логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Монашката држава Света Гора е духовното срце на Православната духовност. Додека тоа срце чука, ќе живее и Православната вера во светот. Света Гора ќе постои се додека се раѓаат и постојат нејзините духовни столбови, подвижници и молитвеници за целиот свет. Света Гора Атонска преставува вечно млада и неисцрпна ризница на свети луѓе, сведоци дека човекот е бесмрттно и вечно битие. Сведоци на неизмерливата Божја милост која од земјен прав го воздигнува човекот до висините на син Божји по благодат. Монашката населба Катунаки, со своите преподобни и обожени старци,  може да се каже дека е духовното срце на Света Гора. Таа се наоѓа на јужното подножие на Света Гора со триесетина колиби распоредени по стрмните и сурови карпи по кои пак газат благите подвижници меѓу кои бил и старецот Игнатиј кого го нарекувале Духовник.

Старец Игнатиј е од македонско потекло, роден во градот Серес, во 1827 год. со крстено име Јован. Тој бил многу убаво момче со уште поубава доблестна душа исполнета со добродетелите: учтивост, љубезност, искреност, разумност, љубов…, заради што бил многу омилен помеѓу сите кои го познавале. Бил единствено дете на родителите, што подоцна, во неговото срце откако светнало и загреало жарчето за подвижничкиот, совршен и свет монашки живот, му причинувало мали тешкотии, но верата и љубовта кон Бога му помогнало да го победи тоа искушение и да се упати на духовната арена небесните височини на Света Гора.

Првото откажување од светот го победил. Ги оставил своите родители на Божјата закрила, ги оставил и сите земни задоволства и пристигнал пред блажените нозе на старецот Неофит, свет старец, голем подвижник и расудлив духовник. Откако се одкажал од светот, требало да направи поголемо откажување, а тоа е откажувањето од својот разум и волја. Кога дошол на Света Гора со себе си ја понел и својата заштеда, со цел финансиски да му помогне на скиотот. Меѓутоа, неговиот Старец не сакал да ги прими парите и му дал совет и послушание, ако сака да постане монах и се ослободи од се земно и да се вивне како орел во духовните висини треба да се ослободи од нив со тоа што ќе оди по Света Гора и секаде каде што ќе види дека монасите живеат во сиромаштија да им даде од парите, но неизоставно да земе од нив потврди за тоа.

Опитниот (искусниот) старец Неофит знаел зошто му го дал тоа послушание и на што ќе наиде, а Јован си помислил дека тоа лесно ќе биде и бргу ќе се врати во саканиот манастир до својот Старец. Но кога тој им нудел на монасите пари, и покрај нивната сиромаштија, тие не сакале ни да слушнат за да земат. Колку тие биле посиромашни, толку повеќе бегале од нив и ги избегнувале како најголемо зло. Некои од нив морал да ги моли и преколнува да земат од парите за тој да може да се врати во манастирот.

Во подвигот на своето послушание тој прошетал преку цела Света Гора одејќи од старец до старец и како вредна пчела која оди од цвет на цвет го собира најубавиот нецтар, така и младиот искушеник Јован одејки од старец до старец го собирал духовниот нектар и научил многу од нив, кои сведочеле со нивното слово и живот за убавини на духовниот живот, незаменливите и вечни благодатни дарови на Светиот Дух. Од сето тоа, тој уште на самиот почеток стекнал цврст материал за здрави темели за духовниот живот. По четири месеци конечно успеал да ги раздели парите, задржал само еден мал дел и со нив си ја купил книгата на авва Исаак Сирин и зимско палто, на што неговиот Старец се налутил и барал да се вратат назад, но подоцна му простил. Се вратил во манастироот ослободен и од таа земна приврзаност, материјалното богатсво (парите) и во мир преку смиреното послушание кон својот возљубен Старец се предал на монашкиот живот.

Но тој негов мир кратко траел, откако му се јавило уште едно слично, но сега многу поголемо искушени. Ако тогаш имал 300 фунти сега имал осум милиони златни драхми, наследтво од својата тетка која немала пород, а него најмногу го сакала. Ова искушение за многумина од нас е неодоливо и за него ние би се вратиле во светот за да наследиме “подобар живот”. Но Јован, иако млад по години поучен од примерот на великите светогорски свети отци покажал вистинска возраст со тоа што недозволил да си го продаде бесценетото Царство небесно за пропадливото злато и ова негово големо искушение го кажал на својот духовен Отец и побарал совет. Старец Неофит му дал многу расудително и разумно решение за целиот имот да го подели на три дела; едниот дел да го раздаде на своите сиромашни роднини, другиот на вдовиците и сираците, а третиот да го приложи во разни цркви и манастири. На тој начин ќе им помогне на сиромашните роднини, вдовиците и сираците ќе ја благословуваат, а Црквите непрестајно ќе се молат за неа.

Да се биде искушеник кај старец Неофит не било ни најмалку лесно. Тој бил ученик на големиот подвижник старец Хаџи-Георгиј. Нивниот типик бил многу строг. Тие никогаш не јаделе масло, оделе боси, не се капеле и грижиле за своето тело и можеле да имаат само една туника (мантија). Тој од своите нови искушеници барал отсекување (откажување) од својата волја и мислење, да извршуваат тешки физички работи, да бидат пожртвувани и пред се да поседуваат (имаат) безгранично трепение и подвиг во непрестајната Исусова молитва.

Многумина доаѓале, но малкумина биле оние што останувале и не побарале друго пристаниште и друг старец на Света Гора. Младиот Јован уште на самиот почеток покажал голема ревност и желба да остане на Катунакија при старецот Неофит. Во искушеникот Јован, многумина старци од Светата Гора виделе иден голем духовен светилник.

Јован беспрекорно се повизувал во апсолутното послушание кон својот свет Старец и во исполнувањето на неговиот типик. Тие многу работеле преку ден, а преку ноќ станувале на молитва. Богослужбениот циклус им бил пустински, не по книгите туку на бројаница. На пример, на вечерната служба секој ќе се помолил по пет, шест пати на бројаница после три часа молитва, откако будилникот ќе го означи времето, старец Неофит со зборовите: По молитвите на светите Отци, Господи Исусе Христе , по,илуј не! ќе го назначил крајот. А на полнок се буделе и молитвата ја почнувале соборно на бројаница И продолжувале поединечно, секој во својата ќелија.

Старец Неофит не бил орел со едно крило. Тој не се ограничувал само на телесниот подвиг (лисјето од дрвото), туку на телесните трудови им ги придржувал и созерцанијата (плодовите). Тој ревносно го негувал и созерцателниот живот и неговиот дух често се повлекувал во молитвената тишина, во своето срце на лична средба со Него со непрестајната благодатана Исусова молитва и грабнувањето на умот.

Послушанието е основата на духовниот живот, а посебно на монашкиот. Преку послушанието кон Својот Отец, Господ Исус Христос ни ги отворил портите на рајот, а пак преку непослушанието на Адам човекот беше истеран од таму. Заради тоа и блажениот старец Неофит го воведувал своето духовно чедо Јован во тајните на совршеното послушание и благодатното смирение, а младиот искушеник секој негов збор и дело, жедно ги упивал во себе како сув сунѓер водата.

Послушанието е тивко пристаниште на спасението и духовното совршенство, но ако монахот не го разбере на најправилен начин може да претрпи свој сопствен бродолом. Многу впечатлив е настанот што го доживеале овие двајца подвижници и нивниот заклучок од тоа. Имено, во еден период нивната ќелија паднала во големи финансиски тешкотии. Кај нив, бидејќи тие не употребувале масло, а го произведувале, постојано го имале, доаѓале многумина и барале масло.  Еднаш на врата затропале неколку сиромашни мирјани и побарале масло. Неговиот Старец му рекол да им наполни, но о.Игнатиј му објаснил дека тие немаат ниту капка масло. По пет минути о.Игнатиј се движел  во дворот на ќелијата и сретнал еден монах, му дал 500 драхми и му рекол да служи 40 Литургии. Тој ги зел парите и му кажал на својот Отец за настанот. Отец Нифонт го прашал за името на монахот, на што о.Игнатиј заборавил да го праша, но бидејќи настанот бил свеж, рекол дека ќе се врати по него. Кога се вратил, монахот го немало. Насекаде го барал но него го немало. Тогаш старец Неофит се размисли и откако го викнал својот послушник му рекол:

Не е невозможно тој монах да бил ангел. Во секој случај, тој бил Божји пратеник. Бог сака да ни каже нешто. Тој не става на проба. Зар не ти реков да одеш и да и дадеш масло на сиромасите. Меѓутоа, ти не појде, туку ме извести дека повеќе немаме масло. Јас не те прашав дали има масло или нема. Јас како твој Стерец, ти дадов заповед која ти не ја исполни. Ти да ме беше послушал ќе видеше како на чудесен начин ќе се појавеше масло во садовите, како што и на чудесен начин ѓи добивме овие 500 драхми. Така да ќе можевме да бидеме милосрдни кон оние сиромаси како што беше милосрден Бог кон нас.Заради твоето непослишание јас ги испратив со празни раце ,а ние ја изгубивме наградата за давање милосрдие. Заради тоа, сега и двајцата ќе мора да бидеме казнети за да добиеме прошка”.

Развивајќи се монашкиот живот во тој крај се појавила потреба од мала соборна црквичка и свештеник за Литургија. Тогаш тие се фатиле за работа и покрај тешките услови, ја изградиле и ја посветиле на Успение на Пресвета Богородица, а свештеникот неможел никој друг да биде освен Јован, односно о.Игнатиј кој после шест години бил замонашен со монашко име Игнатиј, по свети Игнатиј Богоносец.

Еден ден старец Неофит му рекол на младиот о.Игнатиј да се избања, исчесшла и дотера најсвечено што може. Можете да замислите каков напор дал о.Игнатиј да го исполни тоа послушание. Утредента тие тргале кон големата лавра на свети Атанасиј. Сето тоа на о.Игнатиј му било нејасно, но откако стигнал во Лаврата и о.Неофит го преставил пред соборот на Старците, сфатил дека отец Неофит сака да биде ракоположен за свештеник. Ова за о.Игнатиј било сосема неочекувано и на големо изненадување како гром од ведро небо. Во себе иако се јавило противречење затоа што се сметал недостоен и духовно неподготвен за свештеник, сепак заради послушание кон својот духовен Старец знаел дека е тоа најдобро за него и по Божја волја.

Со новоизградената црквичка и новоракоположениот јеромонах, местото добило сосем нов тон. Успенската колиба станала место каде што почнале да се собираат околните монаси на Литургија и за нивен подобар пристап до колибата било изградено малечко пристаниште. Во колибата на Успение на Пресвета Богородица можеле и да се видат повеќето познати светогорски подвижници во исто време. Тука биле: на далеку познатиот Даниил Катунакиски; старец Герасим, големиот учител на умната молитва; старец Калиник Исихастот (пред да стане затворник) ; чудесниот руски подвижник од Каруља, молчаливиот Христифор Трезвеноумниот и други. Подоцна о.Игнатиј служел Литугрија не само во успенската црква туку и во околните скитови.

Отец Игнатиј бил пример и образец за вистински добродетелен монах. Послушанието, поткрепено со молитвеното тихување го возљубил најмногу од сите добродетели. Иако неговиот Старец бил многу строг тој му бил послушен дури и во ситници. Се трудел да исполни секој негов збор, па дури и помисла. Во тој взаемно татковко-синовски однос тие проживеале вкупно триесет и девет години. Во четириесетата година Старец Неофит се преселил од овдешните тесни катукакиски и каменити предели во бескрајните и раскошни небесни живеалишта.

О.Игнатиј, иако веќе и самиот тој, искусен подвижник и духовен отец, тагувал за загубата на неговиот сакан свет Старец. Меѓутоа, седобриот Бог неговата тага ја претворил во радост кога на четириесетиот ден од упокојувањето на Старецот му го испратил првиот искушеник. Тоа било дваесет и пет годишно момче кое желно за подвижнички живот по совет и препорака на Дионисијатскиот духовник Сава дошол кај старец Игнатиј. Отец Сава му рекол: Во катунакиската пустина живее еден доблестен јеромонах, отец Игнатиј. Ако појдеш кај него, ќе најдеш олеснување за својата душа. Меѓутоа, тој е прилично строг. На што тој му одговорил: Нека е строг, отче свети. На мене ми е потребен строг старец; јас сум склон кон празнословие и потрено ми е некој да ме (сече) и ограничи.

Родум бил од Пелопонез и потекнувал од богата фамилија, интелектуалец и студирал втора година новинарство кога го напуштил световниот универзитет и се префрлил во пустинскиот Небесен универзитет на Света Гора и неговото световно име било Јован. Бил висок со слабичка телесна природа и многу љубезен. Остроумен и со весел карактер, со што му помагал многу на својот старец. Имал и свои лични слабости, но бил и доволно паметен да ги препознае и исправи, се разбира секогаш со помош на својот свет Старец. Бидејќи мудар и прониклив, веднаш сфатил колкаво духовно богатство се крие во неговиот Старец и кон него покажувал голема љубов и почит. Секогаш го ословувал со “свет духовниче” и бил доследен во извршувањето на своите монашки задолженија.

На монашење, старец Игнатиј на својот искушеник му го дал името на својот старец, Неофит и така во успенскиот скит младоста ја заменила староста, а работите продолжиле да се одвиваат вообичаено како до сега со тоа што сега старец Игнатиј требало новиот монах Неофит да го поучува за убавината и возвишеноста на монашкиот живот во безмолвие ( непрестајната умосрдечна благодатна молитва) и неговите бесценети дарови.

Покрај грижата за духовното, бидејќи старец Игнатиј бил духовник и многумина доаѓале кај него на исповед, морале да се грижат и за нивното сместување и гостоприемство. Тој поседувал голем дар на духовно раководење и бидејќи многу добро го знаел и Рускиот јазик постојано имал нови и нови духивни чеда и исповедници. Покрај него и о.Неофит имал големи обврски за нив. Нивната издржливост неможе да се опише и разбере со човечки јазик . Но Седобриот Господ Бог, после дванаесет години заеднички труд и го испрака нивнииот трет член, седумнаесет годишниот Аристид од Смирна. Тој бил со среден раст, силен и добродушен што многу потсетувал на старец Игнатиј во младоста, па дури и на монашење го добил неговото име Игнатиј.

Едно време заради подобрување на финансиската состојба во скитот тој се подвизувал во соседниот скит на Света Ана каде го изучувал византискиот иконопис. Иако млад, заради потребите, тој после четири години примал и свештенички чин со што многу му помогнал на својот Старец, а подоцна постанал и духовник.

Старец Игнатиј се прославил како голем духовник помеѓу светогорските отци. Во тоа време на Света Гора имало многумина доблесни и просветлени духовни отци, но Игнатиј се разликувал од нив. Тој не поседувал скоро никакво световно образование, ниту завршил универзитет, но духовниот опит во животот, предание на Светиот Дух го научил на психологија, педагогија, пастирската и сите потребни науки што се потребни за успешно духовно раководење.

Тој го избрал средниот царски пат во духовното раководство. Не бивајќи премногу строг за да не ја скрше кревката и така прекршена духовна природа на слабите, а пак ниту премногу благ за да не се изгуби топлината на ревноста па да се омлитави духовното чедо и стекне лоши навики кои ќе го направат млак и незаинтересиран за спасението. Најчесто бил благ и милосрден и секогаш внимавал некого да не доведе до очајание. Знаел како да покаже разбирање и снисходливост кон своите духовни чеда. Да ги подигне, исправи и направи ревностни за духовниот живот. Секогаш знаел да одмери и да покаже крајна попустливост, но и кога е потребно, голема строгост. Самиот негов лик, неговите зборови и однесување поседувале посебна благодат која надахнувала на почитување и потполна доверба.

Во тоа време на Света Гора се повизувале многу монаси од словенско јазично поздрачје. Македонци, Бугари, Срби, Руси… кои го посетувале и му се исповедале, кој и самиот, бидејќи Македонец, добро знаел Руски и Бугарски. Посебно го почитувале руските подвижници од Каруља меѓу кои имало и поранешни кнезови и генерали, и кои, бидејќи не живеел многу далеку од нив го избрале за свој духовник. Русите му испраќале двапати или трипати годишно мал параброд за да го донесат во Руски ( Рускиот манастир св.Пантелејмон ), а често одел и во Бугарскиот манастир Зограф за да ги ислуша исповедите на тамошните отци. Грци, Бугари, Руси, Македонци, монаси од ближните општежитија, скитови и пустини се осветувале од благодатта на новиот Богоносец Игнатиј. Продолжил да работи се до својата длабока старост дури и после откако го изгубил видот. Многу души утешил и просветлил. Старец Игнатиј бил како многумиризлив духовен крин. Забележлив по својата духовна убавина, миризба и чистота.

Во својот подвижнички труд се карактеризирал со посебна педантност, точност и одоворност во работата. Секогаш како свое начело во духовниот живот ги имал зборовите од Светото Писмо: Внимавај на себе ( 5 Мој. 15,9) и наследеното од неговиот “духовен дедо” Хаџи – Георгиј :Секој кој се бори од се се воздржува ( И Кор. 9 ,25 ). Постојано бил благо сериозен, воздржан во говорот, одмерен во постапките и праведен во склоностите на своето срце. Неговото лице ја издавало неговата длабочина во мислите и духовноста, и секој можел да забележи дека тој не му дозволувал на умот да лета насекаде, туку секогаш бил буден и внимателен и го врзувал за зборовите од молитвата Господи Исусе Христе, помилуј ме…

Со децении се придржувал на строгиот типик на Хаџи – Геогиј и дури на крајот од неговиот живот, и пак под послушание, почнал да јаде разновидна храна ипофторно, со воздржување за да не ужива во неа.

Преподобниот Отец Игнатиј со својот подвижнички труд и бдеењето над своето срце и изгонување на секоја лоша и лукава помисла од него, постигнал недостапно простодушност, благост, милост. Ја достигнал невината природа Адамова пред паѓањето, како невино дете, па дури и ја надминал. Во него немало место за лукаство, задни намери, сомнеж, лицемерие и тоа што го слушал така и го прифаќал и пренесувал, не додавајќи или одземајќи ништо. Апсолутно им верувал на луѓето, кое предизвикало посебна почит и љубов кон него.

Посебна почит треба да му се оддаде на неговата девственост и целомудрие. Откако бил ракоположен за свештеник, па се до крајот на неговиот живот, а тоа се седумдесет години, тој никогаш, дури ни во сон, немал никакво телесно искушение па дури и ниту во помислите. Неговата телесна невиност и чистота го правела неговото тело светло и миризливо. Од неговото тело, па дури и од неговата облека и пот, излегувало благоухание (пријатна миризба), а според зборовите на старец Јосиф Исихаст и од неговата благословена уста се ширело пријатно благоухание и сите сакале да беседат со сего одблизу.

Отец Игнатиј го добил и дарот на прозорливост. Неговиот ум блескал со својата јасност и чистота. Неговите мисли, идеи и забелешки биле кристално чисти и просветлени. За време на сериозните разговори, исповеди и откривања на помилите неговите зборови можеле да те изненадат, запрепастат и вистински те замислат. Како вистински прозорливец и пророк на кого неговиот ум постојано пребива во Божјиот и вечен ум, можел да ти ги каже работите однапред, а твое е да го послушаш па макар и биле надвор од твојот план и логика.

Светиот Григориј Палама, Архиепископ Солунски вели: Благодарните, енергии кои дејствуваат во умот, на некој начин се пренесуват и н а телото… дури и телото го чуствува неискажливото таинство кое се случува во душата… Така светнало и Мојсеевото лице… Внатрешното просветление на умот се излева и н а телото. Тоа блеска со таква сила што дури оние кои го набљудуваат со телесните очи неможат да ја поднесата таа блескавост. На ист начин и лицето на архиѓакон Стефан заблескало како лице на ангел, зашто одвнатре умот на ангелски начин доаѓа во таинствено сосединување со наднебесната светлина и постанува анѓелоподобен.

Со тие исти нестворена Божествени енергии бил озарен и преподобниот Игнатиј и со таа иста светлина блескало и неговото тело за што има и живи сведоци кои го виделе во соборот на преподобните свештенослужители како неговото лице светли со некој надземна и необична светлина, а на оние кои се наоѓале близу до него, не само што ги осветлувала телесните очи, дури и го стоплувало и срцето и го исполнувало со неопислива радост и духовна сладост.

Исихасточкиот молитвен живот е основа за секој монах, а посебно за светогорските пустиници. Старецот Игнатиј и покрај сите негови свештенички обврски за богослужење и духовно раководење на душите тој никако не го запоставувал молитвениот подвиг. Заради тоа неговата душа била преполнета со благодатта на светиот дух. Свето Павловите пораки Молете се непрестајно ( И Сол. 5,17) и во молитвата бидете истрајни (Колос. 4,2) ги исполнил дословно. Во неговата ќелија имало еден обичен кревет, но тој повеќе сакал ноќите да ги поминува во молитва отколку во спиење. Светогорските монаси во своите ќелии имале закачено јажиња на кои се потпирале за во долгите ноќни бденија не заспијат и паднат. Покрај тоа имал и мало дрвено столче, троножец, на кое како во царски престол седнувал и во мирните светогорски ноќи со часови, со умот во срцето ја творел непрестајната благодатна Исусова молитва вознесувајќи се до небесните височини и насладувајќи се од неисцрпните Божествени извори.

Секојдневно, се до своето ослепување, служел Литургија. Неговите Литургии преставувале нешто посебно, неповторливо и Божествено. И самиот тој сочуствувал и се соживувал со Богослужбата и никој присутен неможел да остане рамнодушен кога о.Игнатј ќе служел. Бидејќи најстар, на заедничките празнични Богослуженија нему му припаѓало почесното место и се издвојувал од останатаите по некаква посебна таинствена свештена благодат која неможела да се забележи кај другите. Дури и со неговата телесна појава се одвојувала со посебен тон. Бил со среден раст, силна градба, румени образи, совршено бела брада, округло детско лице, густи јаболчници кои до некаде ги сокривале неговите сини светли очи. Неговиот глас бил чист и пријатен .

Кога наполнил 85 год, неговите очи се разболеле од катартака и ослепел. Меѓутоа, иако слеп тој не престанал да ја шири и на другите да ја дава невидливата и вистонска светлина. Кога некој би побарал опитен духовник, го испраќале кај отец Игнатиј Слепиот, како што го нарекувале. Тој за сите нив преставувал незаменлив пастир, (извонреден) лекар, непогрешен раководител и ризница на неисцрпно богатство. Отец Игнатиј, многупочитуваниот старец, ослабен и завиткан од времето на годините и слепилото, кој на внимателните им нудел мир, утеха и мудри совети, до крајот на својот живот ја зачувал бистрината на умот и никогаш не го прекинувал свото пастирско служење.

Најповеќето од времето го поминувал во својата ќелија, понекогаш ќе се прошетал околу ќелијата, а неговите духовни деца од почит и љубов му го чистеле патот од камења и му било тешко да слезе во Црквата и да присуствува на Литургија.

Како и сите стари луѓе тој страдал од здравствени проблеми. Боледувал од реуматизам, но никогаш не се пожалил на болките или да побарал лекарства или некоја посебна нега.

Се хранел со тоа што луѓето ќе му донеле и никогаш не наоѓал забелешки; или пак ако се случило да го заборават никогаш не се лутел. Тој немал интерес за земни работи. Неговиот ум бил заробен од небесното и не го вознемирувале земните нешта, но патот кон вечноста била неговата најголема грижа.

Тој наполнил и сто години. Период од еден век од кои осумдесет во манастир. Осумдесет години непрестајно дишел од благодатниот воздух на небесното царство овде на земјата и неговите гради биле подгорвени засекогаш да се Пресели во одандеземното Небесно Царство на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Како и што е вообичаено кај возвишените свети Отци Господ им ја открива нивната блиска средба со Него, така и старец Игнатиј за подобро се подготви петнаесет дена пред неговата смрт постел најстрого. На 8-ми ноември 1927 год, непосредно по изгрејсонцето го посетил еден руски пустиник од Кариља.

Добар ден, оче. Благослови.

Кој си ти?

Јас сум јеродјакон Вартоломеј.

Како си, дете мое?

Добар сум , оче.

Ти си добар, а јас очекувам нечие доаѓање.

Тогаш, невидливо дошол небесниот пратеник и ја зел смирената и света душа на старецот. Отец Вартоломеј никогаш повеќе не се удостол да види таква спокојна смрт.

На денот на неговото погребение од неговото мртво тело истекувала живо благоухано миро кое ги утешувало и лекувало натажените браќа кои се биле собрале за неговото погребение. А неколку години по упокојувањето на преносот на неговите свети мошти, од нив се ширело прекрасно благоухание.

Извор: Манастир на св.Прохор Пчински, Донибрук, Австралија

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7707
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная