логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


За бескомпромисното следење на учењето на Светите Отци,

за многуте лажни учители,

за недостатокот од наставници на побожноста

 

Свети Игнатиј Брјанчанинов

 

Свети Игнатиј Брјанчанинов

„Бидејќи со срцето се верува за оправдание“, правилно кажал апостолот, „а со устата се исповеда за спасение“ (Рим. 10, 10): Потребно е исповедање на праведноста со устата, а кога е можно тоа и со самите дела. Праведноста исповедана со зборови и дела, како да се остварува и станува одлика на човекот. И затоа што е суштинска, таа е верен залог на спасението.

Вие сте се убедиле дека единствен непогрешлив пат кон спасението – е бескомпромисното следење на учењето на Светите Отци, со решително избегнување на секое учење од страна и од самите свои размислувања, сè додека разумот не се исцели од својата немоќ, и од телесен и душевен не стане духовен.

Признавајќи ја со умот и со срцето таа праведност, исповедајте ја со устите, дајте Му ветување на Бога дека ќе се раководите според учењето на Светите Отци, избегнувајќи секакво учење кое не е посведочено од Светиот Дух, кое не е прифатено од Светата Источна Црква. Исповедувајќи ја праведноста Божја на устата, исповедајте ја и со дела, давајќи ветување, исполнете го.

Не плашете се од тоа ветување, тоа треба да го стори секој православен син на Црквата, духовниот отец е должен да го побара од секој син на Православната Црква – при вршењето на светата тајна исповед. Токму помеѓу првите прашања кои се одредени да му бидат поставени на оној кој се исповеда, првото место го заземаат следниве:

Кажи ми, чедо, дали веруваш во она што ни го довери и она што во Вистината нè научи Соборната Апостолска Црква Православна, која на Исток е основана и израсната, и од Истокот по целата вселена распространета, која и до сега во вистината непоколебливо и неизменливо стои?

И дали се сомневаш во Светото Предание?

Кажи ми чедо, да не си бил еретик – отстапник?

Да не си се дружел со нив, да не си ги посетувал нивните собиралишта, си слушал нивни поуки или си читал нивни книги?

Читањето на еретички книги и слушањето на нивните поуки е тежок грев против верата, грев на умот, кој боледува од гордост и кој поради тоа го исфрлил јаремот на послушност на Црквата, кој има безумна и гревовна слобода. А сега тој грев повеќе не го сметаат за грев, сега си дозволуваат самите на себеси без расудување да ги читаат сите еретички писатели. Против нив Црквата згрмела со анатема, но заслепените грешници не го слушаат громот на Црквата, или, пак, го слушаат само за да го исмеат гласот на Црквата кој предупредува за погибелта што следи, за нејзиниот суд и одредби да ги наречат суеверие и варварство. Многу еретички книги се преведени на руски јазик, а на една од нив, покрај сите светоотечки списи на Вселенската Црква, ì даваат прво место по книгите од Светото Писмо. Претерана и неверојатна безобзирност, изразена јавно во печатот.

Вистинските христијани од сите времиња со сета своја грижа, се чувале од смртоносниот отров на ересите и другите учења на лагата. Тие неотстапно се држеле до догматското и морално предание на Црквата. Не само што православно верувале во Света Троица, туку и животот и подвигот свој, и обичаите ги насочувале според преданието на Црквата.

Карактеристика на сите Свети Отци, била непоколебливото раководење според моралното предание на Црквата, и тие заповедале за вистински да се смета само оној духовен наставник, кој во сè го следи учењето на Отците од Источната Црква и нивните списи, и го посведочува и запечатува своето учење. А оној кој мисли да ги раководи ближните по начелата на земската мудрост и врз основа на паднатиот разум, колку и да е блескав, самиот тој се наоѓа во себеизмама (прелест) и своите следбеници ги води во себеизмама.

Светите Отци одлучиле, дека задолжително правило за оној, кој сака да се спаси, е следење на моралното предание на Црквата. Поради ова тие му заповедаат на оној кој сака да живее побожно и благоугодно, да се раководи од поуките на вистинскиот учител или да биде раководен од отечките списи, кои одговораат на личниот начин на живот.

Осум столетија по раѓањето Христово, светите црковни писатели почнуваат да се жалат на недостатокот од духовни наставници и на појавата на многу лажни учители. Тие заповедаат, поради недостатокот на наставници, верниците да се обраќаат кон читање на отечките списи, да се оддалечуваат од читање на книги, напишани надвор од закрилата на Православната Црква.

Колку повеќе одминувало времето од јавувањето на Божествената светлина на земјата, сè повеќе се чувствувал недостаток од вистински свети наставници, сè повеќе растел бројот на лажни учители, кои од времето кога било откриено печатењето на книги ја преплавиле земјата како потоп, како горчливите апокалиптични води, од кои умреле многу луѓе со душевна смрт. „Многу лажни пророци ќе се појават“, претскажал Господ. „и ќе прелажат мнозина; и бидејќи беззаконијата ќе се уможат, кај мнозина љубовта ќе се олади“ (Мат. 24, 11-12). Ова пророштво се изврши: неговото исполнување е пред нашите очи. Има и друго Господово претскажување за знаците на времето во кое ќе биде Неговото второ, страшно доаѓање на земјата.

„Синот Човечки“, вели Господ, укажувајќи на идната судбина на верата, „кога ќе дојде, ќе најде ли вера на земјата?“ (Лука 18, 8). Тогаш на неа ќе владее лажно наречениот разум, човечка мудрост, непријателска кон верата и кон Бога.

Што значи монашката добродетел – послушност? Таа е согледување дека човечкиот разум паднал и затоа претставува негово отфрлање со лудоста на верата. Од верата е послушноста, од послушноста – смирението, од смирението – духовниот разум, кој е потврдена вера. Монашкото послушание процветало при изобиблие на духовни раководители. Со намалувањето на раководителите исчезнал и големиот подвиг на послушанието, кој брзо ги издигнува послушниците кон светост: верата, која е суштина на тој подвиг, бара нејзиниот предмет да биде вистински и духовен: тогаш таа приведува кон Бога. Верата во човекот доведува до безумен фанатизам.

Раководењето според списите на Светите Отци води далеку поспоро, послабо. На тој пат има многу повеќе сопнувања: книгата напишана на хартија, не може да ја замени живата човечка книга.

Чудесна книга е – умот и срцето; единствено напишана од Духот Свети зрачи живот од себе, само на оние кои со вера ја слушаат им се предава тој живот. Но раководењето по светоотечките списи веќе стана единствено раководство кон спасението по конечното исчезнување на наставниците. Кој ќе се потчини на тоа раководство, тој веќе може да се смета за спасен, а кој ќе биде воден од сопствените сфаќања или учења на лажните учители, треба да се смета за изгубен.

Откако сте го познале патот кон спасението, немојте да се колебате да стапите на него. Склопете блажен завет – сојуз со светата Вистина, одлучете во вашата душа, дека целот живот ќе биде верна кон Вистината. Веќе од таа добра намера во вашето срце ќе се излее леснотија, радост и сила – сведоштво дека светата Вистина е прифатена.

Со срцето се верува за праведност, бидејќи тоа е вистина, а со устата се исповеда за спасение.

 

Превод од српски јазик:

Бобан Ѓорѓиевски, студент на Теологија

Наслов на изворникот:

Свети Игњатије Брјанчанинов,

О неодступном следовању учењу Светих Отаца,

о мноштву лажних учитеља,

о нестајању наставника побожности

http://www.pravoslavni-odgovor.com

 Православна светлина бр. 9

Извор:Ортодоксија ортопраксија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная