логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


АКО БОГ Е ЉУБОВ, ТОГАШ СИТЕ РЕЛИГИИ НЕ СЕ ИСТИ!  ѓакон Андреј Кураев

Go to fullsize image

 

ЗОШТО ГИ ПРОГОНУВАЛЕ ХРИСТИЈАНИТЕ ВО ПАГАНСКИОТ СВЕТ ?

Феноменот на прогонувањето на христијаните во Римското царство обично се сфаќа сосема неправилно. Пред се, во тој прогон немало ништо „нормално" (божем, се прогонува се што е ново). Римската царштина била правна држава и во неа не ги прогонувале ни философите (и колку нивните гледишта да се разликувале, од царските), ниту надворешните секти (култот на персискиот Митра бил многу популарен меѓу римската елита), ниту народите кои не верувале во истото што верувал и Рим. Дури ни Евреите, кои паганските (па според тоа и римските) богови ги сметале за демони, не биле изложувани на верски прогонства. Според признанието на еден еврејски историчар, „Римјаните никогаш никого, освен христијаните, не ги изложувале на прогонства од верски причини" (М. Дајмонт, „Евреите, Бог и историјата", Москва, 1994).

На парите на императорот Септимиј Север може да се види претстава на персискиот бог Митра. Самиот Септимиј, кога дошол во Александрија, доброволно се поклонил на локалното божество Серапис. За време на владеењето на истиот император од Александрија протеран е свети Климент. На законот на овој ист император, прогласен 202 г. кој забранува преминување во христијанството, се повикувале судиите осудувајќи ги на смрт Оригеновите ученици..

Зошто? Од каде таква омраза - и тоа не од најлошите, туку од најдобрите римски цареви (Како еден од најревносните прогонувачи на христијаните се покажал „философот на престолот", Марко Аврелиј)? Причината е - во самите христијани. Кога христијаните слично на теософите би се сложиле дека „името на Бога" и не е важно, дека Бог има многу лица и дека со тоа во исто време може да се поклонуваме и на Зевс, и на Митра, Озирис, и на Христа - гонење немало. Од христијаните не би се барало да се одречат од Христа. Од нив се барала лојалност во однос кон официјалните пагански божества. Светата маченичка Татјана пострадала за време на владеењето на Александар Север. Александровата мајка, Јулијана Мамеја, била христијанка. И тој самиот се сметал за „христијанин". Во неговата дворска капела бил насликан ликот на Христос (паралелно со ликовите на Авраам, Орфеј, Аполониј). Тој, меѓутоа, вистинската христијанка ја предал на мачење токму заради нејзиното одбивање Христос да го вброи „меѓу" другите богови. Императорот „христијанин" ја убил Татјана заради неприфаќање на теософската „верска толеранција".

Избегнувањето на христијаните да ги почитуваат „татковските богови" сфатено е како закана за целото општество: што ако боговите се разгневат заради непочитување? Кога на граѓанинот му се доверувала државна должност - на нејзиното преземање му претходело испитување дали тој ги исполнува обврските кон наследениот култ, ги почитува ли гробовите на своите претци. Таа проверка била поттикната од стравот дека, заради негова негрижа, гневот на боговите може да се одрази и на успехот на онаа државна дејност која му била доверена. Христијаните, поради нивното одбивање да ги почитуваат олимписките богови, ги нарекувале „атеисти", безбожници. Тогаш е разбирливо што толпата непобожни на христијаните им ги припишувала несреќите кои ги снаоѓале и извикувала: „Христијаните - на лавовите!"

Евреите успеале на некој начин да се договорат со властите и нив не ги чепкале. На паганите колку и да им била чудна еврејската религија - сепак во Римското царство немало верски прогонства на јудеизмот. Точно е дека ерусалимскиот храм го разурнаа Римјаните - но откако е задушено востанието во Палестина. Акцијата за политичко застрашување и одмазда за востанието, сепак, не е верско прогонство. Се до тоа востание според кажувањата на Флавиј, „римските императори во сите времиња искажувале почит кон храмот и ги богателе неговите ризници". Од паганска гледна точка, јудејската религија, иако туѓинска, била разбирлива; Евреите, како што им се чинело, го почитувале локалниот палестински Бог, го почитувале својот племенски идол, и тоа било сосема законски. Иако Евреите не ги почитуваат нашите богови - нивниот Бог сеедно има своја земја и, значи влегува во вселенската номенклатура на Ваал. Еврејската религија на Римјаните не им била сосема разбирлива (пред се - не ја сфаќале невидливоста на нивниот Бог и одбивањето да ги почитуваат другите богови). Сепак, тоа била традиционална религија на еден од народите во Империјата и поради тоа Јахве, на некој начин, автоматски се нашол меѓу божествените заштитници на римската благосостојба. Понекогаш еврејскиот прозелитизам меѓу паганите предизвикувал бес кај Римјаните - но, Евреите никогаш не биле прогонувани поради вредноста на својата национална религија.

Единствена земја која ја имал христијанскиот Бог - била парчето земја под Неговиот Крст... Освен тоа, додека јудеизмот можел да се спроведува без прозелитизам, одржувајќи се исклучиво во кругот на семејството, дотогашхристијанството, кое раскинало со еврејската средина и имало обврска да го објави Евангелието „за сведоштво на целиот свет", не можело без прозелитизам. Апостолите едноставно меѓусебно не можеле да расправаат за евангелските настани. Тие се испратени на сите да им зборуваат за нив - и на Евреите и на паганите. Многу брзо се покажало дека и едните и другите во христијанството виделе опасност за своите национални традиции.

Во почетокот римските власти во христијаните виделе само обични еврејски мисионери. Меѓутоа, наскоро, самите Евреи го растерале тоа погрешно мислење на паганските власти и објасниле дека христијанските проповедници не треба да се мешаат со правоверните Евреи. Во текот на многу децении Евреите со лесно срце им ги пријавувале на Римјаните бунтовниците и еретиците - христијани. Со самото тоа, тие, од една страна, им сведочеле на властите за својата лојалност, додека од другата страна и се спротивставувале на „ереста" која изникнала во нивната сопствена религија. Дури многу подоцна, (впрочем, дури во третиот век) иницијативата за гонење на христијаните почнала да потекнува од самите римски императори, а не од еврејските општини.

Токму тие случувања ја оформиле антиеврејската позадина на христијанското мислење (а не евангелското кажување за еврејското распнување на Христа, како што нагласувале почитувачите на антисемитизмот во текот на 19 и 20 век)114.

Ако денес се зафатиме со покајничкиот „еврејско-христијански" дијалог, не треба да зборуваме само за европските гета, туку и за еврејските пријави против христијаните во првите векови од нашата ера; не само за погромите на Евреите во Европа во Новиот век, но и за тоа како Евреите во 614 година го погубиле христијанското население во Ерусалим (откако градот го освоиле Персијанците).

Значи, не треба, да се вознемируваме само поради антисемитските натписи, туку и поради свесните погроми на христијанството и христијанската култура кои не се реткост кај еврејските публицисти. И едното и другото е - подлост и злосторство. Меѓутоа за тие подлости осудата, очигледно, мора да биде взаемна...115

Така, кога пријавата против Христиј аните пристигнувала во римската администрација, актот морал да биде заверен и донесен до судска расправа, дури иако овој или оној благороден чиновник не сакал да си ги валка рацете со христијанска крв. Христијаните обично дирекно ги обвинувале за нарушување на законот за навреда на царското достоинство. Логиката е разбирлива: ако христи-јанинот ја смета религијата на Олимп за лажна, и ако токму на олимписките богови им се поклонува императорот, тоа значи дека христијанинот императорот го смета за демонопоклоник. Освен тоа, христијаните се осмелиле да не веруваат во царското божествено потекло (Цезар своето потекло го изведувал дирекно од Венера).
Дијалогот помеѓу судијата и христијанинот можел, на пример, да се заврши во следниот тон:
- „Го познавав твојот татко и пред ти да се родиш. Служевме во иста легија во Сирија. Се сеќавам и на тебе уште додека беше дете, а ете, сега морам да ги претресувам обвиненијата кои пристигна против синот на мојот пријател. Тебе те обвинуваат... Велат дека ти си христијанин.
- Да.
- Знаеш ли ти дека војник не може да биде христијанин?
- Јас знам дека христијанинот може да биде војник, и знам дека мојот Бог, ако загинам бранејќи го својот град од напад на варвари, нема да ме лиши од наградата.
- Војникот првенствено го брани императорот и светиите на својот народ, своите богови. А ти си се одрекол од верата на нашите предци.
- Тие не се богови. Тие не го создадоа нашиот свет, ниту ги откупија луѓето до вечната смрт, тие не пострадаа на крстот.
- Слушај, боговите не можат да страдаат! Но ако ти сакаш да веруваш во Бог, срамно распнат на крст, во Бог - сиромав, во Бог - бездомник, во Бог со рани од камшици, никој не ти забранува. Секој може да одбере свој бог. Само, при тоа немој да забораваш да ги почитуваш и заеднички богови на нашиот народ.
- Тие не се богови; тие се идоли, демони, измислици, битија кои сами сте ги создале според својот лик и обличје. Несакам да им принесам жртва!
- Слушај, ти не сфаќаш дека не сакам да те казнам. Мисли што како сакаш. Најпосле, и нашите философи и поети ги исмејуваат авантурите на олимписките богови. Но, законот е закон. Со имињата на тие богови на усните Рим стана најголема држава во светот. Треба ли да го збунуваме народот заборавајќи ги старите светињи? Ти само со збор исповедај ги, а во срцето мисли си што сакаш.
- Не, Бог е еден и единствен. Нема да се поклонувам на идоли.
- Ајде, добро, сами сме. Поради твојот татко ќе го запишам твоето име на списокот на луѓето кои се покажале разумни и принесле соодветна жртва на нашите богови и императорот. Само немој во иднина јавно да зборуваш дека си христијанин. Оди сега!"
Момчето би заминало од управникот, и веднаш тука на плоштадот на цел глас би сведочело за својата вера:
„Ќе ви речат дека сум се одрекол. Не верувајте, не се поклонив на идолите! Јас сум христијанин!"
Потоа повторно би бил уапсен и би го завршил животот сечен со меч или би бил предаден на мачење.
Три века - од сре дината на првиот век на христиј анската ера до средината на четвртиот, христијанството било прогонувано во империјата. Де во една провинција, де во друга, а одреден временски период и во целото царство (како во времето на императорот Дециј), одеднаш би се подигнал бран на прогонства, разрушени се храмови, апсени епископи, свештеници и вопшто верници. Дури ни робот - христијанин не изгледал како фигура која е премногу без значење за притворање, но ни високата функција на офицерите или патрициите во опшеството не можела да ги спаси од казната ако станеле христијани.

Паганскиот суд им ги предлагал на христијаните нам добро познатите изговори: „Одречи се само со збор, а во душата верувај во што сакаш. Нема сомнеж дека Бог не обраќа внимание на јазикот, туку на помислата на оној што говори. Така може и судијата да смекне и Бог да се смилуваш. Така свети Василиј Велики ги пренесува советите кои џелатите му ги упатиле на маченикот Гордијан; Свети Василиј проповеда и за маченикот Варлаам, чија дланка со сила ја држеле над паганскиот жртвеник, положувајќи на него одозгора запален темјан со надеж дека „сведокот на Евангелието" нема да ја издржи изгореницата и дека темјанот од раката ќе го исфрли - право на жртвеникот. Толкава била вредноста на зборовите и гестовите.

Цивилизацијата во која зборовите ја изгубиле вредноста нема повеќе право да се нарече христијанска. А луѓето, кои се спремни, дури и на патот кон православниот храм, да ја вкусат кришнаитската „прасада", да приложат рубља на секој верски собор и пред секој идол да запалат стапче егзотичен мирис од истокот, воопшто не сфаќаат со каков ужас и болка апостолите и мачениците на раната Црква би гледале на нивниот однос.

На Рамакришна сосема му е сеедно - дали се паѓа во екстаза пред ликот на Буда или Христа, во созерцување на демонската богиња Кали или теософската Мајка на светот. Христијанинот, меѓутоа, на таквата широчина ќе го претпостави мачеништвото. Тоа е така непроменлив закон на монотеистичкото сфаќање на Бога што дури и Ориген протестира против давањето мноштво имиња на Бога. „Многумина се се уште на тоа мислење дека имињата кои им се дадени на предметите се произволни и дека немаат внатрешна врска со нивната суштина. Затоа многумина мислат дека нема разлика ако се каже: „Јас го почитувам највозвишениот Бог" или пак „Јупитер", или „Зевс", а исто така и: „Го почитувам и прославувам сонцето или Аполон, месечината или Артемида, животворната сила на земјата или Деметра или нешто друго, за што говорат грчките мудреци. Против таквите приговарам... Не треба да се чудиме за тоа што демоните своите имиња ги пренесуваат на највозвишениот Бог; тие тоа го прават за да им искажеме почит како кон највозвишен Бог. Таквата употреба на имиња на паганските идоли заради именување на вистинскиот Бог не била вообичаена за нашиот „слуга" (Мојсеј), пророците, Христос и апостолите" („Советување за мачеништвото", 46).

„Подобро е да се претрпат маки и да се умре отколку да си дозволиме себеси такво нешто" (Против Целс, 4,48; 1,25).
Ни Оригеновите ученици не биле ништо помалку казнувани поради исповедањето на Евангелието. Ориген не ги задржувал туку, напротив, ги бодрел во одлучноста да се спротивстават на паганското поклонување116.

Христијаните можеле да имаат многу лесен пат кон успехот. Единствено било потребно да кажат: „Дојдовме да се соединиме со сите. Ние Го почитуваме Христос, но сфаќаме дека на Нему може да му се поклонува и во култовите на другите религии". Во тој случај не би имало маченици, но не би имало ни Христијанство. Христовата опомена би останала неуслишена: Тешко вам кога ќе почнат сите луѓе да зборуваат добро за вас (Лука 6, 26).

Според тоа, токму одбивањето на апостолите и нивните следбеници напоредно со Евангелието да ја признаат правилноста на паганите довело до нивно казнување. Паганизмот му предложил на христијанството да направат компромис со нив - во облик на гностицизам. Тогаш, според точниот израз на Б. Болотов, „паганизмот прибегнал кон прогони барајќи компромис".

Мачеништвото на христијаните ги натерало паганите да размислат: „Се покажува дека постои нешто во светот на религиите што не ни е познато... Зошто христијаните толку многу го сакаат својот Христос? Ние не умираме за својата Астарта..." Маченичката крв навистина станала семе на христијанството.

Победата на Црквата над Империјата - тоа е победа на верската сериозност над лесномисленоста, победа на чесноста над верскиот кич.
Меѓутоа, ниту една победа не може да се зачува автоматски. Во современиот, веќе речиси сосема секуларизиран свет, повторно триумфира идеалот за задолжително религиско сепроникнување. Северувањето и многуверувањето се прогласуваат за „широкогледост", а вредноста кон Христа за „тесен фанатизам".

Паганизмот повторно (дури и во самата Русија) се појавува како најмасовна религија. Професионалните социолози можат да бидат излажени (и тие, верувајќи им на граѓаните, ќе тврдат дека мнозинството верници во Русија му припаѓаат на Православието). Меѓутоа, не можат да се измамат оние кои не се занимаваат со вербални уверувања туку со пари. Не можат да бидат излажани издавачите на книги. Така, на пример, меѓу оние книги кои се продаваат на уличните тезги, на една книга за Православието доаѓаат ништо помалку туку дваесет книги за окултизмот и паганизмот (да не ги сметаме романите на „стравот и ужасот"). Хороскопи, учебници за јога и медитација, мистични трактати од стариот Египет до Кастанеда, а покрај тоа и неопагани од типот на Хабард.

Да, постојат и луѓе кои си го нашле своето место во Православието. Меѓутоа, далеку побргу, во однос на бројот на парохјаните во Православната Црква, последниве години во Русија се зголемува бројот на приврзаниците на паганската пракса и различни секти, христијански или блиски на христијанството. Во Русија нема човек кој во текот на последниве шест години не слушал дека Православието е духовна ризница на Русија. Мнозинството Руси искрено се сложуваат со таа констатација. Да, сите се убедени дека духовноста е нешто добро, дека патот кон храмот не смее да зарасте во трева, дека во духовната ризница на Православието се зачувани и собрани многу работи. Сега кажете ми - каде би можел јас да го добијам својот дел од таа ризница?

Ако му пристапите на човек на улица и го запрашате: кажете ми, што всушност сознавте во текот на последниве години за Православието, одговорот ќе биде молк... Речиси никој не спомнува никаков извадок од Житијата кој го запамтил, ниту приказна која го воодушевила, ниту богословска мисла која му се открила... Уште помалку има луѓе кои би можеле да наведат случај кога проповедта која ја слушнале или длабоко доживеаната богослужба непосредно ги поттикнале на добри дела.

Не знам колку верници има во Русија. Во една прилика во сосема обично училиште ги запрашав учениците од постарите одделенија: каква основа имаат себе си да се сметаат за претставници на „hommo ѕарiеns". Разумниот човек е должен своето убедување да го прилагоди на своите постапки. Повеќето од децата на дирекното прашање за верата изјавија дека сите се верници. Но, веќе на следното прашање одговорот беше молчење. Прашањето, пак, беше многу просто: „Кажете ми, кој од вас барем еднаш во животот се нашол во ситуација кога сакал да направи некоја подлост, но се запрел во последен момент, потсетувајќи се дека тоа Бог не го заповеда?" Во тоа е критериумот на човековата вера. Ако се раководиме според ова, ќе се покаже дека не живееме во земја на препородено Православие или ислам, туку во земја на победнички окултизам. Малку се оние кои во ситуација на избор ќе погледнат во Евангелието или Куранот, ќе го прашаат свештеникот или оџата. Меѓутоа, сите со задоволство ќе го слушнат советот на астрологот или хороскопот, магот или „екстрасенсот". Тоа е исто така показател на длабоката морална криза во земјата: стремеж да се добие мистика исчистена од секаква етика, низ мала врата да се помине до небесните тајни - без личен духовен напор.

Истребувањето на неколку поколенија религиски мислители и богослови доведе до заборавање дека умот има свои права не само во световната, туку и во духовната сфера. Два пара категории го опишуваат текот на духовното работење: молитвата и мислата, благодатта и слободата. Отсечете им на тие парови барем едно крило и ете инвалид во духовното работење. Секта, меѓутоа, и значи - „отсечување".

Во историјата на религијата постојат работи со кои христијанството е противречно. Од тој факт не можете да се оградите со вообичаен интелектуален рефлекс: „О, колку сте вие нетолерантни!" Никаква „толеранција" не може да го побие фактот дека Пушкин не ги напишал „Стиховите за советскиот пасош".

Зарем е нетолерантен учителот кој на ученикот му укажува на недопуштеното искривување на фактите? Ако е Вовочка убеден дека „Евгениј Онегин" почнува со зборовите „Мојата чесна тетка е вистински пример...", а не „Мојот чесен чичко е вистински пример", дали учителот треба да го пофали за творечкиот пристап или да се потруди да го натера на разбирање на правилата на рускиот јазик?
Пантеизмот на Њу Ејџ е противречен со библискиот персонализам. Сфаќањето на Христос просто како „Учител" не е во склад со учењето на самиот Христос. За иморализмот на источната мудрост нема место во христијанската етика.

За тоа, кога предавам во МГУ (Московски државен универзитет), ги предупредувам слушателите: јас на некој начин сакам да ви ја одземам слободата. Имате право да мислите поинаку, Евангелието и христијанскиот живот можете да ги сфаќате поинаку од православците, едноставно, можете да зборувате и пишувате што и да сакате. Меѓутоа, едно не можете - во таквите случаи коктелите на своите мисли да ги прикажувате како Православие. Ако некој, па дури и еден од вас, е согласен со тоа сфаќање за Бога, човекот и светот кое ви го откривам - ќе ми биде мило. Но, на крајот на сите мои предавања ќе ви биде поставено едно ограничување: кога ќе сознаете какви се основните принципи на Православието, нема да имате морално право да прикажувате нешто друго како Православие.

Може ли да се смета за ограничен фанатик историчарот на философијата кој ја објаснува разликата помеѓу Кантовиот и Августиновиот филосовски метод? Зошто за нетолеранција не го обвинат философот кој пишува дисертација на тема за спротивните гледишта на Достоевски и Ниче? Кога Алексеј Лосев докажува дека платонизмот на Ренесансата има малку заедничко со учењето на самиот Платон, никој поради тоа не го нарекува тесноград фанатик! Исто така и историски и фактички и документирано е дека теософијата на Њу Ејџ е противречна со апостолското христијанство.
Исто така би замолил да не ме обвинат за „нетрпеливост". Меѓу различните философии и различните богословски системи постојат разлики кои не зависат од расположението и волјата на истражувачите. Колку и да сака некој сите да бидат еднакви, помеѓу будизмот и христијанството постојат многу радикални разлики. Тие нема да изчезнат доколку јас ги премолчам.

Повикот на компарација е пред се повик на мисловната дејност. Леснотијата со која на астрална подлога се раѓаат секти од типот „Богородичен центар" и „Белото братство" дава повод дека не е лошо уште еднаш да се спомне: кога се влегува во црква, се симнуваат капите, а не главите. Но, здобивање на верата не значи дека од тоа време умот треба да се остави во мрачна комора. Настанувањето и исчезнувањето на новите секти кои сите гледаме, ја потврдуваат вистината стара колку и Црквата: целата сила на догматиката и Преданијата, силата на црковниот ум и авторитет не се спротивставува на слободата на мислењето, туку на слободата на фантазирањето. Црквата го однегувала научниот емпиризам во својство на средство за борба против суеверието и митологијата. Како што е познато, ништо не може така да обедини како присутството на заедничкиот непријател. Денес очигледно е стратешкото сојузништво на Црквата со науката, духовното и световното просветување. И во верата и во науката се појави заеднички моќен непријател:суеверието.

Во животите на црковните луѓе имаше многу гревови. Меѓутоа, двеилјадигодишното искуство покажува дека се што трагало по поголема „чистота" и „мистицизам" навлегувало во пределот на фантазијата, антиисторизмот и некултурата. Тој факт некому може да му изгледа досаден и прозаичен, додека мене ми изгледа ра-досен. Од век во век се појавуваа нови гностици и теософи, уверувајќи дека пронашле начин да се надмине евангелската „тесноградост" . Меѓутоа, од век во век се покажуваше дека од светот на христијанската култура постои само една излезна врата - назад во паганизмот. На таа врата можат да се менуваат натписите и орнаментите, на неа можат да бидат закачени разни цитати. Зад таа врата, меѓутоа, човекот нема да го пронајде небесното пространство, туку она исто задушливо и извалкано претсобје во кое нема место за човекот...
_________________

114. Еве го сведоштвото на еден од „маченичките списи" од почетокот од вториот век: „Властите наредиле свети Поликарп епископ Смирнски, да биде казнет со спалување. Кога го објавиле тоа, „мноштво на луѓе без размислување се зафатиле со собирање на дрва и суви гранки од работилниците и термите во што посебно ревносно, по својот обичај, помагале Евреите".

115. Неколку примери: „Павле да живееше во сегашно време, по се изгледа, ќе завршеше во психијатриска клиника... Ернест Ренан го окарактеризирал како „Одвратен мал Евреин". Често бил изложуван на нападите од маларија. Имал и зачестени халуцинации и, според мислењето на некои научници, епилептични напади" (Дајмонт М., Евреите, Бог и историјата; Москва 1994, стр. 186). Е. Мајбурд смета дека Исаиното пророштво ете, Девица ќе зачне (Иса. 7, 14), кое христијаните го поврзуваат со Раѓањето на Спасителот, треба да се толкува како „Погледајте, оваа млада девојка е трудна" (Мајбурд, Е. Ловци на човечки души со помош на мрежа од лаги; Независимаја газета, 23. 9. 93)... вели класикот на советската литература Евреинот Исак Бабељ, чиј јунак влегува во храм кој го запоседнале црвените и таму ја гледа иконата на Богомајката: „слаба жена со разделени колена и опуштени гради, кои личат на две непотребни зелени раце" („Самрак"). Светскиот познавач на книжевноста по тој повод забележува дека тоа не е ништо друго туку „вербален погром": „Кој државен атеист во последните децении не би позавидел на тоа сочно гадење, на тој талент за омраза и страст кон „газењето на светињата?" (Новикова М. Маргинал..., Новиј мир, Бр. 1, 1993, стр. 231). Лав Левинсон, помошник на Глеб Јакунин, вака пишува за Православната Црква: „Разговорите за препород на Руската Црква изгледаат бесмислено. Сеедно е дали се надеваат на воскресение на кукла која лежи во мавзолеот или, подобро речено, на неговиот кратковечен сосед, закопан недалеку одтука. Треба да се спасуваме од сето тоа: и од мртвите и од Патријаршијата, како од долготрајна болест која неминовно остава траги на телото, но најпосле ќе исчезнат" (Л. Левинсон, Неколку забелешки за владеачката идеологија; Експрес-хроника, 26. 5. 95.). Најпосле, за Русија како целина Михаил Капустин пишува во следниот стил: „Одиозниот пример на Салтичиха, која со сопствени раце во Подмосковсковието убила неколку стотини свои селани се појавува како грозоморен национален симбол на Русија" (Капустин М. Потрага по жртви; Русија и Евреите; Независимаја газета, 9. 12. 94.). По уверување на Јаков Кротов, „ѕверствата на руската војска во Чеченија сведочат за неморалот на рускиот народ". Секој ваков текст упатен на сметка на некој друг народ во светот би наишол на потполно природен прекор и осуда заради расизам. Но, за денешниот „демократски" печат навредите од таков вид упатени и на Рускиот народ, и на руската историја и култура се потполно нормални.

116. Очигледно дека самиот Ориген тогаш не пострадал затоа што законот на Септимиј Север не бил насочен за искоренување на христијанството како такво, туку на ограничување на неговото ширење. Казнувано е преобраќањето во христијанството, а не оние кои веќе биле христијани. Затоа во тие години најмногу маченици имало меѓу новопокрстените или огласените (во Картагина во тоа време пострадале маченичките Перпетуа и Фелицитата, крстени само неколку дена пред апсењето).

Извадок од книгата:

„НЕМА СПАСЕНИЕ НАДВОР ОД ЦРКВАТА“

Издавач: Канео ,Охрид, Дебарско- кичевска епархија

 

 Друго:

 

Посети: {moshits}

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3228
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7722
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

29/12/2024 - недела

Божикен пост (пост на масло)

Светиот пророк Агеј; Свети Никола Хрисоверг, патријарх Цариградски; Светата царица Теофанија;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная