логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

freska.nerezi.jpg


IV
ЗА МИРОТ

Сите сакаат да имаат смирение, но не знаат како да го постигнат. Паисиј Велики се гневел и барал од Господа да го избави од гневливоста. Господ му се јавил и му кажал: "Паисиј, ако сакаш да не се гневиш, ништо не посакувај, никого не осудувај и не мрази, па нема да се разгневуваш." Така секој човек, ако ја сече својата волја пред Бога и пред луѓето, секогаш ќе биде мирен во душата. Кој сака да ја исполнува својата волја, тој никогаш нема да здобие смирение.
Душата којашто и се предала на волјата Божја, лесно ги поднесува сите неволји и болести, затоа што и боледувајќи, се моли и Го созерцува Бога: "Господи, Ти ја гледаш мојата болест. Ти знаеш колку сум грешен и немоќен. Помогни ми да истрпам и да Ти благодарам за Твојата благост." И Господ ја олеснува болеста, и душата ја чувствува Божјата помош, радувајќи се и благодарејќи Му на Бога.
Ако те снајде некоја неволја, тогаш размислувај: "Господ го гледа моето срце, и ако Му е угодно, тогаш ќе ми биде добро и мене, и на другите." И така, твојата душа секогаш ќе биде во смирение. А доколку негодувате: "Ова не е така, а она не е добро", никогаш нема да најдете смирение во душата, дури и да постите и многу да се молите.
Апостолите целосно и беа предадени на волјата Божја. Така се чува смирението. На тој начин и сите свети, големи луѓе ги трпеа сите неволји, предавајќи и се на волјата Божја.
Господ не љуби! И затоа од ништо не треба да се плашиме, освен од гревот. Заради гревот ја губиме благодатта, а без благодатта Божја непријателот ја прогонува душата како што ветрот го развејува сувиот лист или чадот. Секогаш треба да се сеќаваме дека демоните паднаа заради гордоста. И дека не-престајно се трудат и нас да не повлечат со себе. И многумина ги излажале. А Господ рече: "Научете се од мене на кроткост и на смирение, и ќе најдете спокој за душите ваши."
0 Милостив Господи, дарувај ни го Твоето смирение, како што им го даде на Светите Апостоли: "Мирот Свој ви го давам."
Господи, дај ни и нам да се насладиме од Твоето смирение. Светите Апостоли го добија Твоето смирение излевајќи го врз сиот свет. И спасувајќи го народот, не го губеа мирот, а тој дури и не се намалуваше во нив.
Како да го зачуваме душевното смирение среде соблазните на нашето време?
Судејќи според Писмото, и според карактерот на денешниот народ, ние живееме во кончанието на светот. Затоа, треба да го зачуваме душевниот мир без кој што не можеме да се спасиме, како што кажа големиот молитвеник на руската земја, преподобниот Серафим. Додека живеел, заради неговите молитви, Господ ја чувал Русија. По него постоеше и друг столб, којшто досегал од земјата до небото, отец Јован Кронштатски. Ке се задржам на него. Тој е наш современик, и сведок сум на неговата молитва, додека другите светители не сум ги видел.
Се сеќавам, по Литургијата, кога му ја дадоа запрежната кола, тој сакаше да седне, но го опкружи народ, барајќи благослов. И во толкавиот метеж,, неговата душа непрестајно престојуваше во Бога. Тој не се расејуваше и не го губеше душевниот мир. Се прашувам како го постигнуваше тоа?
Тој го љубеше народот, и не престануваше да Му се моли на Господа за него:
"Господи, дарувај им го Твојот мир на Твоите луѓе."
"Господи, дарувај им Го на твоите слуги Твојот Свет Дух, за да ги стопли нивните срца со Твојата љубов, и да ги упати кон секоја вистина и кон секое добро."
"Господи, сакам Твојот мир да биде во сиот Твој народ, кого Ти крајно го возљуби, давајќи го Својот Единороден Син за да го спасиш светот."
Тосподи, дарувај им ја Твојата благодат, за да Те познаат во мирот и во љубовта, и да Те возљубат." И да речат како и Апостолите на Тавор: "Добро ни е Господи, да бидеме со Тебе".
Така непрестајно молејќи се за народот, тој го зачувал духовното смирение. Ние пак, го губиме, затоа што во нас нема љубов спрема луѓето. Светите Апостоли и сите Светии сакаа да се спаси народот и бивајќи меѓу луѓето, огнено се молеа за нив. Светиот Дух им ја даваше силата да го љубат народот. Ако и ние, не го љубиме братот, не можеме да имаме смирение.
Размислете за ова!
Слава Му на Господа, што не не остави сираци, туку ни го даде Светиот Дух на земјата. Светиот Дух ја учи душата на неискажлива љубов спрема народот и на сожаление спрема сите заблудени. Господ се сожали над заблудените и го прати Својот Единороден Син да ги спаси. И Светиот Дух не учи исто така, да ги сожалуваме заблудените, коишто заминуваат во пеколот. Оној што не го стекнал Светиот Дух, нема потреба да се моли за непријателите.
Преподобен Паисиј велики се молел за својот ученик, којшто се откажал од Христа. Додека молит¬вел, му се јавил Господ и му кажал: "Паисиј, за кого се молиш? Па тој се откажа од Мене!" Но, преподобниот продолжил да го сожалува својот ученик. И тогаш, Господ му рекол: "Паисиј, ти ми се вподоби Мене во љубовта."
Така се стекнува смирението, и освен овој, не постои друг пат.
Ако некој многу се моли и пости, но не ги љуби непријателите, тој не може да има душевно смирение. Јас не ќе можев да зборувам за тоа, ако Светиот Дух не ме научеше на љубовта!
Грешната душа, заробена од страстите, не може да е смирена и да се радува во Господа, дури да ги има сите земни богатства, и да царува над сиот свет. Ако на таквиот цар, којшто се весели со своите кнезови и којшто седи на престолот во сета своја слава, му речат: "Цару, ти сега ќе умреш," тогаш, неговата душа ќе се возмути и ќе затрепери од страв, согледувајќи ја својата немоќ.
Има бедни луѓе, коишто пак, се богати само со љубовта спрема Бога. Ним, ако некој им рече: "Ти ќе умреш сега," мирно ќе одговорат: "Нека биде волјата Господова. Слава Му на Господа, што Си спомна за мене, и што сака да ме земе таму каде што прв влезе разбојникот."
Има бедни луѓе, коишто не се плашат од смртта, туку мирно ја чекаат, како и Праведниот Симеон, којшто ја испеал песната: "Сега го отпушташ Твојот слуга со мир Владико, според зборовите Твои."
Каков мир имаше во душата Праведниот Си-меон, можат да сфатат само оние што во својата ду-ша го носат мирот Божји; или барем некогаш го по-чувствувале. За тој мир Господ им кажа на Своите ученици: "Мирот Свој ви го давам." Кој го има тој мир, спокојно преминува во вечниот живот и вели:
"Слава Ти Господи што сега и јас доаѓам при Тебе и вечно во мирот и во љубовта ќе Го гледам Твоето Лице. Твојот тивок, кроток поглед ја привлече мојата душа да тагува по Тебе."
Братот треба да го вразумуваме, но со љубов! Ако душата се возгордее, ако некого осуди, ако се вознесе над братот или го вразумува братот нападно и без љубов, ако се прејадуваме или ако мрзливо се молиме, ќе го загубиме мирот.
Но, ако се навикнеме да се молиме усрдно за непријателите, љубејќи ги, смирението секогаш ќе опстојува во нашите души. А ако го мразиме братот или го осудуваме, тогаш нашиот ум ќе се помрачи, загубувајќи ги мирот и смелоста пред Бога.
Душата не ќе биде смирена ако не го учи законот Божји и дење и ноќе, зашто е напишан со Духот Божји. А Духот Божји од Писмото преминува на душата, чувствувајќи насладување и благопријатност. И таа веќе не го љуби земното, зашто ја опус¬тошува душата. Тогаш таа паѓа во униние, и подивува, немајќи потреба да Му се моли на Бога. Непријателот пак, согледувајќи дека душата не е во Бога, ја колеба и влијае според својата намера. И наметнува разни помисли, така што целиот ден го поминува во метеж, не можејќи чисто да Го созерцува Господа.
Тој што во себеси го носи мирот на Светиот Дух, го излева и врз другите. А оној што во себе го носи злиот дух, тој пак, го излева злото.
Како старешината да го зачува мирот, ако неговите луѓе се непослушни?
- На старешината му е тешко и мачно ако луѓето не го слушаат, но за да го зачува мирот, тој треба да се сеќава дека Господ сепак ги љуби, пострадувајќи за нивното спасение. Тогаш, треба усрдно да се молиме за нив, а на оној што усрдно се моли, Господ ќе му ја даде молитвата. И ти од опит ќе познаеш дека умот на оној што се моли има љубов и смелост пред Бога. Дури и да си грешен човек, Господ ќе ти даде да ги вкусиш плодовите на молитвата, и ако се навикнеш да се молиш за потчинетите, тогаш во твојата душа ќе владеат смирение и љубов.
- Како потчинетиот да го зачува душевниот мир, ако неговиот старешина е гневен и зол човек?
Гневливиот човек и самиот поднесува големо страдање од злиот дух, заради гордоста. Оној што е потчинет, кој и да е, треба да го знае тоа. И да се моли за старешината што има болна душа. Тогаш Господ гледајќи го неговото трпение, ќе му даде непрестајна молитва,простувајќи му ги гревовите. Пред Бога правиме големо дело молејќи се за оние што не навредуваат и не нажалуваат. Потоа, Господ ќе ни ја даде благодатта. Тогаш радосно ќе ги трпиме сите неволји заради Него, чувствувајќи љубов за сиот свет, огнено сакајќи им добро на сите, молејќи се за нив, како за својата душа.
Господ ни заповедал да ги љубиме непријателите, а оној што ги љуби непријателите, Му се вподобува на Господа. Но, да ги љубиме непријателите можеме само преку благодатта на Светиот Дух. И затоа, кога некој ќе те навреди, моли Го Бога за него. И тогаш ќе ги зачуваш смирението во душата и благодатта Божја. А ако мрмориш и се караш со сво-јот старешина, и самиот ќе станеш гневен како него. Тогаш врз тебе ќе се исполнат зборовите на пророкот Давид: "Со светиите постапуваш свето, со лукавите наспроти нивното лукавство." (Пс.17, 27)
Така, и на послушаникот му е тешко да го зачува смирението, ако неговиот старец има тежок карактер. Да се живее кај лош старец е голем крст за послушаникот. Тој треба да се моли за старецот, за да го зачува телесното и душевното смирение. А ако си ти старешина, и треба да прекориш некого за недоличното дело, тогаш, моли Му се на Господа, да ти дарува срце што милува. Таквото срце го љуби Господ! Тогаш, ќе постапиш правилно. Но, ако судиш според делата, ќе згрешиш, не бивајќи Му угоден на Господа.
Треба да се однесуваш така што, на човекот да му дадеш можност да се поправи. И треба да ги сожалуваш секоја душа, сета твар, и сето создание Божјо, и самиот за се да имаш чиста совест. Тогаш во душата и во умот ќе имаш големо смирение. Ке живееш во мир и во љубов. Господ ќе те услиши давајќи ти го полезното што го бараш.
Светиот Дух е во љубовта! Така вели Писмото. Тоа го докажува и опитот.
Душата не може да има мир ако од Господ, од петни жили не бара да ги сака сите луѓе. Он знаеше дека ако не ги љубиме непријателите, нема да имаме смирение во душата. И затоа ни ја даде заповедта: "Љубете ги вашите непријатели." Ако не ги љубиш непријателите, тогаш душата ќе биде спокојна само повремено. Но, ако ги љубиме, мирот ќе опстојува во душата и дење и ноќе.
Чувај го мирот здобиен од благодатта на Светиот Дух во душата. Не го губи заради дребникавите нешта. Ако спрема својот брат се однесуваш смирено, Господ ќе ти даде неспоредливо повеќе. Ако го нажалиш брата си, и твојата душа неизбежно ќе ја снајде неволја.
Ако ти дојде блудна помисла, веднаш избркај ја, зачувувајќи го смирението во твојата душа. Ако ја примиш помислата, душата ќе ја напушти љубовта спрема Бога, загубувајќи ја смелоста во молитвата.
Ако ја сечеш својата волја, ќе го победиш непријателот, и како награда ќе го добиеш душевниот мир. Додека, спроведувајќи ја својата волја, ќе бидеш победен од непријателот, и униние ќе ја мачи твојата душа.
Среброљубецот, не може да Го љуби Бога и ближниот. Умот и срцето на таквиот човек се оптоварени од алчноста, така што отсуствуваат духот на покајание, и скрушеноста заради гревовите. И неговата душа не може да ја дознае сладоста на мирот Христов.
Душата што Го познала Господа, секогаш се стреми да Го созерца Него во себеси, оти Он во душата доаѓа тивко, смирувајќи ја, и сведочејќи за спасението без зборови.
Царевите и владетелите на народите, да ја почувствувале љубовта Божја, никогаш нема да војуваат. Војната се случува заради гревовите, а не заради љубовта. Господ не создаде од љубов и ни заповеда да живееме во љубов, славејќи Го Него.
Доколку владетелите ги исполнуваат заповедите Господови, а народот и потчинетите ако ги слушаат во смирение, тогаш на земјата ќе има голем мир и среќа. Но, заради властољубието и непослу-шанието на горделивите, страда целата вселена.
Те молам, Милостив Господи, дај му на сиот народ од Адама до кончанието на вековите, да Те познае Тебе, Твојата благост и милост. Дај им на сите народи да се насладуваат од Твојот мир, да ја видат Светлината на Твоето Лице. Твојот тивок и кроток поглед ја привлекува душата.

 

Korica.Siluan.jpg 

Извор: Билиотека Слово од Водоча

Едиција: СВЕТОГОРЦИ

Книга 4

Друго:

Старец Силуан - НИЕ СМЕ ДЕЦА БОЖЈИ И СЛИЧНИ СМЕ МУ НА ГОСПОДА 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3168
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7642
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

04/12/2024 - среда

Божикен пост (на риба)

Воведение на Пресвета Богородица- Пречиста
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. патријарх Калист Цариградски  и неговиот сотрудник Игнатиј 22 ноември / 5 декември 2024

Тропар на св. патријарх Калист Цариградски и неговиот сотрудник Игнатиј 22 ноември / 5 декември 2024

О вие мажи обручени за љубовта Божја,о вие тихуватели кои го запознавте гласот на срцето,Калисте и Игнатие отци наши преподобни,молете...

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

 Денес е почетокот на Божјата милости на проповедта за спасение на луѓето.Во храмот Божји јасно Дева се јавуваи Христа на...

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Пример си бил на воздржание,со Божествен Дух сите просветувајќи ги,правоверно животот завршувајќи го,со учењето светот го просветли,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная