логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Митрополит Американско- канадски  г. Методиј

metodij.procka14.jpgКонфесија или симптом? Дилема која збунува генерации и генерации свесни човечки суштества природно испровоцирани од својот разум да го земат или да не го земат пред вид оностраното. Она што не сум јас. Постои ли човек што не верува воопшто? Или ако сакате буквално, се родил ли на земјава човек сосема лишен од концептот за “бог” во најапстрактна смисла? Конечно и принципиелното отфрлање на теизмот, религиозноста, или идејата за “бог” не е само граматичка негација. Како инаку би се оправдало однесувањето на атеистите (материјалистите) врзано за погребите, градењето мавзолеи и почитувањето на покојниците, нешта што самите по себе се недвосмислен израз на вера во бесмртноста? Ако сме составени само од атоми без дух и логос, тогаш има ли смисла да ги почитуваме руините од бесмислени и бесловесни атомчиња кои не се повеќе она што биле - живи луѓе. Колизијата меѓу верувањето и однесувањето, како рецидив на некоја помината идеолошка мода сепак е евидентна и денес. Сепак - симптом.
Само пред две децении сî уште живеевме во атеистичко општество. Каков анахронизам е оваа синтагма од денешна гледна точка!? Атеистичко општество. И не само тоа, туку и колку бизарно делува кога една општествена формација се дефинира со формата на некакво програмски еднообразно верување кое í се припишува на целокупната популација. Та ние денес не велиме дека живееме во теистичко општество, ако објективно демократијата која денес е во енергија (помалку или повеќе) е антитеза на претходниот општествен систем. Но, дали е сосема така?
Ваквата скептична задршка секако не подразбира проста негација на негација од антикомунистичка провиниенција. Тоа би било дел од истата застарена утопија. Со комунизмот природно и нужно умира и антикомунизмот, како иманентна опозиција. Ова, се разбира, е само историски егземплар.
Зошто луѓето се изјаснуваат како атеисти? Ако доволно долго медитираме над ова прашање ќе дојдеме до едно парадоксално сознание (или откровение). Елементарните мотиви за човечката религиозност позитивистичката спекулација ги лоцира во стравот од смртта и во стравот од осаменоста. Апофатичката медитација ни ги дава истите резултати. Луѓето се атеисти (повторно) поради стравот од смртта и стравот од осаменоста. Невозможно е нешто да не се побуни во нас. Моќта да веруваме како дар на спознанието е премногу комплексна категорија за да происходи или да се темели на (елементарни) стравови. Која е тогаш причината да не веруваме, или и тоа е просто извесен квалитет на вера? Потребата да бидеме неутрални лесно можеме да ја сместиме во доменот на лаицизмот, како бубрег во лој. Современиот човек е премногу слободен за да верува. Овие нови аргументи за атеизам во голема мера се движечката сила на диктатурата на либерализмот. Но, во својата суштина ти кријат банална противречност. Парадокс во парадоксот. Животот во занданата на сетилното познание не е слобода. Човекот може и повеќе. Зошто дарот на духовното познание, или интуицијата, како што ја нарекува Декарт, на пример, би бил некаков хендикеп? Како уникатен мутантски вид од икс-мен серијалот или зависник навлечен на “опиумот за народ”? Гносеолошка мутација или токсикоманија - сепак - синдром.
Како таков, атеизмот е повторно субјективна форма на верување. Верување кое во крајната инстанца се согледува преку она што го исклучува. Мислам на буквалниот, принципиелниот атеизам. Во актуелното идеолошко милје многу се поприсутни некои латентни форми на атеизам кои се особено симптоматични, па оттаму и мошне вредни за анализа. Тие се јавуваат како идеолошка, па и политичка травестија на атеизмот.
Една форма на латентен атеизам лесно се илустрира со следново општо место: Јас си верувам..., има нешто..., некоја сила...!? И атеистите веруваат. Тоа не е спроно. Но верата е повисок облик на знаење. Можеме ли да веруваме во нешто, а да незнаеме што е тоа, без оглед на неговото објективно постоење, поточно, верата да е облик на незнаење? Сепак ваква или слична констатација или конфесија (исповед) можеме да слушнеме насекаде. На гносеологијата í се познати повеќе варијации на семантиката на поимот вера: припадност на некоја верска заедница; потоа, дефинирање на определено верско учење; верата како извор на познание, начин на стекнување на знаење и искуство; секако и теолошкиот контекст кој подразбира учество во натприродното откровение; верата како дар Божји итн. Веројатно можат да се набројат уште семантички варијации, сî освен артикулацијата во кој “верникот” ја изразува својата вера преку нејзиното отсуство. Ако верувам тогаш знам во што верувам. Се разбира, освен ако од срам или страв, или од обична малограѓанштина не се осмелувам да го спомнам Бога. Да не испаднам затуцан (колку карактеристичен израз!) или, со други зборови, зависник од опиумот за простите маси.
Еве уште една, уште пософистицирана форма на атеизам, според својата латентност, се разбира, но и според распространетоста. Илустрацијата за неа е сместена во синтагмата: Јас си верувам во црквата. Навидум симплифицирана варијанта на религиозно исповедање. Но во црква не се верува, во црква се живее. А во Бога се верува. Оваа онтолошка метонимија не е ни најмалку случајна. Многу е тешко да се изговори тој збор. Бог. Па уште и да се напише со почетна голема буква. Обидете се да им се спротивставите на стручните лица за лекторирање. Иако дури и во класичните асировавилонски јазици, значи во зората на писменоста, не постоела множинска форма за “бог”, што не покажува само дека нивните религии во коренот биле монотеистички, туку и дека Бог не е општа именка, туку личност. Личност заради кој и ние сме личности и кој со својот персоналитет на привлекува кон повозвишен облик на познание.
Што се однесува, пак, до верувањето “во црквата”, апсурдноста на овој мисловен концепт е во тоа што верата ги исклучува рационалните докази (и очиглњедноста) и обратно. Инаку не би била вера (и обратно). Во контекст на атеизмот ова симптоматично (не)верување се јавува како еуфемизам за она што всушност не се познава. Подеднакво далечно на здравата вера колку и на радикалниот агностицизам или на субјективниот идеализам.
Ако искрено веруваме тогаш мора да знаеме во што. Тоа проникнување во вистината нî инспирира да се еманципираме од секоја инерција според која она што го живееме ќе се претвори во куп адети, а она што го знаеме - колекција од магловити фрази присушти на некоја помодна конвенција.

 

Посети:{moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3207
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7684
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

18/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

Свети Сава Осветен; +Преподобен Нектариј Битолски; Преподобните маченици Карејски; Преподобните Карион и Захарија;;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная