логоFacebookTwitterYouTubeeMail

(од Ерма)


ВИДЕНИЕ ВТОРО

(Повикување на Ерма на проповед за покајание за неговите деца и за сите оние што веруваат)

Глава 1

Додека одев во местото Кум, во исто време како и лани, се потсетив на ланското видение. И повторно ме обзеде Духот и ме однесе на истото место како и лани. Откако бев пренесен на тоа место, клекнав на колена и почнав да Му се молам на Господа и да го славам Неговото име, зашто ме удостои да ми ги открие моите поранешни гревови. Потоа, кога станав од молитвата, ја видов наспроти себе истата онаа Старица којашто ја бев видел и порано, како чекори и чита некоја книга. Таа ми рече:

„Можеш ли да им го објавиш ова на Божјите избраници?“ А јас ì одговорив:

„Госпоѓо, толку многу не можам да запаметам, но дај ми ја книгата за да ја препишам.“

„Земи ја“, ми рече таа, „а потоа врати ми ја.“
 
Ја земав книгата и отидов во еден крај од полето; ја препишав буква по буква, зашто не можев да ги препознаам слоговите. Кога го завршив препишувањето на буквите од книгата, некој наеднаш ми ја зеде од рацете, но кој беше тоа – не видов. 

Глава 2

По петнаесет дена, во кои постев и многу Му се молев на Бога, ми се откри смислата на напишаното. А беше напишано следново:

„Децата твои, Ерма, отстапија од Господа, похулија на Него и ги предадоа своите родители во големо зло; и беа наречени предавници на своите родители; а со тоа што ги предадоа, тие немаа полза, туку кон своите гревови ги придодадоа уште и развратот и разни други зла, и така се исполнија нивните беззаконија. Објави им ги овие зборови на твоите деца  и на твојата сопруга, зашто и таа не се воздржува во своите зборови и со тоа согрешува. Кога ќе ги чуе овие зборови, таа ѓе го заузда својот јазик и ќе заслужи милост.  
Кога ќе ги запознаеш со овие зборови, коишто ми ги заповедал Господарот да ти ги откријам, тогаш ќе им се простат сите гревови коишто порано ги направиле, а и на сите светии (=христијани) коишто согрешиле до овој ден, ако се покајат од сето срце и ако од срцето го отстранат сомневањето.
Зашто, Господарот на сите нешта се заколна со славата Своја дека оној од Неговите избраници, кој и по тој ден ќе продолжи да греши, нема да добие спасение. Зашто, за покајание на праведните е даден рок, и одредени се дните на покајанието за сите светии (=христијани), но на паганите им е дозволено да можат да се покајат до последниот ден. Затоа кажи им на претставниците на Црквата да ги исправат своите патишта во вистината, за да можат да ги добијат ветувањата (Божји) со голема слава. Вие, праведните, бидете постојани и немојте да се сомневате, за да преселбата ваша биде со светите Ангели. Блажени се оние коишто ќе ја претрпат големата неволја што ќе настапи, и оние коишто нема да се одречат од својот живот, зашто Господ се заколна во Својот Син дека оние што ќе се одречат од Господа ќе го изгубат својот живот. Тоа, имено, се однесува на оние коишто ќе се одречат во претстојните дни; на оние, пак, коишто порано се одрекле, Господ се смилува, заради големата милост Своја.

Глава 3

А ти, Ерма, не биди злопамтило на неправдите на твоите деца и не оставај ја жената твоја, туку погрижи се за тоа да се очистат од поранешните гревови. Зашто, тие ќе се вразумат од праведното учење, доколку престанеш да бидеш злопамтило. Зашто, злопаметењето води кон смрт, а заборавањето на злото – кон вечен живот. А ти, Ерма, претрпе големи световни страдања заради престапите на твојот дом, зашто не обрнуваше внимание на нив, како тие воопшто да не те засегаат, и се препушти на своите неправедни дела. Но тоа што ти не отстапи од Живиот Бог, те спаси; и простотата твоја и големото воздржување ќе те спасат, ако и понатаму бидеш постојан во нив; и ќе ги спасат и сите оние коишто постапуваат така,  и коишто пребиваат во чистота и простота. Тие ќе го победат секое зло и ќе стекнат вечен живот. Блажени се праведните; тие нема да загинат довека. А на Максим ќе му кажеш: „Еве, настапува неволја; ако ти чини, одречи се повторно. Господ е блиску до оние коишто се обраќаат, како што е напишано во книгите на Елдад и Модат, коишто пророкувале на народот во пустињата.

Глава 4

За време на мојот сон, ми беше откриено (следново), браќа, од страна на едно прекрасно момче, кој ми се јави и ме праша:

„Што мислиш, која е Старицата од којашто ја доби книгата?“

„Сибила“, одговорив.

„Грешиш“, ми рече. „Не е Сибила.“

„А која е, господине?“ прашав.

„Црквата Божја.“ 

Го прашав зошто е стара.

„Затоа што е создадена пред сè друго“, ми објасни тој, „и заради неа е создаден светот“.
 
По ова, имав видение во мојот дом. Дојде Старицата и ме праша дали веќе сум ја дал (онаа) книга на презвитерите (на Црквата). Реков дека сè уште не сум ја дал, а таа ми рече:

„Добро е што уште не си ја дал, зашто треба да додадам уште неколку збора. Кога ќе ги завршам сите зборови, таа преку тебе ќе биде објавена на сите избрани. Затоа напиши две книги, и едната дај му ја на Климент, а другата на Грапт. Климент ќе ја прати во надворешните градови, зашто тоа нему му е доверено; А Грапт ќе ги поучува вдовиците и бедните. Ти, пак, прочитај ја во овој град, заедно со презвитерите, претставниците на Црквата.

 

Подготви: д-р Драган Михајловиќ

 3.angeli.so.truba

Ангелот му даде дванаесет заповеди:

1) да верува во Бога;

2) да живее во простота и невиност, да не злослови и да му дава милостиња на секого што проси;

3) да ја љуби вистината и да ја одбегнува лагата;

4) да го чува целомудрието во помислите;

5) да се учи на трпение и великодушност;

6) да знае дека покрај секој човек е поставен еден добар и еден зол дух;

7) да се плаши од Бога и да не се плаши од ѓаволот;

8) да прави секакво добро и да се воздржува од секое зло;

9) да Му се моли на Бога од длабочината на душата со вера;

10) да се чува од тагата, која е сестра на сомнежот и гневот;

11) да ги испитува вистинитите и лажните пророштва;

12) да се чува од секоја зла желба.

 

 

 

 http://preminportal.com.mk/component/search/?searchword=%E2%80%9E%D0%9F%D0%90%D0%A1%D0%A2%D0%98%D0%A0%E2%80%9C%20%20

 

Посети:{moshits}



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Мај 16, 2021

Овој ден - на свети Атанасиј Велики | Манастир Св. Јован Претеча С. Слепче

Ноќ повторно наидуваво утро рано на мои очи,ученик наместо да се надѕидувадозволил нешто да го кочи. Прослава чесна Небесна,за учител се одвиваликува Небеса, торжествува,Црквата воскликнува.
Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2257
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1530
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1927
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…