логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

ЗА ГРДОТО ПАЈЧЕ
- Интервју со отец Спиридон Василакос -

3.angeli.so.truba
- Оче Спиридоне, децата се трудат да созреат, а родителите се обидуваат да им помогнат во тоа. Преку приказните вие кажувате големи вистини. Денес да проговориме за таа зрелост на децата, низ призмата на оваа приказна,  и како родителите можат да му помогнат на детето да созрее?


Приказните се една голема ризница и нѐ водат до големи вистини. Тоа го разбрав, кога за прв пат се поклонив на Иконата "Утешение" на Света Гора. До тој момент имав чувство, дека бајката е нешто лажно (παραμύθι), имагинарно, мит. Но, осознав дека од мит, може да стане утеха (παραμυθία). Приказната воспитува на така љубовен и топол начин, што во крајна линија станува утешение во животниот пат на децата и родителите.
Ми остави впечаток една приказна, позната на сите - "Грдото пајче". Се разбира, вистината е, дека суштината на секое нешто се крие во деталите. Затоа, да не ги испуштаме деталите.  Тоа важи и за духовниот живот, зошто многупати доаѓа кој било човек и вели:" Не убив, не украдов, следствено добро сум!"  На еден брод го гледаме големото оштетување, но не ја гледаме пукнатината која може да го потопи  бродот. Кога ќе посакаме да го иследиме детаљот, таму можеме да ја откриеме и убавината и трагичноста, и светлината и темнината. Да се потсетиме на богатиот младич кој се обраќа кон Христос. Тој од младини го пазел Божјиот закон. И многу просто, Господ му ја посочил пукнатината. Немал особени повреди, но Тој му ја посочил неговата пукнатина - неговата алчост, прврзаност и љубов кон богатството. Да се потсетиме на Јуда - апостол, ученик, кој следи на Христа, проповеда во името на Христа, врши чудеса во Христово име, има една повреда на среброљубието, која се зголемува, станува предавство и конечно го потопува.

Така во детаљот има големо значење во нашиот живот,  и во него се кријат многу нешта, кои треба да ги сретнеме. Слушаме како многупати родителите говорат: "Никогаш не сум очекувал вакво нешто!" Ама тоа не се случило одеднаш. Било сокриено во еден детаљ.


Приказната има такви важни детаљи, кои во себе носат поучувања, охрабрувања, вредности, кои можат да го спроведувааат и укрепуваат човекот, низ целиот негов животен пат.


Грдото пајче. Ја гледаме мајката - патка како го свива своето гнездо. Мајчинството не се пројавува во моментот на раѓањето, туку порано, на начинот на кој таа го свива гнездото. Ако обрнеме внимание, како птиците ги свиваат своите гнезда, поразително е каков труд полагаат! И таа самата се подготвува и ја подготвува почвата, за да ѝ дојдат децата. Мајчинството не се појавува одеднаш, кога една жена раѓа, туку се наоѓа во неа од многу порано. Мајчинството може да "роди", многу пред мајката да роди.
Нема човек, кој не раѓа. Човекот е создание на еден таков Бог, Чијашто љубов постојано раѓа, постојано дава. Нема човек, кој не раѓа. Мојата мисла, зборови, дела, се моите деца, рожби, кои излегуваат од мене. Сето она што излегува од мене, се мои деца. Затоа задолжително треба да видам какви деца раѓам, секојдневно.


- Како апостолот Павел кој вели, јас ве родив во Иисуса* Христа преку Евангелието...
Духовното татковство. Со болка. Секој човек раѓа секојдневно, телото му раѓа, душата му раѓа, умот му раѓа - оти Бог го создал токму така. Единиот Бог, Кој со љубовта раѓа и возродува и воскреснува сѐ. Затоа никогаш не треба да го ограничуваме мајчинството на бременост и раѓање. Тоа е голема грешка.

Една слика од детството. Во детството суштествува чистота и сликите се отпечатуваат многу подлабоко во животот на човекот. Се сеќавам како одев наутро во храмот, надвор чекаше една госпоѓа Марианти, која во салветка држеше чоколада. Бев во основното училишта. Ме чекаше надвор, на студот, не само мене, туку и секое дете, ко ќе дојдеше рано во црква, за да му даде едно чоколатце, за да му покаже дека мисли на него, и дека се радува исклучително многу на тоа што го правиме. Тоа собитие, таа жена, роди нешто во нас; простодушна жена со многу прости движења. Верувате ли дека не можам да ја заборавам, и секогаш ја спомнувам на света Проскомидија и ќе го правам тоа додека сум жив! Затоа што постапуваше мајчински. Затоа не можам да заборавам, затоа што ја стполуваше твојата душа. Можеме сите да станеме мајки, татковци, имајќи љубов и постапувајќи татковски, мајчински, братски кон другиот.
Во приказната јајцата напукнуваат во гнездото. Колку убаво. Корупката напукнува. Понекогаш се создава тврда корупка во односите со другиот. Нашето дете има отпор, бунт, тврда корупка,  која ни прави проблеми при општењето. Да не забораваме дека и егоизмот е тврда коричка. Понекогаш правиме огромна грешка кога се обидуваме да земеме чекан и да ја скршиме, коричката може да се скрши но ја уништуваме и содржината. Не е потребно насилство. Како се крши таа корупка? Многу е просто. Со топлина, љубов и трпение. Можеме да ја видиме патката, со какво трпение, усрдие, љубов, жртва, ги покровува, ги прегрнува јајцата, и стои со часови додека се излупат. Таа корупка ќе се скрши со нашето трпение, молитва, љубов, топлина. Не знаете ли како страдаме? Стигнуваме до Господовиот Гроб, но не влегуваме внатре, за да ја почувствуваме топлината на Воскресението, туку ги земаме оружјата, кои војниците ги фрлиле надвор, и мислиме дека со нив може да го победиме другиот, да завладееме над него. Христос пак ни дал нешто полно со топлина. Смртта е ладна, а Воскресението е полно со топлина. Он ни дал нешта исполнети со топлина: смирение, прошка, љубов, трпение. За да се скрши корупката потребно е трпение, љубов, молитва, смирение, отстапка, прошка.


Едно од јајцата не се излупило. Гледаме како работи мајчинството. Мајката - патка врви со испилените патчиња, но останува и назад, за да го стопли она кое сѐ уште не се испилило. Тука треба да го разбереме следното: не сите стигнуваат до зрелост во еден и ист момент. Треба да излеземе од страшното искушение на споредувањето. Оти многупати велиме: "Моето прво дете, што да ви кажам! Тихо си беше, си правев ова - она. А пак второто, како си поминав, како си пострадав, колку ме умори!" И влегувам во искушението на споредувањето. Мајката која што раѓа, не е фабрика, која прави конзерви, т.е едни и исти нешта, пакетирани со истото количество, истите килограми. За среќа, секој поединечен човек, и тука се гледа љубовта Божја, е различен и затоа ја има својата вредност, тој е уникален за Бог и за сите нас. Затоа не треба да го загубиме.

- Дури и светителите се разликуваат, помеѓу себе. Апостолот Петар е енергичен, во тежок момент го грабнува ножот и го отсекува увото на слугата, но потоа се покајува и се променува. Од друга страна е евангелистот Јован, ученикот на љубовта, кој уште пред страданијата Христови имал кроток карактер и до крајот на животот ги повторувал зборовите "љубете се еден со друг". Односно два различни карактери и двајца големи светители на Црквата.
Така секој човек е потполно различен, како што велите, и затоа треба да престанат обвинувањата. Просто треба да ја погледнеме персоналноста на детето, во конкретниот случај, која може да се разликува потполно од онаа на некое друго дете. Едно дете кое изгледа непослушно и разиграно, може да има многу дарови, а едно тивко и спокојно дете да прави многу грешки, и да велиш: "Е, како настана оваа промена!?" Затоа секое дете е сосема различно од другото, макар и да израснале во истата средина и со исти родители.


Мајката од приказната кажува нешто многу важно, кое што најверојатно не сме го забележале. Кога пајчето се раѓа и во крајна линија изгледа грдо среде другите, тоа не е грдо, туку различно. Зошто? Затоа што љубовта ја гледа различноста, ја препознава, но не може да види грдотија. Има толку убавина, така што љубовта не може да види нешто грдо, и да го нарече грдо, лошо. Туку што прави? Љубовта ја гледа различноста - не е грдотија - туку различност. Токму тоа е особено исцелително. Како кога некој човек одел кај современите свветители и му велел:
- Старче, лош сум!
Тие ги отворале прегратките и лицето им сјаело од радост:
- Ти дете мое, си најдоброто дете! Е, не си разбрал некои нешта, но добро дете си! Многу добра душичка!
Така автоматски, наместо да го оттргнат другиот, му ја посочувале димензијата, која можела да биде. Тоа е љубовта. Љубовта има пророштво во себе.


- Светителите исто не давале лажна утеха.
Не, тие верувале длабоко во она што го зборувале. Светителот, бидејќи има реална љубов, ја гледа перспективата. На светителот може да му однесеш едно семе, и со љубовта која ја има - оти неговата љубов има особена брзина и брзо лета напред - светителот го гледа дрвото и вели: "Колку убави плодови!" Никогаш не би кажал: "И што е сега ова? Види го сега! Едно семченце, фрли го, нема никаква вредност!" Светителот со неговата љубов ја гледа перспективата на семето да стане дрво и да даде многу убави плодови. Тоа се гледа и преку мајчинството. "Не си грдо, не си лошо, ти си различно дете."
Најмногу да внимаваме со споредувањето, затоа што тоа ќе создаде многу искушенија меѓу децата. Како што рековме, детето впива се. Ќе ја впие и слабоста која имам кон едното дете, и потценувањето кое може да го пројавам кон другото. Тоа понатаму  впрочем ќе создаде дистанца помеѓу браќата, ако немаат духовни сили да се спротистават, ако немаат љубов и смирение. Колку повеќе возраснуваат, дистанцата која јас како татко или мајка сум ја востановил/а, ќе се зголемува. Носиме голема одговорност.


Грдото пајче, како што го нарекувале, сите го задевале:" Колку си грдо!"  Тоа што се случува денес во малите заедници, како што се случаите на малтретирање во училиште. Затоа многу често гледаме различноста да се третира со насилство (βία), затоа што веќе не постои παιδεία (воспитание, образование). Кога се случува насилство, тоа е доказ дека немало παιδεία.
Мајката - птица му кажа на детето нешто многу важно: "Оди во онаа пештера, остани сам таму!" Таа не го изолира, иако изгледа како да го изолира, сепак не го изолира. Го става во арената. Како што Самиот Господ вели во Евангелието ("А ти кога се молиш, влези во својата тајна одаја") - со други зборови, оди во твојата пештера. Која е мојата пештера? Тоа е мојот внатрешен свет, мојата душа. Христос се обидува, да нѐ стави внатре, самите нас. Свети Григориј Палама вели на пример: "Господи просветли  ја мојата темнина!" За кој мрак говори? Дали говори за мракот на својата ќелија? На храмот? Можеби на местото, на кое се наоѓа? На пештерата, која и ден денес, постои во Верија? Не за тој мрак, туку за својот внатрешен мрак. Тој го открил во својата душа, влегол внатре, и го моли Христа да дојде да го пресветли, да го разбие тој негов мрак. Повикани сме да влеземе во нас самите. На каков начин? Со длабоко смирение и откако ќе се проучиме себеси, единствено така, ќе дојдеме до вистинското смирение.

 

3.angeli.so.truba

Извор:

https://sveticarboris.net/2019/05/25/%d0%bf%d0%b5%d1%89%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%b7%d1%80%d1%8f%d0%bb%d0%be%d1%81%d1%82%d1%82%d0%b0-%d0%bf%d1%8a%d1%80%d0%b2%d0%b0-%d1%87%d0%b0%d1%81%d1%82/

*

(Иисуса* - архаизам од црковно - словенски)

превод: М.Б.

 

8ми февруари 2021 лето Господово

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная