логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Еднаш, еден таксист чул на радиото од митрополијата снимка во која се велело дека митрополитот е во храмот и исповеда. Снимката била од пред 3 години. Чул и си рекол: „Митрополитот е во храмот? Да појдам да се исповедам“. Тој дојде попладнето, чукна на вратата од митрополијата и рече: „Слушнав на радио дека владиката е во храмот и исповеда, па, дојдов да се исповедам“. Ми кажаа, слегов долу и го прашав од каде дознал.

-Од радиото.

-Господи помилуј! Сигурно ги вртел станиците во таксито.

Дури и само на поминување покрај храмот, човек може да почувствува благоухание, да има некаква полза. Затоа ништо од храмот не треба да се изнесува и користи во домот. И еден обичен стол што стоел во храмот – готово, се смета за свештен предмет. Па, и килимот, правот од подот. Зошто е сето ова? Бидејќи сè во храмот станува сакрално, дури и мртвите материјални предмети.

Се сеќавате ли на житието на Св. Рафаил, кој во периодот на 1950-1960 се појавуваше во Митилини? Се случија мноштво чудеса додека да се исполни целата историја со Светиите (Св. Рафаил, Николај и Ирина). Во една прекрасна книга за нив се спомнуваат десетици луѓе на кои Светиите им се јавувале. Еве што му се случило на еден човек.

Кога си ја изградил куќата и го направил каминот, донел некој стар столб што го нашол надвор и го наместил врз каминот. Вечерта, тој видел како еден ѓакон ја отвора вратата, влегува и кади во неговиот дом. Еднаш, двапати, трипати, тој се уплашил, не знаел што се случува. Потоа му било откриено дека овој камен столб е од храм на манастир уништен пред 500 години.

Гледате, Господ се погрижил дури и за тој столб.

Еден старец на Света Гора-старецот Сава, којшто живееше во Капсала, многу познат подвижник, од поново време, кого светот не го знаеше и кој веќе се упокои, во една прилика ми раскажа што му се случило.

3.angeli.so.truba


Фреска: Кадењето на Ангелот.

Момент од небесната Литургија – Бигорски Манастир


Тој живеел сам, во многу пусто и непристапно место. Неговата колиба имала многу низок таван. Намерно отците ја изградиле така. Тој беше многу висок и секогаш морал да биде наведнат зашто главата му удирала во таванот и не можел да застане право, а не сакал да ја преправа куќата. Еднаш, кога решил да расчисти малку, во еден агол нашол некакви хартиени, руски икони, многу стари, толку изедени од црви што не се гледале добро ликовите на Светиите.

Тој се запрашал што да прави со нив, не знаел од кои светии се. Одвоил една од иконите на која бил изобразен Св. Архангел Михаил, а другите ги изгорел во печката, затоа што ликовите не се гледале и не знаел на кого се. Потоа посегнал да ја фрли во оган и иконата од Архангелот, но помислата му велела да не го прави тоа. Долго време се борел со помислата, чудејќи се што да прави. Ќе ја подадел раката да ја фрли во огнот, но потоа ја тргал. Најпосле, нашол еден клинец и ја наместил над вратата. Вечерта застанал на молитва. Додека го извршувал своето бдение, слушнал чекори и звук на кадилница. „Што се случува?“- се прашувал тој. Ја отворил вратата и внатре влегол Архангелот со кадилница, го покадил и си тргнал.

Каква благодарност затоа што ја зачувал хартиената икона и не ја изгорел.

Имаме многу такви примери – дури и со места кои некогаш, пред многу векови, биле храмови, а сега никој не знае за нив. Сигурно сте слушнале за она што се случуваше во селата во Мала Азија. Многу пати ми раскажуваа луѓе коишто живееле во тие села после малоазиската трагедија, кога Христијаните ги напуштиле своите домови. Турците-муслимани раскажувале дека слушаат пеење, гледаат светлини, чувствуваат благоухание затоа што таму претходно имало храм. Иако сега нема ништо, благодатта сепак останува. Бог го осветува Своето место, ја осветува дури и материјата што му ја принесуваме. А, колку повеќе пак човекот, којшто е образ и храм Божји.

За присутниот народ, кој очекува од Тебе голема и богата милост.

Ја очекуваме големата Божја милост, затоа што токму Божјата милост е она на што се надеваме, а не нашите дела. Ја очекуваме љубовта и милоста на Оној кој е богат и не е скржав како нас.

(Продолжува…)

 

Извор:

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/ljubovta-znachi-zhrtva-part-4/

 

Друго:

Митрополит Атанасиј Лимасолски: Љубовта значи жртва – (III дел) ...

Митрополит Атанасиј Лимасолски: Љубовта значи жртва – (II дел) ...

Митрополит Атанасиј Лимасолски: Љубовта значи жртва (I – дел) ...

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…
Јуни 25, 2024
HRISTOS.nafora

За нафората

Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и употребена за свештеничка работа.Овој леб,како избоден со копје и осветен со божествени зборови,им се дава на верниците кои не се причестиле наместо Страшните дарови,т.е.Светата…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 2683
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7133
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6965
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Најново од духовност

Православен календар

 

16/07/2024 - вторник

Св. маченик Јакинт; Свети Анатолиј, патријарх Цариградски; Преп. Александар; Св. Исаија Отшелник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Богородице Приснодево, заштито на луѓето,ризата и појасот на Твоето пречисто телоси го дарила на твојот град како моќна ограда,останувајќи нетлена...

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Христос нашиот Бог и Господ,повика срце да принесеме,о свети бессребреници Козмо и Дамјане,за да Спасителот него го очисти од страстите.Наука...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная