логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  Во издание на  библиотеката „НЕБЕСНИ ЦВЕТОВИ“ при манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче излегоа од печат две нови книги, и тоа:   ДУШТА ПОСЛЕ СМРТТА од јеромонах Серафим Роуз и ПАТОТ НА ХРИСТИЈАНИНОТ од Арх. Рафаил Карелин.
во моментов, книгите може да се купат  во манастирот  на  св. Јован Крстител, с. Слепче и во манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче , или на контакт маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
Библиотеката “НЕБЕСНИ ЦВЕТОВИ” ги  има издадено и следните книги:
“НОВ ЗАВЕТ”
“Тајната на спасението” од арх. Рафаил Карелин
“Светињата на животот и детеубиството”
“Касијана”
“Свети Серафим Саровски”

Арх. Софрониј - „За Молитвата“

 “Свети Нифонт”

Korica.sv.Nifont.jpg


Христови дарови
 
            Во времето кога сe  уште се наоѓаше на почетокот од своето покајание - не поминаа ни три години - праведниот отец од невнимателност прими една суетна помисла: „Толку време помина топло да го молам Христа”, си рече во умот, а Тој с# уште не ми дал ни најмал дар! Изгледа не ме слуша зашто го осквернавив своето крштавање со својот блуден живот.”
            Тие помисли му донесле некаква слабост, и тој не забележувајќи, задремал како што седел.
Видел во сонот како се качил во еден огромен храм и се моли на Господа, стоејќи право, свртен кон исток и со подигнати раце.
            Одеднаш пред него се покажал некој раскошен престол кој го опкружувале Херувими, Серафими и мноштво ангели облечени во бело. На престолот седел Христос, светол, сиот блескав, пресладок…
            Нифонт подрипнал штом Го здогледал.
            - ,,Прими ја Боже, мојата молитва и не презирај го моето молење, погледни ме и услиши ме…”  - извикнал тој, подавајќи ги рацете кон Него и продолжил со остатокот од псалмот: ,,Срцето мое затрепери во мене, и смртен страв ме снајде…”
            Почнал да го моли Господа за да го порази духот на стравот, кој со него завладеал, и го оттргнал далеку од Него. А Господ ја приклонил главата, го свртил десното уво и ја слушнал молитвата на Својот слуга.
            Кога Нифонт завршил со псалмот, Христос милостиво го погледнал и потврдно климнал со главата, како да сакал да му каже: „Го услишив твоето молење.”
            Потоа се слушнал Неговиот сладок и божествен глас, но вооедно и жалосен:
            - Нифонте, Нифонте! Вечерва Ме растажи, Ми се пожали дека иако толку Ме молиш, с# уште не Сум ти дал никаков дар. Но добро, нели си ти оној кој секој ден Ми зборува: „Господи, не дозволувај, во сегашниот живот, никој да ме прослави и пофали?” Зошто тогаш се жалиш? А потоа, зар не мислиш на тоа кој ви го дава воздухот што го дишете? Нели е тоа дар? Зар не мислиш за тоа, дека ви ја дадов целата земја со нејзините добра, полските растенија, птиците небесни, морските риби? А што сте Ми дале за возврат? Потсмев, удари, плукање, бичување, оцет и жолчка, крст и смрт… Но и страшните Тајни кои ви ги предадов, Телото и Крвта Моја, нели се дар? Умрев бидејќи ве љубам, погребан бев за да ве избавам од пеколот, ви ги отворив вратите на вечното царство Мое… Нели се тоа дарови? Најпрвин, Нифонте, не заборавај дека ти ги простив многуте тешки гревови. Знам дека за тоа си свесен и благодарен. Дали забележа како ја наведнав главата и го начулив увото за да ја слушнам твојата молитва? Истото го правам и за сите луѓе кои се молат, иако не Ме гледат. И по сето тоа ти сакаш и друг, поголем дар? Еве, отсега па до крајот ќе бидеш утеха и помош на сите што ќе се најдат во претсмртни маки. Многумина ќе бидат избавени од мачна смрт ако се повикуваат на Мојата сила со твоето застапништво. Но сега… еве, погледни дека е врзан и демонот на стравот! Нели бараше од него да те избавам?
            Нифонт полн со страв и срам поради с# што Бог му рекол, со страв ја свртил главата кон местото коешто Тој му го покажал. И што имал да види! Таму имало еден бик, цврсто врзан со стап за нозете и роговите, а бил толку многу врзан што не можел ниту да мрдне. Само со разјарен поглед лутал лево-десно и луто мукал, како да сакал да го растргне Нифонт.
            Праведникот сфатил дека тоа бил мрачниот дух кој толку пати го исполнувал со страв во детството и му носел безброј кошмари. Тој страв стигнувал дотаму што го обвивало некакво необјасниво, неразумно чувство кога ќе посакал да оди в црква или по некоја работа.
            Кога се разбудил, Божјиот слуга со трепет размислил за видението на кое го удостоил Самиот Господ во Неговата страшна убавина, па почнал да потскокнува од радост. Уште повеќе што Многумилостивиот го избавил од ужасниот дух на стравот, кој толку многу го мачеше. Покрај тоа, се восхитувал и од тоа како Христос се наведнал да ја слушне неговата молитва и како го укорил, или подобро кажано, го поучил во врска со помислата што ја имал.
            Оттогаш, како што кажуваше, никогаш повторно не почувствувал страв ниту плашливост, бидејќи Господ беше неговиот сесилен помошник.
 
Животни завети
 
            Еден ден светителот отиде во храмот на Пресвета Богородица кој се наоѓаше во занаетчискиот крај на градот. Таму му пријде некое момче кое се истакнуваше во доблеста и кое неуморно ги посетуваше црковните служби. Момчето се викаше Неофит и беше син на еден познат благородник.
            - Оче - го запраша, - што да правам за да стекнам спасение?
            Старецот со љубов го погледна и му рече:
            - Како ти, чисто дете, бараш совет од еден старец кој изгнил во гревот?
            - Писмото вели, оче: „Прашај го татка си - и тој ќе ти каже, старците свои - и тие ќе ти речат.” - Затоа барам да слушнам и јас некој добар збор од тебе. Немој да ја презреш мојата недостојност.
            Снисходливо, преподобниот го запраша:
            - Кажи ми најпрво што мислиш. Сакаш ли да станеш монах или да живееш богоугодно во светот?
            - Сега мислам да живеам во светот оче, а потоа како ќе даде Бог…
            - Ако сакаш да живееш меѓу луѓето, треба ова да го сочуваш: никого да не осудуваш, да не исмеваш, да не огорчуваш. Не гневи се. Никогаш не помислувај дека имаш некоја доблест. Внимавај да не речеш: „Тој и тој живее добро, оној живее блудно”, - бидејќи на тоа се однесуваат зборовите: Не судете, за да не бидете судени. - Сe гледај со исти очи, иста мисла, просто срце. Сите луѓе примај ги како Христа. Не треба да ги отвараш своите уши за човек кој осудува, а камоли да се радуваш на оној што ти зборува. Ти својата уста држи ја затворена. Малку зборувај и многу моли се. Но ни оној кој осудува или кој прави каков било грев не осудувај го со помисла. Сопствените гревови да ги гледаш и само себеси да се осудуваш и да се понижуваш. Ете, така ќе стекнеш Царство Небесно.
            - Сето тоа што го кажа, оче, е за подвижниците што достигнале совршенство – забележа момчето со тага. - Кога јас, бедниот, ќе достигнам таква мера, та да Му угодам на Бога?
            - Не очајувај, дете мое - го утеши светителот. Од младоста Бог не бара ништо освен смирение и чистота. Тоа е доволно. Така и ти, со чистота да се бориш и за смирение. Биди мил и кроток со секој човек, благ, мирен и милостив. Себеси сметај се за полош од сите и поставувај се под сите. Така вистински ќе бидеш поблиску до Бога. Труди се да не си замислиш дека си ја достигнал доблеста на овој или оној светител, туку непрестајно зборувај си: „Знаеш ли душо моја, дека и демоните ги надминавме со гревовите и дека не направивме ни најмало добро дело? Тешко нам несреќните! Како ќе се оправдаме во денот на Судот?”
            Тука преподобниот отец накратко застана, па продолжи:
            - И молитва, дете мое, треба да имаш како да си најголем грешник. Бидејќи ние многу грешиме кога мислиме дека молитвата ни е чиста и света. Дури и кога некој прави чудо, треба да се смета себеси недостоен за оправдание, бидејќи кога се моли тој секако греши со внатрешните чувства, со движењата на срцето и неумесните помисли. Устата му зборува на Бога, а умот оди на друга страна. Ете зошто секогаш треба да се сметаш за грешен и со смирение да му зборуваш на Бога: Од оние тајни очисти ме, и од туѓите запази го слугата Твој… Но внимавај, чедо мое, и на ова: никогаш немој да бидеш задоволен со своите добри дела и не сметај на нив, бидејќи не знаеш дали се тие угодни на Бога или не. Затоа подобро да се потпреш на силата и милоста Божја, сметајќи се себеси за прашина. Ах! Колку гревови правиме, а и не ги знаеме! Укорувај се себеси, дури и кога ќе видиш дека некој друг греши! А ако некој те пцуе, те осудува и те исмева, не само што не треба да му вратиш, туку и самиот дополнително исмеј се и осуди се! Еве, сето ова ако го примениш, си достигнал совршенство!
            - Оче, - запраша Неофит - како може човекот да го победува секое искушение од лукавиот?
            - Со сите искушенија треба да се соочуваш со молчание и смирение. Колку е голема доблеста на молчанието! Сите дела на смирениот угодни Му се на Бога и прекрасни за Неговите ангели, а ужасни и страшни за демоните. Стани многу смирен и Светиот Дух ќе се насели во тебе и ќе ја умртви секоја животна грижа. Памет во главата, дете мое, бидејќи се плашам дека грижите твои се она што ти пречи најмногу во извршувањето на Божјите дела и те наведува на непотребни работи. Што ќе ни користат тие во денот на Судот? Ништо! Зар Господ ни го дал овој живот да го поминеме во суетни грижи? Не, се разбира. Затоа предај се сиот на Бога. Погрижи се самиот за својата душа, а Тој ќе се погрижи за твоите телесни потреби. А кој од вас, грижејќи се, може на својот раст да му придаде макар еден лакот?144  Замисли дека сме ги собрале во своите ризници сите блага на овој свет. Што добивме? Смртта ќе дојде одненадеж и без милост ќе ни ја побара душата, и што тогаш? Сите тие богатства ние ќе ги оставиме овде и ќе заминеме да се населиме во гробот! А единствено што ни ги обезбедиле тие богатства е вечното мачење! Ова ти го вели, дете мое, Бог со устата на еден грешник. Отсечи ги отсега па натаму многуте грижи и живеј како што сака Тој.
            Тие совети оставија длабок впечаток на младиот Неофит и му донесоа скрушеност на неговото срце. Тој падна пред нозете на старецот и направи метанија, благодарејќи за с# што го научи. Но и светителот смирено падна пред нозете на момчето и со љубов го поздрави.
            Оттогаш Неофит поминуваше доста време со светителот. Често одеше и во неговата ќелија, ненаситно впивајќи ја неговата божествена поука, слатка како мед. Така беше одгледан. Тој израсна и стана Божји човек. И толку свето живееше, што кога дојде смртниот час, мирно ја предаде својата душа во рацете на Оној на Кого Му служеше од детството.
 
Една ноќна молитва
 
            Се ближеше Големата Четириесетница. Во зората на Сиропусниот понеделник го најдоа светителот како се моли:
 
- Владико Господи, Боже на се земно и небесно, видливо и невидливо,
погледни на блудниот и грешниот кој уште еднаш стои пред Тебе западнат во многу свои согрешенија.
Помилуј го, Милостив, осквернетиот со душа и тело, прости ми го гревот мој,
 зашто е голем. Да, моите гревови ги надминуваат небото и земјата и срам се за човечкиот род.
Не лишувај ме, сепак, Господи мој, од Твоето присуство и заштита, оти си голем и страшен во целата вселена!
Како што си ги благословил Авраам, Исаак и Јаков, благослови ме и мене, чудотворче Милостив.
Освети ми ја душата, телото, умот, усните, срцето, очите и ушите.
Од неприличните движења што им пречат на сите сетила мои.
Да, Господи на духовните сили, на небесните војски, што стојат околу Твојот страшен престол
и светото Твое име неискажливо го песнопеат и вечно го слават!
Не ме оставај незаштитен, макар што сум сиот срамна и смрдлива страст, туку помогни ми, мрзливиот и ништожниот,
Владико Милостив.
Ти Кој со Јаков слезе во Египет и Кој Својот слуга Јосиф го
спаси од омразата на неговите браќа и од злиот напад на Египќанецот, и цар го направи во Египет.
Направи ме и мене цар над секое сквернавење на
духот и телото,
и спаси ме, мене бедниот, од гревот на прељубата и од нечистите страсти.
Слушни ме, Свет и Трисвет.
Ти Кој со Твојот слуга Јов го прослави слаткото Свое име, направи да се прослави и со мене смрдливиот,
Силата на Твоето Царство, Себлаги.
Ти Кој со Мојсеј го избави израилскиот народ од египетското ропство,
и со огнениот столб и облак во ветената земја ги доведе.
Ист Си, Господи, и сега,  Боже на сета твар.
Затоа, подај ја Својата рака, невидлива, страшна, силна, славна и благослови ме,
Спасителе и Боже мој, животу мој и светлино моја!
Зарадувај ме со Твојата божествена љубов и моите гревови и грешки,
сакани или несакани,како благ Бог, човекољубив и единствен безгрешен, прости ми ги.
Покажи ми милосрдие и сострадание, милост, сожалување, долготрпение и кротост.
Удостој ме безбедно да го поминам морето на овој суетен живот и во блажената земја да го достигнам бестрастието
и вечниот живот.
Наместо со огнен столб, просветли ме со Твој Свет Дух.
Наместо облак, испрати ми ја Својата премудрост
и во вечниот спокој одведи ме.
Наместо Мојсеј, Ти Самиот, единородно Слово на Отецот, со Твојата десница прифати ме
и во бескрајната одаја однеси ме, во небесните тајни и чудеса.
И на сила ако треба спаси ме од геената огнена, како многумилостив мој заштитник.
Господи и Боже на силите, кој како жртва чиста Захариината крв ја прими.
Прими ги како да се чисти и  зборовите на моето бедно срце, на мисловниот и бескрвен Свој жртвеник.
Осветли ме, просветли ме и удостој ме бестрастен да станам.
Ти, Кој ги испрати на сите страни од вселената  светите апостоли, велејќи им:
Одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух.
Дај ми мудрост по молитвите нивни и освети ме, омекни ми ја и скроти ми ја скаменетата душа,
која постојано се мачи од мноштвото мои гревови.
Владико, Господи, Боже, Ти Кој пресветиот Петар го покажа  првоврховен меѓу блажените апостоли
и клучар во небесното Царство, по неговото застапништво отвори ми ги дверите рајски.
Отвори ми ја прегратката на Твоето милосрдие и утврди ме на каменот,
цврст и непоколеблив за Твоите заповеди,на каменот Кој Си Ти, Христос, Бог и Спасител мој.
И сите пиеја - вели Писмото –од духовниот камен, што идеше по нив,  а каменот беше Христос.
На тој камен утврди ме, Христе Боже, за да не ме одвои од Тебе лукавата змија,
мене кој Ти пеам гласно песнословија:Свет Си, Господи, и Те воспеваат сите небесни сили!
Владико, Христе, Боже, Ти, Кој пресветиот Павле го покажа првоврховен апостол
и учител на христијаните, слаткоглаголив и медоточен.
По неговите молитви покажи ме и мене пресладок и сесветол богослов, со секоја мудрост украсен.
Направи ме со Својот Дух,свештен сад, непорочен, избран, мил на Твоето божество.
Направи ме да светам од чистота како небесна светлина.
Господи Боже на ангелите, прославен и од славата поголем, слушни ме бедниот и грешниот!
Исусе, беспрекорен пород на Отецот, Кој Си ги положил во рацете Мојсееви
богонапишаните плочи и така ја потврди тајната на грмушката, направи да дише во мене
Твојот Свет Дух и да ме покаже сиот чист, богообразен, недопрен, исполнет со радост и вистина,
мудрост и познание на Бога.
Милостив, Свет, Ти Кој си дал на Исус Навин труби за да ги скрши
Јерихонските ѕидини, дарувај ми ја и мене, Боже мој,
богатата премудрост Своја, да ги победам лукавите демони
и како сад грнчарски да ги скршам.
Ти Кој од Ароновите раце го прими огнот како чиста жртва, прими ги како чисти
и благоухани зборовите на бедното срце мое.
Ти, Кој стана вечен Првосвештеник по чинот Мелхиседеков, по молитвите на тој блажен човек
покажи ме и мене на своите следбеници.
Како што стана бесмртен на Твојот Отец послушен дури до самата смрт,
и тоа смрт на крст, така и јас да бидам послушен на Твоите заповеди до смртта.
Владико Господи, Боже, преславен и фален,  Ти Кој Илија во огнена кола
го воздигна во воздухот, и мене, Животодавче, подигни ме од темнината на гревот
и одведи ме во светлината на Твојата правда.
Ти Кој си го дарувал Елисеј со двојна благодат Илиева. Дај ми ја и мене таа благодат стократно,
за да ме одведе во вечниот живот.
Ти Кој пророкот Јеремија го избави од нечистата јама,и мене избави ме, Христе Боже,од нечистотијата на блудот,
прелеста, измамата и суетната гнасотија.
Ти Кој на Давида утробата и сетилата му ги распали со Твојот копнеж,
и со љубовта на Твојата благост, направи блажениот да гори по Тебе.
Ти Кој си ги возљубил многу оние што копнеат по Твојата сила, распали го, се молам на Твоето божество,
распали го, Човекољупче, и моето срце, и бубрезите, и сите сетила со љубовта и Твојот копнеж,
за да горам со огнот на Утешителот и Тебе, Кој се надгледуваш,
Кој ги испитуваш срцата и утробите?,
да Ти запеам:
Пламна срцето мое во мене
и додека размислувам оган ќе се разгори
во мислите мои,
а тој оган го нарекувам големиот Утешител,
Духот на вистината.
Господи мој Исусе Христе,
Ти Кој си најголема наслада,
Кој кон бестрастие ја водиш мојата сакатост,
Ти Кој го покажа највелегласниот Исаија
со страшна труба која ги загрми
големите пророштва,
покажи ми ги и мене, Исусе мој, Боже мој,
со трубата која ќе затруби гласно,
тајните на Твојот домострој,
и демоните мрачни ќе изгорат.
Дај & преумување и враќање на
опрелестената и гнасна душа моја,
за да се спаси.
Ти Кој соборите на пророците,
апостолите и сите светители ги
овенча, ги направи чесни и ги освети,
спаси ме по нивното застапништво,
Боже мој, Цару мој,
и секоја душа од родот христијански
а особено секој монах,
со кого страшно војуваат лукавите демони.
Дај им покој, Боже мој, и на сите што заминале
од овој привремен живот
и дошле кај Тебе.
Олесни им го бремето, Владико,
и на оние што не Те познаа.
И дарувај им покајание, Господи мој, на
неразумните и распуштените,
меѓу кои сум прв јас,
грешниот и смрдливиот.
На сите добро стори им.
Помилувај ги сите.
Очисти ги и осветли ги сите.
Смилувај се на сите
што Те признаваат како вистински Бог,
Христа како Божја сила и Божја премудрост.
И така сите со една уста да го песнословат
сечесното и великодостојно име Твое
сега и секогаш
и во вечни векови.
Амин!
Нашите непријатели и сојузници
 
            Кога ја заврши својата молитва, блажениот одеднаш слушна некој глас како му зборува:
            - Нифонте, сврти се и погледни зад тебе, кон запад.
            Тој веднаш се заврти и со прозорливите очи виде некакво  бескрајно  поле на кое беа собрани безброј црни војници. Еден од нив, страшен и мрачен, итро се провлекуваше меѓу нив, броејќи ја војската. Ги делеше на чети и строеви и им даваше различни наредби и упатства на заповедниците.
            - Војувајте бодро и храбро! - го слушна преподобниот како вика. - Мојата голема сила е со вас! Гледајте во мене, не плашете се!
            Таму каде што стоеја војниците раздвоени во чети, по еден за секој грев, дојдоа други демони и донесоа од пеколот оружје и воена опрема, различна за секој чин. Беа триста шеесет и пет реда и опрема. Бидејќи толку се приближни гревовите што се раѓаат од страстите, со кои го гневиме Бога, ние, несреќните луѓе.
            Лукавите демони го зедоа своето оружје и се спремија. Ѓаволот почна да ги отпушта чиновите еден по еден, давајќи им волшебни направи, кои одговараа одделно за секоја страст. Ги расеа по целиот свет, во сите области на Црквата Христова.
            А потоа дојде време да испрати некои и во Византион. Тогаш мрачниот лик му поцрна уште повеќе и се намурти од грижа, двоумејќи се.
            - Како да се соочам со Девицата? - постојано повторуваше, чкртајќи со забите. - Таа засекогаш се устоличи во Цариград и не се мрда оттаму. Лично го штити Византион дење и ноќе и им дава храброст на Назарејците, најпрвин на борците... Така не им допушта на моите да си ја работат својата работа...
            Тој испушти еден разјарен крик, избра триесет илјади демони и ги испрати во Царскиот град.
            Тогаш преподобниот отец го слушна повторно гласот како му вели:
            - Нифонте, сврти се и погледни кон исток.
            Воздивнувајќи тажно поради постигнувањата на несреќните демони, тој се сврти и виде поле, поголемо од првото, исполнето со светлина. Таму се наоѓаа построени неброено многу ангели, облечени во бело, блескави како молња, премили и прекрасни. Беа многу повеќе од демоните, неброени илјади. Еден од нив, најголемиот и нај-светлиот, поминуваше покрај строевите и ги поттикнуваше Божјите слуги внимателно да ги штитат и чуваат христијаните. Потоа тој испрати по два чина во секоја област од Црквата, а во Константинопол испрати шеесет илјади ангели. Откако ја распредели целата војска по вселената, тој небесен чиноначалник се вознесе кон небесата...
            Преподобниот си дојде на себе и поразен од видението, почна да врти со главата, постојано повторувајќи:
            - Ах, колку многу тајни се случуваат, а ние не знаеме! Колку само невидлива помош ни дава човекољубивиот Бог од небесата! А ние, бедните, се валкаме во безгрижност и мрзливост: Тој длабоко воздивна, ги подигна очите кон небото и рече:
 
- Свети Оче наш, Боже, Животворче,дарувај ни на сите расудување,
сила и власт против лукавите духови.
Направи да се разбијат со помош на Твојата сила.
Направи да излеземе како победници над мрачните и лукави варвари.
А откако ќе се овенчаме со благоуханиот венец Твој,празничен собор ќе составиме
заедно со Твоите ангели насекаде околу Твојот престол,
Владико блажен, Свет, Трисвет, Оче, Сине и Утешителу на душите,Боже страшен Кој го одржуваш светот.
 
            Додека ги пееше тие зборови од молитвата, праведникот горко плачеше и воздивнуваше. Бидејќи се плашеше да не го победат демоните, да не ја изгуби душата од соблазните на оние што вршат беззаконија.            Преподобниот Нифонт непрестано размислуваше за демонските злодејства и се грижеше да остане при Бога. Иако Тој му објави многу натприродни тајни, иако го удостои да види чудесни виденија, иако го увери, како војник и Свој љубен пријател, дека никогаш повеќе нема да даде да се сопне од камен ногата негова, туку на отровници и змии ќе нагазува, лав и змеј ќе убива, сепак блажениот Нифонт секогаш живееше и се подвизуваше со големо внимание и смирение, бидејќи се плашеше од геената огнена и лукавите замки на демоните.
  
Внимавај на себе
(5 Мој. 4,9)
 
            Еден ден, додека светителот седеше во својата ќелија и го испитуваше Божјото Слово, дојде некој и го извести за прераната и предвремена смрт на еден негов стар пријател.
            - На враќањето од имотот во градот - рече - веднаш падна мртов на плоштадот!
            Кога го слушна тоа, блажениот отец почна да плаче и жали за тој човек, бидејќи знаеше дека живеел во гревови и сега умре непокајан. Тоа најмногу го жалостеше.
            Со срце исполнето од болка и скрушеност, помисли на непознатиот час на сопствената смрт и почна да се бодри себеси, поттикнувајќи ја својата душа на тешка борба.
            - Те заколнувам, моја душо, пред Господ на небото и земјата, да одиш разумно. А ти, тело срамотно, внимавај! Ти чекори во целомудреност. Ве молам секогаш добро да правите, инаку ќе ве мачам како што знам и умеам... Несреќен Нифонте, гледај добро како одиш. Гледај беднику, да не пропаднеш! Пази се, несреќнику, да не се опрелестиш! И, те молам, презри го земното. Ништо немаме ние овде на земјата. Сe е туѓо, пропадливо и примамливо, сон и сенка, чад и прав... Внимавај, душо моја! Што ќе добиеме од светот и неговите богатства? Богатството е трици! Славата е чад! Она што човекот овде ќе го стекне му става окови и јаже, а тие го фаќаат во замки и го распнуваат. Затоа не барај да стекнеш земни блага! Истерај ги од себе гордоста, превознесувањето и надменоста. Никогаш не помислувај дека си направил нешто добро. Сеќавај се само на тоа дека многу си грешел. И да знаеш дека ние не би имале надеж за спасение, ако не беше големата милост Божја... Стани, бедна моја душо, нова твар.158 Облечи се во непрестајна молитва. Положи во своето срце длабоко милосрдие за сите луѓе. Но, себеси осудувај се, смирувај се и понижувај се. Не заборавај дека педесет години си натажена во пеколот, педесет години си извалкана во калта и темнината на гревот. Што ти преостанува? Неизбежно вечно мачење! Бидејќи ако праведникот одвај се спасува, ние грешните каде ќе бидеме?
            Од очите на светителот потече река од солзи, додека размислуваше за своите гревови, за смртта, за пеколот...
            - Ете - продолжи - и нас ни доаѓа смртта! Кнезот на темнината доаѓа да нe  зграпчи и фрли во огнот! Затоа веднаш да пријдеме кон покајание. Плачлив ќе биде нашиот крај, нечувствителна душо, а ние блажено спиеме! Гледај, светот брзо поминува. Судот се приближува. Да не бидеме осудени, зла душо моја, со својата сила послужи &  на доблеста. Во многу добра ќе уживаме на небото ако сега направиме подвиг. Многу богатства таму ни се подготвени, доволно е да појдеме по Божјиот пат, свет, блажен... крајот, душо моја, нема да задоцни. Господовите ангели чекаат да видат дали ги извршуваме Неговите дела, за да н# земат во неискажливата сладост и да нe однесат кај Него. А потоа...  Царство вечно, венци небесни, светли облеки, божествени палати, радост на светиите, слава на Отецот, убавина на Синот, сладост на Светиот Дух! О тогаш: ќе се развеселат светиите во слава, ќе се зарадуваат врз леглата свои. За сето тоа мисли, душо моја, за да ја вкусиш сладоста на небесната радост и да живееш вечно во рајското блаженство.
            Тоа праведникот си го рече самиот себеси и почна во своите молитви да го спомнува својот пријател кој одненадеж почина, за да се сожали човекољубивиот Бог на неговата жална душа.

 

Издавач : манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче

 


Друго:

    Man.Zurce2.jpg

 

Од издавачката дејност на манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче

sv.Serafim.Sarovski1d.jpgСв.Серафим Саровски - Сеќавањата на Богданович 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная