логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Sample Image

 
Интервју со Митрополитот Агатангел
3.10.2014.

Интервју со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел за неделникот „Република“

1. Ваше Високопреосвештенство, живееме во време на големи геополитички превирања, пропратени со војни и огромни човечки страдања, колку Црквата со нејзината духовна мисија може да придонесе за мирот и помирувањето во светот?

Sample ImageЉубовта и радоста се темелите врз кои е изградена основната порака Христова. Преку овие две крила на вистинската и здрава духовност најдобро може да се разбере смислата на доаѓањето на Исуса Христа - Синот Божји, Кој се воплоти за да му даде мир на човештвото и да го врати неговото загубено достоинство. Низ целата свештена историја, почнувајќи од книгата Битие, па сé до Откровението, читаме како Бог дејствува на планот на мирот и помирувањето, согледуваме како Он постојано создава врски, ги лечи и обновува истите кога тие на некој начин биваат раскинати. Следбениците Христови, Неговите апостоли и ученици беа непосредни сведоци на Неговиот живот и смрт и на Неговото славно воскресение. Преку нив и нивната мисија за навек ни останаа во духовно наследство вечните и непропадливи Христови вредности и поуки. Апостолите станаа солта на светот, тие го раширија Словото Божјо, ја создадоа Црквата, која како Тело Христово стана блажено прибежиште на мирот, надеж за загубеното и духовно пропаднатото човештво и духовна тврдина на вистината. Оние кои ја возглавуваат и раководат Црквата Христова низ вековите, па и секој нејзин поединечен член, треба преку збор и видливи дела да бидат сведоци на оваа нова духовна реалност, поттикнувајќи и утврдувајќи ги во својата животна средина начелата на мирот, љубовта, меѓусебната почит и разбирање. Што значи, наша основна задача како наследници на апостолите, но и како духовни водачи на својот народ, е да ги облагородуваме човечките души промовирајќи ја на секој план и во секоја прилика радоста на животот во заедница со Бога. Оној кој работи спротивно на овие начела е лицемер, користољубец и духовен слепец - мерзост на запустението што го запоседнува светото место, состојба која Самиот Господ Исус Христос ја пророкувал дека ќе се случи пред крајот на светот (Мт. 24, 15).

2. Помина повеќе од една деценија од неуспешниот обид на СПЦ да инсталира сопствена црковна ерархија во Р. Македонија. Деновиве, преку својата интернет страна, со соопштение објави дека планира да покрене судска постапка против поглаварот на МПЦ - ОА г.г. Стефан? Како гледате на ваквиот развој на настаните?

Денес, место да се пофалиме со тоа дека со Божја помош сме извојувале нова духовна победа, дека сме изградиле некој нов духовен мост на помирување, почит и разбирање меѓу народите, ние со огромно жалење ќе мораме повторно, по кој знае кој пат да полемизираме и да се докажуваме со неколкумина српски црковни великодостојници со чии умови и срца имаат загосподарено озлобеноста, ароганцијата и високото мислење за себеси, и кои во последните дваесетина години се директни учесници и инспиратори на сите немири и недоразбирања на Балканот. Токму овие духовни деструктивци и пиромани решиле да го срушат мостот меѓу Српската и Македонската православна црква, што ќе има долгорочно негативно влијание врз меѓусебните односи на македонскиот и српскиот православен народ, а индиректно ќе ги обременува и политичките односи на двете држави. Долги години бевме сведоци на нивниот арогантен и надмен однос кон Македонската православна црква, но и кон Македонците воопшто, но никогаш не престанавме да се надеваме дека ќе дојде време кога Господ Бог ќе ги вразуми да прифатат дека Македонија и Македонската православна црква се реалност и дека македонскиот и сите други православни народи кои живеат во Р. Македонија избрале да се црквуваат и да го остваруваат своето спасение преку Македонската православна црква. Тие никогаш не престанаа отворено, јавно и со погрдни зборови да го навредуваат македонскиот народ, но ние сето тоа го трпевме имајќи ги пред себе евангелските начела на духовноста. Врв на нивната злоба и надменост беше обидот преку уцена и одозгора, надвор од секој канонски ред, да му се наложи на народот кој ќе биде неговиот духовен водач, неговиот духовен пастир. Искрено се надевавме дека ќе го видат лицемерието, докажаното разбојништво и лошиот углед меѓу верниот македонски православен народ на од нив предложениот кандидат, но тие одлучија дека заслужува да стои оддесно на нивниот патријарх не водејќи грижа за презирот што ова го предизвикува и кај верниците и кај неверниците. Откако видоа дека нивниот богоборечки план на разнебитување не успева, туку напротив и македонскиот и српскиот народ продолжуваат да си помагаат во неволјите, да се радуваат на успесите на другиот и да се почитуваат меѓусебно, тие решија дека е време за нов театар на нечестивоста, решија дека е време да го испукаат последниот плутон на пеколот, овој пат насочувајќи го во срцето на македонското православно битие, кое е возглавено и оличено во Архиепископот Македонски.

3. Во продолжение, ќе може ли дедо Владика да ни образложите која е суштината на спорот меѓу СПЦ и МПЦ, што доведе до ваков развој на настаните и дали има основа за некаков црковно-судски прогон на македонскиот архиепископ?

Најновите обвинувања и настојувања за судење на Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан се безпредметни, антицрковни и целосно неканонски. Во повеќе наврати е зборувано и детално е образложено дека, по долги анализи и усогласувања од двете страни, осамостојувањето на Македонската православна црква, поточно на тогашните три македонски епархии е потврдено со Одлука на Светиот архиерејски собор на СПЦ од јуни 1959 г. каде дословно се вели дека СПЦ се согласува епархиите во Р. Македонија да се издвојат во Самостојна Црква која ќе се управува со Уставот донесен на македонскиот Црковно-народен собор од 1958 г. и дека со оваа Одлука престануваат да важат прописите на Уставот на СПЦ за епископите и архиереите во Р. Македонија. Од тогаш па сé до денес МПЦ самостојно продолжува да го развива и збогатува христијанскиот православен живот во нашата татковина формирајќи свои образовни и хуманитарни институции, осветувајќи илјадници цркви и манастири, каде секојдневно се богослужи света Божествена литургија на која се гради живата Црква, составена од конкретни личности, кои активно живеат и се движат нанапред во духовноста. Токму овој верен македонски православен народ на истата Света литургија го избра својот архиепископ, својот духовен авторитет и секое негирање на овој канонски поредок е безобразно и лицемерно омаловажување и грубо мешање во внатрешните работи на една автокефална, односно самостојна Црква. Во 34-то Апостолско правило се вели дека Епископите на еден народ треба да изберат свој поглавар со кого ќе се советуваат и кој исто така ќе го почитува нивното мислење. Ние го избравме и го знаеме нашиот поглавар. СПЦ не може да суди во Македонија ни на еден обичен  верник, а камо ли на поглаварот на МПЦ, бидејќи нема ниту фактичка, ниту правна надлежност над оваа Црква. Тоа што нас, преку Архиепископот г. г. Стефан нé обвинуваат за „упорно останување во раскол“ е обвинение кое исто така треба и себеси да си го постават, бидејќи тие упорно го одржуваат расколот меѓу двете Цркви, а кога лицемерно тврдат дека работат на „лечење на расколот“, всушност подразбираат насилно и наметнато решение кое нема никаква реална и пастирска основа, туку е полно со омаловажување пред сé на национална база. На овие луѓе им пречи сé што е македонско, тие се продолжена рака на мрачните политички сили кои народите на Балканот со векови ги држат во постојана тензија и немир. Лицата им се како на светци, но во срцата се волци, зборовите им се како бисери, но делата на рацете нивни им се полни со црнила.

4. Врз основа на кои историски постулати е втемелена автокефалноста на МПЦ?

Во 17-то правило на IV-от Вселенски собор се вели дека организирањето на црковните области треба да биде соодветно на државното и граѓанското организирање. Ако ова правило важи за новоформирани црковни заедници или епархии, колку ли повеќе ќе треба да важи за нас македонските православни христијани. Македонија е самостојна и независна држава повеќе од 20 години, а христијанството во Македонија го имаат проповедано самите апостоли. Впрочем овде, во Македонија е формирана првата црковна заедница во Европа. Во Македонија континуирано постои организиран црковен живот, од апостолско време, преку Архиепископијата Јустинијана Прима и Охридската архиепископија, па сé до современата возобновена автокефална Македонска православна црква. Христијанството од Македонија изродило бројни светители и духовни великани, кои со своите благочестиви дела го задолжиле светот и врз чии духовни темели почива европската цивилизација. Според тоа апсурдно и беспредметно е некому денес ние да му докажуваме колку сме подготвени црковно да се организираме и устроиме. Нашите корени се доволно длабоки. Насадени сме на добра духовна почва, која давала и ќе даде богат духовен плод.

5. Ги спомнавте Каноните. Дали би можеле накусо да ни го објасните нивното општо значење, но и допирните точки кои тие ги имаат во контекст на овој повеќедецедениски меѓуцрковен спор?

Светите канони се применетото искуство на Црквата, запишано од Светите оци, нашите славни претходници и духовни патријарси. Тие се нашето духовно богатство, нашиот патоказ и смерница за правилно устројство и организирање на Црквата. Црквата низ вековите се потпирала, ги толкувала и ги спроведувала Светите канони, запазувајќи го на тој начин мирот и поредокот во себе. Секој обид за отстапки од овие духовни патокази е погубен за правниот и моралниот поредок на Едната Света Соборна и Апостолска Црква. Каноните постојат од апостолско време и се надградување, толкување, објаснување и спроведување на самите Евангелски начела. За жал кон Македонската православна црква и во минатото, а особено сега за време на нашето возобновено автокефално дејствување, се направени многу престапи кои ги санкционираат Светите канони. Во интерес на просторот ќе споменам само неколку еклатантни примери на погазување на Канонските правила. Така, во 8-то правило од III-от Вселенски собор, во 9-то правило од Антиохискиот и 64-то и 67-то правило од Картагинскиот помесен собор се вели дека Епископот не треба да ја простира својата власт над друга епархија. Во 20-то правило од VI-от Вселенски собор на епископот му се забранува да проповеда јавно во друг град, а vo 11-то правило од Сaрдикискиот помесен собор ова особено му е забрането ако со својата проповед го понижува месниот епископ. Во 14-то Апостолско правило му се забранува на епископот да преминува и дејствува во друга епархија; освен со писмена согласност на надлежниот епископ (13-то правило од Анкирскиот помесен собор). Доколку некој епископ вака самоволно, без благослов и спротивно на претходноспоменатите правила дејствува, тогаш сите негови претходни дејствија се неважечки (14-то и 35-то Апостолско правило, 15-то правило од I-от Вселенски собор, 2-ро правило од II-от Вселенски собор, 5-то правило од IV-от Вселенски собор, 13-то, 21-то и 22-то правило од Антиохискиот собор, 1-во, 2-ро и 3-то правило од Сардикискиот собор, 59-то правило од Картагинскиот собор). Постојат и други канони кои му забрануваат на епископот да ја простира својата власт надвор од својата дијацеза, како што е 8-то правило од III-от Вселенски собор каде на многу јасен начин се опишува ситуација од V-ти век, која е многу слична на денешната овде во Македонија. Постојат и бројни Канони, кои покрај правни санкционираат и други престапи кон нас, како што се Канони за своеволно напуштање на епархиите или црквите и манастирите без благослов на надлежниот митрополит или архиепископ. Канони, кои забрануваат правење заговори и смутови против епископот, но и против народот. Канони, кои забрануваат навреди и клеветење на епископи, како и Канони кои не дозволуваат избрзани ракополагања на епископи, не пазејќи на нивното образование и нивната возрасна и духовна зрелост, нешта кои СПЦ докажано не ги почитува и редовно ги превидува, а кои поради ограничениот простор не можеме детално да га наведеме.

6. И покрај се, дали гледате некоја можност за решение на овој спор. Што имате да им порачате на македонските православни верници по повод овие настани?

Она што не е можно за човекот, можно е за Бога. Тогаш кога на повидок нема никакво решение за надминување на проблемот, Бог со Својата спасителна промисла секогаш ќе ни понуди најдобро решение, доколку сме доволно искрени и отворени да ја прифатиме Неговата волја. Ова е проверена состојба и честопати била применета низ искуството на Црквата. Црквата низ својата бурна историја надживеала и победила и поголеми искушенија од овие денес актуелните. Светите оци велат дека ако нема искушенија, тогаш ќе заспиеме читајќи го Светото писмо. Во време кога светот се соочува со агресивен ислам и милитантен богоборен секуларизам, кој не признава ништо друго освен профит, жално е што ние православните Македонци добиваме удари токму од истоверните браќа од север, југ и од исток. Но, Македонците се духовно силни и богати луѓе, кои обединети околу својата духовна мајка - Светата Македонска православна црква и кои држејќи се цврсто за начелата на верата и христијанската љубов ќе ја победат оваа наезда на лицемерите и нурнувајќи се во печката на искушенијата ќе излезат од таму прочистени, зацврстени и блескави како духовни дијаманти. Единството е нашата сила. Почнувајќи од единството на Светиот синод на нашата Света Македонска православна црква, како и на сиот македонски народ, обединет со цврст став и јасна мисла околу овој наметнат проблем. Кај што има слога има и Бога. Господ Бог, Неговата света Мајка, Св. Климент, Св. Наум и сите македонски светители нека бидат наши заштитници и закрилници.

Од длабочината на својата душа го молиме нашиот македонски православен народ цврсто и непоколебливо, впрочем како и секогаш низ нашата славна и бурна свештена историја, да застане на браникот на одбраната на нашата заедничка мајка – Македонската православна црква.

Преземено од: Повардарска епархија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7704
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная