логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

  23/09/2015   Поуки - совети

Кога доаѓаш во црквата на Јован Руски во Лион, веднаш ќе забележеш еден стар православен свештеник, кој се моли во олтарот на француски. И иако со тивок глас, од неговата интонација запира срцето…

Протоереј Михаил де Кастељбажак се родил во 1928 година. Ја завршил Парижската школа за политички науки и Теолошкиот институт на Свети Дионисиј. Работел во министерството за надворешни работи на Франција, раководел со фабрика за производство на кристали. Во 1964 година, примил свештенички чин од свети Јован (Максимович), архиепископ Шангајски и Сан Франциски.

Тесниот пат во рајот

Најверојатно, треба малку да раскажам за мојот живот. До седумнаесет години јас живеев во Гаскона, на границата меѓу Франција и Шпанија, каде мојот татко имаше малку земја, која му се падна во наследство. Ние и самите работевме на полињата. Јас не се сеќавам на школски распуст, кој не би го поминал меѓу гравот и доматите. Моето семејство беше традиционално католичко, и уште од детството бевме навикнати наместо да се поздравуваме, да велиме „Да ве благослови Господ“. Но, истовремено, јас иако многу ја сакав црквата, не можам да речам, дека бев идеално благочестив тинејџер.

Ноќе бегав од дома, крадев пари од родителите, за да си купам уметнички албуми, што сакав да стане моја професија. Но, татко ми имаше други планови. Тој мечтаеше за мене да имам кариера на чиновник или бизнисмен, па затоа, најпрвин ми најдоа место во језуитски колеџ, каде што имаше курс по комерција, а потоа (кога со колеџот ништо не испадна) во Парижскиот институт на политички науки. Се сеќавам, кога дојде време да заминам од мојата сончева Гаскона во магливиот Париз, и колку силно не ја сакав за себе судбината на службеник, за која мечтаеше татко ми. Но сепак, станав дипломат и се вработив во Министерството за надворешни работи на Франција.

Отприлика, во тоа време се оженив со Кристина, мајката на моите четири деца. Притоа, продолжував да одам во католички храм, но мојот однос кон верата ме водеше до раздвојување од Римската Црква. Сите мои обиди да сфатам, зошто така се одвиваат работите, наидуваа со недоразбирање, и ме нарекуваа протестант. Никој не можеше да ја сфати длабочината на мојата загриженост. Накратко, тоа заврши, за крајно болен за мене, и за сите мои блиски, конечно раскинување ско католиштвото. Многу роднини не ни сфаќаа колку тешка беше за мене таа постапка. Јас, всушност станав изрод во моето семејство и во семејството на мојата жена. Притоа, во мојата душа се случуваше нешто неверојатно, и јас се најдов насамо со проблемот на губењето на верата и почнав да се впуштам во потраги на нешто ново.

Во тоа време, во Париз беше многу популарен Рене Генон – католик по потекло, кој станал апологет на источната философија во Европа. Благодарение на неговото влијание јас полнав да се интересирам за исламската мистика и заминав кај суфиите. Мене ме привлече нивното учење за молитвата од срцето. Но моето срце остануваше празно, колку и да одев таму. Тогаш отидов во вишнуитски ашрам. Го посетував редовно една година, го читав Бхагават Гита, се спријателив со еден гуру кој постепено ме посветуваше во устројството на таа општина. Но заминав оттаму, затоа што не најдов одговори на моите духовни прашања. Ја изучував кинеската философија дао, читав разни книги… Како што гледате, мојот пат беше навистина многу сложен. Пробував многу учења, но духовно останував празен.

Еднаш, се разболе еден мој многу близок другар. Кога дојдов да го посетам, тој ме праша дали има живот после смртта, и ме замоли: „Мишел, се плашам да умрам. Јас не одам во црква, но ти… Ти си верник, позборувај ми за Бога“.

Јас дојдов кај него во десет часот наутро, а си отидов после ручек. И сето тоа време ние зборувавме за верата, но, на крајот, морав да признаам, дека никако не можам да му помогнам: „Прости, реков јас, но јас не успеав да ја најдам мојата Црква. Ја барав три години, но не ја најдов…“ Тој лежеше на кревет во огромната, долга и темна соба.

И така, на автобуската постојка, некој ме допре по рамото: „Таква Црква постои, – неочекувано и директно ми рече непознатиот човек, – простете, што така испадна, и неволно го слушнав вашиот разговор, затоа што се наоѓав во истата соба. Јас сум верник, и сè што кажавте, ме трогна. Јас можам да ве одведам во Црквата, која ја барате“…

Ние разменивме адреси и се разминавме на различни страни. А после два месеци, некој ни тропна на вратата. Се сеќавам, мојата двегодишна ќерка Мари-Лиз, која штотуку почнуваше да зборува, наеднаш рече: „Дојде другарот на тато“. И навистина, тој човек за мене направи нешто, што можеше да го направи само вистинскиот другар.

Тоа беше истиот софоворник на автобуската постојка, Спиридон Бреттос, грк. Тој ми рече: „Во Француската Православна Црква на булеварот Бланки, во тринаесеттиот округ на Париз има руски свештеник. Мислам, дека треба да се сретнете со него“.

Јас дојдов на православната Литургија и останав во Црквата засекогаш. Од првиот пат, немав никакви сомнежи. Тука го најдов, конечно, она што толку долго го барав. Вистински живот.

mihailde

Службата, од која се чувствуваш како во рајот. Причестувањето со Христос… Јас до сега понекогаш плачам од среќата што отишов во таа Црква. Многу тежок беше патот мој до тука…

– Ги повторивте зборовите, кои често ги цитираат во учебниците по историја. Пратениците на кнезот Владимир, откако присуствувале на служба во Константинопол, исто така велеле, дека не можат да сфатат дали се на земјата, или веќе се на небото…

– Тоа е тешко да се оцени од оние, кои се родиле и израснале во православна традиција. Православната Црква – е место, каде што посебно силно се чувствува реалноста во која Бог станал човек. Во Православието луѓето имаат жив однос со Црквата, живеат во неа. И кога ги сретнуваш оние, во чии очи свети Христовата вера, посакуваш да отидеш по нив, да поразговараш, да ги прашаш, да им раскажеш за себеси. И на Литургијата, тоа чувство на сопричасност со Бога е посебно силно…

– Вие, така и останавте разделени со вашите роднини – католици?

– Денес сè, слава Богу, во некоја мера се среди. Се научивме да ги одбегнуваме болните теми, и ја обновивме нашата комуникација. Сосема неодамна, го посетив празникот во чест на илјадагодишнината на родот де Кастељбажак, на кој се собраа претставници од нашето огромно семејство од разни делови на Франција.

Штета, што многу мои блиски веќе ги нема на овој свет. Но, сепак, многу се радувам што сè се смени на подобро…

– Вие, не само што дојдовте во храмот, но станавте и православен свештеник. Тешко беше тоа за вас?

– Многу. Јас тоа го сфатив веднаш. За да ја изучувам теологијата, морав да ја оставам својата кариера во МНР и да почнам да работам како ноќен стражар. Така, јас речиси веднаш се најдов пред типично прашање за воцрковен маж – духовното служење или потребите на семејството. Зашто јас требаше не само да се занимавам со сопственото просветување. Јас имав жена и четири деца, за кои јас носам одговорност. А во еден момент, дојдовме, да немаме пари ни за да купиме лекови за детето. И морав да размислувам како и каде може да заработувам дополнителни средства…

Кога ги гледам свештениците, кои само служат, како многу свештеници во вашата земја, – јас им завидувам. Затоа што јас можев целосно да се предадам на делото на Црквата, дури откако пораснаа децата и се пензионирав, на 60 години. А до тоа, јас бев и претседател на фабриката за производство на кристали под Париз, и секретар на префектот. Пет дена во неделата работев како чиновник, а во неделите влегував во олтарот, за да служам Литургија.

Тоа навистина беше тешко – да се наоѓам во две совршено различни состојби. Еднаш, јас толку се изморив, што доаѓајќи на Велигден во црква, се преоблеков и се онесвестив. Но, имаше и подлабоки проблеми.

– На пример?

– На пример, доста долго, дури и кога станав свештеник, мене ми недостигаше „православен поглед“. Еднаш, во првите години на моето служење, дури бев принуден да ја замолам една наша парохијанка да отиде на исповед кај друг свештеник. Работата беше во тоа, што таа ми кажуваше за некои нејзини тешкотии, чекаше од мене совет, а јас едноставно не гледав – што е тука проблемот и што толку ја вознемирува.

Постојат работи, кои се навистина важни за животот на човекот, неговиот духовен раст, но да се сфатат и да се научиме да ги забележуваме е доста сложно. Во тој момент, јас уште не знаев како да ги разликувам, немав доволно опит.

Православието навистина дава нови очи, учи да се гледаат вистинските, а не привидните проблеми. Но, за тоа треба да се проникнеме со него, да се научиме да го примаме целиот свет преку неговата призма.

mihaildekastelbzhak

– Како, кон Православната Црква се однесуваат вашите деца?

– Моите постари синови останаа мирјани. Синот Жан Гиј има агенција за архитектура во Париз, а постарата ќерка Мари-Лиз стана реставратор. Затоа, помладите деца го поврзаа животот со непосредствено служење на Црквата.

Квентин стана свештеник во храмот на Јован Руски во Лион, а ќерката Катрин – монахиња во еден од грчките манастири. После училиштето, таа се здоби со филолошко образование и работеше во Националната библиотека во Париз, беше специјалист по старо-грчки ракописи. Еднаш, ја испратија во Грција, во Солун. Таму, Катрин поживеа неколку дена во манастир. И за неа тоа се покажа доволно, да го направи својот најголем животен избор.

После некое врме, таа се замонаши во истиот манастир.

Синот стана свештеник, а ќерката – монахиња. За побожните родители, нема поголема радост! Но сепак, јас и мојата матушка тешко ја доживеавме таа одлука. Грчкиот манастир, во кој живее Катрин, е познат по строгиот типик. Првите дни од постот, монахињите таму не јадат воопшто ништо, имаат многу послушанија, самиот манастир е сиромашен и аскетски, нема никакви удобности: на пример, по вода треба да се спуштаат од планината со колички. Првата година, ние немавме никакви новости од нашата ќерка – дури не смееше ни да ни пишува. Сега се гледам со неа, зборуваме по телефон. Неодамна бев во Грција, ја посетив Серафима (после постригот, го прими тоа име).

Таа е многу весела, лицето младо, сјае. Таму сите монахињи сјаат од радост. Мојата ќерка живее таму повеќе од дваесет години и воопшто не старее.

– Отец Михаил, во Русија обично сметаат, дека Западот – е општество каде победила светската свест. Така ли е тоа? Би можеле да ја наречете вашата татковина католичка земја?

– Не. Франција – и тоа како е атеистичка земја. Црквата тука нема никакво влијание. Токму затоа, тука и се засилуваат нетрадиционалните религии за французите. Оној пат, кој го поминав јас – денеска е доволно типичен. И тој сведочи за тоа, дека нашето општество се наоѓа во криза.

Знаете, селскиот труд, со кој што се занимавав во детството, ме научи на многу работи. Во Библијата е кажано, дека Господ го проколнал Адам, велејќи, дека човекот во потта на лицето ќе го добива својот леб, но тоа проклетство, станало благослов за оние, кои правилно се однесуваат кон трудот. Преку својата пот, човекот се приближува кон Бога, затоа, ако сите негови мисли се за тоа, како повеќе да заработи – тој станува несреќен. Со тие мисли се хранат гордоста и егоизмот, а колку повеќе егоизам, толку човекот е понесреќен. Заради него ние и тонеме во осаменост. Луѓето се осамени во толпата, осамени во животот. Тие не веруваат во Католичката Црква, но истовремено крајно имаат потреба од потпора. Па затоа започнуваат да бараат, за што да се закачат, и така, како и јас во свое време, заминуваат во потрага.

Многумина, притоа на долго остануваат во „слободен лет“, се мотаат од една религија во друга, и не можат да го најдат вистинскиот пат. Затоа, мислам дека најважна задача на русите, кои денес живеат во Франција, е проповедта на Православието. Зашто, токму вашите сонародници можат да ја споделат со другите својата спасителна вера.

Пред четириесет години, кога јас дојдов во Црква, беше друго време. Моите блиски не ни знаеја, што значат зборовите „Ортодоксија“, „Православие“, татко ми мислеше – дека тоа се некакви музички групи. Но, денеска, секој французин кој се интересира за религија, прекрасно е запознаен за постоењето на Православната Црква. И многумина сакаат да дознаат за Неа повеќе. А за тоа, што малку луѓе одат во православните храмови, простете ми, ама малку се виновни и самите руси. Тие го позиционираат Православието како нивна сопственост, национална, и не се премногу желни да пуштат странци меѓу нив. Се сеќавам, еднаш мојата ќерка дојде во православен манастир, и некој, кога ја слушна да зборува, ја праша: „Зошто сте тука? Вие сте французинка!“ Нашиот руски пријател, кој ја придружуваше, му одржа лекција на бедниот човек…

Православието – е вселенска вера, таа постои за секој човек на Земјата. И откажувајќи им го на луѓето правото да бидат православни, заради нивната национална припадност – е грешно.

Христос е еден за сите. Тој нè обединува.

Во таа смисла, во Црквата не постојат националности.

– А што лично Вас ве поврзува со Русија, и како ја гледате нејзе денес?

– Знаете, самиот наш род, тесно е поврзан со вашата земја. Доволно е да се каже, дека еден од моите предци, стана единствен странец кој добил од рускиот цар крст на св. Андреј.

Господин де Кастељбажак бил пратеник на Франција во Русија, неодамна пред Кримската војна, 1853-56 година. Тој правел с    è, да не допушти таков судир, пишувал писма до власта, обидувајќи се да ја докаже престапноста на воениот заговор против Русија. Еднаш, него го повикале кај императорот Николај I. Царот му рекол: „Војнате секако ќе дојде, тоа не можеме да го запреме. Но, лично Вас, јас би сакал да ве наградам“…

Русија, мислам, навистина е фантастична земја! Чудесен е примерот, на тоа што Господ ги казнува имено оние, кои ги сака. Како во поговорката: не е татко оној, кој не го бие својот син. Зашто Бог казнува не за да одмазди или да нанесе страв. Тоа е обид да нè воспита, запре или да нè научи на нешто, нас луѓето.

И затоа, сите тешкотии и трагедии со кои се судри и се судира Русија, се само уште една потврда на тоа, дека живеете во Богомизбрана земја.

Погледнете на дваесеттиот век во Русија. Крвавите војни и револуцијата, безбожната власт и гонењето на Црквата му принесоа на светот цел сонм нови светии. И токму заради нивните молитви, Русија денес стана слободна.

 

Текст: Татијана Масс

Извор: http://foma.ru/gaskonecz.html



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7709
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная