логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

troicnik.korica1.jpg

свештеник  Влатко Мирасчиев:

Денес, ми се чини дека е вистинска реткост, кај нас во Македонија да се пронајде семејство во кое барем еден член не е “во минус”  или не отплаќа кредит. Но, она што загрижува е сè поголемата бројка на граѓани кои ги губат своите куќи, па дури и животите поради кредитите кои се земени под лихварски услови. Иако лихвата како појава не е измислица на 21 век, (самиот поим лихва се споменува уште во Стариот Завет) сепак, проблемите поврзани со неа не се решени, ниту е најавено некакво посериозно соочување со нив. Што претставува самиот поим лихва? Едноставно, лихвата може да се дефинира како позајмување на пари со висока камата. Согласно на тоа, лихвар е личност (а, може да биде и институција) која позајмува пари со претерано висока камата. Она што треба да се знае е и тоа, дека лихварството не познава националност и религија - единствена вера се парите.
Транзицијата, пропаѓањето на голем број фабрики, огромната невработеност, лошата економска ситуација и високите каматни стапки на банкарските кредити се неколку од причините за масовноста на лихварството во нашата земја. Во последниве неколку години, се појавија голем број на луѓе - лихвари што даваат пари на заем со енормно високи камати, кои се пресметуваат неделно, месечно, а честопати дури и дневно. Луѓето сè почесто се решаваат на ваков чекор, бидејќи така најлесно стигнуваат до капитал, со кој потоа би можеле да оформат некаков приватен бизнис и да го вратат долгот. Но, не се ретки случаите, кога позајмените пари пропаѓаат и потоа останува долгот кон лихварот со каматата која секојдневно расте. Лихварите се луѓе што располагаат со капитал исклучиво во готовина. Тие не позајмуваат пари секому, бидејќи и тие се како еден вид банка и работат на безмалку истите принципи. За секој заем тие бараат гаранција, која е неколкупати поголема од вредноста на дадените пари, како на пример: возило, стан, златен накит, а воедно се склучува и договор кај нотар. Ако заемот не им биде вратен, имаат методи за изнудување на долгот, кои претежно се темелат на насилство. Но, не се ретки и случаите кога должникот не можејќи да ги истрпи притисоците, заканите, па и физичкото насилство - го убива лихварот.
Сигурно ќе се запрашате што ме наведе да пишувам за лихварството? Искрено кажано, во изминативе 2-3 месеци на нашиве медиуми беа прикажани стории за луѓе кои биле жртви на лихварството. Наши луѓе, луѓе кои живеат со нас и околу нас, луѓе кои секојдневно ги среќаваме на улица, во црква..... Во разговор со некои од нив, често го слушав одговорот: - Ние мислевме дека ќе ни помогне! Ние му верувавме! Можеби таа нивна наивност е дел од одговорноста која самите ја сносат за настанатата состојба во која се наоѓаат? Но, сметам дека во повеќе случаи не е така, бидејќи многумина од нив не се коцкари, ниту наркомани, туку чесни, ама ниско платени физички или интелектуални работници. Затоа, сметам дека огромен дел од таа одговорност има и самото општество во кое живееме. Токму поради тоа, имаме сè повеќе случаи, кога луѓето посегнуваат по своите животи, кога доаѓаат во неиздржлива ситуација од камати и долгови “до гуша” - тогаш ја губат и желбата за живот.
Дека лихварството не е нова појава, потврда ни дава и Светото Писмо, каде се појавува и како поим во 2. Мој. 22, 25: - “Кога на заем ќе дадеш пари на некој сиромашен брат што е при тебе, не присилувај го и не наложувај му лихва” и во 3. Мој. 25, 36-37: - “Не земај му ни лихва ни печалба... Не давај му свое сребро со интерес, а и храната твоја не давај му ја со печалба.” Имено, знаеме дека според учењето на Светата Православна Црква, богатите заминуваат од овој свет исто како и сиромашните: богатиот од Евангелието умрел исто како и сиромавиот Лазар, кој немал ништо, ниту парче облека, ниту парче леб (Лука 16). Според тоа, и богатите и сиромашните умираат, за што пее и царот Давид: Богатството проаѓа и затоа не му го предавај своето срце. Што значи, богатството не му носи никаква среќа на човекот. Не сакам овде да бидам погрешно сфатен, дека нашиот Бог е против богатството, но секако дека најголема улога игра потеклото на тоа богатство, како се заработени тие пари и како човекот ќе го искористи тоа свое богатство за време на својот живот. Богатството вистински се употребува тогаш, кога е насочено кон вистинските вредности и здобивањето на Божјата милост. Св. Јован Златоуст правилно забележал: “Богатите и ситите што љубопитно погледнуваат на гладните и немоќните и не им помагаат, еднакви се со убијците”. И Самиот Господ Исус Христос нè поучува со зборовите: “Создадете си пријатели преку неправедно богатство, па, кога ќе осиромашите, да ве примаат во вечните живеалишта. Верниот и во малку и во многу е верен, а несправедливиот во малку и во многу е несправедлив. Па така, ако во неправедното богатство не бевте верни, кој ќе ви го довери вистинското? И ако во туѓото не бевте верни, кој ќе ви го даде вашето? Ниеден слуга не може да им служи на двајца господари.... Не можете да служите на Бога и на Мамон (Лука 16, 9-13).

Во прилог на овој текст, пронајдов еден интересен расказ од старец Филотеј Зервакос, кој се надевам, ќе биде една добра опомена за сите нас.

“Познавав двајца многу богати луѓе од мојот крај, кои стекнаа големо богатство со многу труд, но притоа се служеа и со разни средства како: грабање, кражби, лихварство и други итрини. Тие склопуваа договори со сиромашните, за потоа на истите да им ги одземат нивите, куќите, па дури и стоката, ако заемот не им бил вратен навреме. Стекнаа богатство, но и покрај сè - тие не беа среќни. Подоцна и двајцата починаа. Кога умре првиот од нив, народот го проколна, бидејќи не само што неправедно се однесувал кон сиромашните, туку на ниеден сиромав никогаш не сакал да му даде ниту корка леб. Кога умре, сето богатство што го поседуваше умре со него. По три години, неговите остатоци биле преместени во друг гроб. Но, кога гробот бил отворен, неговото тело било потполно цело заради фрленото проклетство. Неговото тело не се распаднало, но било потполно црно, а неговата уста отворена. Јазикот му излегол од устата а рацете му биле во положба на грабање. Луѓето кога го виделе ова се престрашиле и побегнале.
Неговите синови, кои не ги воспитал и не ги научил на Божјиот пат и на исполнувањето на Божјите заповеди, го зеле неговото богатство и го трошеле на разврат, коцкање и забава. За кратко време паднале во сиромаштија. Едниот од нив, за кратко време го прокоцкал своето наследство на карти, го напуштил родниот крај и отишол во Атина и таму да си ја испроба среќата. Но, за кратко време изгубил сè, по што извршил самоубиство - губејќи ги на тој начин и телото и душата. Другиот пак, се оддал на развратен живот, но од таквиот живот се разболел од туберколоза и сифилис. Набргу починал без ниту една драхма. Третиот син, кој беше мој школски другар, исто така заврши на трагичен начин. Просеше по улиците, барајќи од минувачите некоја драхма или цигара.
Ниту еден од тројцата синови не се погрижи за сиромашните, трудејќи се на тој начин луѓето некако да му простат на нивниот татко. Ниту еден од нив, не даде да се отслужи Литургија за покој на душата на нивниот татко. Не направија ништо. На тој начин, не само што нивниот татко не се усреќи со своето богатство, туку не ги усреќи и своите деца.
Кога го откопале неговото тело и виделе дека истото, заради многуте проклетства и клетви, не се распаднало, луѓето се согласиле да го повикаат митрополитот да прочита разрешни молитви над неговото тело, за да може истото да се распадне. Митрополитот дошол, клекнал над гробот, ги прочитал молитвите над телото на богатиот и повторно го погребале. Меѓутоа, кога и по 2-3 години, телото повторно било ископано - пак било во нераспадната состојба. Еден од неговите роднини, лекар, рекол дека наводно составот на земјата е таков што не му дозволува на телото да се распадне, и затоа препорачал да се погреба на друго место. Тогаш, луѓето одлучиле неговите останки да ги фрлат во морето, бидејќи земјата не сакала да го прими. Го ставиле во чамец, му врзале голем камен околу вратот и го фрлиле во водата. Но, ниту морето не сакало да го прими - следниот ден, неговото тело било исфрлено на брегот заедно со каменот околу вратот. Тогаш, луѓето зеле камења и го затрупале неговото тело, притоа говорејќи: “Анатема на неговата душа...” И жителите на другите села кои поминувале по тој пат, фрлале камења на него, истовремено фрлајќи и проклетство на неговата душа. Еден богат човек од тоа село, кога во една прилика бев таму, ме одведе во својата куќа и ми понуди гостопримство. Следниот ден отидовме во малата црква посветена на св. Георгиј. Откако ги целивавме иконите, излеговме од црквата и тој ми даде камен. Го прашав: “Зошто ми го дадовте овој камен?” А тој ми одговори: “Земете го сега, а подоцна ќе ви кажам зошто.” Кога по извесно време наидовме на куп камења тој ми рече: “Ова е анатема за Н.Н. и секој кој минува овде фрла на него камен и го анатемисува.” Затреперив кога го слушнав ова и извикав: “Што зборуваш!? И вие сте ми некакви христијани! Човекот умрел пред толку години и добил според делата свои. Зарем морате покрај тоа и да го анатемисувате? Црквата и Христос н учат да ги сакаме своите непријатели и да се молиме за оние кои нè прогонуваат и мачат.” Го отфрлив каменот настрана, а по мене и тој го стори истото. Го уверив дека тоа што го прават е грев и му реков: “Во недела оди кај свештеникот, бидејќи јас нема да бидам овде, и кажи му да отслужи парастос за овој човек. Простете му. Секој човек ќе биде прославен или понижен според своите дела. Но, бидејќи тоа не го направил никој од неговите синови, ние имаме должност да му отслужиме парастос. Сите го анатемисувале, и сега сите треба да му простат. Бог бара од нас да простуваме и на нашите непријатели. Самиот Христос, дури и кога Го распнувале, се молел за оние што Го распнувале со зборовите: Оче прости им, оти не знаат што прават (Лука 23, 34). Тоа што го правите е голем грев и мора да се покаете и да му простите.”
Подоцна дознав, дека му отслужиле парастос и престанале да фрлаат камења на неговиот гроб и да го анатемисуваат.
Значи, каква среќа стекнал со своето богатство овој човек? Мислел дека ќе се усреќи самиот и своите деца со своето богатство - но потполно пропаднал. Според тоа, богатството не носи никаква среќа. Не би требало да тежнееме кон негово стекнување, бидејќи и Самиот Господ Исус Христос ни вели: Не собирајте богатства на земјата..... но собирајте си богатства на небото, каде што ни молец, ниту Äрѓа ги јаде, и каде што крадци не ги поткопуваат, ниту крадат (Мт. 6, 19-20). Господ нè учи да стекнуваме богатства на Небото, богатства кои се неминливи и вечни, богатства кои носат среќа, чест, слава и Царство Небесно...”

За крај, наместо заклучок, би го спомнал Блажени Августин кој вели: “Не страдаат сите праведници на земјата, нити пак сите грешници уживаат. Често и праведници уживаат во земните богатства, грешници страдаат заради своите гревови и трпат казни од луѓето и од Бога. Безбожниците често и постојано ги мачи совеста заради нивните злодела” а, секако - едно од тие злодела е и лихварството.

Извор:Троичник


  Посети:{moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная