логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

05.01.2015.
Sample Image
 

1.Според сознанијата, вие бевте еден од владиците кој се спротивставил на упатување на синодскиот апел за милост кон Јован Вранишкоски во име на „повисоките цели“. Зошто бевте против?

Врз радоста и љубовта е втемелено Христовото учење. Љубовта е најголемата христијанска доблест и од нејзината примена зависи и духовниот напредок на секој христијанин. Милоста и милосрдието се производ токму на љубовта и за мене како Христов следбеник нивното секојдневно покажување и применување воопшто не е, ниту треба да биде, спорно или дискутабилно. Она што мене ме загрижува е големиот наплив на фарисејство и лицемерие со кое со децении наназад сме преплавувани од сите страни, кога станува збор за македонското црковно и национално прашање. Насетував дека исто вакво лицемерие во форма на брза и нездрава храна ни беше подготвено од страна на „дежурните“ балкански фарисеи, кои имаат запоседнато во некои епископски столици и кои лукаво го користат авторитетот на Светата Православна Црква за инспирирање и спроведување на своите налудничави националистички планови. г. Вранишковски, како нивна марионета, сега има некои нови амбиции, изгледа му беше доста од жртвување и сега сака за своето мачеништво да добие аплауз на отворена сцена. Неговите поттикнувачи пак сакаат сето ова да го валоризираат со тоа што ќе го претстават пред светот како политички затвореник, што се разбира е опасна замка во која можеме сите да се фатиме доколку не бидеме внимателни каде газиме. На потврда за моите стравувања не се чекаше долго. Соопштението на СПЦ, подготвено во одделението за лицемерие и омраза некаде во Војводина сé убаво ни опиша и ни објасни. Ние за СПЦ и нејзиниот портпарол не сме ниту македонски, ниту православен народ, туку некакви души, кои обитаваат на некое подрачје помеѓу српската и грчката граница. Лукави и неевангелски се нивните намери и сметав дека како православен Митрополит тоа требаше отворено да го посочам.

2.Што инфорамција добивте како Синод од страна на архиепископот за средбата со рускиот митриполит Иларион Алфеев?

Нашиот блажењејши Архиепископ, по барање на митрополитот Иларион Алфеев, во својата резиденција оствари средба со него, на која бил замолен да посредува во државните институции за да биде ослободен од затвор г. Вранишковски заради неговата здравствена состојба. Поентата на информацијата беше дека по ослободувањето на г. Вранишковски ќе се продолжи со прекинатите преговори со СПЦ и дека преговорите ќе се водат во неколку фази, со претходно подготвена платформа од двете страни. Митрополитот Иларион Алфеев го уверувал нашиот Архиепископ дека преговорите ќе продолжат во позитивна насока.

3.Што очекувате од најавениот дијалог во ситуација кога премиерот Никола Груевски изјави дека рускиот владика не зборувал за автокефален статус на МПЦ-ОА?

Мислам дека е нечесно да толкувам туѓи впечатоци на средби на кои не сум бил присутен. Она што со сигурност го знам е дека МПЦ по втората светска војна де факто опстојува како автокефална Црква. Во текот на сите овие години, градејќи буквално од темел сé, постигна огромни резултати на полето на духовноста и на црковноста. Тоа е факт кој само духовно слеп и озлобен човек не може да го признае. МПЦ нема никаква канонска, еклисиолошка или догматска пречка за да биде автокефална Црква. Единствениот проблем, кој се провлекува со децении, а за кој ние не сме виновни е името на нашата Црква. Што значи проблемот во суштина е од политичка природа. Затоа непријателите на овој народ, кои веднаш се вклопија во улогата на прогонети и на маченици, а кои се одметнаа од својата Црква, веднаш почнаа погрдно да нé нарекуваат Славомакедонци или Фиромци. Тие тоа го прават затоа што се наемници, а не пастири на овој народ. Христос во Евангелието вели дека кога волк ќе го нападне стадото наемникот бега зашто не му е гајле за овците, а добриот пастир ги познава своите, ги изведува, раководи и се грижи за нивната духовна добробит. Токму заради тоа што проблемот допира до нашето вековно име, а тоа се коси со здравиот разум и нема врска со духовноста, мое мислење е дека во неговото решавање би требало да дадат придонес сите оние кои ја љубат вистината и правдата, без разлика на нивниот општествен или професионален статус. Голем грев е и неправда по примерот на Понтиј Пилат да си ги миеме рацете и да бегаме пред налетот на бесрамните користољупци. Лично немам ништо против тоа да има контакти и преговори. Но, се залагам преговорите да бидат поставени врз евангелски и канонски основи и со посредство на Божјата Промисла и Премудрост во спорот да нема поразени, туку само победници.

4.Очигледно е дека рускиот предлог ќе се базира на некаква широка автономија на МПЦ-ОА, но не и на класичен автокефален статус. Дали МПЦ-ОА треба да прифати таков статус и потоа да работи на добивањето на автокефалноста?

Не постои „руски предлог“ како што Вие претпоставувате. Во врска со автокефалниот статус на нашата Црква, Ве уверувам дека нема да има никакво отстапување. Овде би сакал да додадам дека мое мнение е дека и да се согласиме со сето она што го бара СПЦ, сепак нема да го решиме проблемот, зашто камен на сопнување повторно ќе биде името. Добар е примерот со блаженоупокоениот архиепископ Доситеј, кого СПЦ никаде не го претставила како македонски архиепископ, иако имала таква обврска по завршените преговори во 1959 г. Истото се случува денес со г. Вранишковски и неговите приврзаници, кои себе си пред своите Грчки домаќини се претставуваат како апатриди, со лажни идентитети, како Византици или Ромеи. Според тоа МПЦ во ниту еден случај не треба да прифаќа двосмислени, нереални и неефикасни предлози. Да не заборавиме дека афтокефалноста не е желба на неколкумина, туку е факт и духовна потреба на верниот македонски православен народ. Идејата за автокефалност не е од вчера, туку е континуитет на сите генерации православни Македонци од нејзиното укинување во 1767 г. со султаново ираде, па сé до денеска. Впрочем, во досегашните преговори, ниту еден претставник на СПЦ ни нема укажано на некаква духовна аномалија или незрелост на нашето духовно живеење и црковно уредување.

5.Дали имaте впечаток дека некои владици би прифатиле таков широк автономен статус?

Би сакал да Ве повикам и Вас новинарите, но и македонскиот православен народ да имате доверба во своите архиереи и да Ве уверам дека македонските владици со сето срце ќе настојуваат да не биде понижен и повреден македонскиот православен народ. Црквата во Македонија опстоила и во потешки времиња, надминала и победила и потешки искушенија. Сигурен сум дека благодарение на Бога имаме доволно мудри, прекалени и искусни архиереи кои ќе смогнат сили и ова искушение да го победат и ќе умеат да го заштитат и нема да го изневерат од Бога доверениот им македонски православен народ.

6.Како гледате на иднината на македонското црковно прашање?

Искрено, би сакал недоразбирањата и црковните спорови да бидат минато. Од длабочината на душата посакувам оваа отворена рана на Светата Црква час поскоро да биде излечена. Ќе работам предадено, со целото свое битие, за уште поголем духовен развој и потемелна обнова на нашата духовна мајка Македонската православна црква. Го молам Бога да нé вразуми сите, конечно во љубов и почит да живееме како браќа, зашто само така ќе нé познаат дека сме Христови ученици. Стиховите, кои ги пееме на празникот на Рождеството Христово за мир на земјата и добра волја меѓу луѓето да станат наше секојдневие и реалност во претстојното ново лето Господово.

 
Митрополит Повардарски

†Агатангел (Станковски)



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7699
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

23/12/2024 - понеделник

Божикен пост (строг пост)

Светите маченици Мина, Ермоген и Евграф; Преподобна Ангелина и Св. Јован Деспот; Светиот маченик Гемел; Преподобен Тома Дефуркин;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная