·
„Ниеден човек нема власт над духот, и нема власт над смртниот ден нема избавување од таа работа“ вели библискиот мудрец (Проп. 8, . Медицината се труди да го продолжи земниот живот, но таа не го нашла и нема да го најде лекот против смртта. Ние се лажеме дека долго ќе живееме на земјата. Смртта нѐ демне од секој агол. Многу луѓе биле изненадени од неа. Од смртта не се изненадува само оној, кој свикнал секој ден да мисли за својот последен час и се подготвува да го пресретне похристијански, т.е. со вера во Христа, Единствениот Победител на смртта. Знаејќи дека деновите му се избројани, таквиот човек сам ја демне смртта, за да не го издемне таа. Таквиот човек е мудар, зашто, ползувајќи се разумно од земниот живот, кој не е негова сопственост, тој ја прави блажената вечност своја сопственост.
Словото Божјо нѐ учи, a и искуството го потврдува тоа, дека не сме господари ниту на својот живот, ниту на својот имот. Ние сме тука времени управители на времено доверените ни блага. Поставени сме не по наша волја во еден привремен престој во големата необична сечовечка чекална. Во неа сите сме привремени наемници, макар што некои се мислат дека се „сопственици“. Штом ќе ни истече рокот, треба cѐ да оставиме тука. Дали ќе се осознаеме или не, ние сме слуги на Господарот на вселената. Тој ни возложува разни служби и ќе ни побара сметка како сме Му служеле. Секој од нас, порано или подоцна ќе го чуе строгиот глас на Судијата: „Дај сметка за раководењето, зашто веќе не ќе можеш да бидеш настојник“ (Лука 16, 2), т.е. да управуваш со Мојот имот.
Архимандрит Серафим
Беседи за животот по животот
фб Православен Источник