логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Александар, Епископ на Буенос Аирес и Јужна Америка

bogorodica.sv.andrej.jpgНа гордоста—како на најстрашната од сите духовни болести—í претходи цела низа на слични состојби. Меѓу нив ги наоѓаме егоизмот, суетата, надменоста, разметливоста, дволичноста, фалбаџиството... Сите тие се резултат на главната духовна болест, нездравата себичност.

Во текот на својот развој, на гордоста секогаш í претходи суетата. Разликата помеѓу суетата и гордоста е иста како разликата помеѓу девојката и зрелата жена. Светите Отци ја нарекувале гордоста “умоболна”, бидејќи болниот кажува и прави многу нездрави нешта за кои е целосно убеден дека се праведни и мудри. Гордоста може да се спореди со халуцинација и слепило.

Смртоносноста на оваа  страшна болест е потврдена и од нејзиниот претходник и “татко” —ѓаволот, кој од блескав ангел се претвори во плашлив змеј (Откр. 12,3-9). Колку пати само во историјата на човештвото, во неговото апсурдно спротивставување на Бога, беше победен; колку пати само олицетворениот Син Божји ги откри неговите слабости? (Мат 12,29; 8,31). Дури и во неговото сопствено “подземно кралство” (пеколот) Синот Божји, спуштајќи се таму, го уби арогантниот Сатана, врзувајќи го и лишувајќи го од секоја моќ над човештвото (Откр. 20,2-3). Со моќта на крстот дури и малите деца можат да го истераат гордиот, но тој не сака да признае дека војната против Создателот е безумна. “Мило мое, престани да си се потсмеваш себеси”—беше советот што Дедо Крилов му го даде на малото кученце кое го лаеше слонот. Бидејќи еднаш бил најмудриот меѓу ангелите, ѓаволот треба да знае дека Господ е семоќен, додека тој е ништожен; дека со своите зли дејанија само се придвижува подлабоко кон дното на огнената Гехена. Од друга страна, гледајќи ја милоста што Бог ја искажува дури и кон најголемите грешници, тој сеуште може да се покае и да најде мир во својот Создател. Но не—велат неговите пакосни мисли: “Да се понижам и да го признам својот пораз—никогаш! Повеќе би сакал да загинам засекогаш отколку да попуштам! Дури и ако ми преостанува малку време—ќе успеам да уништам уште неколкумина заедно со мене... ”Таква е “логиката” на горделивиот меѓу гордите; умоболна е по секаков аршин—и земен и небесен. Создавањето е секогаш тешко, додека секому му е лесно да уништува.

Единствениот дар со кој ѓаволот навистина е обдарен е итрината; тој лаже, клевети, се претвора и неуморно ги збунува наивните. И илјадапати победни се оние кои ќе му поверуваат!

Еве што Св. Антониј Велики рече во врска со ова: “Ѓаволот, кој заради гордоста своја ја изгуби својата божествена положба, се труди со сите свои сили да ги примами сите во пад... на истиот начин на кој тој отпадна, т.е. преку гордоста и самољубието... Многу вистински големи подвижници го носеа товарот на доблесниот живот, но се уништија себеси од невнимание. Истото може да ти се случи и тебе ако, на пример, уморен од аскетскиот подвиг, почнеш да мислиш дека ги поседуваш сите доблести. Бидејќи ова е веќе самиот пад во ѓаволската болест (самопочитување), кога почнеш да си мислиш дека си близу до Бога и дека престојуваш во светлина, додека во стварност сеуште си во темница. Има ли друга причина заради која нашиот Господ Исус Христос ги остави настрана своите алишта, се опаша со крпа и ги изми нозете на своите ученици, освен за да нé научи на смирение? Да—тоа е поука за смирението”.

Како се разболува од гордоста?

Човек е природно склон кон доброто. Примери за доблеста и искрената љубов привлекуваат одобрение и пофалба од секого. Детето е задоволно кога татко му го охрабрува во неговите успеси и затоа се труди да постапува правилно со повеќе енергија. Охрабрувањето отсекогаш било важен воспитен начин. Но, исто како што многу нешта од нашата расипана природа заскитуваат од целта која им е назначена од Создателот, така и жедта за пофалба сама по себе може да му го одвлече вниманието на човека од вистинскиот пат. За да се здобие со пофалба, човек може да направи големи подвизи—не заради нив самите, туку, како што се вели, “за извоз”, односно, за “впечатокот” кој тие ќе го остават врз другите. Таквото однесување води кон лицемерие. Чувството коешто го тера човека да изгледа подобро отколку што е навистина се нарекува суета.

Сонцето грее исто врз секого, како што самољубието ужива во секоја доблест—напиша Св. Јован Лествичник—и како што стануваме поуспешни, така повеќе ја храниме суетата. “Самољубив сум кога постам; и кога кријам дека постам за да не го покажувам мојот подвиг станувам самољубив, заради мојата мудрост. Кога сум убаво облечен, самољубив сум заради мојот изглед, но кога изгледам бедно, самољубив сум заради моето наводно смирение. Кога треба да зборувам самољубив сум, кога молчам пак сум самољубив. На кој и да било начин да го фрлам овој трн, тој пак ќе падне со една од своите боцки свртена нагоре”.

Според Св. Јован Касијан Римјанинот, “постојат два вида на гордост: првата ги заразува луѓето со претерано возвишен духовен живот, додека втората се бори со почетниците и мирјаните. И иако и двата вида водат до погубна надменост во поглед на Бога и ближниот свој, првата е директна дрскост кон Бога, а втората се однесува на луѓето”.

Понатаму, оној кој паѓа во согрешение по сопствена волја е без смирение, бидејќи ја става својата волја над Божјата.

Како што веќе споменав, гордоста се создава од самоувереноста поврзана со прекумерно признание кон сé она што е “мое” и презир кон сé она што “не е мое”. Таа е изворот на лаги и лицемерие, недоличност, соперништво, гнев, суровост и множество престапи. Гордоста е одбивање да се прими Божјото присуство, иако горделиот има најмногу потреба од Спасителот бидејќи неговата болест не може да се излечи без темелна божествена помош.

Да ги трасираме симптомите и текот на оваа болест поподробно. Кога горд човек учествува во било каков потфат, тој секогаш се труди да ја покаже својата надмоќност.

Навистина е среќна околност кога некој кој е склон кон самољубие е принуден, преку некаков надворешен фактор, да ги скрене вниманието од себеси кон другите—кон неговата сопруга или семејството, кога е вознемирен заради некаква грижа. Или пак, кога запознавање со продуховени луѓе ќе го одведе по патот на верата, па тој, привлечен од убавината на доблеста ќе ја согледа својата внатрешна беда и ќе копнее по божествена помош. Но ако такво нешто не се случи, неговата гордост и понатаму ќе расте.

Гордоста ќе му ја потхранува желбата за поучување и наредување. Тогаш тој ќе ја тиранизира волјата на другите, обидувајќи се да загосподари со нивното внимание, време и средства. Ќе стане агресивен и бескомпромисен. Неговата работа е единственото битно нешто—другите се небитни. Тој е подготвен да се справи со сé и да се меша во сé. Во исто време тој е најчесто во центарот на вниманието на секое друштво, забавувач, дрдорко и безгрижен шегаџија.

Преподобниот Јован Касијан Римјанинот ги наведува следниве симптоми на гордиот човек: “Во разговор—прегласен, во тишина—зловолен, во радост—гласно насмеан, во тага—прекумерно нажален, во одговарање—дрзок, во сериозен разговор—бездушен, бидејќи зборовите ги изговара без учество на срцето. Световната гордост не е запознаена со трпението, страна í е на љубовта, храбра е во навредувањето, нерасположена во толерирање на туѓите забелешки, спора кон послушност, освен ако на неа не í претходи сопствената волја, неспособна е да се одрече од задоволствата, тврдоглава кога треба да ги слуша другите, секогаш трудејќи да го задржи своето мислење, никогаш несакајќи да попушти. Затоа, бидејќи станала неспособна да прима спасоносни совети, световната гордост има повеќе доверба во сопственото мислење отколку во советите на искусните старци”.

Со време, расположението на самољубивиот човек се влошува. Нерасположен од се освен од својот напредок, тој или не ги забележ ува сопствените мани или наоѓа оправдувања за себеси. Во исто време тој ги преувеличува своето знаење, искуство и способности. Жеден за признание кон неговата надмоќ, тој огорчено реагира на било кое разидување или критика. Во дискусија, тој го зема сечие независно мислење како личен предизвик. Бидејќи е толку агресивен, тој природно мора да се соочи со против-реакција; затоа, неговата мака и тврдоглавост уште повеќе растат. Тој е убеден дека секој му е љубоморен непријател. Неговите судири стануваат с’ поакутни како што тој се повеќе се свртува кон себеси. Но тој сеуште признава повисока власт и Му се покорува на Бога.

Во крајните стадиуми на болеста на гордиот човек, неговата душа станува потемна и постудена и во неа престојуваат само презирот и гневот. Неговиот ум е помрачен, веќе не е способен да го разликува доброто од злото, бидејќи сé е заменето со “мое” и “нивно”. Сé повеќе го замара глупоста на неговите претпоставени; сé потешко му е да признае туѓ авторитет. За него е императив да ја докаже својата супериорност. Затоа е повреден кога некој друг е во право. Секој надворешен успех е навреда.

Понекогаш оваа борба за наметливост е насочена кон здобивање со материјални блага, градење на кариера, општествена или политичка дејност, дури и кон уметноста, ако горделивиот е и талентиран. Тогаш, благодарение на неговата истрајност, гордиот човек може и да успее. Но таквите победи не служат за доброто на другите, туку само предизвикуваат споерништво и гнилеж.

Кога гордиот човек мисли дека не го почитуваат доволно, туку го прогонуваат и се обидуваат да му наштетат, тогаш веќе покажува симптоми на манија на прогонување. Таа пак, заедно со манијата за величина, е сериозна болест, предизвикана од суетата.

На крај, како последен чекор, горделивиот Му го свртува грбот на Бога. Порано грешеше заради своите слабости. Сега ги оправдува своите страсти и го гледа гревот како законит. Бидејќи е искрено уверен во својата севкупна надмоќ, тој е сигурен дека може да се снајде во животот без надворешна помош. Но, во длабочината на неговата душа се вселуваат постојана темница и бескрајна осаменост. Тој се упатува кон “црната дупка” од која никогаш нема да може да излезе. Господ може да го спаси, но горделивиот Му го свртел грбот.

Подготви: Б.Ѓ

 {moshits}

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная