логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Архимандрит Лазар Витаниски

monah.dr2.jpgЛуѓето во сите времиња сметале дека најстрашен грев е нарушувањето на шестата заповед - убиството - лишувањето на друг човек од најголемиот Господов дар - животот. Исто толку страшен грев е убиството на дете во утробата - абортус (чедоморство, детеубиство), а најстрашен грев од сите е - самоубиството.
Многу блиску до тоа да направат убиство се оние што во гневот допуштаат да се тепаат, нанесувајќи му на други удари, рани, повреди. Така грешат родителите што сурово се однесуваат со своите деца, кои ги тепаат и за најмала вина, па дури и без никаков повод. Често во гревот тепачка паѓаат луѓе што употребуваат алкохолни пијалаци во претерана мера. Тепачката меѓу младите стана вообичаена работа, тие често едни на други си нанесуваат сериозни повреди, речиси се убиваат за ништо или заради тоа да ја покажат својата „машкост", да го покажат своето „јас". Но, зар тоа е храброст? Најчесто таквите „јунаци" едноставно не умеат да ја загушат страста во себе, делуваат во настап на гнев и омраза, под влијание на сатанската злоба. Ние христијаните знаеме дека вистинската храброст се покажува токму во цврстото, трпеливо и постојано спротивставување на страстите, во непотчинувањето на нив. Кој е похрабар: оние кротки, физички слаби, молчаливи и покорни христијани - момчиња, девојки, мали деца, мајки, заедно со своите новороденчиња, кои без противење оделе на маки заради Христа, доброволно се предавале на мачење, трпеле нечуени навреди или оние „мажишта" што за еден навредлив збор се подготвени да му го скршат носот на ближниот и да извадат нож заради ситница? Интересно е како би се однесувале таквите луѓе кога би биле подложени на маки и кога од нив би се барало да се одречат од својата вера? Најверојатно веднаш би се откажале или би почнале да ги проколнуваат оние што ги навредиле, да чкртаат со забите на нив, да се обидуваат некого да удрат. А христијаните секогаш се молеле за своите мачители и џелати. Сега често можат да се слушнат оправдувања дека во животот владеат „волчји" закони и дека кротоста не е секогаш корисна и возможна. Како тогаш таквите мисли се сложуваат со христијанскиот закон? Тогаш кон кого се упатени зборовите на Самиот Господ: Научете се од Мене, зашто сум кроток и смирен по срце, или заповедта - кога некој ќе те удри по десниот образ, заврти му Го и левиот.
За овие гревови се виновни и оние што другите ги поттикнуваат на тепачки, кои ги трујат луѓето со сплетки, лажни обвинувања и клевети, кои ги свртуваат луѓето едни против други, кои ги караат блиските луѓе, оние кои внесуваат раздор во околината. Тие треба да знаат дека прават ѓаволско дело зашто и самиот збор „ѓавол" значи клеветник.
Неблаговременото укажување помош на болниот, на оној што е на умирање, рамнодушноста кон туѓите страдања треба да ги сметаме за пасивно убиство. Особено е ужасен сличниот однос на децата кон старите и болни родители. Ова се однесува и на недавањето помош на човек кој паднал во неприлика: бездомник, гладен, човек што се дави пред нашите очи, оној што го тепаат или го крадат, оштетен во пожар или во поплава. Но, ближниот не го убиваме само со раце или со оружје, туку и со сурови зборови, навреди, потсмевања, смеење на туѓата несреќа. Светиот апостол Јован вели: Секој што Го мрази братот свој, е човекоубиец (1 Јн. 3,15). Секој на себе почувствувал зло, суровиот и отровен збор ја ранува и убива душата.
Ништо помал грев не прават оние што младите души ги лишуваат од честа и невиноста, развратувајќи ги физички или морално, туркајќи ги на патот на развратот и гревот. Блажен Августин вели: „Немој да мислиш дека не си убиец ако си го наведил ближниот на грев. Ти ја развратуваш душата на соблазнетиот и го крадеш од него она што и припаѓа на вечноста". Да го повикуваш момчето или девојката на пијанки, насилно да го опиваш оној што не пие, да поттикнуваш на одмазда заради навреда, да соблазнуваш со развратни глетки или разговори, да се потсмеваш на невините, на скромните луѓе, да наведуваш на кршење на постот, да се занимаваш со заведување, да го оставиш станот на користење за пијанчење и развратни собири - сето тоа е соучество во духовното убиство на ближниот.
Убивањето на животните без потреба и нивното мачење, исто така, е грев: Праведникот се Грижи и за животот на добитокот свој, а срцето на Грешникот е жестоко (Изрек. 12, 10).
Предавајќи се на прекумерни страдања и доведувајќи се себе си до очајание, грешиме против истите тие заповеди. Самоубиството е најголем грев, зашто животот е Божји дар и само Он има право да не лиши од него. За самоубијците не смееме дури ни да се моли-ме. Црквата не ги споменува нивните имиња и не им врши опело, дури е забрането тие да се погребуваат на христијански гробишта и на нивниот гроб да се стави крст, зашто самоубиецот го исфрлил својот крст од себе, одбил да ја носи неговата тежина, ја отфрлил секоја надеж во Божјата милост, со самото нафрлување на својот живот човекот го отфрлил сето човекољубие и неискажливата милосрдна грижа на Господа за себе (а по зборовите на Самиот Господ - ни влакно од нашата глава не паѓа без знаење Божјо, толку Он се грижи за секој човек!). Одбивањето на лекувањето, намерното непридржување на лекарските совети, свесното нанесување штети на своето здравје, злоупотребата на виното, употребата на тутун и дрога, воопшто - негрижливиот однос кон своето телесно и душевно здравје се тоа се различни видови на самоубиства. Телото е храм на душата, како што целиот човек е Божји храм, храм на Светиот Дух, и кој ќе Го разурне овој храм него БОГ ќе Го разурне, според зборовите на Светото писмо.
По правилата на Анкирскиот Собор (313год.) за намерно убиство на плод (абортус) се налага забрана за причестување од 10 години. Свети Василиј Велики, зборувајќи во едно од своите правила (2 правило) за оние што намерно убиле плод зачнат во утробата, не прави никаква разлика помеѓу потполно образуваниот плод и плодот кој уште не добил човечки облик. Свети Василиј во тој престап гледа дупли грев: и чедоморство и обид за самоубиство, зашто со насилниот обид за убиство на плодот се изложува на опасност и животот на самата мајка. За жената што ја признава својата припадност на Православната црква, вештачкиот прекин на бременоста категорично е недопустлив и опростлив е само во исклучителни случаи, кога носењето на плодот, заради здравствената состојба, го загрозува нејзиниот живот.
Абортусот е еднаков на убиството, но во основата на причината што доведува до овој тежок грев постои и примеса на недостаток на доверба и вера во Бога, Кој го уредува животот на секој човек што доаѓа на свет, страв од животните тешкотии или страв од срам, потсмев, кога до зачнување дошло поради блуд или прељуба. Но, во тој грев секогаш се замешани и мажи - сопрузи или љубовници. Мажите што ги наведуваат жените на абортус или сами ги присилуваат да го извршат се виновни исто колку и жените, а понекогаш и повеќе. Оние мажи што лекомислено влегуваат во блиски врски со жени, правејќи блуден грев, често стануваат виновници за извршените абортуси и се учесници во чедоморството, а тоа не го ни знаат. А колку има такви лекомислени, „лесни" мажи кои, не знаејќи за тоа, носат на својата крштелна крпа траги од крв од своите убиени деца.
Затоа човек пред исповедта треба добро да се потсети, можеби да не направил таков престап или, можеби, имал блудни врски што можеле да завршат со абортус, зашто на Страшниот суд одеднаш ќе се покаже дека човекот учествувал и во грев каков што е убиството.

БЛУД И ПРЕЉУБА

Гревот на блудот (седма заповед - не прељубодејствувај) е многу распространет и заразен, тој навлегува длабоко во душата и во телото и затоа многу е опасен. Острастената чувственост продрела длабоко во паднатата човечка природа и се изразува во најразновидни и најистенчени облици.
Блуд е полово општење на неоженет маж и неомажена девојка што не е осветено со благодатната сила на светата тајна брак, односно нарушување на невиноста на момчето и девојката пред бракот.
Прељуба е нарушување на сопружничката верност од страна на еден или од страна на двајцата сопружници.
Инцест е телесна врска помеѓу двајца блиски роднини.
Противприродни полови врски се педерастија (телесен однос помеѓу двајца мажи), лезбејство (телесен однос помеѓу две жени), содомија (противприроден блуд помеѓу двајца мажи или мажи и жени), ракоблудие (мастурбација, онанија). Одвратноста на овие гревови е очигледна, и нивната недопуштливост е јасна: тие човекот го доведуваат до духовна смрт уште пред да настапи физичката.
За жал, светот во наше време како никогаш досега е заразен со разврат и дух на блудот, секаде се создава атмосфера што ја распламтува телесната похот. Денес е особено погубно влијанието на „западната култура", гнасни порно-списанија, срамни фотографии и слики, демонска музика (за самиот почеток на рок-музиката пред се е карактеристичен бунтот против моралните забрани, против религиските, општествените и семејните закони), соблазнителни романи, еротска поезија итн. Воопштено, зборувајќи, денес демоните се преполни со омраза кон човекот и се наоружани со сите видови моќни средства што продираат длабоко во човечките души, ги заробуваат и ги уништуваат. Гревот на блудот почнува пред телесниот пад, од гледање соблазнителни глетки на видениот грев и блудни слики, кога човекот не ја отсекува и не ја изгонува од душата заразата на гревот што навлегла таму.
Кога е осамен, особено ноќе, блудните помисли, што настанале поради невнимателниот живот, особено силно го напаѓаат човекот. За ова најдобри се аскетските вежби: воздржување во храната, недозволување на лежење в кревет после будењето, редовно читање на утринското и на вечерното правило.
Почеток и дел на блудниот грев се соблазнителните разговори, непристојните раскажувања, „мрсните вицови", пеењето неморални песни, пишување на срамни зборови и нивно употребување во разговорот, сето тоа наведува на порочно самонасладување што е опасно дотолку повеќе што е поврзано со зголемено мечтаење и неизоставно почнува да го следи несреќникот, често заробувајќи го целиот тек на неговите мисли и чувства, претворајќи го во жалосен роб на бедната страст и нискиот порок. Многу труд и болка е потребно после тоа за душата да би се исцелила од оваа штетна и крајно досадна навика.
Иако од блудните гревови гревот на мастурбација (онанија, ракоблудие, самоосквернување) наизглед е „најнеопасен", тој најтешко се лекува, зашто оној што на него се навикнал секогаш може лесно да згреши, особено ноќе, додека лежи в кревет, тој често е предизвикуван од страста за допирање на сопственото тело и лесно може да падне. Овде човек треба секогаш однапред да биде внимателен, навреме да ја отсече помислата на грев, да лежи во облека што го покрива поголемиот дел од телото, да не се гледа гол во огледало. Треба често во себе да изговара кратки молитви, понекогаш шепотејќи да го повикува светителот чие име го носи. Додека за блудот и прељубата, по правилата на Црквата, се налага забрана за причестување со светите Христови тајни на многу години или месеци со читање на канони и метании, за гревот на онанија е пропишана забрана за причестување од четириесет дена со јадење на сува храна (т.е. строг пост, без употреба на готвена храна). Сега, со големо снисходење кон крајната немоќ на верникот и земајќи ја во предвид страшната распуштена атмосфера во денешниот свет, овој рок се намалува и епитимија се одредува на дветри недели и без толку строг пост.
Се случува и во текот на сонот за време на блудни сонови или, дури, и без нив да дојде до блудно распламтување што се завршува со неволно истекување на семе, таканаречено семетечение или осквернување (или уште се нарекува - пад). Заради овој непријатен настан, исто така, треба да се претрпи мала епитимија, да се исполни покајно правило, правејќи 50 метании со молитвата: „Боже, милостив биди кон мене грешниот и очисти ме мене блудниот заради Твоето свето име", и исто така треба да се прочита молитвата на свети Василиј Велики - „против осквернување" (ја има во молитвениците). Денот што следи после ноќта во која се случило осквернувањето може да се оди в црква на богослужение, но не треба да се допираат ниту да се целиваат иконите ни светињите, не треба да се јаде нафора, ниту да се пие света вода (до вечерната богослужба, со која почнува новиот ден). Оној што се осквернил во ноќ спроти светата евхаристија не треба да пристапува кон светата причест. Падот во сон треба да го исповедуваме пред свештеник.
Исто така, тешко грешат сите оние што не се во црковен брак, и тие својата врска задолжително треба да ја осветат со светата тајна брак, без разлика на возраста. Освен тоа, и во бракот треба да се почитува целомудреноста, да не се предаваме на неумерени телесни уживања, да се воздржуваме од полови односи во деновите на пост (по заеднички договор на сопружниците и по совет на духовникот), секако, се подразбира, и во ноќта спроти примањето на светата тајна на Телото и Крвта Христови на светата литургија.
Значи, разгледувајќи го овој краток список на гревови, потсети се што се однесува на твојот живот. Овде ни оддалеку не е опишано се она што и штети и ја уништува душата, но замислувајќи се и загледувајќи се во себе, може да се сетиме на многу грешни нешта, тогаш - запишувај и исповедувај се што побрзо!

 

(Продолжува)

Извадок од книгата:

ПОКАЈАНИЕТО- ПАТ КОН ВЕЧНОСТА

Издавач: Канео ,Охрид, Дебарско- кичевска епархиј

Друго: Pokajanie.korica.jpg

Што е тоа грев и кои се основни гревови (10) - СТОМАКОУГОДУВАЊЕ

 ДУШЕВНА ЗДОДЕВНОСТ (УНИНИЕ)

ОСУДУВАЊЕ

ЧОВЕКОУГОДУВАЊЕ

ДУХОВНА ПРЕЛЕСТ (ИЗМАМА)

БОГОХУЛСТВО И ЗАКОЛНУВАЊЕ ВО БОГА

 Што е тоа грев и кои се основни гревови (3) 

СВЕТА ТАЈНА ПОКАЈАНИЕ И ИСПОВЕД (2) 

ПОВИК КОН ПОКАЈАНИЕ

 

 

 

Посети:{moshits}

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная