логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Интервју за ВЕЧЕР со Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски, Г.Г Стефан


Спремни сме за преговори со СПЦ!


Во предвечерието на големиот празник кој ја симболизира човечката толеранција, семејните вредности, човечкото милосрдие и заемното разбирање, Вечер и МПЦ, во духот на христијанството си подадоа рака. За прв пат преку пишан медиум поглаварот на МПЦ-ОА им се обрати на верниците и прифати да одговори на повеќе прашања кои во годината што измина ги засегна двете страни. А за црквата, 2013 година беше година на големи искушенија и предизвици...

Меѓу другото, г.г. Стефан објаснува дека истапувањата на поедини владици со свои ставови по различни прашања не значат и дека има поделеност на мислењата во Синодот, а разговаравме и за социјалните мрежи, за богатството на црквата и на свештениците, за мешањето на политиката во Црквата, за Вранишковски, за односите со останатите конфесии..., а упати и порака дека МПЦ нема никогаш да отстапи од вистинската православна вера и светото Предание, зашто со таа истрајност на изворниот евангелски пат се докажува дека сме неправедно надвор од сеправославниот свет


Ваше Блаженство, зад нас е година во која одбележавме два особено значајни јубилеи за христијанството - 1700 години од Миланскиот едикт и 1150 години од Моравската мисија на светите Кирил и Методиј. Како ја оценувате 2013 година за Македонската православна црква-Охридска архиепископија?
- Секоја година е исполнета и со успеси и со искушенија. Во годината што измина создадовме две нови епархии и избравме митрополити за нив, но се простивме од последниот потписник на автокефалноста на возобновената Охридска архиепископија во лицето на Македонската православна црква, митрополитот Кирил. Достоинствено, со пригодни свечености ги одбележавме јубилеите што ги спомнавте, осветивме неколку новоизградени храмови во Македонија, а одбележавме и годишнини од постоењето на црковните општини во дијаспората, пристапивме кон постепено решавање на проблемот со епархијата на Австралискиот континент итн.

Во 2014-та влегувате со неколку отворени внатрешни прашања како, на пример, спорот во Австралиско-новозеландската епархија или намерата Богословскиот факултет "Св. Климент Охридски" да стане редовен член на УКИМ...Кој ќе биде вашиот приоритет годинава?
- Има прашања кои можат да се решат веднаш, за некои е потребно време, добра волја и сили за простување. Приоритет, како и секогаш, ќе биде завршувањето на започнатите проекти, особено градежните активности - довршувањето на храмот "Свети цареви Константин и Елена" во централното градско подрачје на главниот град, како и неколкуте други храмови во Скопје и низ Македонија, потоа започнувањето на градежните активности на конакот во манастирот во Трескавец, завршувањето на опожарениот Бигорски конак итн. Исто така, акцент ќе биде ставен и на издавачката дејност, на мисионерските активности и др.

Има ли расположение во редовите на Светиот синод на МПЦ повторно да се отпочне дијалог со СПЦ? Српскиот епископ, познат по својот антимакедонизам од прославата на Миланскиот едикт во Ниш, каде патем, немаше наши претставници, ни порача дека сме парацрква.
- Кај нас желбата за дијалог никогаш не престанала. Всушност, ние и сметаме дека проблемите треба да се решаваат со разговор, но на рамноправни соговорници, без ултиматуми и притисоци од каков и да е вид. Никој, а особено ние епископите на Црквата, не треба да излегуваме со произволни изјави и толкувања, конкретно за вакви чувствителни и важни теми. Се треба да биде во знакот на љубовта со која Христос не ослободи.

Од друга страна, пак, српскиот претседател покажа подготвеност да помогне околу решавање на спорот. Можат ли политичарите да помогнат во признавањето?
- Секоја помош е добродојдена, но особено ние од Црквата мора да го покажеме потребното ниво, зашто сме најмногу задолжени да ги решаваме сите предизвици.

Ќе помогнеше ли здружувањето со останатите непризнати цркви во регионов, како што се предлагаше или пак треба да се завртиме кон Ватикан?
- Синодот на МПЦ се има изјаснето околу ова прашање - ниту едното, ниту другото е решение и не може да биде. Сметаме дека проблемите околу прашањето за нашата автокефалност се чисто политички, а не се теолошки. За жал, многумина манипулираат токму со злоупотребата на богословските постулати, за да покажат дека навидум се во право. А реалноста е дека тоа го прават по силата на историскиот комодитет и самодадениот примат - припаѓаат на Цркви кои се основале пред неколку векови, па затоа "имаат" право за другите да решаваат дали можат да постојат како самостојна Црква. МПЦ нема никогаш да отстапи од вистинската православна вера и светото Предание, зашто со таа истрајност на изворниот евангелски пат, докажуваме дека сме неправедно надвор од сеправославниот свет.

По една временска дистанца, што мислите за случајот "Вранишковски"?
- Истото како и на почетокот! Се работи за проект инсталиран, поточно би рекол злоупотребен однадвор, со цел разнебитување на МПЦ, проект кој во основа е длабоко криминализиран. А оваа вистина, што комисиите на АУО и САС на МПЦ неколкупати ја докажаа пред самиот Вранишковски да замине во раскол, вешто се крие од изумителите и поддржувачите на овој срамен чин кој ја продлабочи раната на црковното тело. Кога сите ќе ги прифатат аргументите со кои се докажува криминалот и неморалот на Вранишковски и некои негови поддржувачи, ќе падне и митот за мачеништвото, но ќе падне и маската за искреноста и одржаноста на овој проект.

Какви се односите во Светиот архиерејски синод? Перцепцијата на јавноста е дека има голема поларизација на мислењата меѓу повозрасната генерација и младите владици.
- Повеќето од членовите на Синодот во неколку наврати ја искоментиравме оваа констатација. Би рекол дека ваквата перцепција е далеку од основана. Дали различноста во мислењата, која постои секаде, треба да е основа за поделеност? Важно е да се има заедничка стратегија, која ќе биде во насока на остварување на мисијата на нашата Црква, а тоа е спасението на нашиот верен народ. Ако некој отстапува од тој пат и промовира поинакви вредности и принципи, тогаш станува збор за суштинска и недозволива различност. На некои како да им е криво што во САС на МПЦ нема недоразбирања, па измислуваат разно-разни поделби.

Најголеми разединувања имаше за употребата на социјалните мрежи, особено по забраната за користење на Фејсбукот. Сега, кога Синодот одлучи ова прашање да го стави на стенд-бај, може ли да ни откриете каков е Вашиот личен став?
- Синодот се произнесе во јавноста со став, односно препорака. Но не посветивме доволно внимание на образложението, односно презентацијата на таквиот став, и тоа беше сфатено премногу директно. Затоа на последната седница на САС во средината на декември ја дообјаснивме препораката - социјалните мрежи, доколку се користат во функција на мисијата на Црквата и не го нарушуваат достоинството на човекот, односно свештенослужителот, можат да бидат од полза. Но никако не смее да е примарно средство во комуникацијата со верниците.

Имате ли ваш Фејсбук-профил?
- Не.

Се чини младите се повеќе се вртат кон верата, почнуваат да одат на литургии, има нови монаси. Има ли вистина дека конзервативната МПЦ се менува и воведува новини кои ја отвораат пред верниците?
- Што мислите под конзервативност? Какви новини? Евангелието е секогаш актуелно, Христос е вечно млад, како што вели светиот апостол Павле, односно секогаш е Истиот, и вчера, и денес и во веки. Ако Црквата оди по патот на светите отци, ако го исполнува доследно преданието, ако живее литургиски, ако тоа што го проповеда и го спроведува и на дело, тогаш ќе има успех - тоа е единствениот остварлив начин што го знае Црквата за да се дојде до срцата на верниците.

Поделбата на најголемата Кумановско-полошка епархија на две засебни целини Кумановско-осоговска и Тетовско-гостиварска, верниците ја примија со задоволство. Мислите ли дека младите и амбициозни владици ќе успеат да се справат со предизвикот да ги решат проблемите таложени со години?
- Довербата од Синодот е дадена за да се оправда. Секој што прифатил да биде епископ, знае дека го очекува постојаност и доследност во проповедањето и живеењето на верата. Ако се отстапи од овој начин, тоа ќе го забележи и историјата, но и есхатолошкиот суд.

Од новите владици ќе зависи заживувањето и на духовниот живот во познатите манастири "Свети Јоаким Осоговски" во Кривопаланечко и "Свети Атанасиј" во Тетовско, кои во минатото биле големи духовни центри. Ќе имаат ли моќ да го спроведат тоа на овие подрачја на кои постои мешана етничка структура?
- Сите се молиме за успехот на нашата Црква во секој дел од нејзината духовна територија.

Колку е богата МПЦ, а колку свештениците? Перцепцијата на јавноста е дека свештените лица живеат во луксуз, на сметка на услугите на верниците на кои редовно им ги наплаќа обредите.
- Нашата света Црква е особено духовно богата - со сакрални објекти, со икони и фрески, со конаци, кои треба сите да ги чуваме, зашто тие се нашето наследство, а и најбогатото наше богатство. Во нив има голем дел од нашиот културен и национален идентитет... Што се однесува до материјалната состојба, таа се менува на подобро, најмногу благодарение на вратениот имот со Законот за денационализација, иако има уште многу нерешени предмети и неидентификувани имоти, особено во Скопје. А што се однесува, пак, до имотната состојба на свештениците, таа е различна и зависи од многу параметри. Во Светото писмо пишува дека оној што служи во олтарот, треба да се храни од олтарот и дека верниците секогаш се грижеле за своите свештенослужители. Средствата што се оставаат во црквите по разни основи, не се само за клирот! Од нив се плаќаат другите вработени во храмот, се подмируваат сметките за комуналии, а се издвојува и одреден износ за потребите на епархиите, Архиепископијата, образовните институции итн.

Колку политиката се меша во Црквата?
- Ако политиката влијае на одлуките и насоките што Црквата ги донесува и следи и ако Црквата јавно поддржува политички опции, може да стане збор за мешање на политиката во Црквата и обратно. Но тоа во денешно време не се случува. Исклучоците, ако ги има, не треба да бидат правило.

Каков е односот со останатите конфесии? Со ИВЗ се уште не најдовте решение за изградба на црквата во Октиси, а имаше уште неколку недоразбирања.
- МПЦ во континуитет е со ставот да придонесува постојано во зачувување и негување на заедничкото во овој сложен етнички и верски македонски контекст. Ние никогаш не се водиме од своите лични интереси, а на штета на туѓите. Сите треба да постапуваат така. Но не сум убеден дека во последно време други верски заедници се на нивото на својата одговорност, особено во проповедта на позитивните верски вредности. А не би требало да има религија што не е втемелена врз љубовта и разбирањето кон другите, барем не во Македонија.

Се навестува дека за новата епархија во Австралија ќе биде избран европскиот митрополит Пимен? Се понуди и Царкњас. Ќе може ли друг владика да го реши проблемот, ако се има предвид дека во моментов тој предизвик е исправен пред искусните владици Петар и Тимотеј?
- Одлука на Светиот архиерејски синод е кој каде ќе биде надлежен архиереј. За да се решат проблемите во Австралиско-новозеландската епархија, потребно е време, менување на менталитетот, но потребно е и искуство. Но, да не се залажуваме, нема решение со насилство и суспендирање на позитивните законски прописи на Црквата воопшто и, секако, на МПЦ.

Во Егејска Македонија се гради црква. Има ли МПЦ можност за формирање црковни општини во Грција?
- Ниедна Црква не смее да ја суспендира духовната власт на друга Црква преку мешање во нејзината територија. Но и секоја Црква треба да има духовен капацитет, да има слух и вид за потребите на верниците што припаѓаат на други национални ентитети. Сметам дека моделот што заеднички беше имплементиран од Страна на МПЦ и Албанската црква е и оправдан и единствено успешен. Таму има големи области населени со Македонци, тие имаат свои храмови, служат на македонски, поголемиот дел од свештениците се образувани во институциите на МПЦ, се служи од изданија на МПЦ, но се под јуриздикција на Албанската православна црква.

Кој ја приготвува специјалната божиќна трпеза за традиционалниот ручек на кој ќе го поканите државниот врв? Што е на менито?
- Храната секогаш ја подготвуваат готвачи во Архиепископската резиденција, а секогаш има само традиционална божикна храна, која е дел од македонските семејни празнични трпези. Впрочем, на трпеза не се седнува само за јадење!


Елизабета АРСОСКА
Фото: Ѕвонко ПЛАВЕВСКИ - Вечер



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3139
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7619
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная