логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 Korica.MolitvapatkonBoga.jpg


Свети Игнатиј Брјанчанинов е роден на 5-ти февруари 1807 година, во селото Покровск во Вологодската Губернија. На крштевањето го добива името Димитриј, во чест на месниот почитуван светител, Божјиот угодник, преподобен Димитриј Прилуцки, чијшто спомен Православната Црква го празнува на 11-ти февруари. Тој бил роден во семејство на образовани и достојни родители и неговата фамилија била од родот на руските дворјани Бренко. Димитриј бил најстар од децата и се одликувал со благочестив карактер, внимателност и љубов кон помладите браќа и сестри. Родителите ја поставиле за своја цел образованието на своите деца, така што младиот Брјанчанинов се запишува на Инженерското училиште. Откако го завршил училиштето, Димитриј, и покрај несогласувањата од родителите, заминува кај старецот Леонид во Александро-Свирскиот манастир во 1827 година, при навршувањето на своите 21 години.
 
Неговиот монашки потстриг бил извршен во Вологд, од страна на владиката Стефан, на 28-ми јуни 1831 година во катедралниот Воскресенски собор. Притоа тој го добива монашкото име Игнатиј, во спомен на свештеномаченикот Игнатиј Богоносец, чиј спомен се празнува на 20-ти декември и 29-ти јануари. Наскоро, на 4-ти јули, бил ракоположен во јероѓакон, а потоа, на 25-ти јули, во свештенички чин. На дваесет и пет годишна возраст тој бил назначен, од страна на владиката Стефан, за настојател при Пељшемскиот Лопотов манастир.
На Гви јануари 1834 година игуменот Игнатиј бил произведен, во Казанскиот собор, во чин архимандрит и тука го примил настојателството при Сергиевата пустина, на брегот на Финскиот залив. Тој извршува препород на овој манастир и за малку време, во 1837 година, бројот на монасите од осуммина достигнува 42 луѓе, иако за сето време тој бил со многу нежно здравје и постојано боледувал.
Хиротонијата за епископ била извршена во Казанскиот собор во Петербург на 27-ми октомври 1857 година, а во почетокот на 1858 година епископ Игнатиј доаѓа на својата катедра на Северен Кавказ, во градот Ставропол. Меѓутоа, по сопствено барање тој бил ослободен од епископските должности и во 1861 година заминува во Николо-Бабаевскиот манастир во Ставропол на заслужно тихување. Тука тој ја завршува работата над своите книжевни дела.

sv.Ignatij.Brjancaninov2a.jpg
На Светлото Христово Воскресение 1867 година, на 16-ти април, владиката Игнатиј со големи болки ја извршува својата последна Литургија. Тој заминува при Господа во неделен ден, на 30-ти април, во Неделата на жените мироносици.
Прославувањето на свети Игнатиј Брјанчанинов и неговото вбројување во соборот на светиите на Православната Црква е извршено во 1988 година на Јубелејниот Собор на Руската Православна Црква, по повод 1000 години од крштевањето на Русија.
Со книжевното духовно наследство на свети Игнатиј можеме да се запознаеме преку неговите собрани дела, издадени во шест томови: „Аскетски огледи" во три томови, во кое се содржи учењето за молитвата, „Аскетски проповеди и писма до мирјаните", „Придонес кон современото монаштво"; потоа статиите: „За читањето на Евангелието", „За евангелските заповеди", „За евангелските блаженства" и „За читањето на светите отци".
Првото нешто кон што се задржува свети Игнатиј во своите дела е примањето на евангелските заповеди и нивното исполнување. Овие заповеди се должни да станат не само составен дел туку и живот на христијанинот. Првото нешто, со што треба христијанинот да го започне својот подвиг, е усвојувањето на духовното сиромаштво - на првата евангелска добродетел. Во своите дела тој сеопширно се задржува на Исусовата молитва, секако, во прв ред, црпејќи од својот личен опит, бидејќи самиот бил силен дејственик на Исусовата молитва. Таа е причината што токму молитвата е постојана тема што тој ја користи во својата служба на словото, односно на христијанската книжевност.
Молитвата е содржината и на делото, кое е пред Вас, почитувани читатели. Денес молитвата е насуштна потреба на живиот христијанин, за лична, соборна и жива врска со Живиот Бог. На неа, пак, не учи Рускиот Богоносец, свети Игнатиј, во ова негово книжевно дело, служејќи Му на Словото и преку службата на словото.
Сепак, да нагласиме, дел од светителскиот опус на Игнатиј Брјанчанинов, во вид на превод на првиот том од „Аскетски огледи", веќе е издаден на македонски јазик во 1998 година, во рамките на библиотеката „Слово од Водоча" од Струмичката епархија на Македонската Православна Црква, со наслов „Темели на духовниот живот". Овој пат пред македонските читатели во оваа книга се принесува живото и опитно учење за молитвата од овој свет отец на Православната Црква.

 Свештеник Игор Никовски

(Продолжува)

Извор:

Свети Игнатиј Брјанчанинов

МОЛИТВА ПАТ КОН БОГА

Издавач: Канео, Охрид

Превод: Митрополит Тимотеј

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1528
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1919
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1718
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…