логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


 Goran.S.Velig.jpg

  презвитер Горан Стојчевски

 

 


„ХРИСТОС Е ЕДИНСТВЕН ИЗЛЕЗ ОД ОВОЈ СВЕТ„

(отец Серафим Роуз)



Можеби се работи исклучиво за геополитичка игра, политичка ситуација, повторен „судир„ на Исток и Запад кои не се само страни на светот, туку и два различни концепти и животни стила во секој поглед. Како и да е, на еден начин извесно случување, и не е прво во историјата на човекот, но ете не ме остава рамнодушен, бидејќи додека политичарите си играат игри, нам како на свештеници ни носат список на луѓе, со име и презиме, значи конкретни личности кои загинаа на плоштадот Мајдан во Киев, да отслужиме заупокоена Литургија и да се помолиме за покој на нивните души, бидејќи во Црквата конкретните личности кои ги споменавме се и живи во Господа. Она што човекот го отфрла со презир, омраза или како колатерална штета, Бог го прибира со љубов во Црквата Христова  и воопшто не се сомневам во тоа, како што и човекот, Украинец, што го донесе списокот на упокените верува дека тие за Бога се живи и не се загубени. Деновиве и слушнавме како загинале тие луѓе, едноставно според политичарите требало во „филмот Мајдан„  да има жртви, кои ќе се искористат за интересите во политиката, фарисејски ќе биде ако речам нека му ја мислат тие дали предале невина крв, но да речеме Господи прости ни, зашто не знаеме што правиме. А, зошто ова безумство се случува? Св. Апостол Јаков, вели дека сите војни и расправии меѓу нас, се од нашите похоти (Јаков 4,1), онака како што благовестел и Нашиот Спасител дека сé е од срцето наше, од преполнетото срце прикажува устата, добриот човек од доброто сокровиште изнесува добро, а лошиот човек од лошото сокровиште – лошо (Мт. 12,34-35). Преку овие два библиски цитати сакав да објаснам  како што погоре споменав, дека за верните во Црквата ваквите случувања се извесни, бидејќи Оној Кој Е, рече: „Ете, однапред ви кажав„ (Мт.24,25), и затоа прашањата треба да ги бараме во нашето срце, а одговорот го имаме во Христа. Некој можеби ќе го постави клучното прашање во украинскиот случај, зошто тоа се случува меѓу луѓето од ист народ, или меѓу два братски народа, зошто се случува на православно тло? Одговорот го има, сега да не ги редам зборовите Христови, пророштвата, апостолските пораки, светоотечките толкувања, маченичките сведоштва или светителството на подвижниците и Литургијата каде  се молиме, сите кои се причестуваме од единствениот Леб и Чаша, соедини нé еден со друг во заедницата на единиот Свет Дух, но сето ова ни се случува нам на православните, затоа што „многу малку и тоа најчесто површно го познаваме нашето православно предание, односно многу малку ја познаваме науката и уметноста на водење духовна борба„(1) и многу посуштественото дополнување на овој заклучок, на кој секогаш светите отци ни посочувале дека „отстпувањето од Бога и од духовниот живот, што се случувало во текот на вековите и денес, предизвикало отстапување од верата, отстапување од храброста, отстапување од пород и отстапување од територии„, а ако реално си признаеме дека сме отстапиле од заповедите Христови, тогаш „овие постапки најотворено го поставуваат прашањето, колку сме традиционално православни!? Оној што ги исполнува заповедите ќе биде благословен„(1) (Јован 14,21). Сега треба  да знаеме, зошто ни се случуваат вакви состојби низ историјата, ние велиме веруваме во Бога, но, како нé поучува светиот богослов Јован, ако некој рече, го сакам Бога, а го мрази својот брат, лажец, оти кој не го сака својот брат  , кого го видел, како може да го сака Бога, Кого не го видел?... кој Го сака Бога, да го сака и братот свој, бидејќи љубовта кон Бога се состои во тоа, да ги пазиме заповедите Негови (1 Јован. 4,20 и 5,3). Едноставно е, невозможно е да се биде православен, а да се мрази друг човек, ближен или брат, сестра создадени според образот Христов. И покрај тоа, што Христос го исполни целиот Домострој за нас кога се предаде Самиот Себе за живот на светот, сепак остануваме на закоравеното срце и наместо да ги најдеме достојните меѓу нас за да нé измират во името Христово, (1 Кор. 6,1-7), наместо мир Христов, ние бараме мир од светот (Јован 14,27), права од организации чија база е филозофијата на Ниче, создадени на чисто макијавелистички основи, чии интереси не се само финансиската моќ и експлотацијата на ресурсите, туку и преку умешните маркетинг трикови, релативизација и заробување на човечките души. Ако нивната цел е тоа, да ни се продадат секуларните „вредности„ или начин на живот како единствен критериум кон остварување на хуманото општество без Бога, која е пак нашата цел? Дали е царството Божјо? Ако, е тоа, да дојде царството Твое, ако е љубовта, тогаш треба да ги пазиме заповедите Христови, да се сакаме еден со друг, да бараме прошка еден од друг, да не се осудуваме еден со друг, или озборуваме, навредуваме итн. Имаме многу основи на кои можеме да го испитуваме нашето срце, а не да пристапиме на исповед,  со изговор за тоа дека ништо особено не сме грешеле, освен „нормално„ што ќе се скараш, попатно на тоа „скараш„ имам еден милион помисли, мисли и дела од сплеткарење, осудување, кодошење, враќање со иста мерка, завист и многу други работи на кои нé потсетува свети апостол Павле, и за кои треба секојдневно да се испитуваме (Гал.5,19-21), а кога ќе дојдеме на исповед да го отвориме срцето, ако сакаме да се излечиме и да го имаме плодот на Духот (види Галтјаните 5,22-23), а не само да добиеме „ослободување на совеста„ од свештеникот за да се причестиме за здравје и успех. Она што се случува во срцето наше како што вели Богочовекот (види Марко 7,20-23) се пренесува и во односите со нашите ближни, меѓу луѓето, меѓу народите, државите, цивилизациите. Она што како православни сме го земале како завет на самото крштение дека ќе проповедаме милоста и нема да ги скриваме доброчинствата, тогаш менувајќи се внатре во себе, во срцето, преку Црквата во Христа Исуса сме се определиле дека ќе го менуваме и светот, односно секој миг од времето, и секое место од просторот ќе го насочуваме кон полнотата во Царството Божјо, за да биде спасено, затоа и учествуваме во Литургијата за да бидеме соединети со Христа преку Неговото Тело и Крв, а причестени со Него да се соединиме еден со друг, спасени со Неговото Воскресение преку крстот што треба да го носиме, во Христа треба да го спасиме и светот од гревот, смртта и ѓаволот. Христос го победи гревот, а ние треба да се покаеме, Христос ја победи смртта, а ние треба да го очистиме нашето срце за влеземе во вечниот живот, Христос го победи ѓаволот, ние треба да биде во единство со Него за да го достигнеме обожението. Ако ние не работиме на нашата цел за која сме се определиле со нашето крштевање, тогаш не можеме да ги обвинуваме дека другите ни се виновни. Ако од сето ова барем малку не можеме да исполниме, или целта ја промашувме, тогаш барем да се потрудиме да се молиме, а најдобро со името Христово, бидејќи Он го победи светот (Јован 16,33), ни кажа дека во светот ќе имаме маки, но не бојте се, Јас го победив светот,  ако се потрудиме постојано во молитвата Исусова и со учество во Литургијата, сигурно ќе си помогнеме себе, на ближните, и на светот (за кои исто така треба да се молиме), останатото се само човечките суети и фалби, онака како што апостолите се трудеа да Му ги покажат на Христа зградите на храмот, за кое им одговори, дека ни камен на камен нема да остане, а да не биде урнат (Матеј 24,1-2) , сé што ќе биде градено на темелеите на нашата гордост е осудено на пропаст, бидејќи забораваме на Христа од Кого бевме посетени (Лука 19,44).  Молитвата е духовниот меч, а Литургијата штитот на нашата вера, тоа е полето на кое треба да работиме, бидејќи покрај мноштвото свети подвижници имаме сведоштво на еден искусен и опитен првославен старец од Запад, отец Серафим Роуз, кој на тлото на современиот и секуларен начин на живот зачинет со маркетинг-религијата на новото време одговори токму со литургискиот и молитвен начин на живот во Црквата. За, него немаше исток и запад, постоеше само Христос како единствен Исток, Извор на љубов и живот вечен.

 

 Извор: ПРЕМИН бр.95/96

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7704
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная