(Обновено)
Се сеќавам на нешто што ни го зборуваше старец Порфириј. Тој сакаше да ми објасни како Е МОЖНО да му се помогне на човека, а потоа истиот тој човек кому му е помогнато не само да се расрди и да не му помогне, туку за возврат да му наштети на оној којшто му помогнал. Старецот велеше: „Тоа е нешто што е природно.“ Го прашав: „Природно?“ „Да мил мој. Тоа е природен одговор затоа што, се додека ти живееш таа личност на која си и помогнат ПОМНИ дека ти е должна и затоа мора да расчисти со тебе, за чувството на ДОЛЖНОСТ да престане.“
Ми даде пример за некој човек кој му должел пари во времето кога старец Порфириј плетел џемпери за некоја продавница во Атина. Ми ја раскажа целата приказна. Тој човек потоа се обидел да му наштети за да се ослободи од него. Старецот велеше дека „се додека таа личност те гледа, се сеќава на својот долг кон тебе, а тоа сеќавање му создава неудобност. Одтука, тој бара начин да се ослободи од тебе. Затоа, кога правиме добро некому, тоа треба да го правиме без негово знаење. На овој начин, тој нема да се чувствува задолжен. И така, не знаејќи од каде му дошла помошта, тој нема да може да го сврти доброто дело против вас, во нешто лошо, да речеме".
Извадок од „Покрај старец Порфириј"
Извор: Агапи.мк
21.11.2017 лето Господово