логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Тајната на спасението

Korica.Tajnata.jpgГоспод, создавајќи го Адама, му дувна во лицето од Својот Дух (Дух животен). Овде станува збор не само за душата како образ и подобие Божјо туку и за благодатта Божја, онаа сила од која се лишени останатите суштества, што живеат на земјата. Праотците биле населени во Едем – земниот рај. Но самиот Едем, прекрасната чудесна градина, самиот по себе го означувал внатрешниот Едем – духовната состојба на првите луѓе, кои се наоѓале во постојано опште-ње со Божеството. Адам и Ева биле безгрешни, но не совр-шени. Таа чистота не зависела од нивната природна зададе-ност – дарот Божји. Но, за да се усвои тој дар, за чистота да стане не природно, туку лично својство, неопходно било искушение.

Основа на богоопштењето во рајот била не безгреш-ната природа на Адам, туку благодатта Божја, што била во него. Затоа, основа на спасението и на вечниот живот е благодатта, а патот од изгубениот Едем до небесниот рај е – стекнувањето на благодат. Благословението на праотците, символичките обреди на старозаветната Црква и тајните на новозаветната Црква – сето тоа се средства за стекнување благодат. Со свои сопствени сили човекот не може да се спаси себеси, како што не може само со усилба на волјата да ја запре староста или да ја надмине смртта. Метафизика на спаснието е учењето за благодатта Божја, за оние божес-твени енергии во кои Бог му се открива на светот и општи со човекот. Всушност, христијанската аскетика е – учење за оние услови и состојби кога благодатта може да дејствува во душата на човекот. Либералното мислење и го припишува спасението само на моралноста, т.е. ја повторува ереста на пелагијанството за самоспасувањето на човекот. Гревот, исто, има своја метафизика, оние страшни длабочини, кои либералното и хуманистичко мислење не ги подозрева – од антички времиња до денес. За хуманистите и либералите гревот е – само грешка, лоша навика или некаква претера-ност. Според нивната претстава, доволно е гревот да се осоз-нае, а потоа ќе биде лесно да се поправи, исто како што со гума се бришат шкртаниците на едно дете на ливчето хартија. Всушност, гревот сам по себе претставува предав-ство на Бога и таен сојуз со демонските сили. И затоа, во секоја грешна мисла има елемент на сочувство кон демонот, а во секоја гревовна навика – љубов кон сатаната. Затоа во гревот е заложена, како програмирана, смртта. И, спро-тивно, Божјата благодат душата ја чувствува како живот.

Секој од нас има опит на губење на благодатта, и на таа состојба најповеќе &  одговара зборот „смрт”. Ние чув-ствуваме дека најскапоценото заминува од нас, н# напушта. Искусуваме нејасна тага и мачнина, како да се доближуваме до вратата на смртта. Нашата сопствена душа ни се пока-жува како темен гроб. Благодатта им била дарувана на прататковците, требаше само да се сочува. Но после грево-падот, кога првородниот грев, како наследна болест, живее во човекот, како рана го нагризува неговиот живот, благо-датта мора да се бара како изгубено богатство, да се стекну-ва и да се чува во непрестајна борба со гревот, кој го шири нашата падната природа, што се наоѓа под дејство на тем-ните сили. Метафизиката на гревот – тоа е вечно демоно-уподобување, затоа гревот е – најголемата несреќа и најголе-мото зло на земјата.

Хуманистот Сократ има кажано: „Познај се самиот себеси”, но и покрај неговиот голем ум, тој не успеа да ја познае својата сопствена душа и го објаснил гревот со незнаење, кое може да се надмине преку воспитание и обу-чување. Сепак, и самиот Сократ ја признал неодржливоста на таквото објаснување. Неговиот љубен ученик, неговиот воспитаник, кого тој го спасил во борба од смртта, се покажал како искусен интригант, а потоа и – предавник на Атина. Само благодатта Божја му го открива на човекот ужасот на вечната смрт. Затоа светиите, гледајќи ја човеч-ката природа во пад, ја оплакувале својата душа ден и ноќ. Современите либерални претстави за можноста за спасение, то ест богоопштење, без благодат Божја, потекнуваат од истата духовна лага, на непознавање на гревот, што се вкоре-нил во човекот, се впил во неговата природа, кој може да го победи само благодатта. Некои пагани, кои се нарекуваат себеси христијани, ја повторуваат догмата на хуманизмот: „Човек – тоа звучи гордо”, но „ѓавол” звучи уште погордо, затоа хуманизмот, што го стави човекот на местото на Бога, на крајот на краиштата, го става демонот на местото на човекот.

Господ направил дури и нешто повеќе од создавањето на светот и создавањето на човекот. Тој го заменил падна-тиот човек со Себеси. Во тој чин се случи искупувањето на метафизички план. Овде се сменила духовната ситуација: демонот го изгубил господството над човекот и во однос на него станал надворешна сила; тој не може да владее над христијанинот, зашто после Крштението Христос Сам невид-ливо престојува во човекот и благодатта царува во неговото срце.

Царството Небесно &  е ветено на Црквата. Црквата – тоа е предворје на Небесното Царство, како скалила пред вратата на Небесниот Храм. Црквата – тоа е поле на благодат, без која на човек му е неможно да се соедини со Бога. Кој што не е во Црквата, тој останува со својата неис-целена гревовна природа, а гревот – е центрифугална сила. Значи, којшто не е во Црквата, тој во скриените длабочини на душата е против Црквата. Само благодатта на Крште-нието и Светата Причест можат да го изгонат темниот дух од човечкото срце, да го соборат сатаната од престолот на душата. Хуманистите, пак, сметаат дека самиот човек има сила за тоа, треба само „да се засучат ракавите”.

Зборувавме првенствено за природата на човекот, која е единствена за цело човештво, следствено, претставува ро-довски поим (претстава). Но човекот, исто така, сам по себе претставува личност, која може, условно и не сосема точно, во однос на природата да се нарече поим на видот. Личноста поседува можност за избор, затоа таа на сите етапи на духов-ниот пат може да ја прима благодатта, т.е. да се обидува да се покори себеси на благодатта, или да ја отфрли благодатта, борејќи се против неа. Без искупување на човечката природа од страна на Спасителот невозможно е спасувањето на личноста, а без волја на човекот е невозможно општење со благодатта. Во тоа е – тајната на спасението.

(Продолжува)

  Издавач : манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче

 Man.Zurce.jpg

Друго:

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная