќи ги заповедите  на Исусовото Евангелие  се стремиме кон оствареното и вечното Евангелие на Господа Исуса Христа  со првото остварено Евангелие – со Пресветата Богомајка.
 
  Што е Таа?   Олицетворение на Евангелието Христово во родот човечки , најсовршеното олицетворение , посовршено од сите Светители, од сите Ангели, олицетворение на Сесовршеното Евангелие Христово.
 
Пресветата Богомајка за нас христијаните, за сите православни христијани,  м за сите  Небески битија . Пре неа  треперат Херувимите и Серафимите, зашто е нескажливо повозвишена од  Херувимите и поскапоцена од Серафимите .
Тоа е Таа, најголемата вредност на сите светови, најголемата вредност и најголемото богатство на родот човечки.
И затоа сите наши молитви, сите молитви православната Црква ги лие и излива и и` ги  испраќа Нејзе. Сите тие молитви се преполни со славата на Пресвета Богородица и Таа во сите молитви е секогаш пред сите нас.


Како да посредува пред престолот на Чудесниот Син Свој, Господ Исус Христос, да не` спаси од гревот, да не` спаси од смртта, да не` спаси од пеколот. И затоа, ние православните христијани толку ја величаме Пресветата Богомајка.
Никого повеќе отколку Неа, после Нејзиниот Божествен Син, Господ Исус Христос.
 И бидејќи секогаш е прекрасна, секогаш занесно убава и моќна, онаа чудесна молитва, која што толку пати на ден ја повторуваме во нашите православни молитви:
„Спомнувајќи ја Пресветата, Пречиста, Преблагословена, Славна, Владичица наша Богородица и Приснодева Марија, со сите Светии, самите себе и еден со друг и сиот свој живот на Христа Бога да го предадеме“.
 
            Не можеме ние да Му го предадеме животот свој на Господа Исуса Христа без Неа. Само со Неа и со сите Светии ние можеме да влеземе во Царството Небесно, да влеземе во Рајот, и да ги наследиме сите блага кои Господ Исус Христос, доаѓајќи на овој свет, ги дал и дарувал.
 
 Од нас се бара само едно – вера.
 И во верата молитва и љубов и служење на Господ Исус Христос со сето свое битие и сета своја душа, сета своја сила, со сето срце свое.
Навистина, Господ Кој ни донел толку богатства, Кој ни дарувал Живот Вечен, ни ја дарувал најнапред Пресветата Богомајка, Пресветата Богородица, Која не ` спаси по падот човечки преку нашата прамајка Ева, не` спаси од гревот, смртта, ѓаволот, преку Синот Свој Божествен. Неа нам Он ни ја дал.
 Таква радост, такво богатство кога никој на тоа не се надеваше.
 
            И ние имајќи ги тие богатства, како најдобро душата своја човечка, човековата душа своја, и совеста, и целото битие свое ќе ги употребиме во овој свет и ќе го најдеме најдобриот пат и најголемата вечност и вредност за сето тоа?
 Како? Само верувајќи во Господа Исуса Христа и служејќи Му преку Пресветата Богомајка, водени од Неа и предводени.
Таа секогаш да не` закрилува и варди од , секој грев, од секоја страст, од секоја смрт, од секој ѓавол.
 
По сигурен пат, по пат на молитва,
 по пат на пост, по пат на милосрдие, по пат на љубов евангелска, по пат на кроткост и смиреност, нека не` води кон Синот Свој и нека не` изведе од овој свет во оној свет и нека не` воведе во Царството Небеско.
За таму заедно со Неа, далеку од Неа, но секогаш присутни во Неа, да го славиме Чудесниот Син Нејзин Господ Исус Христос.
 Но и Неа, Пресветата Богомајка, Која Него Го роди, него, таа Серадост на сите светови,
таа Севредност на сите човечки светови.
Нему преку Богомајката нека му е чест и слава и сега и секогаш и низ сите векови.
Амин.

Превод: М. Даниловска



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная