логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 TVITer421

(Обновено))

V

ЗА БЛАГОДАТТА

Во манастирот дојдов обременет од многу гревови, и незнам, заради што додека бев уште млад послушаник, Господ ми ја дарува благодатта на Светиот Дух, исполнувајќи ми ги и душата и телото. Благодатта беше како онаа кај мачениците, така што моето тело жеднееше од страдание за  Христа.
O, Духу Свет, Ти Си и мил на душата. Не е можно некој да Те објасни, но душата го знае твоето присуство, зашто им даваш мир на умот и сладост на срцето.
Блажени сме ние, православните христијани, затоа што Господ многу не љуби, дарувајќи ни ја благодатта на Светиот Дух, и допуштајќи ни да ја гледаме Неговата слава во Светиот Дух. Но, да ја зачуваме благодатта, треба да ги љубиме непријателите, и за сите неволји да Му благодариме на Бога.
Господ ја повика грешната душа на покајание, и таа Му се обрати Нему. Он милостиво ја прими и и се покажа Себеси. Господ е многу милостив, смирен и кроток! По множеството на Својата благост, Он не си спомна за гревовите на душата. И душата крајно Го возљуби, и повте да биде со Него, како што птицата од тесниот кафез вилнее да одлета во зелената шума.
Човечката душа Го позна Бога, Бога милостивиот, дарежливиот и најблагиот, и Го возљуби до бескрај. И заради обилната љубов копнее по Него ненаситно, оти благодатта Господова е многу милна, стоплувајќи ги умот, срцето и целото немоќно тело.
И наеднаш, душата ја губи таквата благодат Господова. Тогаш скрбно си вели: со нешто Го нажалив Владиката. Ке ја барам Неговата милост. Можеби Он повторно ќе ми ја даде таа благодат, оти мојата душа веќе ништо не ја интересира во овој свет, освен Господ. Љубовта Господова е толку огнена, што вкусувајќи ја, веќе не и треба ништо друго. Ако ја загуби благодатта, какви ли молитви тогаш излева пред Бога, повтејќи повторно да ја најде Неговата благодат. Така, преподобниот Серафим стоеше три години, дење - ноќе на камен, оти неговата душа Го позна Господа, и се наслади од Неговата благодат, и бесконечно Го возљуби.
Блажена е душата што ја чува духовната и телесната чистота. Неа ја љуби Господ, и и ја дава благодатта на Светиот Дух. Љубовта Божја нема граници. Познавам еден човек, кого го посетил Милостивиот Господ со Својата благодат, и кога го прашал: "Сакаш ли да ти дадам повеќе благодат?", тогаш немоќната душа во телото одговорила: "Господи, Ти гледаш, да е поголема, јас нема да издржам и ќе умрам!" Човекот не може да ја поднесе полнотата на благодатта. Така, Христовите Ученици на Тавор паднаа ничкум од славата Господова.

METEORI.gr
Секој ден го храниме нашето тело дишејќи воздух, за да живее. На душата пак, и е потребен Господ и благодатта на Светиот Дух, без којашто таа е мртва. Како што сонцето ги огрева и ги разлистува полските цвеќиња, очекувајќи ги неговите зраци, така душата што Го љуби Бога, копнее по Него. Таа се ублажува во Него, и исполнувајќи се со радосност сака сите луѓе така да се чувствуваат. Господ заради тоа не создаде, за со Него вечно да живееме на небесата, љубејќи.
Слава Му на Господа и на Неговото милосрдие! Он толку многу не возљуби, што ни Го даде Светиот Дух, учејќи не за доблесното и давајќи ни сила да го победуваме гревот. Господ заради големото Свое милосрдие ни ја дава благодатта, а ние сме должни цврсто да ја чуваме, за да не ја загубиме. Оти без благодатта, човекот е духовно слеп. Слеп е оној, што го трупа богатството во овој свет. Неговата душа не Го знае Светиот Дух, колку е Он благ, бивајќи поробена од земното. А кој ја познал сладоста на
Светиот Дух, знае дека е неспоредлива со ништо. Тој веќе не може да биде заробен од ништо на земјата, туку само од љубовта Господова. Тој е спокоен во Бога, радувајќи се, плачејќи и жалејќи ги луѓето, што не Го познале Господа.


Кога душата е во Светиот Дух, тогаш е задоволна и не тагува по небесното, оти Царството Божјо е внатре во нас. Оти дојде Господ и се всели во нас. Но, кога душата ќе ја загуби благодатта, тогаш тагува по небесното и плачејќи Го бара Господа.
Пред да ја восприема благодатта, човекот си мисли дека во неговата душа се е како што треба. Но, кога ќе биде посетена од благодатта, заедничарејќи со Бога, тогаш тој се чувствува сосема поинаку. А кога пак ќе ја загуби благодатта, дури тогаш ја осознава својата беда.
Некој царски син отишол далеку на лов. Се загубил во густата шума, не можејќи да се врати во својот дворец. Пролеал многу солзи, барајќи го патот, но не го пронашол. Останал во дивата гора и тагувал за царот - таткото, и за царицата - својата мајка, за браќата и за сестрите. Како тој, царскиот син ќе се снајде во дивата и густа шума? Тој лелекал по својот поранешен живот во дворецот на својот татко, тагувајќи по својата мајка.


Така, и уште посилно, тагува душата, губејќи ја благодатта.
Кога браќата го продадоа Јосиф Прекрасниот како роб на Египетјаните, во далечната туѓа земја, тој неутешно плачеше по својот татко. И кога го здогледал гробот на својата мајка Рахила, тогаш горко леел солзи и велел: "Мајко моја, гледаш ли, дека ме водат во ропство, во далечната земја?"
Господ "не не остави сираци", како што мајката умирајќи ги остава своите деца, туку ни го даде Утешителот, Светиот Дух (Јов. 14, 16-18). И Он не тера ненаситно да Го љубиме Бога и да тагуваме по Него, и да Го бараме со солзи во секој миг.
O, колку и е скрбно на душата кога ја губи љубовта и смелоста. Тогаш, тагувајќи во срцето таа повикува кон Бога: "Кога повторно ќе Го видам Господа, за да се насладам од Неговиот мир и од љубовта?"
Зошто тагуваш душо моја, зошто пролеваш солзи? Заборави ли што ти овозможи Господ, и покрај твојата недостојност и ништожност?
Не, не заборавив колкава милост Господ излеа врз мене! Се сеќавам на сладоста од благодатта на Светиот Дух, ја знам љубовта Господова, колку е блага за душата и за телото.
Тогаш, зошто плачеш душо, кога Го знаеш Владиката, и Неговата неискажлива милост кон тебе? Што уште бараш од Владиката, Кој ти покажа обилна милост?

Кога благодатта ќе се намали во душата, тогаш таа од Господа повторно ја бара милоста што претходно ја познала. Тогаш, душата се мачи растргната од лоши помисли, барајќи заштита од Господа, својот Создател. И го преколнува да и го даде смирениот дух, за благодатта да не ја напушти, и непрестајно да ја осилува, да Го љуби својот Небесен Отец.
Господ и ја одзема Својата благодат на душата, за милостиво и премудро да ја воспитува. Силно страдајќи, ги рашири Своите раце на Крстот, за да биде смирена. Он и дава да ја пројави својата слободна волја во борбата со демоните, но таа е немоќна да ги победи. И затоа е нажалена мојата душа и тагува по Господа и солзејќи Го бара.
Господи, Ти гледаш колку душата е немоќна без Твојата благодат. Таа никаде не наоѓа спокој. Ти Си нашата сладост, нашиот Небесен Отец. Дај ни сила да Те љубиме, дај ни го Твојот свет страв, како што треперат и Те љубат Херувимите.
Ти Си нашата Светлина! Ти ја просветлуваш душата да Те љуби ненаситно. Ти ми ја одземаш Својата благодат, зашто мојата душа не живее секогаш во смирение. Но, Ти Си сведок на мојата тага и Те молам, дај ми го Твојот смирен Свет Дух!
Самиот човек е немоќен да ги исполни заповедите Божји. Затоа е кажано: "Барајте и ќе ви се даде." А ако не бараме, тогаш самите себе се измачуваме, лишувајќи се од благодатта на Светиот Дух. А без благодатта, душата се возмутува, бидејќи не е во состојба да ја сфати волјата Божја.

За да ја добие благодатта, човекот треба да е воздржлив во се: во движењето, во зборувањето, во гледањето, во помислите, во храната. А на секое воздржание му помага поучувањето од словото Божјо. Кажано е: "Не само од леб ќе живее човекот, туку од секој збор што излегува од устата Божја."
Преподобната Марија Египетска, од светиот Зосима зела со прстите малку јадење и рекла: "Тоа е доволно покрај Божјата благодат." Треба да се навикнеме да се храниме што помалку, но со расудување, колку што ти дозволува напорот на твојата работа. Мерата на воздржанието треба да е таква, за после јадењето да имаш желба за молитва.


Господ не љуби повеќе отколку мајката, децата свои. И ни ја дава благодатта на Светиот Дух за бадијала. Но, ние сме должни цврсто да ја чуваме, бидејќи не постои поголема несреќа од нејзината загуба. Кога душата ќе ја загуби благодатта, тогаш се измачува и мисли: "Со нешто Го нажалив Владиката." Во тие тешки моменти душата како падната од небото ги согледува сите маки на земјата. O, колку тогаш Го преколнува Господа, за повторно да и ја даде Својата благодат. Тоа тагување по Бога не е можно да се опише. Душата што ја има вкусено сла¬доста на Светиот Дух, не може да ја заборави и жеднее секојдневно, ненаситно стремејќи се кон Бога.
Душата што ја има загубено благодатта, тагува по Владиката и плаче подобно на Адама, после изгонувањето од рајот. Тогаш никој не може да ја утеши освен Бог! Солзите на Адама беа крупни, леејќи ги како потоци, натопувајќи ги и лицето и градите и земјата. И неговите воздишки беа длабоки и силни, налик на ковачки мев. Тој викаше: "Господи, земи ме повторно во рајот".
Душата на Адам беше совршена во љубовта Божја, вкусувајќи ја сета сладост на рајот, но беше неопитна. Тој не го одби искушението на Ева, како што многустрадалниот Јов го одби искушението на својата жена (Јов, 2, 9-10).
Што сакаш ти душо моја, зошто тагуваш, зошто лееш солзи?
Јас тагувам по Владиката, оти долго време не Го имам видено, и никој не може да ја утеши мојата скрб по Него. Он ми даде да ја познаам Неговата милост. Сакам секогаш Он да е во мене!
Мајката плаче по љубениот син, ако одамна не го видела: "Каде си ти, возљубена утробо моја?" Но, мајчинската љубов е ништожна, наспроти љубовта Божја: таа е толку грамадна и ненаситна!
Кога душата е исполнета со љубовта Божја, тогаш од безмерна радост, тагува и облеана во солзи се моли за сиот свет, за сите луѓе да Го познаат Владиката и Небесниот Отец. Душата, не само што не наоѓа спокој, туку и не и треба, додека сите не се насладат од благодатта на Неговата љубов.
Тагува мојата душа по Тебе, зашто не може да Те најде. Ти гледаш Господи, колку копнее и плаче барајќи ја Твојата благодат. Додека не знаев за нејзиното постоење, не ја барав. Та, како можам да го барам, она што не го знам? Но сега, те молам, затоа што мојата душа Те позна, насладувајќи се од Твојот Свет Дух, и возљубувајќи Те Тебе, својот Создател.
Ти им ја даде Својата благодат на Твоите Светии. И тие бесконечно Те возљубија Тебе, а световното им одмиле, оти сладоста на Твојата љубов не допушта да се љуби убавината на овој свет, станувајќи ништожна во споредба со Твојата благодат.
O, колку е немоќна и обезсилена мојата душа! не можам да летнам кон Господа, и застанувајќи пред Него во смирение, да плачам дење - ноќе. Душата што Го позна Бога, својот Создател и Отец Небесен, не може да има спокој на земјата. Таа размислува: "Кога ќе застанам пред Господа, тогаш ќе ја измолам Неговата милост за сиот христијански род." "Кога ќе Го видам Неговото љубено Лице, тогаш од радост нема да можам ништо да кажам, оти од огромна љубов, човекот онемува". "Ќе се молам за сиот човечки род, за сите луѓе да се обратат кон Господа и да се успокојат во Него, оти љубовта Божја сака сите да се спасат!"
Чувајте ја благодатта Божја! Со неа лесно се живее! Се е добро, се е мило и радосно во Бога. Душата е спокојна во Бога како да се наоѓа во некоја прекрасна градина, каде што живеат Господ и Божјата Мајка. Без благодатта, човекот е грешна земја, а со неа, човекот со умот е подобен на ангел. Ангелите со умот Му служат на Бога и Го љубат.
Блажени се оние што дење - ноќе се грижат како да Му угодат на Господа, за да се удостојат за Неговата љубов. Тие преку опит ја познаваат благодатта на Светиот Дух.
Благодатта не наидува, без знаење на душата. Кога на родителите ќе им се загуби детето, го бараат насекаде. Но, душата којашто Го љуби Бога, Го бара Господа со уште поголема тага и сила, така што, дури не е во состојба да мисли ни на ближните и мили луѓе.
Слава Му на Господа, што ни дава да го сфатиме доаѓањето на благодатта, и што ни помага да ги познаеме причините за нејзиното присуство и отсуство. Душата на оној што ги исполнува сите заповеди, секогаш ќе ја чувствува благодатта, дури да е и малечка. Но, таа лесно се губи, заради славољубие, заради една горда помисла. Можеме многу да пости¬ме, многу да се молиме, и да правиме многу добри дела, но ако притоа сме славољубиви, тогаш ќе бидеме подобни на барабан што произведува силна врева, а внатре е шуплив. Славољубието ја опустошува душата, и потребно е многу опит, долга борба, за да го победиме. Во манастирот, преку опит и од Писмото, се уверив колку славољубието е штетно. И сега, во секој миг го барам од Господа Христовото смирение. Тоа е голема и непрестајна наука!
Нашата борба е лута и бара многу мудрост! Но, истовремено е и многу едноставна. Ако душата го возљуби смирението, тогаш сите мрежи на нашите непријатели ќе се скинат и ќе им се одземат сите сили. Во нашата духовна борба исто така, треба да се погрижиме сите наши борбени резерви и плодови да ги чуваме цели. Резервите се нашето смирение, а плодовите се благодатта Божја. Ако ги загубиме, непријателите ќе не победат.
Борбата не престанува, но само за возгордеаните. На смирените пак, им е лесно, затоа што тие го возљубија Господа. И Он им го дава Своето силно оружје - благодатта на Светиот Дух. Од неа се плашат демоните, оти таа ги уништува.
Еве го најкусиот и најлесниот пат кон спасението:
Биди послушен, воздржлив, не осудувај, и чувај ги својот ум и своето срце од лошите помисли! Раз¬мислувај: - сите луѓе се добри, Господ сите ги љуби. Заради овие смирени мисли, благодатта на Светиот Дух ќе живее во тебе, и ти ќе речеш: "Господ е милостив".
Ако пак, осудуваш, негодуваш, сакаш да ја исполнуваш својата волја, тогаш дури и многу да се молиш, твојата душа ќе биде пуста. И ти ќе речеш: "Господ ме заборави". Но, Господ тебе не те заборавил, туку те пренебрегна, оти не се смируваш. Затоа благодатта Божја не живее во твојата душа. Во смирената душа пак, таа лесно се внедрува донесувајќи и мир и спокој во Бога. Божјата Мајка беше најсмирена од сите, поради што ја прославуваат и небото и земјата. И секој што се смирува ќе биде прославен од Бога, гледајќи ја славата Господова.
Светиот Дух е многу благопријатен за душата и за телото. Он не обдари да ја познаеме љубовта Божја.
Чудна работа: преку Светиот Дух, човекот Го познава Господа - својот Создател. Блажени се тие, што Му служат, оти Он рече: "Каде Сум Јас, таму ќе биде и Мојот слуга", и "ќе ја гледа Мојата слава" (Јов. 12,26; 17,24).

Ако е така на земјата, Светиите во Светиот Дух на небото уште повеќе Го љубат Господа и Го прославуваат. Таа љубов е неискажлива.
На душата што Го познала Светиот Дух и е јасно што сакам да кажам.
Зошто пак, Господ толку многу не љуби? Та ние сме грешни и сиот свет се валка во зло, како што вели Јован Богослов (1 Јов.5,19). Зошто, и покрај тоа, Он не љуби?
Самиот Господ е љубов!
Како што сонцето ја грее целата земја, така благодатта на Светиот Дух ја стоплува душата да Го љуби Господа, и таа тагува по Него и солзејќи Го бара.
Како да не Те барам? Ти, необјасниво и се покажа на мојата душа, заробувајќи ја со Својата љубов. И благодатта на Светиот Дух и се услади на мојата душа, та не можам да ја заборавам.
Како да го пренебрегнам Господа, кога Он е во нас? И Апостолите им проповедаа на народите: "Нека се вообличи во вас Христос" (Гал. 4,19).
Господ и се радува на душата што смирено се кае, и и ја дава благодатта на Светиот Дух. Знам дека еден послушаник го добил Светиот Дух, по само половина година помината во манастирот. Другите Го добија по десет, а некои престојуваат повеќе од четириесет и повеќе години додека да ја познаат благодатта. Но, никој не може да ја задржи постојано, бидејќи не сме истрајни во смирението.
Преподобниот Серафим, имал дваесет и седум години кога Го созерцал Господа, и неговата душа толку Го возљубила, што тој од сладоста на Светиот Дух, целосно се изменил. Потоа, тој заминал во пустина. И, познавајќи дека таа благодат не е со него, три години стоел на камен, повикувајќи: "Боже, биди милостив спрема мене грешниот".
Душата што Го позна Бога преку Светиот Дух, повте да биде со Него. Сеќавањето на Него силно ја привлекува, лесно заборавајќи го светот. А при помислата на земното се моли за сиот свет, сакајќи сите да го чувствуваат истото. Самиот Свет Дух ја тера душата да се моли, за сите луѓе да се покајат и да Го познаат Бога и Неговата милост.
Да се смириме браќа, Господ ќе не возљуби! Неговата љубов ја познаваме според благодатта, којашто Он и ја дава на душата. Кога во неа е благодатта, дури и самозачната, таа Го љуби Господа и ближниот, имајќи мир во себеси. Но, постои и поголема љубов. Тогаш, душата го заборава сиот свет!
Блажен е оној што не ја губи благодатта Божја, туку преминува од сила во сила. Јас пак, ја загубив благодатта, но Господ многу се сожали над мене, допуштајќи ми да вкусам и поголема од неа, единствено заради Својата милост!
Душата е немоќна! Без благодатта Божја, ние сме им подобни на животните. Со благодатта пак, човекот е голем во Бога!
Луѓето многу ги ценат земните науки. Многу им значи познанството со земен цар, бивајќи особено среќни ако му се блиски. Но, навистина е возвишено да се знае Господ и Неговата волја.
Браќа, со сите сили смирувајте ја својата душа, за Господ да ја возљуби и да и ја даде Својата милост! Но, таа нема да биде во нас, ако не ги љубиме непријателите.
Преку Светиот Дух мојата душа Го позна Господа, и затоа ми е лесно и пријатно да размислувам за Него, и за делата Божји. А без Светиот Дух, душата е мртва, дури да го проучи и сиот свет.
Кога луѓето би осознале дека постои духовна наука, тогаш би ги отфрлиле сите земни науки, би Го созерцувале само Господа. Неговата убавина ја заробува душата и таа копнее по Него, сакајќи вечно да е со Него. И ништо друго освен Него! Сите земни царства ги набљудува како облаците што се развејуваат по небото.
Господ рече: "Јас Сум во Отецот и Отецот е во Мене" (Јов. 14,10), и "Вие сте во Мене и Јас Сум во вас" (Јов. 14,20). Нашата душа чувствува дека Господ е во нас, и затоа не може да Го заборави ниту еден миг!
Колкава милост има Тој, кога сака ние да бидеме во Него и во Отецот.
Но, Господи, што сторивме ние за Тебе, со што Ти угодивме, за да сакаш да бидеш во нас и ние да бидеме во Тебе? Нашите гревови Те распнаа на крстот, а Ти сакаш да бидеме со Тебе? O, колку е голема Твојата милост! Јас ја чувствувам врз себеси. Јас сум достоен за пеколот и за секакви страдања, а Ти ми возвраќаш преку благодатта на Светиот Дух.
И кога мене грешниот ми допушти да Те познаам Тебе преку Светиот Дух, Те молам тогаш, Господи, дај му на сиот народ да Те познае Тебе!

 

Korica.Siluan.jpg 

Извор: Билиотека Слово од Водоча

Едиција: СВЕТОГОРЦИ

Книга 4

Друго:

Старец Силуан - НИЕ СМЕ ДЕЦА БОЖЈИ И СЛИЧНИ СМЕ МУ НА ГОСПОДА 

 Elisaveta.lit2.jpg

 

 TVITer805

p.p.

Февруари 2021 лето Господово

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная