логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Игумен Иларион (Алфеев)
Таинството на верата
Вовед во православно богословие
 
ilarion.alfeev.jpgБАРАЊЕ НА ВЕРАТА

Призив

Верата е пат по кој човекот чекори кон Бога. Бог го повикува кон Себе човекот, му дава некакво претчувство за Своето присуство. Човекот го слуша тој таинствен повик и се упатува кон него. Бог ги повикува сите луѓе кон Себе, но едни речиси и не го слушаат Неговиот повик, други го слушаат, но не му обрнуваат внимани, а на некои тој повик им звучи мошне силно и недвосмислено.

Евангелието раскажува дека Исус, „одејќи покрај Галилејското Море, ги виде двајцата браќа, Симона, наречен Петар, и брата му Андреја; бидејќи беа рибари, им рече: „Појдете по Мене... И тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него. Потоа, одејќи, понатаму виде други двајца браќа: Јакова Заведеев и брата му Јована... и ги повика. И тие наеднаш го оставија коработ и татка си и тргнаа по Него“ (Матеј 4:18-22). Во што е тајната на подготвеноста на галилејските рибари, отфрлајќи сè, да тргнат по Христос, Кого што го виделе за прв пат во животот? И зошто богатиот младич,  на кого Христос исто така му рекол „дојди и врви по Мене“, не се одзвал во истиот миг, туку си отишол нажален“? (Матеј 19:21-22). Не ли е причината во тоа што првите не биле приврзани кон световните богатства, додека, пак, младичот имал голем имот?

Секој човек може да има свои „ризници“ – пари или материјални добра, добра работа, задоволства или животна благосостојба. А Господ вели: „Блажени се бедните по дух, зашто нивно е Царството Небесно“ (Матеј 5:3), односно, среќни се оние коишто ги спознале своето несовршенство, својата гревовност и својата слабост, зашто, обраќајќи Му се на Бога за помош, ја спасуваат својата душа.

Словото за верата никогаш не било лесно за восприемање. Но, во наше време луѓето се до таа мера зафатени со остварувањето на својата земна благосостојба, што многумина речиси никогаш не помислуваат на Бога и не се загрижуваат за својата душа. Понекогаш религиозноста се сведува на празнување на Божиќ и Велигден и на придржување на три-четири обреди, со цел „да не се заборави коренот“, националната традиција. Понекогаш религијата станува „мода“, и во храм се оди затоа што тоа го прават соседите. Но, главното нешто за многумина останува деловниот живот, работата. „Деловните луѓе“ се особено поколение луѓе од XX век, за кои не постои ништо друго освен нивната сопствена функција во некаква „зделка“, некаков бизнис, кој целосно ги преокупира и не им остава ни најмала комоција или временски простор, потребни за да го слушнат Божјиот глас.  
Па сепак, колку и да звучи парадоксално, среде вревата на работата и виорот на настаните и впечатоците, луѓето понекогаш во своето срце го слушаат таинствениот Божји призив. Овој призив не секогаш се чувствува како да доаѓа од Бога, туку понекогаш се прима со нејасно чувство на некакво незадоволство, внатрешен немир и тага. Човековата душа се измачува од суета, сака да се извлече од тињата на гревот, но не разбира јасно каде да појде. И дури по многу години човекот спознава дека неговиот претходен живот бил безвреден и губитнички, зашто во него го немало Бога, без Кого нема и не може да има среќа. „Ти нè создаде за Себе – вели блажениот Августин – и неспокојно се измачува нашето срце додека не се успокои во Тебе.“ 

Божјиот призив може да се замисли како стрела со којашто Бог, како искусен ловец, ја ранува човековата душа. Раната што крвари и не зараснува ја тера душата, којашто заборава на сè друго, да бара исцелител. Душата на оној што го слушнал призивот ја обзема горлив стремеж спрема Бога. „И помислите на таквата душа – пишува преподобниот Макариј Египетски – горат со духовна љубов и незадржлив копнеж кон сè пославни и посветли убавини на духот, се истоштуваат од незапирлива љубов кон небесниот Младенец и... се пробиваат кон највозвишеното и највеличественото, коешто не може ниту со зборови да се искаже, ниту со човечки разум да се разбере... Со голем напор, усилби, долготрајно подвижништво и совршена борба... таквите души секогаш се насладуваат со небесни духовни таинства и се воодушевуваат од разнообразието на Божјата красота, и со голем жар го бараат подоброто и повеличественото. Зашто, Божествениот Дух е исполнет со разнообразна и неисцрпна, неискажлива и непојмлива красота, којашто се открива на достојните души за нивна радост и насладување, за живот и утеха, за чистата душа, којашто постојано копнее со најсилна и огнена љубов по небесниот Младенец, никогаш веќе да не се обѕира на земното, туку исцело да биде обземена со стремежот кон Него.


Многуобразност на патиштата

Луѓето Му приоѓаат на Бога по разни патишта. Понекогаш средбата со Бога е ненадејна и неочекувана, понекогаш – подготвувана по долги барања, сомнежи, разочарувања. Во едни случаи Бог го „пресретнува“ човека, запирајќи го ненадејно, во други – човекот самиот се обраќа кон Него. Тоа обраќање може да се случи порано или подоцна, во детството или во младоста, во зрело доба или во староста. И нема двајца луѓе коишто дошле до Бога по ист пат. И нема таква проверена патека по која човек би можел да оди после некој друг. Секој тука се јавува како првоминувач, и секој е должен да го измине токму својот пат којшто води кон Бога.

Еден од примерите на ненадејно обраќање е – апостолот Павле. До своето апостолство тој бил правоверен Евреин и го мразел христијанството како штетна и опасна секта: „дишејќи со застрашување и убиства“, тој тргнал за Дамаск со намера да ì нанесе големо зло на новата Црква. Но, кога се наближи до градот, „наеднаш го обзеде светлина од небото; и, откако падна на земја, чу глас што му зборуваше: Савле, Савле, зошто Ме гониш?  А тој одговори: Кој си Ти, Господине? А Господ му рече: Јас сум Исус, Кого Го гониш ти.“ (Дела 9:1-5). Ослепен од Божествената светлина, Савле го изгубил видот – три дена бил слеп, и не јадел и не пиел. А потоа го примил Крштевањето, прогледал и станал Христов апостол – оној којшто требало повеќе од сите други  да се потруди во проповедањето на Евангелието (1 Коринтјаните 15:10). И истиот миг по своето Крштевање тој тргнал да Го проповеда Оној Христос, чии следбеници ги прогонувал пред тоа.

А еве пример на еден наш современик – митрополитот Сурошски Антониј. Во детството тој бил неверник, а тоа што го слушал за Христос не поттикнало кај него никакви симпатии спрема христијанството.  Меѓутоа, потресен од една проповед на некој свештеник, тој решил да alfeev8.jpgпровери дали христијанството навистина е толку непривлечно, како што му изгледало. Тој го зел Новиот Завет, го избрал најкраткото од четирите Евангелија – за да не губи многу време – и почнал да чита. „Додека го читав Евангелието според Марко, – раскажува самиот тој, – меѓу првата глава и почетокот на третата наеднаш почувствував дека од другата страна на масата, на која седев, стои Некој – невидливо, но апсолутно забележливо. Ги подигнав очите, но никого не видов, ништо не слушнав, немав никакви сетилни перцепции. Па сепак бев апсолутно убеден дека од другата страна на масата стои Исус Христос... Од тој миг во мене започна целосна преобразба... Почувствував дека во животот не можам да имам никаква друга задача, освен задачата како со другите да ја споделам таа радост којашто го преобразува животот, радост којашто ми се откри во познанието на Бога и на Христа. И тогаш, уште како момче, во секоја прилика, во школските клупи, во метрото, во детските одморалишта јас говорев за Христос каков што мене ми се отркил: како живот, како радост, како нешто толку ново што сè возобновува... Би можел да кажам, заедно со апостол Павле: „тешко мене, ако не проповедам“ (1 Коринтјаните 9:16). Тешко, зашто ако не благовестам за тоа чудо, тоа би претставувало престап пред Бога, Кој го извршил тоа чудо, и пред луѓето, коишто по целата земја денес очекуваат живо слово за Бога, за човекот, за животот...“

Помалку ненадејно, но не помалку неочекувано било и обраќањето кон религијата на францускиот едриличар Бернар Муатесје. Како учесник на една трка околу светот, по која победникот го очекувала голема парична награда и светска слава, тој самоуверено се движел кон целта и сите шанси за победа биле на негова страна – во Англија веќе му подготвувале величествен пречек. Неочекувано за сите, тој ја сменил маршрутата и ја насочил јахтата кон бреговите на Полинезија. Дури по неколку месеци се дознало зошто ја напуштил трката. Наоѓајќи се долго време сам со океанот и со небото, тој сè подлабоко размислувал за смислата на животот, и сè понепривлечна му изгледала целта којашто настојувал да ја достигне – пари, успех, слава. Во океанот тој го почувствувал дишењето на вечноста, го почувствувал Божјото присуство и веќе не сакал да ì се врати на обичната световна суета.

Се разбира, воопшто не значи дека обраќањето кон Бога секогаш се одвива ненадејно и неочекувано: најчесто човекот долго бара, пред да го стекне тоа што го бара. Блажениот Августин морал да мине низ многу заблуди и искушенија, да прочита множество философски и богословски книги за да – веќе на триесет и три години – разбере дека не може да живее без Бога. Во нашето време некои луѓе почнуваат да бараат апстрактна „вистина“ преку книги, па сепак доаѓаат до Бога откриен како Личност. Понекогаш до христијанството се доаѓа по заобиколен пат – по разочарувањето, на пр., во источните учења или во некоја друга религија. Некои доаѓаат до Бога по преживеана катастрофа: губиток на близок, грижа, болест, губење надеж... Во несреќата човек ја чувствува својата слабост, сфаќа дека сè изгубил и дека нема никого и ништо освен Бога. Тогаш тој може да повика кон Бога de profundis – од длабочините (Псалм 129:1), од бездната на болката и на безнадежноста.

Обраќањето кон Бога може да се случи и благодарение на средба со човек кој вистински верува – свештеник, побожен мирјанин. Христос рекол: „Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да го прослават вашиот Отец небесни“ (Матеј 5:16). Кога христијаните би сјаеле со Божествената светлина, кога во нивните очи би се отсликувала Божествената љубов, тоа би било најдобро сведоштво за Бога и доказ за Неговото постоење. Едно момче решило да Му го посвети својот живот на Бога откако видел свештеник кој се преобразил пред неговите очи, слично на Христос на Тавор, и блеснал со небесна светлина...

Постои и таканаречен природен пат кон Бога: дете се раѓа во побожно семејство и израснува како верник. Но, дотолку повеќе, верата – макар и да е стекната од родителите – мора да биде осмислена или претрпена од самиот човек, мора да стане дел од неговото лично искуство. Познати се случаи кога од религиозни, па дури и од свештенички семејства произлегувале атеисти: доволно е да си спомнеме за Чернишевски и Доброљубов, коишто потекнувале од духовна средина, но раскинале со религиозноста на своите претци... Човек не се раѓа како верник. Верата се добива со усилба и со добродетелен живот.


Философијата го бара Творецот на вселената

Во текот на сета своја историја, кај човекот бил присутен стремежот да ја најде вистината, да го осмисли своето постоење. Во античка Грција философите се занимавале со истражување на универзумот и на неговите закони, а исто така и на човекот и на законите на неговото мислење, надевајќи се на тој начин да го стекнат сознанието за првопричината на сите нешта. Философите не само што се препуштале на расудувањето и на логиката, туку ги изучувале и астрономијата и физиката, математиката и геометријата, музиката и поезијата. Сеопфатното спознание го поврзувале со аскетскиот живот и со молитва, без кои е невозможно да се постигне очистувањето на умот, душата и телото – катарза.

Изучувајќи го видливиот свет, на философите им се наметнувал заклучокот дека во Вселената нема ништо случајно – секој детал има свое место и исполнува своја функција, потчинувајќи им се на строгите закони: планетите никогаш не се отклонуваат од своите орбити, а сателитите не ги напуштаат своите планети. Во светот сè е толку хармонично и целисходно, што древните философи го нарекле „космос“, односно красота, ред, хармонија, спротивно на „хаосот“ – безредие, дисхармонија. Космосот изгледал како огромен механизам во кој дејствува еден ритам кој никогаш не се нарушува, еден пулс кој никогаш не се менува. Но, секој механизам мора да е создаден од некого, секој часовник мора да е конструиран од некого и навиен. Така философите по дијалектички пат дошле до идејата за единствен Устроител на Вселената. Платон го нарекувал Творец, Отец, Бог и Демиург – последниот термин означува Деец, Мајстор (Господар). „Сè што постои бара некаква причина за своето постоење – пишува Платон. – Се разбира, не е лесно да се бара Творецот и Отецот на Вселената, а и ако Го најдеме, за него не треба да им раскажуваме на сите... Космосот е прекрасен, и неговиот Демиург е добар... Космосот е – најубавото од постоечките нешта, а Демиургот – најдобрата од причините... Бидејќи е добар, Тој се погрижил за сите видливи ствари, коишто не мирувале, туку се движеле несредено и хаотично; Тој ги привел од безредие во ред.  

Платон живеел во земја во која владеел политеизмот: луѓето ги обоготворувале стихиите и силите на природата и им се поклонувале. Формално, философијата не ги отфрлила боговите, меѓутоа признавала постоење на највисок Разум кој е над сите богови. Во космологијата на Платон, боговите имаат функции коишто донекаде се слични на функциите на ангелите во монотеистичките религии: Демиургот ги создал и им заповеда, а тие Му служат според Неговата волја. Сакајќи да создаде луѓе, Творецот им се обраќа на ангелите: „Богови на боговите! Јас сум вашиот Демиург и Отец ваш, а она што ќе произлезе од Мене ќе биде неуништиво, зашто таква е Мојата волја.“ Потоа Тој им ја дава првосоздадената материја и нарачува од неа да создадат луѓе... Фактички, античката философија, во лицето на своите најдобри претставници, го надминува политеизмот, доближувајќи се до вистината за едниот Бог.

Философите, исто така, говореле и за Логосот (грчки logos означува „збор“, „разум“, „мисла“, „закон“), кој првично се восприемал како некој вечен и сеопшт закон, врз чија основа е устроен сиот свет. Меѓутоа, Логосот не е само апстрактна и замислена идеја: тоа, исто така, е божествена творечка сила, којашто посредува меѓу Бога и создадениот свет. Така учел Филон Александриски. Кај Плотин, претставник на неоплатонската школа, философијата речиси целосно се претвора во религија – тој ја нагласува трансценденталноста, безграничноста, неограниченоста и неспознатливоста на Божеството: никакви термини и дефиниции не можат да Го искажат целосно, и Нему не можат да Му се припишат никакви својства. Бидејќи ја има полнотата на постоењето, Едниот (така Плотин го именувал Бога) ги раѓа сите други видови на постоење, од кои првото е Умот, а второто – Светската Душа; вон границите на кругот на Светската Душа лежи материјалниот свет, односно Вселената, во која Душата вдахнува живот. На тој начин, светот претставува некаков одраз на божествената реалност и во себе ги носи цртите на красотата и на совршенството. Едниот, Умот и Душата заедно ја сочинуваат Божествената Тријада (Троица). Преку очистувањето – катарзисот, човекот може да се издигне до созерцување на Бога, но Бог сепак останува недостижен и непристапен, останува тајна.

Античката философија по пат на дијалектика се доближува до оние вистини коишто дефинитвно ќе бидат откриени во христијанството – за еден Бог, Творец на светот, за божествениот Логос – Синот, за Света Троица. Не случајно ранохристијанските писатели ја нарекувале философијата „христијанство пред Христа“. „Макар што елинската философија не ја содржи вистината во сето свое величие... таа сепак го расчистува патот кон Христос“ – вели Климент Александриски. Голем број отци и учители на Црквата дошле до христијанството преку изучување на философијата, или, во краја мера, секогаш се однесувале со голема почит спрема неа: свештеномаченикот Јустин Философ, Климент Александриски, блажениот Августин, светителите Григориј Ниски и Григориј Богослов. Во предворјата на древнохристијанските храмови, напоредо со мачениците и светиите, се изобразувале и Сократ, Платон и Аристотел како предтечи и предвесници на вистината...


Богооткриена религија

alfeev7.jpgПовеќето народи од предхристијанското време живееле во темнината на многубожието. Доколку и имало одделни светли умови, слични на грчките философи, способни да се извлечат од стегите на политеизмот, сепак нивните визии за единствен Бог најчесто останувале само досетки на спекулативното расудување, и идејата за Бог Творец им изгледала далечна и апстрактна. Некои од нив сметале дека Бог само ја устроил Вселената од постоечката материја, само го „пуштил во движење“ механизмот, по што веќе не се мешал во животот на луѓето, препуштајќи ì сè на волјата на судбината – fatum.

Но, постоел еден избран народ на кој Бог му доверил скриено знаење за Него, за создавањето на светот, за смислата на постоењето. Древните Евреи го знаеле Бога не по книгите и не по расудувањата на мудреците, туку по личното многувековно искуство. Тие ни ја оставиле Големата Книга – Библија, којашто не е измислена од луѓе, туку е дадена одозгора, преку непосредно откровение од Бога. Ное, Авраам, Исаак, Јаков, Мојсеј, Илија и голем број други праведници и пророци не само што размислувале за Бога и Му се молеле – тие Го виделе со свои очи, разговарале со Него лице в лице.“ ... Му се јави Господ на Аврама и му рече: Јас Сум Бог твој, оди пред Мене и биди непорочен! И ќе направам завет меѓу Мене и тебе: ќе станеш татко на многу народи. Ќе ти бидам Бог тебе и на потомците твои по тебе.“  (Битие 17:1-7). Евреите го викале Бога „Бог на татковците“, односно Бог на предците, и свето го чувале заветот што им бил доверен на нивните татковци.

Сите откровенија на Бог во Стариот Завет носат личен карактер. Бог не му се открива на човекот како апстрактна сила, туку како живо Битие – Битие Коешто зборува, слуша, мисли, помага. „А Господ му рече на Мојсеја: Еве, Јас ќе дојдам кај тебе во столб облачен, за да чуе народот, како ќе зборувам со тебе, па да ти поверува засекогаш... А третиот ден, пред осамнувањето, загрме и молњи засветкаа, и настана густ облак над гората Синајска, и затруби труба со многу силен глас, така што затрепери сиот народ... А гората Синајска целата беше во дим, зашто Господ беше слегол над неа во оган; и дим се креваше од неа, како дим од печка, и се уплаши сиот народ; и гласот на трубата стануваше сè посилен. Мојсеј зборуваше, а Господ му одговараше гласно. ... Тогаш Господ Бог ги кажа сите овие зборови кон Мојсеја, велејќи: Јас сум Господ, Бог твој... Немој да имаш други богови освен Мене!... И народот стоеше подалеку, а Мојсеј појде кон мракот, каде што беше Бог.“ (Излез 19:9-19; 20:1-21). Мракот и облакот во овој случај означуваат тајна: Бог, макар и да му се јавува на човекот, сепак останува таинствен и неспознатлив. Никој од луѓето не смееле да се приближат до Синајската гора, „за да не умрат“ (Излез 20:19), зашто човек не може да го види Бога и да остане жив (Излез 33:20). Односно, макар што Мојсеј Го видел Бога, Кој примил вид достапен за човеко восприемање, Неговата суштина во принцип е неспознатлива.   

Бог зема живо и активно учество во животот на еврејскиот народ. Кога Мојсеј го изведувал народот од Египет во ветената земја, Самиот Бог во огнен столб како да одел пред народот. Бог пребива меѓу луѓето, комуницира со нив, живее во преносен храм-шатор којшто тие го направиле за Него. Кога царот Соломон го завршил градењето на камениот храм во Ерусалим, тој Го повикал Бога и Го молел да живее во новиот храм. Тогаш „облак го исполни домот Господов; и свештениците не можеле да стојат на служба поради облакот, бидејќи светлината Господова го исполнила храмот Господов. Тогаш Соломон рече: Господ благоволи да живее во магла; ти изградив храм Тебе за живеалиште... Но, зар Бог ќе сака да живее на земјата! Небото и небото на небесата не Те собираат, а уште помалку овој храм, што сум го изградил јас... но погледни милостиво кон молитвата на Твојот слуга и кон молбата негова... Да бидат очите Твои отворени кон тој храм дење и ноќе, кон ова место, за кое си рекол: Моето име ќе биде таму... При секоја молитва, при секоја молба што доаѓа од кој и да било човек од сиот Твој народ Израилски, кога ќе почувствуваат болка во срцето свое и кога ќе ги подадат рацете кон овој храм, чуј од небото, од местото на Твоето живеалиште, и смилувај се“ (3 Царства 8:10-13, 27-29, 38-39). И Бог, кој живее во магла, односно во тајна, Кого што не можат да го соберат земјата и небото, односно видливиот и невидливиот свет, доаѓа при луѓето и како да живее меѓу нив.

Во богооткриената религија следново нешто е најзапрепастувачко: Бог останува под превезот на тајната, останува непознат, но сепак толку близок до луѓето коишто Го бараат, што тие можат да го нарекуваат „наш Бог“ и „мој Бог“. Тоа е бездна којашто лежи меѓу Божјото откровение и сите достигнувања на човековата мисла: Богот на философите останува апстрактен и нежив, а Богот на откровението – жив, близок и личен. И едниот и другиот пат водат кон сфаќањето дека Бог е неспознатлив и дека е тајна, но философијата само го доведува човекот до подножјето на гората, додека, пак, богооткриената религија го води кон врвот, кадешто Бог живее во мракот; таа како да го внесува во самиот облак, односно, надвор од сите зборови и заклучоци на разумот, ги подоткрива пред него Божјите својства.

Подготви: д-р Драган Михајловиќ

Посети: {moshits}

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная