логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Manastir.voRajcica.jpg
1. Средновековните книжевни центри, скрипториуми и школи

Колку е важно делото на книжевните центри, книжевните школи и скрипториуми, се гледа од фактот дека токму тие послужиле да се зачуваат делата на златниот период на Црквата, чијашто важност малку погоре ја нагласивме, како и делата на подоцнежните светилници на Православието. Без нивниот особен и макотрпен труд низ периодите коишто следувале, денешните проповедници, теолози, книжевници итн. навистина би се соочувале со низа тешкотии при својата работа.

Затоа и не е доволно само да се регистрираат појавите и делата на св. браќа Кирил и Методиј и на нивните ученици светите Климент и Наум на овдешните простори, и натамошниот развој на духовните и културните односи да се набљудува од негативна позиција. Повеќе не е убедлив податокот дека средниот век е „темна и мрачна епоха на духовно мртвило“, затоа што во скоро сите следни десет векови имало разни поместувања во откривањата, во конкретни периоди и на конкретни места. Средновековната книжевност била одраз на единството во духовното и културното живеење во Византија, Македонија и другите јужнословенски средини. Империјата ги одржувала врските со древните духовно - философски материјали, пред сè со оние од класичниот период. Така, таа преку преводна постапка, автентично ги пренела конкретните творечки суштини на теренот, каде што живееле јужнословенските народи, меѓу кои бил и македонскиот. Но, овој процес, ние не смееме да го разбереме како византизација или како обид да се истисне сопствената традиција. Во периодот помеѓу XIII и XIV век, дошло до особено зближување на Византија со јужнословенските средини, бидејќи таа го загубила влијанието во источните провинции и токму тоа било пресудна причина подоцна, по распадот на империјата, јужнословенските средини да бидат тие кои ќе ја зачуваат византиската култура .

 Книжевното наследство, не би можело комплетно да се дефинира, доколку не се земат во предвид, претходно спомнатите книжевни центри, книжевни школи и скрипториуми. Тоа биле реални места кои претставувале институции за одвивање на книжевните, просветните, научните и идејно–творечките активности во средновековието. Тие се наоѓале во владетелските дворци, седиштата на великоцрковните достојници, во манастирите и во поголемите цркви. Често, книжевните центри биле поврзани со скрипториумите (кои воедно можеле да постојат и самостојно), бидејќи се реализирале истите творечки, преведувачки и препишувачки книжевни функции. Сепак, донекаде постоела и разлика бидејќи не секој скрипториум можел да има третман на книжевен центар. И во нашата земја постоеле поголем број на книжевни центри и скрипториуми, меѓу кои биле: Бигорскиот, Зрзескиот, Кратовскиот, Лесновскиот, Осоговскиот, Матејче, Марковиот, Слепченскиот, Серскиот, Роженскиот и др. Не смееме да ја изоставиме и Света Гора, која како независна монашка република, отсекогаш важела за место кадешто се негувал духовно–образовниот карактер на личноста до највисоки размери, и Солун–градот на универзитетите, каде што се собирале истакнати философи, догматичари, ретори, книжевни естетичари, астрономи и др.

Теолошкиот, книжевниот и образовен центар во Охридската архиепископија, токму во овој период бил мошне агилен и од него произлегле архиепископите Димитар Хоматијан, Константин Кавасила, Григориј, Козма Драчки, Атанасиј Пароски и др . „Во Охридскиот книжевен центар, поточно во делото на Климент и Наум, лежат основите не само на македонската книжевност туку и македонското библиотекарско дело. Нивните книжевни творби всушност го сочинуваат првиот оригинален словенски книжен фонд во средновековните македонски манастирски и црковни библиотеки“ .

Самиот факт дека класиците пишувале на византиско - грчки јазик, довело до тоа истиот задолжително да се изучува. Знаеме дека на некои места во внатрешноста на Македонија, дури и целото образование се одвивало на тој јазик. Така, во нашата земја, во периодот на средновековната книжевност се преведувале библиски, богослужбени, догматски, апологетски, аскетски, егзегетски и други содржини карактеристични за христијанската идеологија .


2.  Манастирските и црковни библиотеки во битолско и прилепско

Бурниот културно-просветен живот во нашата земја, значително опаднал при крајот на XIV век со надвиснувањето на петвековното турско ропство. Многу цркви и манастири со своите библиотеки биле разрушени и опустошени. Во тој период, иако во отежнати услови, културно-просветниот живот не згаснал сосема. Во црквите и манастирите, со намален интензитет, се создавале книжевни дела, a тоа довело до формирање на манастирски библиотеки, кои до средината на XIX век се единствените културно-просветни места каде што се создавала, читала и ширела книгата - главниот извор на сите знаења. За манастирските библиотеки во Македонија нема доволно податоци. И она малку што се знае е од записите по книгите во кои се кажува по нешто, како и од разните белешки на патешествениците, научните и културните работници што ги посетиле македонските манастири, во периодот кога нивните книжни фондови во доволна мера биле уништени и разграбани. Но, сепак, и тоа фрла извесна светлина врз ова прашање. Како најстари меѓу нив се библиотеките во веќе споменатиот св. Климентов манастир „Св. Пантелејмон“ и манастирот „Св. Наум“ кај Охрид .

а) Ракописи. Од податоците, со коишто денес располагаме, се гледа дека манастирите, а пред се Охридската архиепископија, како моќни економски установи, биле во можност да одржуваат долготрајни врски со најоддалечените библиотеки и центри на Православната Црква. На тој начин фондот на книгите станувал поразновиден, така што се носеле книги од разни жанрови, главно од Русија или од Србија, Солун, Франција, Цариград, Дубровник и др. места. Од писмата на Теофилакт Охридски се дознава дека тој набавувал, освен црковни, и медицински книги, што биле нарачувани дури од Цариград. Писателите  монаси што работеле во манастирите, луѓе како св. Климент и св. Наум Охридски, Константин Брегалнички, св. Гаврил Лесновски, Владислав Граматик, Јован и Лазар од Кратово, Висарион од Дебар, Јоаким Крчовски, Кирил Пејчиновиќ, Партение Зографски, и многу други познати или непознати црковни дејци оставиле зад себе такви книжевни споменици со коишто денес се китат многу туѓи библиотеки надвор од нашите простори, a само мал дел стари оригинални ракописи главно од XIII до XIX век се чуваат кај нас . Особено во преродбенскиот XIX век, огромен број на ракописи, самостојни дела, преписи и преводи создадени повеќе векови порано, биле одземени и однесени во Русија и во некои од соседните земји. Овие ракописи се чуваат во музеи и библиотеки во Русија, Украина, Бугарија, Србија, Хрватска итн.

Особено интересни ракописи, кои се од големо значење за зачувувањето, но и создавањето на проповеднички книжевни дела, секако дека се оние кои ги содржат проповедите, словата и кратките поученија од Великите Отци на Црквата, светите Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст. Меѓу најмногу преведуваните дела во нашата земја, ќе се најдат и кратките аскетски проповеди од св. Ефрем Сирин, кои секако дека биле ползувани од големиот словенски деец св. Климент Охридски.

Од современите податоци, кај нас се зачувани мал број на ракописи со проповедничка тематика. Дел од нив се целосни, а дел во фрагменти. Меѓу нив позначајни се: Лавсаик – XIV век, во фрагменти (се чува во Скопската митрополија), Лествица од XIV век, во фрагменти (се чува во Народниот музеј во Охрид), Скутскій Патерикъ од XIX век, целосен (Архив на Македонија), Зборникот Слова и чудеса, XVIII век, не е целосен (Филозофски факултет), Изреки на Светите Отци, XIX век, целосен (Народна и универзитетска библиотека), Зборник на проповеди од XIX век, не е целосен (Филозофски факултет), Богословски зборник – проповеди и толкувања на Светото Писмо од XIX век, не е целосен (Филозофски факултет). 

Значаен за проповедниците, е и зборникот од XV век, кој денес се наоѓа во црквата „Св. Благовештение“ во Прилеп. Тој содржи проповеди од св. Григориј Синаит, св. Исаак Сирин и св. Василиј Велики. Интересно е што токму св. Јован Златоуст е најмногу преведуван автор на нашиве простори. Еден друг зборник со слова од XVвек, се чува и во ракописната збирка на Богословскиот факултет, кој потекнува од црквата „Св. Богородица“ од Ново Село, Штипско. „Слободно можеме да кажеме дека скоро нема зборник со смесена содржина во кој да не е застапено барем едно од словата на цариградскиот патријарх“ . Меѓу огромниот број зборници со „Златострујна“ содржина се и: „Златоуст“ – зборник од XIII век, од кој се чува фрагмент во Московската државна библиотека, потоа „Златоструј“ – старословенски зборник од XI век, составен од словата на овој знаменит проповедник, кој го има во две редакции: кратка и опширна. Тука ќе го спомнеме и „Адријанти“ – ракопис од XV век од Владислав Граматик, кој, пак, важи за еден од најдаровитите книжевници кои создавале дела во нашите книжевни центри. Во овој зборник, кој сега се наоѓа во Рилската манастирска библиотека, има слова и од други црковни писатели .

б) Ракописите во битолско и прилепско. „Во средновековниот период битолската област имала истакнат развој на црковно - духовниот и книжевниот живот. Битола и Прилеп биле во непосредна близина на Охрид и уште од времето на свв. Климент и Наум, Охридската книжевна школа имала одраз и влијание врз развојот на книжевната дејност во овој регион. Исто така, таму одиграла улога и богатата традиција на преспанскиот регион, којашто заживеала особено во времето на Самоиловата македонска држава од крајот на X и почетокот на XI век. Битолската област станала и раскрсница за ширење на книжевните и духовните тенденции што доаѓале од Света Гора, главно преку дистрибуцијата од Солун и Сер. Во средновековниот период Битола била организирана на духовен и просветен план преку своја епархија којашто била раководена од Охридската архиепископија. Во нејзината област се изградени бројни цркви и манастири коишто прераснале во активни скрипторски центри и во истите се формирале богати библиотеки. Создадениот ракописен фонд бил богат и разновиден, a се чувал во трезорите на библиотеките во црквите и манастирите, во личните прирачни библиотеки на свештенството, монасите, игумените и на повисоките црковни достоинственици по нивните ќелии и резиденции“  .

Во Битолската област, особено два манастири ќе бидат чувари на Светото Предание на Православната Црква – Слепченскиот и Зрзескиот.
Слепченскиот манастир „св. Јован Продром“ с. Слепче, Демирхисарско, одиграл голема улога во зачувувањето на проповедничкиот и богослужбениот материјал. Тој важи за „еден од најголемите распространувачи на словенската писменост и култура во Македонија во XVI век. Долговековната книжевна дејност, што непрекинато се одвивала од неговото осно¬ва¬ње, сè до првите децении на 20 век, била главен извор за богатото книжевно наследство на библиотеката. При манастирот постоело и работело училиште во кое учениците се подготвувале за свештеници и учители, кои што учеле како да ја негуваат книгата“ . Раководителите на библиотеката биле образовани луѓе, книжевници, кои имале голема љубов кон книгата. И затоа не е чудно што книжевноста се одвивала непрекинато низ вековите и придонела овој книжевен центар да располага со богато опремена манастирска библиотека. Паралелно со просветната, започнала и книжевната  дејност. Тука се пре¬ведувале, се препишувале, но и се создавале оригинални книжевни дела. Ма¬нас¬тирот „Св. Јован Крстител“ прераснал во еден од најзначајните книжевни центри во Ма¬кедонија, со бројно монаштво, со активен скрипториум и со богата библиотека, во која имало ракописи кои водат потекло од 11 и 12 век .


Слепченската библиотека, во која се чувале мошне значајни македонски ракописни книги, несомнено влијаела врз книжевната дејност на слепченските книжевници. Слепченскиот книжевен центар бил особено развиен во XVI век, кога во него работел малку познатиот средновековен книжевник – Висарион Дебарски. Биографските податоци за овој пишувач се многу скудни. За него се знае единствено толку, колку што самиот се погрижил да остави во записите на книгите што ги препишувал. Со полно име тој се потпишал во ракописот Златоуст и во ракописот Поученија на св. Кирил Ерусалимски. Во записот во зборникот Златоуст, пишувачот Висарион за себе дава поопширни податоци. И во еден друг ракопис – зборник со дела на Дионисиј Ареопагит, пишувачот Висарион оставил запис кој ја содржи годината на настанувањето (1553) и местото, манастирот Продром, каде што го препишал овој ракопис . За книжевното дело на Висарион Дебарски е особено карактеристичен не само обемот на ракописите што ги препишал, туку и нивната содржина. Тој препишувал и книги со философско - богословска, догматска, граматичка и полемичка содржина, кои зборуваат за неговата богословска подготвеност бидејќи нивната содржина ни малку не е лесна за превод и препис, а сепак  тешка за разбирање меѓу народот . Несомнено, Висарион и оние коишто работеле заедно со него, но и после него, ги ползувале делата на големите учители од 4 и 5 век, т. е. ги препишувале, преведувале и ги употребувале во нивната проповедничка односно душекорисна дејност. Притоа, за Висарионовата книжевна постапка е важно да се истакне дека тој не е само обичен препишувач, туку и креативен книжевник кој внесувал и свои содржини. Во Висарионовиот стиховен пролог за март/август од 1554 година е содржана најголемата збирка патерични раскази што досега е пронајдена во словенските ракописи од тој тип . Од големиот број ракописи што ги препишал Висарион Дебарски засега со сигурност се знае дека 23 се негови. Овие ракописи, денес, целосно или во фрагменти се зачувани во некои ракописни збирки на поранешна Југославија, во P. Бугарија и Русија. Од делата кои му се припишуваат на Висарион Дебарски, следните се од корист за темата со која се занимаваме:
• Богословски зборник од 1540 година;
• Зборник со дела на св. Дионисиј Ареопагит од 1542 година;
• Поученија од св. Кирил Ерусалимски;
• Златоуст, зборник од 1548 година;
• Богословски зборник од средината на XVI век (околу 1544 - 1550);
• Зборник со творби од св. Дионисиј Ареопагит, од 1553 год.; Всушност овој зборник, во оригиналот е познат како „Corpus Areopagiticum,“ и првенствено на словенски јазик бил преведен од светогорскиот старец Исаија Серски. Со неговиот превод се користел и Висарион;
• Зборник со философско - богословски трактати од околу 1565 година;
• Зборник со полемички творби против латините (крајот на XVI век) и др  .

Покрај Висарион Дебарски, со книжевна дејност во Слепченскиот манастир се занимавал и неговиот ученик Пахомиј Слепченски. И за него биографските податоци се сиромашни. Од одредени записи може да се дознае дека во почетокот работел во Слепченскиот манастир, каде ги создал повеќето свои дела, а потоа преминал во други манастири, каде напишал уште неколку ракописи. Според препишаните ракописи од него, се забележува дека ги негувал традициите на Слепченскиот книжевен центар, кој главно е познат по ракописи со црковно- богослужбен карактер .
 Препишувачка дејност се одвивала и во Зрзескиот манастир. Таму постоел скрипториум, чија дејност била помагана од благочестивиот народ. Сведоштва за постоењето на словенски ракописи во овој манастир се наоѓаат на повеќе места, како на пр. во писмото на Димитар Миладинов до Петар Севастијанов. Верковиќ, пак, во 1853 година при посетата на манастирот нашол само една книга . Дека постоел скрипториум, се потврдува од фактот што во 1616 год., за време на игуменот Доротеј, во овој наш манастир членот на зрзевската монашка заедница, јеромонахот Висарион, напишал минеј за месец февруари. На л. 148 а, книжевникот Висарион оставил опширен запис во кој нагласува дека за пишувањето на ракописот платил Стојан Петков од село Крапа и дека во таа година била обновена манастирската трпезарија од ктиторите Русе и Милош од село Костинци. Сето тоа се случувало за време на прилепскиот архиереј Павел. Денес, ракописот се наоѓа во Црковниот историско-архивен институт во Софија под бр. 303 . Во 18 и 19 век, делата на зрзеските монаси се појавиле како противтежа на рационалистичкото–просветителско движење од тој период. Тогаш, на народен јазик биле преведувани светоотечките дела. Во нивните содржини провејува мислата за внатрешната, духовна и морална преобразба.

 (Продолжува)

 

 Jasmina.fakultet.jpg

УНИВЕРЗИТЕТ „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“
ПРАВОСЛАВЕН БОГОСЛОВСКИ ФАКУЛТЕТ
„Свети Климент Охридски“ - Скопје

Дипломска работа

Дамаскините: чувари на класичната проповед и инспирација за современите проповедници

Ментор:     Проф. д-р отец Ацо Гиревски     

       Jasmina.fakultet.jpg                           &

 Изработила: Јасмина Зајкова

Jasmina.fakultet.jpg

    Jasmina.fakultet4.jpg                                                                               
Скопје, јуни, 2011

Jasmina.fakultet3.jpg

Друго:

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная