логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Pravedniot.Jov.jpg

Околу 330 год. после Христа, свети Макариј Египетски се населил во еден скит. Полека-полека, околу св. Макариј се собрале илјадници монаси кои ги прифаќале неговите совети и зборови. Но, и многу мирјани од целиот Египет доаѓале кај овој Божји светител, за да примат плод од неговата љубов. Неговата слава се распространила по целата земја. Еден ден, во монашкото село дошле некои поклоници за да го видат авва Макариј. Се разбира, од градот му донеле една полна кошница грозје. Тие останале мошне долго кај старецот, ги чуле неговите скапоцени совети, и духовно збогатени, тргнале кон градот.

- Ова е за тебе, оче, – му рекле на заминување. Знаеме дека многу сакаш грозје. Земи го, те молиме.

Авва Макариј им се заблагодарил на поклониците и со насмевка ги испратил. Среде наугледната колиба, се наоѓала една преполна кошница со прекрасно миризливо грозје. Редок дар, бидејќи во тој крај немало ништо слично.

- Сигурно ќе биде многу слатко, – си помислил аввата и тргнал да го вкуси.

Но, како што се наведнал, здогледувајќи ги преку прозорецот колибите на останатите подвижници, почувствувал вина.

- Не е праведно јас да го задржам грозјето. Останатите отци воопшто не го ни вкусиле. Ќе го однесам на авва Петар, стар е и многу ќе му се допадне.

Така, го зел грозјето и за миг го однел кај авва Петар, кој навистина бил најстар во скитот.

- Оче, ми го донесоа ова грозје, па помислив дека многу ќе ти се допадне. Би сакал да ми сториш љубов и да го задржиш, – љубезно рекол авва Макариј.

- Ти благодарам, оче, Бог да те благослови, – одговорил старецот, и авва Макариј се вратил во својата колиба.

Авва Петар го зел грозјето и тргнал да го вкуси.

- Чекај малку, – помислил. – Другите отци воопшто не го вкусиле. Знам дека авва Исидор многу сака грозје. И без многу размислување, ја зел кошницата и му ја однел.

- Старче, ми го донесоа ова грозје. Стори ми љубов и задржи го. Знам дека многу ти се допаѓа – рекол авва Петар, нудејќи го својот дар на авва Исидор.

- Бог да те благослови, – одговорил тој и го зел. Но, ниту третиот отец не го задржал саканото грозје.

- Не е праведно да го задржам, – рекол авва Исидор и го однел на следниот отец. А тој – на следниот.

До крајот на денот, кошницата со грозјето поминала низ сите оскудни колиби и никој не ја задржал, мислејќи дека е попотребна на другиот. Кога кошницата стигнала во последната колиба, монахот кој живеал во неа, помислил:

- Грев е да го задржам ова грозје, многу му се допаѓа на авва Макариј. – и се упатил кон неговата колиба.

- Оче, прости ми, но знам дека ти се допаѓа ова грозје. Стори ми љубов и земи го.

Тогаш, авва Макариј гледајќи ја кошницата полна со грозје, недопрена, онаква каква што ја добил на почеток на денот, Го прославил Бога што скитот имал такви монаси, кои се одликувале со толкава љубов и сочувство. Во тој момент, некои монаси дошле од далеку за да земат благослов од Старецот, а тој, со радост на лицето, им рекол:

- Јадите, деца мои, од ова грозје на љубовта. Тоа е најслатко грозје на светот.

И тогаш им ја раскажал целата случка.

Извор: ГРОЖЂЕ ЉУБАВИ

Преземено од: Маран Ата

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная