логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ПРЕДГОВОР

Секој христијанин веројатно имал можност да ги чуе зборовите на св. апостол Павле „Молете се непрестајно", а веднаш потоа да си го постави и прашањето: Можно ли е тоа, и како е можно? Може ли човек да се моли постојано, кога е зафатен со многу работи и е оптоварен со безброј грижи?
Ова мало книвче е напишано кон 1870 година во Русија од непознат автор. Се претпоставува дека го напишал некој Немитов, а го оформил еден монах од Оптинската пустина, [Оптина е осаменено место (духовен центар) што го посетувале и Достоевски, Гогољ, В. Соловјев, Л. Толстој и многу други], за да служи како духовна настава и дава одговор токму на ова прашање — прашање од исклучителна важност за животот и духовното усовршување на секој човек,  особено  за  секој  христијанин.
Користејќи го своето духовно искуство, како и искуството на сите оние духовници и свети Оци, кои ја практикувале постојаната молитва — „молитвата на срцето", авторот ни нуди, еден вид рецепт за постојаната молитва, Тоа се постигнува со непрестајно изговарање на молитвата Исусова „Господи Исусе Христе, смилувај се на мене".
Авторот му помага на читателот да проникне во тајните на постојаната молитва, нудејќи го своето сопствено искуство како потврда дека таа е не само можна, туку и како може да се оствари. Тој просто дава рецепт како да ја оствариме постојаната молитва. Во постигнувањето постојаност на молитвата ГОСПОДИ ИСУСЕ, СМИЛУВАЈ СЕ НА МЕНЕ, преку непрестајно изговарање, како свои раководства поклоникот има само две книги: Библијата и Добротољубиего, кое претставува збирка на патристички текстови. Тоа значи дека авторот нив ги препорачува и на секој што сака да ја всади во својата душа, во својата личност, постојаната молитва.
Човечкото постоење на земјата се одвива од првото вдишување до последното издишување. За оној што го изгубил патот на верата тоа е се, а за религиозниот човек зсмното постоење е само подготовка за идниот, блажениот живот. Во ова свое постоење човекот пред себе има два патишта — хоризонтален и вертикален. Живееме во време кога хоризонталата, секојдневието и се што тоа со себе носи се главната преокупација на луѓето, што раѓа духовно сиромаштво. Тоа го замаглува видикот на човекот кон духовното и тој се помалку може да го открива својот вертикален пат — патот кон Творецот, кон Отецот. Техниката и се што нуди механизираниот живот човекот го претвораат во машина која мисли, или поточно, која што се помалку мисли. Оттаму кризата на духот, кризата на љубовта, мирот и братољубието — тие основни начела за остварување на Царството Божјо на земјата.
 
Расказите во ова наше време ни делуваат како мелем на отворена рана, како четиво кое е во состојба да п даде вистинска храна на душата. Читајќи ги, читателот се внесува во чувствата на поклоникот и го доживува сиот негов душевен и духовен мир. Го измирува телото со душата, себе со луѓето и природата, и ја открива сета убавина на своето постоење и на се она што го опкружува; Го открива Бога во себе и во се што постои, сознавајќи дека не е само суштество на кое разумот, свеста и совеста му се дадени само за да преживее, или што подолго овде да поживее. Се сознава себеси како исклучително дело Божјо и се вклучува во извонредната Божја хармонија на која по природа е повикан.
За да се разберат Расказите потребна е љубов кон Вистината. Затоа и ги препорачуваме на секој оној што има љубов во себе, за да може еден ден да рече: „Јас спијам, а моето срце бдее" (Песна над песните 5, 2).


 ПРВ РАСКАЗ

По благодатта Божја сум човек и христијанин, по делата голем грешник, по положај поклоник без засолниште, од најниско потекло, постојано лутајќи од место во место. За опстанок, на грб носам торба со сув леб, во мојата блуза светата Библија и тоа е се. Дваесет и четвртата недела по Духови, влегов во црквата за да се помолам за време службата; се читаше од Посланието на апостол Павле до Солуњаните, зачало 273 во кое се вели: Молете се непрестајно. Овие зборови проникнаа длабоко во мојот дух и се запрашав како е можно човек да се моли непрестајно кога секој мора да се занимава со многубројни работи за да обезбеди за својот сопствен живот. Побарав во Библијата и во неа го прочитав со своите очи точно она што го бев слушнал — човек треба да се моли непрестајно, да се  моли со дух во секоја онолност, на секое место да ги подига рацете молитвено. Попусто размислував, не знаев што да речам.
Што да правам — помислив јас — каде да најдам некого кој би можел да ми ги објасни овие зборови? Не одам по црквите каде проповедуваат познати луѓе и, можеби таму, ќе го најдам она што го барам., И така, тргнав на пат. Слушнав многу убави проповеди за молитвата. Но сите тие беа упатства за молитвата општо: што е тоа молитва, зошто е потребно човек да се моли, кои се плодовите на молитвата. Но како да се постигне вистинската молитва — за тоа не се кажуваше ништо. Слушнав една проповед за молитвата во дух и за постојаната молитва; но не се посочуваше како да се дојде до таа молитва. Така слушањето на проповедите не ми го донесе она што го барав. Затоа престанав да одам на проповеди и решив со Божја помош да барам учен и опитен човек кој би ми ја објаснил оваа тајна, бидејќи мојот дух непобедливо беше привлекуван таму.
Одев долго време; ја читав Библијата и прашував дали негде постои духовен учител или мудар водич, полн со искуство. Еднаш ми беше речено дека во едно село веќе подолго време еден господин работи на своето спасение: во својот дом тој има мало црквиче, не излегува никогаш и непрестајно се моли на Бога или чита духовни книги. Кога ги чув овие зборови, повеќе не патував, а почнав да трчам кон тоа село; пристигнав во него и отидов кај тој господин.
— Што сакаш од мене? — ме праша тој.
— Разбрав дека сте човек набожен и мудар; затоа ве молам во името на Бога да ми објасните што значат овие зборови на Апостолот:
Молете се непрестајно, и како е можно да се молам така. Ете што сакам да разберам а, сепак, не можам да успеам во тоа.
Господинот молчеше, ме погледна внимателно  и  рече:
— Постојаната внатрешна молитва е непрестаен напор на човековиот дух да Го најде Бога. За да успееме во оваа благотворна вежба, потребно е мошне често да бараме од Господа да не научи како да се молиме непрестајно. Моли се повеќе и со поголема ревност, самата молитва ќе ти помогне да разбереш како може таа да стане постојана; за тоа треба многу време.
По овие зборови, ме послужија со јадење, ми даде нешто за пат и ме остави. Но тој ништо не ми објасни.
Јас го продолжив својот пат; мислев, читав, размислував колку што можев за она што ми го рече господинот а сепак не можев да разберам; но имав толку голема желба да успеам во тоа, што ноќите ги минував без сон. Откога поминав двесте версти, пристигнав во главниот град на една околија. Таму забележав еден манастир. Во гостилницата ми рекоа дека во тој манастир живее старешина набожен, дарежлив и гостољубив. Отидов при него. Тој ме прими добродушно, ми даде да седнам и ме понуди  со  јадење.
— Пресвети оче! реков јас, немам потреба од јадење, но би сакал да ми дадете духовна поука: како да го градам своето спасение?
— Нако да го градиш своето спасение? Е, па добро, живеј според заповедите, моли се на Бога и ќе бидеш спасен!
— Научив дека треба да се молам непрестајно, но не знам како да се молам непрестајно и не можам дури ни да разберам што значи тоа постојана молитва. Ве молам, оче, да ми го објасните тоа.
— Не знам, брате мој, како да ти објаснам подобро. Но чекај! Имам една мала книга во која е тоа изложено; и тој го извади книвчето „Духовно упатство за внатрешниот човек", од свети Димитриј.
Ете, читај на оваа страница.
Почнав да го читам ова што следи: ,,Овие зборови на Апостолот: треба да се молиме непрестајно, се однесуваат на молитвата практикувана со умот; всушност, умот може секогаш да биде сконцентриран во Бога и да Го моли непрестајно."
— Објаснете ми како умот може да биде секогаш сконцентриран во Бога без расејаност и да Го моли непрестајно.
— Е! тоа е мошне тешка работа, ако не е дар од Самиот Бог, рече старешината. Но и тој ништо не ми објасни.
Ноќта ја минав кај него и, откако утредента му заблагодарив за љубезниот пречек, тргнав на пат без да знам многу каде одам. Бев натажен поради моето неразбирање и за утеха ја читав Библијата. Пет дена одев така по главниот пат; најпосле, една вечер, сретнав еден мал старец кој имаше изглед на калуѓер.
На мое прашање, тој одговори дека е монах и дека ќелиите во кои живее тој со неколку браќа се наоѓаат на неколку версти од патот; тој ме покани да се задржам кај нив.
— Кај нас, ми рече тој, примаме поклоници, се грижиме за нив и ги храниме во гостилницата.
Јас повеќе немав желба да одам таму и му реков:
— Мојот одмор не зависи од постела, ами од духовна наука; јас не барам храна, имам многу сув леб во мојата торба.
— Но каков вид наука бараш ти и што сакаш подобро да разбереш? Дојди, дојди кај нас, мој мили брате; ние имаме опитни старци кои можат да ти дадат духовно упатство и да те водат по вистинскиот пат кон светлината на речта Божја и учењето на светите Оци.
— Видете, оче мој, има скоро една година кога на службата ја чув заповедта на Апостолот: Молете се непрестајно. Не знаејќи како да ги разберам овие зборови, почнав да ја читам Библијата. И таму исто така.  на  многу  места,  ја  најдов  заповедта Божја: човек треба да се моли непрестајно, секогаш, во секоја околност, на секое место, не само за време дневните работи, не само додека е буден, ами и на сон: Јас спијам, а моето срце бдее. Тоа ме зачуди многу и не можев да сфатам како е можно да се исполни една таква работа и кои се средствата за тоа; силна желба и љубопит-ност се разбудија во мене: ни дење ни ноќе овие зборови не излегуваа од мојот дух. Така почнав да ги посетувам црквите — слушнав проповеди за молитвата; но попусто слушав, зашто никогаш не научив како да се молам непрестајно; секогаш се зборуваше за подготовката за молитва или за нејзините плодови, без да поучат како човек да се моли непрестајно и што значи една таква молитва. Често ја читав Библијата и во неа го наоѓав она што го бев слушнал; но сепак не дојдов до сознанието што го барав. И од тоа време сум несигурен и неспокоен. Старецот се прекрсти и го зеде зборот: — Благодари Му на Бога, возљубен брате, за тоа што ти открил несовладлива привлечност кон постојаната внатрешна молитва. Сфати го тоа како повик Божји и успокој се мислејќи дека на тој начин согласувањето на твојата волја со речта Божја е исправно проверено; дадено ти е да разбереш дека не мудроста од овој свет нити суетни желби за сознание се тие кои водат кон небеската светлина — постојаната внатрешна молитва — ами напротив, сиромаштвото со дух и активното искуство во чистотата на срцето.
Затоа не е чудно што не си слушнал ништо длабоко за чинот на молењето и што не си можел да научиш како да дoјдеш до оваа постојана активност. Навистина, се проповеда многу за молитвата и во врска ро тоа постојат бројни скорашни дела, но сите судови на нивните автори се засновани врз апстрактното интелектуално размислување, врз сфаќањата на природниот разум, а не врз иснуството потхрането со дејството (практиката); тие повеќе зборуваат за својствата на молитвата отколку за самата нејзина суштина. Еден објаснува мошне добро зошто е потребно човек да се моли; друг зборува за моќта и за благотворните учиноци на молитвата; трет — за условите потребни за добро молење, односно за ревноста, вниманието, за топлината на срцето, за чистотата на духот, за скромноста, за каењето што е потребно да се има за да почне човек да се моли. Но, што е тоа молитва и како учи човек да се моли — на овие сепак битни и основни прашања, мошне ретко се наоѓа одговор кај проповедниците од ова време; зашто сите тие (прашања) се потешки од сите нивни објаснувања и бараат не само школско знаење, ами и мистичко сознание. И, што е уште повеќе за жалење, оваа елементарна и празна мудрост води кон тоа Бог да се мери со човечка мерка. Мнозина прават голема грешка кога мислат дека подготвителните средства и добрите дела ја раѓаат молитвата, додека, всушност, молитвата е таа која е извор на добрите дела и на добродетелите. Тие погрешно ги земаат плодовите или последиците од молитвата како средства да се дојде до неа, а на тој начин ја намалуваат нејзината моќ. Тоа е едно становиште сосема спротивно на Св. писмо, зашто апостол Павле за молитвата зборува вака: Ве молам пред се да се молите.
На тој начин Апостолот ја става молитвата над се: Ве молам пред се да се молите. Од христијаните се бараат многу добри дела, но делото на молитвата е над сите други, зашто, без неа, не може да се изврши никакво добро. Без честата молитва, не може да се најде патот кој води кон Господа, да се познае вистината, да се распне телото со неговите  страсти и желби, да биде осветлен во срцето со светлината Христова и да се соедини со Него во спасението. Велам честа, зашто усовршувањето и норекцијата на нашата молитва не зависат од нас, како што го вели тоа ап. Павле: Ние не знаеме што треба да бараме. Единствено постоја-носта во молитвата е оставена во наша власт нано средство да ја достигнеме чи-стотата на молитвата ноја е мајната на се-ное духовно добро. Спечали ја мајката и ќе имаш наследство, вели свети Исан Сирин, учејни дена треба најнапред да се задобие молитвата за да можат да се применат сите добродетели. Но тие не ги познаваат добро овие прашања и за нив зборуваат малну. Тоа се оние нои не се сродени со искуството и таинственото учење на светите Оци.
Разговарајни тана, неосетно бевме дошле до осамотеноста. За да не се разделам од овој мудар старец, а и посноро да ја задоволам мојата желба, побрзав да му речам:
— Ве молам, почитуван оче, објаснете ми што е тоа постојана внатрешна молитва и нано е можно човен да ја научи: гледам дена за неа имате длабоно и сигурно искуство.
Старецот ја прими мојата молба со добрина и ме покани нај него:
— Дојди кај мене, ќе ти дадам една книга од светите Оци, која ќе ти овозможи да разбереш јасно што е тоа молитва и со Божја помош да ја научиш.
Влеговме во неговата ќелија и старецот ми ги упати следниве зборови:
— Исусовата молитва, внатрешна и постојаиа, е трајно и непрекинато призивање на името Исусово со усните, срцето и умот, со чувство на Неговото присуство, на секое место, во секое време, дури и на сон. Таа се изразува со овие зборови: Господи Исусе Христе, смилувај се на меке! Оној што ќе свикне на овој призив чувствува голема утеха и потреба секогаш да ја кажува оваа молитва; по извесно време, тој не може повеќе да живее без неа и таа самата од себе тече во иего. Сфаќаш ли сега што е тоа постојаната молитва?
— Совршено го сфаќам тоа, оче мој! Во името на Бога, научете ме сега како да го постигнам тоа, извикав полн со радост.
— Иако се учи молитвата, тоа ќе го видиме во оваа книга. Таа се вика Добротољубие. Тоа ја содржи комплетната и детална наука за постојаната внатрешна молитва изложена од дваесет и пет свети Оци. Толку е корисна и толку совршена што се смета за основен водич за набожниот (контемплативен) живот и, као што вели блажениот Никифор, „таа води кон спасение без мака и без тешкотија“.
— А дали е повозвишена од светата Библија?  запрашав  јас.
— Не, таа не е ни повозвишена, ни посвета од Библијата, но содржи многу светли објаснувања на сето она што останува таинствено во Библијата поради слабоста на нашиот ум, чиј поглед не достига до овие височини. Еве една слика: сонцето е ѕвезда величествена, светла и прекрасна; но не е можно да се гледа со голо око. За да го набљудуваме овој цар на ѕвездите и да ги поднесеме неговите разгорени зраци, треба да употребиме стакло вештачко, бескрајно помало и позатемнето од сонцето. Е, па, добро! Библијата е тоа болскаво сонце, а Добротољубието ова парче стакло. Слушај, сега, ќе ти читам како да се вежбаш во постојаната  внатрешна   молитва.
Старецот го отвори Добротољубието, избра една одломка од св. Симеон Нови Богослов и почна:
— „Остани седнат во тишина и во самотија, наведни ја главата, затвори ги очите; диши пополека, гледај со умот во внатрешноста на своето срце, прибери го својот ум, односно својата мисла, од главата во срцето. При секое вдишување вели: „Господи Исусе Христе, смилувај се на мене", со тивок глас или вели во себе. Настојувај да истераш секаква мисла, биди трпелив и повторувај ја  често  оваа  вежба."
Потоа старецот ми го објасни сето ова со примери и во Добротољубието ги прочитавме уште и овие зборови на св. Григориј Синаитски и на блажените Налист и Игнатиј. Сето она што го читавме, старецот ми го објаснуваше и со свои сопствени зборови. Јас слушав со внимание и занес и настојував сите овие зборови да ги запомнам со најголема точност. Така ја минавме целата ноќ и без спиење отидовме на утрена (молитва).
На заминување, старецот ме благослови и ми рече да доаѓам кај него, за време моето изучување на молитвата, за да ме исповеда со искреност и простота на срцето, зашто без водич е залудно да се започнува духовно дело.
Во црквата, во себе почувствував силна желба која ме тераше грижливо да ја студирам постојаната внатрешна молитва, и побарав од Бога да ми биде на помош. Потоа помислив дека ќе ми биде тешко да одам да го видам старецот за да ме исповеда или да барам совет од него. Во гостилницата нема да ме чуваат повеќе од три дена, а во близина нема живеалиште. За среќа, дознав дека има едно село оддалечено четири версти. Отидов во него да побарам место и, за моја срена, Бог ми помогна. Најдов работа иаио чувар иај еден селанец, под услов да го минам летото сосема осамен во една нолипиа на ирајот од бавчата. Фала Богу, бев нашол мирно место. На тој начин почнав да живеам и со означените средства да ја проучувам внатрешната молитва, следејии ги точно советите на старецот. Во почетоиот изгледаше дена се оди добро. Потоа почувствував голема тежина, мрзливост, здодевност, еден носовладлив сон и мислите ме притиснаа иано облаци. Полн со јадови отидов иај старецот и му ја изложив мојата состојба. Тој ме прими со добрина и ми рече:
Возљубен брате, против тебе се бори светот на темнината, зашто тој од ништо не се плаши толиу иолку од молитвата на срцето. Тој се обидува да те вознемирува и да ти влее одвратност ион молитвата.
Но, непријателот дејствува само според волјата и дозволата Божја, според тоа нолну нам ни е потребно. Треба, несомнено, твојата снромност уште да биде ставена на проба: премногу е рано со една претерана ревност да дојдеш до прагот на самото срце, зашто би ризииувал да паднеш во духовна сиржавост. Ќе ти прочитам што вели за ова Добротољубието.
Старецот побара во поуките на монахот Никифор и прочита:
— „Брате мој, ако и покрај твоите усилби не можеш да влезеш во пределот на срцето, како што ти препорачав, прави што ти велам и, со Божја помош, ќе го најдеш она  што  го  бараш.
„Ти знаеш дека умот на секој човек е во неговите гради. .. На тој ум одземи му, значи, секаква мисла (ти го можеш тоа ако сакаш) и дај му „Господи Исусе Христе, смилувај се на мене". Настојувај со овој внатрешен призив да замениш секоја друга мисла и, со текот на времето, тоа сигурно ќе ти го отвори прагот на срцето, а тоа е факт докажан со искуството".
Гледаш како учат светите Оци за овој случај, ми рече старецот. Затоа оваа заповед треба да ја примиш со доверба и колку што можеш да ја рецитираш молитвата Исусова. Еве ти една броеница со помошта на која во почетокот ќе можеш да правиш три молитви на ден. Исправен, седнат, легнат или одејќи, вели непрестајно: Господи Исусе Христе, смилувај се на мене! тивко и без брзање. И кажувај точно три илјади молитви на ден без да одземаш или да додаваш некоја. На тој начин ќе ја постигнеш постојаната активност на  срцето.
Овие зборови на старецот ги примив со радост и се вратив кај мене. Почнав да го применувам верно и точно она што ме научи тој. За време од два дена имав извесна тешкотија, потем тоа стана толку лесно што, кога не ја читав молитвата, чувствував некаква потреба пак да ја започнам и таа течеше со леснотија без онаа присиленост што ја чувствував во почетокот.
Ова му го кажав на старецот, кој ми нареди да читам шест илјади молитви на ден и ми рече:
— Биди спокоен и настојувај само да се придржуваш за бројот на молитвите што ти е пропишан: Бог ќе се смилува на тебе.
Цела една седмица јас останав во мојата осамена колиба читајќи ги секој ден моите шест илјади молитви, не грижејќи се за ништо друго и без потреба да се борам против мислите; се обидував само точно да ја исполнам заповедта на старецот. Што се случи? Толку убаво свикнав на молитвата што, ако застанев за еден момент, чувствував некаква празнина како да бев загубил нешто; штом ќе си ја продолжев молитвата, станував повторно лесен и среќен. Нога ќе сретнев некого, немав повеќе желба да зборувам, сакав само да бидам осамен и да ја кажувам молитвата; ете толку бев свикнат на неа по една седмица.
Старецот, кој не беше ме видел веќе десет дена, дојде самиот да чуе новости од мене; јас му објаснив што ми се случуваше. Откако ме сослуша, ми рече:
— Ете те свикнат на молитвата. Гледаш, сега треба да го чуваш овој навик и да го потхрануваш: не губи време и, со Божја помош, одлучи да читаш дванаесет илјади молитви на ден; остани во ќелијата, станувај малку порано, легнувај си малку подоцна и доаѓај да ме видиш двапати месечно.
Јас се сообразив со наредбите на старецот и, првиот ден, одвај успеав да ги прочитам своите дванаесет илјади молитви што ги завршив доцна вечерта. Утредента тоа го направив полесно и со задоволство. Прво почувствував замореност, еден вид стврднување на јазикот и некаква вкочанетост во вилиците, но без нешто непријатно; потем добив лесна болка во непцето, потоа во палецот од левата рака, кој ги одвојуваше зрната од броеницата, додека раката ми се загреваше до лактот, што причинуваше некакво прекрасно чувствување. А тоа ме поттикнуваше молитвата да ја читам уште подобро. Така, за време од пет дена, ги кажував верно дванаесетте илјади молитви и, истовремено со навикот, ги примив привлечноста и желбата за молитвата.
Едно утро раио, бев како пробуден од молитвата. Почнував да ги кажувам своите утрински молитви, но јазикот ми се заплеткуваше од нив и јас немав друга желба освен да ја кажувам молитвата Исусова. Штом ја започнав, станав целиот среќен, моите усни се движеа самите од себе и без напор. Целиот ден го минав во радост. Без како отсечен од се и се чувствував како да сум во друг свет. Пред крајот на денот ги завршив без тешкотија моите дванаесет илјади молитви. Сакав многу да продолжам, но немав смелост да го надминам бројот означен од старецот. Наредните денови, продолжив да го призивам името на Исуса Христа лесно и без замор.
Отидов да го видам старецот и сето ова му го раскажав детално. Нога завршив, тој   ми   рече:
— Бог ти ја дал желбата за молитва и можноста да ја оствариш без мака. Тоа е природен учинок постигнат со вежба и постојана трудољубивост, исто како што се постапува со машина на која во почетокот моторот и се раздвижува малку по малку се додека не почне да се врти самиот од себе; но, за да остане таа во движење, потребно е да ја подмачкуваме и одвреме навреме да и даваме нов полет. Сега гледаш со какви чудесни способности Бог, приЈателот на луѓето, ја надарил самата наша чувствена природа; а ти си ги познал вонредните чувства што можат да се родат дури и во грешната душа, во нечистата природа што се уште не ја осветлува благодатта. Но, каков степен на совршенство, на радост и восхит достигнува човекот кога Господ сака да му ја открие спонтаната духовна молитва и неговата душа да ја очисти од страстите! Тоа е необјаснива состојба и, откривањето на оваа тајна, е еден предвкус иа небеската сладост. Тоа е дарот што го примаат оние кои Го бараат Господа со нротко срце, што се прелива од љубов!
Отсега, ти дозволувам да читаш молитви колку што ќе сакаш, обиди се сето време додека си буден да го посветиш на молитвата и призивај го името Исусово без да броиш, скромно предавајќи и се на волјата Божја и надевајќи се во Неговата помош; Он нема да те напушти и ќе те води по твојот пат.
Послушен на ова правило, го минав целото лето непрестајно рецитирајќи ја молитвата Исусова и станав сосема спокоен. Додека спиев, понекогаш сонував како ја кажувам молитвата. И дење, кога ќе сретнев луѓе, имав впечаток дека ги сакам како да се од моето семејство. Но јас не останував со нив. Мислите беа смирени и јас живеев само со молитвата; почнував да го приклонувам својот дух, да го слушам и одвреме навреме моето срце од самото себе чувствуваше како една топлина и голема радост. Нога ќе ми се случеше да влезам во црквата, долгата служба ми изгледаше кратка и повеќе не ме заморуваше како порано. Осамената колиба ми изгледаше како раскошна палата и не знаев како да Му заблагодарам на Бога што, на мене сиромавиот грешник, ми го прати овој старец со толку благотворна наука.
Но, немав можност долго време да уживам во духовното раководство на мојот сакан и мудар старец — тој умре кон крајот на летото. Од него се простив со солзи и, оддавајќи му благодарност за неговата татковска наука, како благослов, го замолив да ми ја остави броеницата со која тој секогаш се молеше. Така останав сам. Летото заврши, ги обраа плодовите од бавчата. Немав повеќе кај да живеам. Селанецот ми даде две сребрени рубли како плата, ми ја наполни торбата со леб за на пат и си го продолжив мојот скитнички живот; но не живеев повеќе во немаштија како порано. Призивот на името на Исуса Христа ме радуваше по целиот мој пат и сите се однесуваа кон мене со добрина; се чинеше дека сите почнале да ме сакаат.
Еден ден се запрашав што да правам со рублите што ми ги беше дал селанецот. Што ќе ми се? Да! Е, па добро, го немам повеќе старецот, никого за да ме раководи; ќе купам едно Добротољубие и од него ќе ја научам внатрешната молитва. Се прекрстив и го продолжив својот пат молејќи се. Стигнав во еден главен град на околија и во дуќаните почнав да барам Добротољубие; најдов едно, но продавачот бараше три рубли, а јас имав само две; попусто се пазарев, тој не сакаше ништо да попушти; најпосле ми рече:
— Оди види во оваа црква, прашај го клисарот; тој има една стара книга како оваа, што ќе ти ја даде можеби за твоите две рубли.
Отидов кај него и навистина за две рубли купив едно мошне старо и оштетено Добротољубие; бев мошне среќен поради ова. Ја занрпив со штоф како што можев и ја ставив во мојата торба заедно со Библијата.
Ете како сега одам, кажувајќи ја непрестајно молитвата Исусова, која ми е помила и послатка од се на светот. Понекогаш минувам повеќе од седумдесет версти на ден и не чувствувам дека одам; само чувствувам дека ја кажувам молитвата. Нога ќе ме фати некој силен студ, ја кажувам молитвата со повеќе внимание и наскоро сум сиот затоплен. Кога ќе прегладнеам, го призивам почесто името на Исуса Христа и повеќе не се сеќавам дека сум бил гладен. Ако се чувствувам болен и ме боли грбот или нозете, се концентрирам на молитвата и повеќе не ја чувствувам болката. Нога некој ме навредува, мислам само на благотворната молитва Исусова; веднаш, бес или мака исчезнуваат и јас заборавам се. Станав малку чуден. Не се грижам за ништо, не ме обзема, не ме привлекува ништо од она што е надворешно, би сакал да бидам секогаш осамен; по навик, имам само една потреба: непрестајно да ја кажувам молитвата и, кога го правам тоа, станувам сосема весел. Бог знае што станува во мене. Природно, тоа се само чувствени впечатоци или, како што велеше старецот .последица на природата и на еден здобиен навик; но уште не се осмелувам да почнам да ја учам духовната молитва во внатрешноста на срцето, јас сум премногу недостоен и глуп. Го чекам часот Божји, надевајќи се на молитвата од мојот покоен старец. Така, се уште не сум дошол до духовната молитва на срцето, спонтана и постојана; но, благодарение на Бога, сега јасно сфаќам што значи зборот на Апостолот што го слушнав порано: „Молете се непрестајно".

 

Раскази на еден поклоник - Втор расказ

Издавач : Преспанско - пелагониска епархија

 Raskazi.korica.jpg

(Битола, 1982)

Превел: протоѓакон Јован Таковски, проф.

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная