логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

(Обновено)

ЕДНО Е ТРЕЗВЕНОУМИЕТО А ДРУГО Е ТАГАТА

             Кога како малечок  влегов во Црквата, исполнет со копнеж и ревност, замислував дека луѓето таму ќе се смеат, дека Христовото Воскресение ќе се види во нивните очи, дека нивното однесување а особено нивните срца ќе зрачат со радост.
                Да, крстот и болката ќе бидат таму и не создавав илузии околу тоа. Веќе бев убеден, откако доживеав премногу болка уште како дете, дека нема место во овој живот без насолзени очи, но за христијанството трајната егзистенцијална радост е есхатолошка реалност.

Aleksandar.N.sv.Haralampij


                         Но, постои огромна разлика помеѓу страдањето и тажните очи. И тоа не е најлошото. Бидејќи може да се каже, и со право, дека и болката е дел од животот. Да точно. Сепак, едно е да ја доживеам мојата тага како резултат на искушенијата и неволјите во мојот живот, а друго е да го идентификувам христијанскиот живот со тажно и мрачно лице.
                       Едно е да ја прифатам тагата како фаза во моето духовно созревање, а сосема друго е да се мисли дека христијанинот никогаш не треба да се насмевнува, туку да биде невротично интровертен, а уште повеќе да се чувствува виновен за радоста.
                     „Изворот на лажната религија е неможноста да се радуваме, поточно негирањето на радоста, додека радоста е многу важна затоа што несомнено е плод на присуството на Бога. Не може некој да верува дека Бог постои и да не се радува. Само кога се обврзани со радоста, Божјиот страв и смирение се здрави, автентични и плодотворни. Надвор од радоста, сè станува демонско, најдлабоко нарушување на секое религиозно искуство. Религија на страв. Религија на лажно смирение. Религија на вина: сè е искушение и стапица - дејствително многу силни, не само во светот, туку и во Црквата. „Религиозните” луѓе некако со сомнеж гледаат на радоста.
                   Ние мора да разбереме дека постои огромна квалитативна разлика помеѓу светоотечкото трезвеноумие и психолошката тага. Тие не содејствуваат. Напротив, ова се различни духовни состојби. Затоа, треба да ја искршиме оваа камена и неподвижна маска на вина, која го храни нашиот нарцизам и, под изговор на „духовност“, нè оддалечува од човечките чувства и од она што нè плаши длабоко во себе.
                    Да го најдеме патот што води кон детето во нас што го замолкнавме и затаивме. Го замоливме да порасне, да не прави врева, да не зборува и што е најважно - да не се смее и да не игра. Бидејќи животот е „сериозна работа“. Тоа е за возрасните, а не за децата.
                   Ние дури побрзавме гласно да му шепнеме дека нема смеа или задевања во „духовниот“ живот.
Многу сериозно се сфативме себеси и сопственото “јас” и на крај му се поклонивме и го претворивме во „божество“. Работевме толку многу на нашето „спасение“ што на крајот го изгубивме. Затоа што заборавивме дека тоа не е освојување, туку дар.
               Не се уплашивме од смртта, туку од животот.Не го погребавме Христос и Неговата црква, туку скривницата наречена „религија“.
                 Да ја разбиеме тагата, бидејќи тоа не е трезвеност, туку страв и вина. Детето е сè уште таму. Сè уште е таму и нè чека. Тоа сè уште не престанало да се смее и да игра. Да се радува на своето постоење. Затоа што животот нема смисла, а самиот Тој е смислата. Дар од Бога, откривање на полнотата во Христовата личност.



о. Харалампиј Пападопулос

 Aleksandar.N.sv.Haralampij

За Преминпортал

Симеон Стефковски

 Aleksandar.N.sv.Haralampij

 Април 2021 лето Господово

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2070
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2087
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 533
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

12/05/2026 - вторник

+Свети Василиј Острошки; Светите девет маченици во Кизик; Преподобен Мемнон Чудотворец;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик;св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик;св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная