Во издание на библиотеката ,,НЕБЕСНИ ЦВЕТОВИ” при манастирот Св. Атанасиј Велики, с. Зхурцхе излезе од пецхат нова книга: ,,МОЛИТВЕНИ ДНЕВНИЦИ НА СВЕТОГОРСКИТЕ СТАРЦИ ТЕОДОСИЈ И НИКОДИМ КАРУЛСКИ”.
(јули 1982)
…
- (Отец Никодим) Вие брзо ја вртите бројаницата?
- Не, не брзо. Како што дишам. За во вдишувањето и издишувањето да се смести ,,Господи Исусе Христе, помилуј ме”.
- Молитвата ја кажувате седејќи?
- Седејќи.
- Од самиот почеток или почнувате стоејќи?
- Од почеток стоејќи: Цару Небесен, Свети Боже, Оче наш, Помилуј ме Боже, Символот на верата. А потоа седејќи или со поклони.
- Вие рековте дека молитвата ја совршувавте
заедно со старецот (Теодосиј).
- Заедно, заедно.
- Како заедно? Читавте на глас?
- Не. Умствената молитва не на глас, туку истовремено. Тој во ќелијата, а јас во црквата. Така устроивме.
Од почеток старецот не се занимаваше со умствена молитва.Се молеше на бројаници, така како што е прифатено во Пантелејмоновиот манастир: на утрена 33 бројаници. При работа исто така се врти бројаница: еден ја изговара молитвата, а другите слушаат. Така беше и кога дојдов кај старецот, во почетокот така се молевме заедно. Воопшто – вечерната ја читавме по книгите, а утрената на бројаници. Гледам, тој својата молитва на бројаница многу брзо ја завршува. А јас својата не сум ја завршил. Наутро требаше 33, а јас сум завртил само 18 бројаници…
,,Ти спиеш”, - вели тој. ,,Спиеш!” А јас не спијам! И јас се снаоѓав: ,,Вие, старче, сигурно нешто пропуштате?
Вашата рака веќе е слаба. Вие пропуштате топчиња. Обидете се да ја земете бројаницата во другата рака!” Успеав да го убедам. Тогаш одлучи да не се моли на бројаница, туку на време: наутро да се моли два часа. Јас ретко така се молев. Потоа сосема престанавме да се молиме по книги. Сe на бројаници… А потоа кај мене дојде до аритмија на срцето. Старецот сe уште беше жив. Срцева мана.Пулсот неизедначен, не може да фати такт со молитвата.Се растажив. А потоа ми дојде мисла: ,,Знаеш каков ти беше тактот претходно, таков и нека остане”. Така и се молев цело време, иако аритмиите продолжуваа, и како што поминуваше времето, беа сe почести. …Се случуваше, по смртта на старецот, да се молам лежечки. Сега веќе срцето многу слабо работи. Пулсот бие сосема тивко, и јас ќе заспијам. Каква несреќа за мене! Што да правам? Седнувам – заспивам. Станувам – ме болат нозете… Дојде староста! Порано се молев срдечно, се молев со срцето.
Тогаш не можеш да заспиеш. А штом престанеш да се молиш со срцето, тогаш заспиваш. Како што кажува св. Јован Кронштадски: ,,Земи го срцето свое како со рака, и држи го”. И јас така правев. Лежам на грб и срцето го држам со умот како со рака; го држам и не го пуштам. Цела ноќ така лежам, а потоа наутро станувам и одам да се причестам, толку силно одеше молитвата. Но, тоа ми се има случено само трипати. А потоа ќе легнам и не можам да го задржам срцето. Тогаш дури не се ни помрднував, не се ни завртував, како замрзнат.
- Ми се чини дека е тешко да се сосредоточиш тогаш кога стоиш или кога одиш. Тешко е да се задржи вниманието.
- Може стоејќи. Треба да се стои вака: без движење, со вовлечен стомак, стегнат појас, градите да се подигнати рамената да се рашират. Тоа е мојот додаток. Да се учи на молитва возможно е само ноќе. Одреди си себе време: секоја ноќ, или пред да одиш на спиење, одвои половина час, со внимание така, да не попуштиш на ниедна помисла. Треба да се одвојуваат: ,,Господи”… ,,Исусе”…,,Христе”… ,,помилуј”… ,,ме”… Тогаш помислата нема кај да вникне, бидејќи оди збор по збор. Само што ќе ка-
жеш ,,Господи”, вниманието веќе го дочекува следниот збор ,,Исусе”…- А сликите (претставите)?
- Треба да се молиме во градите, а сликите се во главата, во вообразбата. Вниманието држи го во градите и нема да има слики. Вообразбите нам ни се во челото, а сеќавањето во тилот. Св. Јован Дамаскин пишува за тоа.Ако се молиш во главата, главата е полна со помисли. Вниманието треба да се спушти. Во самата длабочина на срцето не можеме, срцето е длабоко, но во грлото (кај гркланот) можеме. Таму каде што дишењето поминува лесно, таму треба да се застане. Кога ќе се спуштиш на тоа место, помислите престануваат! Задржи се во грлото!
И прави мали паузи меѓу зборовите, ете така… Тоа е добро со дишење! Исихиј кажува: ,,Молитвата соединија со дишењето”, то ест, кога земаш воздух, како во опитната молитва: ,,Господи… Исусе… Христе…”, вдишуваш во себе, ,,помилуј ме”… - издишуваш. И цело време така.
Тоа е добар начин за воздржување од помислите.
- Вие зборувавте за молитвата од пет зборови...
- Св. Григориј Синаит зборува дека за почетниците се препорачуваат само пет збора… А јас и сега сум како почетник. Пет зборови. Така сум навикнат.А може и да се промени: ,,Сине Божји, помилуј ме… Сине Божји, помилуј ме…”, па потоа ,,Господи Исусе Христе, помилуј ме… Господи Исусе Христе, помилуј ме…” Пет зборови. Така полесно се задржува вниманието. И задолжително да се одвојуваат. Сосема мали паузи:,,Господи… Исусе… Христе… помилуј… ме”.
- Може ли, како што сте кажувале порано, половина час сосредоточена молитва, а потоа во онаа форма која ја практикуваш кога стоиш, или кога одиш, или при работа?
- Подобро е со појасни поклони. Три бројаници.Така поминува половина час. Со внимание. А кога ќе се легне и заспие со молитва, таа тогаш сама продолжува. И кога се стои и кога се лежи, вниманието е во грлото. Ако вниманието не се наоѓа во грлото, тогаш ќе биде во главата. А таму се помислите, сеќавањата. Главата ни е полна со сеќавања, и главата, и вообразбата. И кога ќе лежиш, ќе гледаш секакви слики.
- А кога стоејќи на молитва вртите бројаница, дали молитвата ја соединувате со дишењето?
- Со дишењето. Така сум се навикнал. Јас веќе не можам да се молам без дишење. И кога одам – секогаш со дишење.
- Зарем не е потребно да се обрне внимание на особеностите на секој организам? Ние своевремено разговаравме со Вас и со отец Серафим дека кога јас се молам со молитвата од пет зборови и седам, во мене останува вишок воздух. Вие тогаш ме посоветувавте дека е подобро да користам молитва од седум зборови, за да не ми останува толку многу воздух.
- Еве за што станува збор. Добив вакво искушение: научив молитва со дишење, и само што ќе земам воздух, веќе треба да го испуштам… Треба прилагодување: да се земе онолку воздух, колку што може да се издише. На три зборови земај воздух, а на два испуштај го. Толкаво
количество воздух треба да има. Ако земеш многу а испуштиш малку, тогаш останува. Треба да се научи ова: колку си вдишал, толку и да издишиш.
- Тоа треба особено да се вежба?
- Треба да се навикне. А тоа кога вдишуваме пократко отколку што издишуваме… излегува штетно. Треба ритмично. Колку време за вдишување, толку и за издишување. А ова се случува само кај болните: тие секогаш имаат кратко вдишување, а долго издишување. Од долго издишување слабее целото тело, станува немоќ но, се појавува мрзливост.
- Како да се постигне да не се заспие на молитва?
Јас секој ден снеможувам и заспивам. - Треба да се стои и да се прават поклони. А ако седиш на стол… не, тоа не треба, треба да се стане! А еве како треба да се седи за да не се заспие: рашири ги рацете и држи ги така додека да те заболат. Тогаш сонот ќе замине. А ако има луѓе, градите подигни ги, еве вака, да не видат, и сонот ќе се оддалечи. Ако ги опуштиш градите, брзо ќе заспиеш. Јас себе си пеев ваква песнич-
ка: ,,стомакот свој вовлечи го и појасот затегни го, а градите подигни ги…” Кога ќе ги подигнеш градите, нема да заспиеш. А ако го распуштиш стомакот и градите ги опуштиш, тогаш веќе си како крпа, како некаква старица, и… заспиваш. Потребна е бодрост! Бодрост и
трезвеност. Во телото бодрост, во срцето трезвеност, а во умот – внимание. Бодрост – тоа е напрегнатост на мускулите. А трезвеност на срцето? Таа е во одржување слабо дишење. Не смело, туку тивко, најтивко дишење. Во тоа е трезвеноста. А внимание, тоа е со умот да се гледа во зборовите на молитвата и на Господ. Тоа е внимание. Едното од нив не може да постои без другите две, само сите три заедно: бодрост, трезвеност и внимание. Тие мораат да бидат присутни истовремено. Ако телото е бодро, а нема трезвеност, тогаш нема да се одржиш. Мора да се чуваат сите три.
- Кога седиме и ја спуштаме главата на градите, исто така треба да го вовлечеме стомакот?
- Секако.
- Намерно?
- Сеедно како, важно е да се вовлече!
- Дали е задолжително да ја спуштиме главата на градите кога се молиме?
- Тоа го советува свети Симеон Нов Богослов.
- Сум слушнал дека еден валаамски старец советувал градите да останат слободни.
- Не. Брадата да се прилепи за градите.
- На тој начин зарем не сопира дишењето?
- Не. Треба бавно, тивко, спокојно да се дише, за со дишењето да не се распалуваат нервите. А ако ја подигнеш главата, дишењето нема да ти биде спокојно. Во ,,Добротољубието” старецот Игнатиј пишува: тивко вдишувај и тивко издишувај, тивко. Во спротивно, нервите ќе се надразнат и ќе настане крвна молитва, како што кажува св. Игнатиј Брјанчанинов.
- Притоа се чувствува ли некаква теснота во градите?
- Не. Треба да се оди слободно. Ако дишеш насилно, со тоа ќе ги распалиш нервите. Треба спокојно и тивко да се дише. Св. Григориј Синаит и нашиот руски Нил Сорски укажуваат на тоа како е возможно да се задржува дишењето. Во која смисла? Не да се задржува дишењето така, да не дишеш, или да го задржуваш воздухот. Не! Треба да се дише слободно, тивко и спокојно. Тоа и е задржување на воздухот.
- Недоразбирање може да настане заради тоа што луѓето често не обрнуваат внимание на срцето, туку на желудникот. Тогаш се појавува теснота.
- Да, неправилно дишат. Јас вдишувам низ ноздрите, во грлото и во градите.
- Луѓето често грешат и дишат со желудникот. Затоа, кога седат и со брадата ги допираат градите, чувствуваат теснота во желудникот. Од тоа доаѓа вознемиреност.
- Тоа предизвикува телесен немир. Треба да се дише изедначено. Во нас има еден канал. Преку тој канал вдишуваме и издишуваме. Воздухот оди во градите каде што има многу, многу меурчиња, а вдишуваме кислород, магнетицитет и електрицитет. Сето ова оди во тие меурчиња. Кога белите дробови ќе се рашират тие меурчиња се полнат. Кога белите дробови се собираат, овие меурчиња се излеваат и се обновува крвта. Ние не дишеме со срцето, туку само со белите дробови. А од белите дробови повторно преку грлото во ноздрите издишуваме.
- Но притоа важно е вниманието да биде насочено на срцето, а не на желудникот. Бидејќи тоа предизвикува плотска раздразнетост. Во ,,Добротољубието” на едно место се зборува за тоа дека од трудовите во молитвата доаѓа до болка во плеќите.
- Свети Григориј Синаит кажува дека молитвата секогаш, мора да ја следи ,,болка”. И градите треба да болат и плеќите. А ако ја нема таа ,,болка”, тогаш и молитвата е неправилна.
- Каде треба да се чувствува физичка болка?
- Од молитвениот труд се појавува некоја чувствителност во градите и во плеќите. Кога така ќе поседиш два часа, се јавува болка.
- Вие зборувавте за молитва со внимание во лежечка положба. А можно ли е да се молиме лежејќи пред сон, кога сакаме да заспиеме?
- Тоа е добро, ако заспиеме со молитва.
- Но, ако се доведеш во состојба на собраност, во внимателна состојба, тогаш нема да заспиеш...
- Сепак ќе заспиеш! Да, добро е да се заспие со молитва. Ќе ти се спие, ќе ти се спие и ќе заспиеш.
- Се случува, кога молитвата ја почнуваш лежејќи, додека преминуваш во сон, срцето како да се плаши, како да се стега. И тогаш тоа за долго го одгонува сонот, и се појавува некакво неспокојство...
- Исцрпеност на срцето?
- Не, бидејќи тогаш вниманието не ми е насочено на срцето. Тоа едноставно се плаши. Можеби неправилно постапувам, треба ли да го насочам вниманието?
-Треба како што учи преподобниот Никифор во ,,Добротољубието”: „Стој во собраност, во предворјето на срцето.”
- Јас во почетокот вниманието го насочував на срцето. Но од тоа се појавуваше несоница. Тогаш јас се обидов да ја кажувам молитвата без внимание на срцето.Но тогаш срцето како да се шири и го обзема страв...
- Тоа умот го плаши срцето. Еден пустиник кажува: ако се молиш со срцето, не можеш да заспиеш.Насочи го вниманието и нема да заспиеш.
- А не треба невнимателно?
- Невнимателно? Тогаш тоа е плампање (празни зборови)… Во седечка положба полесно е да се сосредоточиш. Во седечка положба дури и со Исусовата молитва, со опитната, треба да се седи со наведната глава… Тука дишењето е многу важно. Кога ќе почнеш слободно да дишеш, во истиот момент, брзо ќе заспиеш.Повеќе вдишувај. Ритмично. Ако кратко вдишуваш, а долго го испушташ воздухот, брзо ќе заспиеш, за некои 5 минути. А кога ќе почнеш да заспиваш, се јавуваат некои неопределени мисли, како: ,,јас таму веќе сум бил…” Каде тоа си бил? Зошто? Или ,,тоа веќе поминало…” Мислите од овој вид се знак дека веќе заспиваш. Станува збор за неопределени мисли, како на пример:
,,Ова е залудно!...” Што е тоа? Не мислев за ништо, а одеднаш се појавуваат толку расплинати помисли! Овие помисли ќе доаѓаат една по друга, и секако ќе заспиеш.Тогаш подобро стани, раздвижи се. Ете во што е тајната! И не допуштај срцето да се опушти. Срцето држи го горе. Иако си се наведнал, срцето држи го горе и не попуштај. Ако срцето се опушти, тогаш и дишењето ќе попушти и веднаш ќе заспиеш. За ова потребно е многу вежби. …Св. Григориј Синаит имал лаври. Таму се занимавале само со Исусова молитва. Седеле на столчиња по цели ноќи и денови. А срцето не се отвора. Ретко на кого му се отвора. Срцето и умот меѓусебно се поврзани. Кога умот е чист и срцето е чисто. И кога срцето е чисто, тогаш и умот ќе биде чист. Треба да се учи молитвата да се твори во градите, со зборови, во грлото, каде поминува воздухот до белите дробови. На тоа место треба да се држи умот. Преподобниот Никифор според ,,Добротољубието” учи: ,,треба со умот да се слегува во срцето и тогаш срцето ќе се отвори”. А потоа кажува вака: ,,Ти многу си се трудел, но срцето не ти се отвори. Јас ќе ти покажам друг начин. Тоа е словесноста”. (А словесност – тоа е душевен елемент, т.е. тој е раздразлив, желбен (волев) и мисловен). ,,Словесноста се наоѓа во градите. Затоа умот држи го во градите и ќе ти се отвори срцето”. Значи, преподобниот Никифор, кажува: ,,Исусовата молитва творете ја словесно”. А јас словесноста ја сфаќав вака: словесност – тоа е мисловен елемент. Потоа преминувате на срцето, тоа е под гркланот. Кога ги читаме псалмите, ја твориме молитвата или се советуваме сами со себе, тоа го правиме во словесноста. А потоа доаѓа срцето. Со умот учиме. Постојат три говори: говор на главата, говор на срцето и душевен говор.
Правилно ли е?
- Правилно е. Само што тоа е мошне тешко да се разликува.
- Јас тоа го сфатив вака: постои словесност во градите, а постои и словесност во главата. Она што го учиме со главата го запаметуваме. А еве уште што сум сфатил: во нашата глава е способноста за узнавање – знаење (научување, запознавање). Со умот узнаваме, со умот и запаметуваме. А способностите на срцето се да сфаќа (спознава) и чувствува. Умот не може да сфаќа, тој само може да узнае (научи, запознае). А сфаќа само срцето. Тоа се способностите на срцето. Дали моето сфаќање е правилно?
- Мене така ми изгледа. Да. Но медицината со тоа нема да се согласи. Имам пријател кој се занимава со медицина. Тој ме прашува што значи кај вас тоа со срцето. Таму во срцето нема ништо. Срцето - тоа е пумпа.
- Ние со срцето се молиме. Со срцето спознаваме. А со умот само знаеме дека се молиме. Ако се молам, јас тоа го знам, јас тоа го чувствувам. Се доведувам себе до сознание за тоа. А дури потоа се јавуваат чувствата.А кога ќе се појават чувствата, тогаш веќе и солзите доаѓаат. Без сознание, без чувства, ни солзите не се појавуваат.
- Значи, со срцето треба да се спознава дека во молитвата Му се обраќаш на Господ.
- Ако ти само знаеш дека се молиш на Господ, тоа е едно. А кога со срцето ќе го спознаеш тоа, тогаш чувствуваш дека Му се обраќаш на Самиот Господ.
- Значи ли дека човек веќе не се моли со срцето ако во време на молитвата заборави на тоа дека Му се обраќа на Бога?
- Кога се обраќа со срцето, тој се моли и има срдечна молитва. А ако не спознава дека се обраќа кон Господ, тогаш тој се моли само со главата. Знае дека Бог е, и помни дека се обраќа кон Бог, но не спознава. А свеста во човекот го буди и чувството. А кога ќе дојде чувството, тогаш тој и ќе заплаче. Тогаш започнува вистинското покајание. Тогаш се сознаваат гревовите и човекот искрено почнува да се кае. Со крик се обраќа кон Господ: прости, прости, помилуј! Сe затвора во срцето. Господ така н# создал: ни дал срце – ,,животот наш”. Ако човекот се доближи до срцето, согледува дека ,,срцето е длабоко”, како што е напишано во Псалтирот (Пс. 63, 7). Спушти го умот од главата во срцето. Лесно е да се спушти, но не и да се задржи: умот како затворач (плута) избива од срцето! А за да го задржиме потребно е во почетокот да го држиме во словесноста (во собраност) – умот треба да се држи на површината на срцето, а не во длабочината. Во длабочината како веќе
да се открива, додека на површината с# уште не е откриено. Согледајте ја разликата: едно е – површина на срцето, а друго – длабочина!
…Од срцето излегуваат зли помисли и го осквернуваат човекот – помисли желбени, раздразнителни и мисловни. Сите страсти се таму. Во срцето како да има рана од гревот. Тоа е залог демонски. Тој ја нанесе раната: тоа е страста. А помислите настануваат од предлози. Предлогот дури и не е грешен… Кога се молиш ,,Господи Исусе Христе…”, предлозите ги убиваш со Исус Христос како ,,младенци (пород) од камен” (Пс. 136, 9). Само што ќе се појави во умот помисла, предлог, а ти почнеш…,,Господи…”, ги убиваш тие ,,младенци”. А ако & допуш-
тиш да влезе подлабоко, ако не внимаваш на зборовите на молитвата, туку размислуваш, тоа веќе ќе биде разговор, потоа прифаќање, соединување, а потоа заробување и тогаш веќе страст. Ете како помислите се зачнуваат, а ти со молитва го убиваш предлогот како ,,младенец од камен”, штом се појави.
- А што е тоа заробување? За што тука станува збор?
- Најпрво се појавува предлог, потоа – разговор со таа помисла, па прифаќање. А соединување е кога си се согласил со помислата. Потоа, кога си се согласил, веќе е заробување. Ѓаволот веќе те зел како заробеник. Повеќе не можеш да ја оставиш помислата. Тој те тера да размислуваш за таа помисла. И тогаш се образува веќе страста. Човекот веќе се навикнал и не може без тоа да живее. Размислува, размислува… Цело време живее во помисли. И тогаш кога се моли тој има помисла. Предлозите веднаш убивај ги, како ,,младенци од камен”. Со тие помисли не треба да се собеседи. - Ми се случуваше на молитва, да не ми се дава да ја доведам молитвата до крај, т.е. да почнам: ,,Господи Исусе...”, а потоа забележувам дека се наоѓам некаде на друго место, а не на молитва. Молитвата не ја доведував до крај, се наоѓав во некаква слика, нешто гледав.Еднаш ми се појави слика, како некој пајак. Се обидов да се извлечам од тоа и со молитвата да почнам од почеток, но и таму наидував на исто. Сигурно не сфаќав во потполност што се случува, па требаше ли тука да станам и да правам поклони?
- Да, може поклони…Тука демонот се сопнува.И мене ми се случува тоа: не си ги изговорил ни зборовите ,,Господи Исусе Христе…”. Демонот не дозволува, сопнува…
- Но ова се случува несвесно. Како да спијам, но тоа не е сон. Ми се чинеше дека таквата состојба трае премногу долго, десет минути, а дотогаш кажуваш дветри молитви. Како да се бориме против тоа? Дали е тоа сопнување?
- Сопнување. Треба со умот да се обраќаме кон Господ. Не треба просто да се изговараат зборовите. Самиот Господ треба да се види во молитвата. Нашето назначение е да бидеме како ангели. Ангелите непрестајно гледаат на Господ, и ние треба кон тоа да се стремиме, со умот во зборовите да го гледаме Господ, Него да Го гледаме. А ако со умот изговараме само зборови, а не гледаме на Господ, тогаш тоа не е доволно за молитва.
- Но тоа гледање треба да биде без-образно (без лик)?
- Без-образно. Со духот. Бог е дух. Тој & објасни на самарјанката дека луѓето ќе Му се поклонуваат на Бога во духот. Така и ние се молиме на Господ со духот. А како се случува ова? Кога јас се обраќам кон Господ, тогаш веќе верувам и чувствувам дека гледам на Господ и дека Господ на мене гледа. Господ непрестајно ме гледа. Во ,,Добротољубието” има една убава изрека: Бог нас секогаш н# гледа, а човекот гледа само тогаш, кога не гледа ништо освен Господ. Тогаш тој може и да Го слуша Него. Тоа е мала фраза на Илија Индикт од ,,Добротољубието”.
- Треба да биде јасно како треба да се претстои пред Господ во време на молитвата, за да не дојде до абуни.
- Треба да се гледа Господ, да се гледа со вера. а Господа гледаш и веруваш дека Господ тебе те леда. Со духот моли се, со духот! Бог бара такви поклоници, ои се поклонуваат во духот. Бог е Дух, треба а Му се поклонуваме во духот, и луѓето ќе Му се поклонуваат о духот. И ние во својот дух Му се молиме на ога-Духот. Нашиот дух се соединува со Бога. Кога со ера се обраќаме кон Духот-Бог, тогаш Господ нe гледа духот човечки се соединува со Духот Господов во
време на молитвата.
- Како да се направи ова?
- Со вера. А најдобро е молитвата да се соедини
со дишењето. Тоа е многу добро. Кога вдишуваш, ја привлекуваш
благодатта Божја во себе. Кога издишуваш,
се храниш со благодатта Божја, ја вкусуваш благодатта
Божја. Сето тоа со вера се совршува…
- Што се случува кога издишуваш?...
- Кога издишуваш, вкусуваш благодат. Просиш
милост Божја… ,,Господи Исусе Христе” – така ја привлекуваш
благодатта, а кога издишуваш ,,помилуј
ме” – веќе кон тебе доаѓа милост, веќе ја вкусуваш, милост
Божја вкусуваш. Сето тоа со вера се прави. Апостол
Павле кажал дека ,,со срцето веруваме, а со устата
исповедаме”. Господ е, вели, блиску до тебе: во твоето
срце, и во устата твоја. Кога изговараме: ,,Господи Исусе
Христе” во тоа име е Самиот Господ, како што кажува
Апостол Павле. С# се содржи во верата и во вниманието.
- Тоа треба ли само да се роди, со труд, со работа,
со молитва?
- Вежбај се во тоа. И така секогаш кога се молиш,
постојано обраќај се кон Господ. Духот твој треба да се
обраќа кон Господ. И да го чувствува Господ. Тогаш ќе
добиеш одек, одговор. Милоста те посетува. Сето тоа се
совршува со вера, со вера и принудување. Ете тоа е делото!
,,Господи Исусе Христе, помилуј ме!” Тоа е многу
добра молитва. Од едно произнесување на таа молитва
веќе чувствуваш вкусување на милост Божја. А понатаму
уште повеќе. Ако ја произнесуваш со внимание. И
во време на молитва, ако ја поминеш цела бројаница…
тогаш ќе дојдат солзи… ќе пријде умиление… ќе се
појави топлина во срцето.
- Само, тешко е тоа - со внимание.
- Внимание. Труди се да го задржиш вниманието
на зборовите на молитвата. Тогаш ни помислите нема
каде да влезат, бидејќи вниманието е зафатено со зборовите
на молитвата.
- Се случува молитвата да тече, а помислите да
одат паралелно со неа.
- Тие не може да влезат. За нив нема место.
Само што си кажал: ,,Господи”, веднаш по тоа следува:
,,Исусе”… и таа нема каде да влезе.
- Тие сепак одат по ред (една по друга)!
- Молитвата ги убива. Името Исусово ги убива.
Не можат тие ништо. Само што ќе се појави предлогот
– и името Господово го убива.
- Свеста некако лесно се оддалечува од молитвата.
Остануваат зборовите, но внатре во тие зборови
има други мисли.
Со срцето биди свесен што произнесуваш. Не
само со умот слушам и разбирам дека произнесувам
зборови. Не! Со свеста. Свеста кај нас се наоѓа во срцето.
Тоа е чувство на срцето. Кога произнесуваш зборови,
тоа осознавај го (освестувај го), за да ги почувствуваш…
Треба, треба да се вежба. Преку ден, во мешаница тоа е
невозможно. А еве преку ноќ, или во некое друго одредено
време, треба со ова да се занимаваме половина час. И со
поклони. На секоја молитва направи поклон. Може да
се молиме и вака: на секое топче по еден збор. За секој
збор по едно топче. Тоа за вниманието е многу полезно.
По половина час - една ноќ, друга ноќ, трета… И малку по
малку ќе се научиш на внимание.
- А на кој начин е возможно да се занимаваш со ова
во мешаница?
- Во мешаница е невозможно. Потребно е само смирение:
по-ми-луј ме, Господи.
- Дали е возможно да се подготвуваме за оваа
вечерна молитва?
- Вечерната молитва тебе ќе те подготви, така
и преку ден со вниманието ќе го одбиваш сето ова. Ноќ-
ната молитва тебе те подготвува за дневната. Тогаш и
преку ден ќе ги одбиваш разните разговори или средби.
Со тоа треба секогаш да се бориме. Долу вам тоа ви е
тешко… Смирение, свест и покајание. И непрестајно:
,,Прости, Господи, што живеејќи во светот, и носејќи тело,
од ѓаволот сме опрелестени…” И што и да правиш, кон
милоста Божја обраќај се со смирение. Проси од Господа
простување. Што и да правиш: - ,,…немоќен сум”.
- За оние што живеат во светот најтешко е да го
очистат умот, бидејќи се занимаваат со секакви мисли.
Најтешко од с# е некако да се смириме, да се сосредото-
чиме пред молитва...
- Тоа е возможно само ноќе. Ноќта се завршува
некаде после 12 часот. Денот е подолг. Во светот во 11 часот
с# уште разговараат по телефон, а легнуваат во 12.
Така ноќта им поминува во телефонски разговори… Па
и кај вас веројатно е како во светот… Кај нас е вака: кога
ќе зајде сонцето, почнува ноќта. Тогаш ние се затвораме
и тогаш се молиш! Кога ќе се замориш - здивнуваш и си
прилегнуваш. Ако се расониш - повторно на молитва.
Тука никој не пречи.
- Но, ѓаволот може да пречи.
- Многу пречи. Сопнува, не дава дури ни да се
изговара Исусовата молитва. Јас сакам непрестајно со
умот да ја изговарам Исусовата молитва, а тој ме сопнува…
Така и да не ја изговориш.
- И што да се прави тогаш?
- Еве што. Почни да правиш поклони. Треба добро
да се раздвижиш. А тебе те напаѓа: „легни и спиј…” И
само што ќе легнеш - кошмари. Така тој ти испраќа кош-
мари, за кога ќе се расониш, да не можеш да се собереш:
дали тоа било најаве или во сон? Често, скоро секоја ноќ
го сонував покојниот Серафим.
- Еден човек ме молеше да прашам што да се прави
кога вниманието е насочено на Господ, а заедно во исто
време се појавуваат и хулни помисли.
- Хулни помисли? Нив ги испраќа ѓаволот. Тие
помисли убивај ги со Исусовата молитва.
- Но тој кажува дека тие помисли му се појавуваат
токму во време на Исусовата молитва. Што тогаш да се
прави?
- Обраќај се кон Самиот Господ. Гледај на Господ.
Таа хула на Бога е од ѓаволот. А ти плукни на ѓаволот.
Не им верувај на тие помисли. Тој во нашиот ум така ги
преобразува што нам ни се присторува дека потекнуваат
од нас. Тој зборува преку нашиот ум, преку нашите
помисли. Не обрнувај внимание на тие помисли.
- Но, човекот се ужаснува кога ќе види што с# во
неговиот ум е возможно.
- Не обрнувај внимание на тоа. Плукни. Речи си
себеси: ,,Тоа не го говорам јас, туку ѓаволот кој говори
преку мојот ум”.
- И понатаму да не се размислува за тоа?
- Не обрнувај внимание. Злиот дух се вовлекува во
нашиот ум, па дури и со нашиот јазик говори.
- Но, човекот сепак себе се обвинува за тоа.
- Бог тоа не го прима, Господ не го зема тоа за
вина. Човекот не греши со тие помисли. Тоа е ѓаволска
помисла. Затоа и кажи: ,,Тоа не е мое, тоа е твое”.
Плукни на ѓаволот. Ако не му веруваш брзо ќе си отиде.
Плукни на него и речи: ,,Бегај од мене, ти забранувам
со Исусовата молитва”. Внимавај на Исусовата молитва,
а на тие помисли не им верувај. Тој ќе те плаши: ,,Ете
каков си! Ете како хулиш на Бога!” Твојот одговор мора
да биде: ,,Не хулам јас, ти хулиш”. Прекрсти се и ништо
повеќе. „Не грешам јас со ова. Тоа е твое. Јас на Бога
никогаш не хулам”.
- Но ѓаволот продолжува да спори. Кажува дека
хулата потекнува од гордоста која е во тебе.
- Јас се каам. Горд сум. Господи, прости ми – јас
сум горделив. Исцели ме од гордоста. Се каам во својата
гордост. Тоа е мојата гревовност. Гордост. Униние. Суета.
Осудување. Се каам заради тоа, Господи. Прости ми
мене гордиот. Ако почувствуваш гордост, веднаш говори:
Господи, прости ми мене гордиот. Се обраќам кон
Господ. Само Тој може да ги исцели нашите страсти.
Ние сами не можеме да ги исцелиме. Тој е лекар на
душите и телата наши, Тој н# лекува. Сами не можеме да
се избавиме од страстите. Тоа треба да го сфатиме и да се
каеме. Доведувај се себеси до солзи, да заплачеш за тоа…
- Отец Никодим, во наше време многу се зборува со
неверие. Луѓето страдаат од неверие. Кога јас зборувам со
таквите луѓе, чувствувам дека не сакајќи ме заразуваат со
тој дух...
- Не треба. Владеј со себеси. Тоа е така бидејќи
ѓаволот влијае на вас. Одгонувај го со Исусовата молитва.
При разговор треба постојано да се молиме.
Прогонувај го тоа, победувај го со Исусовата молитва.
,,Тие помисли остануваат со тебе, а јас не грешам со нив.
Ти мене ме заплашуваш со тоа дека јас грешам. Јас не
грешам, затоа што тие не се мои, тие се твои”. Така говори
му на демонот.
- А се случува, кога разговараме со луѓето, особено
после долги разговори во кои се бориш, и се трудиш да
отстоиш во верата, потоа, кога ќе си заминеш од тој
човек, доаѓа униние и продолжува спорот во умот...
- Тоа е демонско влијание. Моли се на Господ и
проси да го изгони тоа од тебе. Заборави го тој разговор.
Сето тоа е ѓаволско…
- А како да се однесуваме кон човекот?
- Како кон брат. Тој е наш член.
- Колку е претешко...
- Наш член. Треба да се има љубов.
- Сакаш - не сакаш, тоа те угнетува.
- Што да правиш? Познавај ја својата немоќ и
покајувај се пред Господ Бог – јас сум немоќен. А Господ
ја прима смирената молитва. Во тоа време, веднаш и покајание
принесувај. Не тогаш кога ќе си одиш дома и се
сетиш на покајанието, туку тука, веднаш покајувај се.
…
- Ние овде го нарушуваме мирот, зборуваме
гласно...
- Овде нема никој. Георгиј е таму далеку долу, тој
не н# слуша. Стефан е уште подалеку… А јас сум глув.
Ако зборувате потивко ни јас не ве слушам. Не знам
дали повторно ќе ме видите или не. Мојот живот се
приближува кон крајот. Крајот е веќе сосема близу.
- Многу ме научивте...
- Што ве научив? Ако и ви дадов некаква поука,
подобро е тоа да го проверите, можеби сум згрешил…
Јас и самиот с# уште учам. Едноставно, јас многу сакам
да се занимавам со умносрдечна молитва. И старецот
(Теодосиј) сакаше. А тоа да се задржуваат помислите,
тоа е просто приспособување (навикнување)…
Нашиот разговор го прекина долго молчење.
Цвркотеа штурци. Од морето дувкаше ветре, а месечината
силно го осветлуваше малото парче земја, обрамено
со карпи, со црквичка, во која утре ќе се служи Божествена
Литургија. Ќе се причестиме заедно со старецот.
Старец Никодим веќе го беше подготвил малото шишенце
атонско, самоделно вино, матно и црвено како вистинска
крв. Послушникот принесе просфора вечерта. По
тесните дрвени скалички старецот н# одведе до распуканата
карпа. На крајот од шумичката – метален резервоар
со вода, за миење раце. Таму имаше ниша и постела.
Понатаму пештера – икона и кандило. Неговото пламенче
ни ги стопли срцата. Зацарува тишина.