логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Архимандрит Арсений (Папачок)
За молитвата најнеопходно е срцето – Од поуките на старец Арсениј Папачок

Архимандрит Арсений (Папачок)На 19-ти јули 2011 година кај Господа замина архимандрит Арсениј (Папачок) – најстариот и еден од најпочитуваните романски старци на денешницава. Тој беше претставник на златната плејада романски духовници на ХХ век, кои немаат равни на себе по исповедта и сецелата пожртввуаност на својата вера, опитот на подвижништвото во суровите услови на непристапната пустина, подобно на Аввите од древниот Отечник – опит, споен со духовна мудрост, префинето проникнување во тајните на човечките души и извонредни книжевни дарови. Старец Арсениј се подвизуваше во непроодните шуми на романските планини заедно со отец Клеопа (Илие), беше прогонуван од страна на богоборната власт и заради исповедање на Верата беше во затвор. Од 1975 год. беше духовник на манастирот на Света Марија во градот Текиргел кај Констанца.
Им ги предлагаме на внимание на читателите одговорите на Старецот на некои актуелни прашања од духовниот живот. 
* * *
- Како може да се стекне дарот на смирение и солзи во молитвата?
- Смирението не може да дојде само по себе, без тоа во текот на животот да не си сметал дека ништо не можеш да направиш без Божјата благодат. Спасителот вели: „Без Мене не можете ништо да направите“ (Јн. 15:5). 113-тото правило на Картагенскиот Собор гласи: „Но, ако некој сепак вели дека може што било без Христа, нека биде анатема“ [1].
Брате, зарем не знаеш дека ако мислиш високо за себе и се гордееш, тогаш од тебе заминала помошта Божја? Затоа што е речено: „Бог се противи на горделивите, а на смирените им дава благодат“ (Јак. 4:6; 1 Пет. 5:5). Размисли за тоа дека без Божјата благодат ти си – прав и пепел. Ако сметаш дека, ете, Господ те трпел до сега и дека така секогаш ќе биде, тогаш со голем страв загрижи се, затоа што Бог долго трпи, но понекогаш и ги претекнува настаните!
Сине мој, размисли за тоа дека го имаш само времето на овој живот и со ревност, со желба да бидеш со Ангелите на небото, барај да се смириш себеси, затоа што само така ќе дадеш права вредност на онаа убавина што си ја стекнал во себе, за тоа духовно богатство, леле, да не ти послужи за погибел во огнот. Пази на себе, брате, затоа што ако почнеш да мислиш дека Бог може да те посети во секој момент и дека ќе умреш, тогаш таа помисла ќе те научи што да правиш. Бидејќи познато е дека Христос  во што ќе нé затекне, според тоа и ќе ни суди (сп. Јез. 33:20)[2].
Без смирение, нема никаква надеж за спасение! А „ако во тебе, брате, нема кротост во срцето твое, тогаш знај дека во твоето срце има некакво превознесување“[3]. Неопходно е да се сфати дека Бог бара толку малку од нас, а ние ќе добиеме наследство заедно со Него!… Кротост, кротост и уште еднаш – кротост!
- Многумина верни се жалат дека не наоѓаат во себе сила за да се молат. Што треба да се прави за да се стекне ревност и стравопочит кон свештената молитва?
- Не треба да се прекинува молитвата, макар само со умот. Тие моменти на опустошеност, залети и падови се случуваат и кај светите луѓе – заради нивно смирение. Бог дава дарови според силата на секој, за да постои духовна рамнотежа. Едни губат во квалитетот на молитвата, други, кои се молат со смирено срце, имаат некаква утеха и тие се молат само за утехата повторно да ги посети. Меѓутоа, тоа едноставно е заблуда: ние како да тргуваме. Таквите утехи можат да дојдат и од демонот, затоа што лажното задоволство лажно се чувствува. Демоните сакаат да те задржат во таквата состојба на лажно спокојство за да не бидеш во состојба да примиш вистинска утеха од молитвата, која се излива од срцето без никаква пресметка и без престан. Моли се смирено за да Го приведеш Бога во своето срце, не вознесувај се со умот и не талкај во висините, затоа што подобро е да се биде ништо, отколку херој на било кој друг, освен на Христа.
Молитвата секогаш ни е неопходна, затоа што секогаш треба да бидеме со Бога, а и лукавиот нé демнее секој момент. Милоста Божја е со нас, нека не се плаши ниту едно ожалостено срце, затоа што сме искупени со Крвта на Спасителот, што значи дека сме многу скапи.
Постојат многу луѓе кои, ако за нив се моли некој од ближните или други христијани со висок духовен живот, се мамат и веруваат дека дури и ако живеат во непоправлива небрежност, демек, ќе го наследат блажениот благослов на тие луѓе. Треба од почеток да се знае дека „меѓу полското цвеќе коровот залудно моли косата да го поштеди“ (Јорга)[4]. „Не е срамота да се падне под товарот на болеста, срамота е да се умре мрзелив и презаситен од задоволства“ (Паскал).
- Кои молитви им ги препорачувате на монасите и мирјаните?
- Овде нема да ги спомнувам молитвите кои се пропишани со устав – тие  се извршуваат. Би било добро ако размислуваме за нешто непрестајно и не само за тоа да нижеме зборови, туку за тоа да се воспитаме себеси и да сториме љубов со состојбата на сопственото чувство, со вибрацијата на сопствената душа. Тој трепет со нечујно воздивнување би се обидел да го препорачам.
Свети Агатон вели: „Кој се моли само кога се моли, тој не се моли“. Тоа е, на овој начин  се чувствува Бог, Мајката Божја и секој Светител колку што е можно непрестајно со своето срце. Тога ќе ја пази свеќата на твојата душа запалена и би било тешко да се нападне таквата душа. Треба да се знае дека ѓаволот многу се плаши од трезвениот[5] човек, што е можно потрезвениот! Молитвата, без сомнение, е корисно средство, а трезвеноста – достигната цел.
Ги препорачувам молитвите кон нашиот најдраг Спасител, кон Мајката Божја – вечно будна утеха на нашите души –особено молебените; молитвата кон светиот Ангел чувар и, по неопходност и почит, кон секој светител.
Во молитвата, за сите, всушност најнеопходно е твоето срце!
 
Прашањата ги поставуваше архимандрит Јоаникиј (Балан)
 [1] Сп.: Правила на Православната Црква со толкувања од Никодим, епископ Далматинско-Истријски: В 2-х т. М., 2001. Т. 2. С. 259.
[2] См.: Јован, игумен Синајски, преподобен. Лествица. Слово 7. § 50. Сергиев Посад, 1908. С. 84.
[3] Цитат од «Египетскиот отечник» во романски перевод. Гл. 4. За смирението и кротоста. § 3.
[4] Цитат од книга на романскиот мислител Николај Јоргаи «Cugetări» («Размислувања»).
[5] Трезвеноста кај светите отци се нарекува хранење на умот и срцето.

Извор: Для молитвы больше всего нужно сердце

Преземено од: ное14 by Маран Ата 

23.11.2012 год.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная