логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 7.Vselenski.sobor

ДУХОВНОСТ И ЕКОЛОГИЈА

Д-р Жан-Клод Ларше е познат православен француски богослов, доктор по философија и доктор по теологија. Д-р Ларше, денес во пензија, триесет години предавал философија, а како патролог и богослов има држено предавања во многу земји ширум светот. Автор е на повеќе од дваесет книги, преведени на седумнаесет странски јазици, а има напишано повеќе од сто и педесет написи и околу седумстотини рецензии за различни периодични изданија на француски, англиски и Германски јазик. Роден е во 1949 година, во градот Бадонвилер, североисточна Франција, во католичко семејство. На возраст од дваесет и три години станал православен христијанин. Член е на парохијата при храмот на Српската Православна Црква во Франција.

ЕКОЛОШКАТА КРИЗА Е, ПРЕД СЕ, ДУХОВНА КРИЗА

Насловот на текстот е наслов и на книгата на д-р Жан-Клод Ларше, „Les fondements spirituels de la crise Écologique“ („Духовните основи на еколошката криза“) од чиј вовед ви пренесуваме неколку извадоци. Подолу ви го пренесуваме кусото интервју со авторот по повод истата тема.

Се повеќе гласови се подигаат за да се нагласи дека ако проблемите со животната околина бараат итни политички и економски мерки од државите, тогаш само со радикална промена на нашиот менталитет и начин на живот ќе бидеме во можност да најдеме трајно решение, бидејќи, во основа, еколошките проблеми имаат духовни причини. Тие зависат од начинот на кој ја восприемаме природата, од начинот на кој се однесуваме кон неа и затоа - од нашата духовна состојба.
Православната Црква има долга традиција на теорија (теолошка, космолошка и антрополошка) и практика (литургиска и духовна) на вредноста на созданието, на начин на кој мораме да се однесуваме кон него и да живееме со него. Во контекст на постојната криза, Православната Црква на сите што се борат за заштита на природата може да им понуди принципи, кои би ги управувале нивните тековни и идни размислувања и дејства.
Мислењето што го предлагам овде е во континуитет со две теми, на кои им посветив многу труд:
Пред се, различни видови болести и терапиите за нив. Од една страна, екологијата дефинитивно е одраз на болеста на природата, за тоа како ја лекуваме и оздравуваме. Од друга страна, изворот на тие болести на природата е во нашите духовни болести. Лекувањето на едното зависи од оздравувањето на другото.
Второ, делото на свети Максим Исповедник. Меѓу Светите отци на Црквата, тој навлезе најдлабоко во прашањето за присуството на Бог во природата, за блиските односи помеѓу сите создадени битија и Бог, на начин на кој ние можеме да се однесуваме кон битијата, и преку нив кон Бог, како и за посредничката улога на која сме повикани да ја играме во самото создание.
Синтезата на овие два домена го прави возможно давањето на релевантна духовна димензија на еколошката рефлексија, која е потребна ако сакаме да ја изучиме длабочината на темата на теоретско ниво (теолошки, космолошки и антрополошки), како и на практичното ниво (етички, во етимолошко значење на животниот стил; и аскетски: во широка смисла - на борба против деструктивните страсти, и во потесна смисла - на воздржание и трезвеноумие).

Интервју со д-р Жан-Клод Ларше

ЈА ИЗГУБИВМЕ ПЕРЦЕПЦИЈАТА ЗА ПОВРЗАНОСТА
ПОМЕГУ ГОСПОД И ПРИРОДАТА

Каде е потеклото на еколошката криза низ која поминуваме?

Корените на еколошката криза низ која моментално минуваме се многу стари. Таа е, пред се, духовна криза. Се до крајот на средниот век, во традиционалното западно општество постоело силно чувство за светоста на природата. Луѓето биле во состојба да го спознаат Божјото присуство и дејство во неа, и затоа ја почитувале. Во периодот на ренесансата се развил хуманизмот, и луѓето ја изгубиле перцепцијата за поврзаноста помеѓу Бог и природата. На природата оттогаш се гледа само како на објект, употреблив за потребите на луѓето, како збир на ресурси што треба да се експлоатираат. Во истиот период, Декарт ја развил идејата за должноста на човекот тој да стане господар и сопственик на природата. Потоа, луѓето си припишале власт врз природата, која претходно ја препознавале само како сила Божја. Природата повеќе не била прашање на почит, туку на доминација и неограничена експлоатација. Ваквото однесување се развило во доцниот 19 и 20 век, со растот на индустријата и интензивното земјоделие, поттикнато од капитализмот. Втемелени на рационализмот на просветителството, науките го замениле интуитивниот и созерцателен пристап кон природата со студен и рационален пристап. Технологијата ја претворила вреднуваната употреба на природата во дивјачка и деструктивна експлоатација на нејзините ресурси, со растечки развој наречен „прогрес".

Што е прогрес?

Дошло до значајна промена во начинот на кој се подразбира прогресот. Во нашето западно општество, како и во сите таканаречени „традиционални" општества, прогресот обично се третирал духовно, односно се сфаќал како внатрешен прогрес. Од ренесансата наваму, прогресот стана надворешен прогрес, што подразбира насобирање само на материјални добра. Дојде до трансмутација, обезвреднување: преминавме од желба за прогрес на битието во желба за прогрес на поседувањето. Но, оваа екстернализација на поимот прогрес целосно го отуѓи човештвото.
Капитализмот ја наметна мошне „буржоаската" идеја дека благосостојбата се состои во акумулација на материјални добра и во уживање на постојано обновувани објекти на консумеризмот. Логиката на бескрајниот пораст, во кој моментално се наоѓаме, не е вистинскиот начин за излез од еколошката криза: ние мораме попрво да прифатиме логика на не-пораст и повторно да воспоставиме благосостојба втемелена на духовност, преку враќање на вистинските вредности.

Какво е вашето мислење за СОР 24, за предвидените чекори во однос на климата итн.?

Сето ова е позитивно: добро е тоа што луѓето и народите се свесни за нивните одговорности. Но, можеме да видиме дека нивните дејства се крајно ограничени и дека состојбата продолжува да се влошува. Секоја држава следи некоја цел за економски развој, некомпатибилен со не-прогресот, иако тоа е неопходно. Моќните национални и интернационални лобија се посилни од државите и им ги наметнуваат сопствените цели - тоа, на пример, го гледаме кога станува збор за донесување закони за ограничување на употребата на пестицидите.
Уште еднаш: нашите проблеми се над политиката и економијата. Тие се реални проблеми на цивилизацијата или на начинот на живот. Тие проблеми се поврзани со извесен број страсти кои станаа структурни во нашата модерна цивилизација: приврзаноста кон материјалните добра, алчноста, односно желбата секогаш да се има повеќе, зависта, себичното уживање на светот... Само со намалување на страстите, што не поттикнуваат во нашата експлоатација на природата, можеме да најдеме вистинско решение.

Со конкретни термини, што може да се направи за да се стави крај на еколошката криза што ја опишавте?

Потребно е духовно преобразување, прво на индивидуално ниво, а на крајот и на општествено ниво. Христијаните овде можат да одиграат голема улога: тие имаат чувство за трансцендентност, чувство за Божјото присуство во природата, а оттука и почит кон неа. Тие мора повторно да ја пронајдат созерцателната врска со природата - евхаристиската употреба на добрата што ни се нудат од природата. Преку практикување на пост и милосрдие, тие исто така, стекнуваат и опит на трезвеноумие и самопожртвуваност. Овој опит на трезвеноумие и не-прогрес, кое е радосно искуство, бидејќи е придружено со повторно откривање на вредностите и радостите на внатрешниот живот, може да биде заразно и да се одрази на целото општество, бидејќи општеството навистина ги формира своите индивидуи, но тоа може да биде и реформирано од нив.

- СОР 24 - 24-та Конференција на Обединетите нации за промена на климата. Беше одржана во Катовице, Полска, 2-15 декември 2018 година. На конференцијата учествуваше и д-р Жан-Клод Ларше.

 

Извор:

Извор: ПРЕМИН бр.139/140

30ти ноември 2019 лето Господово

 

 Друго:

7.Vselenski.sobor

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3139
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7619
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная