логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

(Обновено)

Сергеј Фудељ

 
Светлината Божја и  е верна на Црквата.
Св. Иринеј Лионски


drvo.nok.jpg

ЖИВОТОТ НА ЦРКВАТА е продолжеток, во историјата, на животот на Исус Христос. Во тоа е сето објаснување на Црквата. Христос – во Својата Тајна Вечера, во Голготата и во Воскресението, Христос – во Својата светост продолжува преку Светиот Дух да живее во Црквата. Ние можеме да зборуваме само за таква Црква, за навистина света Црква, зашто само таквата Црква е љубов и надеж на човештвото. Таа е светлина којашто „во темнината свети, и мракот не ја опфати“ (Јован 1:5). И таа навистина постои: траги од нозете на светиите гледаме и во нашето време. Имало доста мрак во историјата. Црквата се обидувале да ја избришат од лицето на земјата паганските императори. Црквата би сакале да ја изопачат сите еретици – од гностиците до Толстој. Но за Црквата отсекогаш многу пострашна била внатрешната темнина: не турските султани, коишто отсекувале глави, и не луѓе коишто, отворено или примитивно, ги извртувале догмите на верата и со тоа се одвоиле од Црквата, туку онаа сила на злото којашто, не оддалечувајќи се никаде од внатрешноста на Црквата, и којашто навидум не ја негира Црквата, однатре го разлага црковното тело, изборувајќи се таа да биде ливада за испаша на пороците внатре во црковната ограда. Оваа внатрешна темнина е последица на одвојувањето на верата од љубовта, на веронауката од животот, од создавањето на некаква призрачна, словесна или „символична“ вера, којашто не чекори по патот на подвигот на љубовта, по патот на исполнувањето на заповедите. 

„Верата ваша ве влече во височините, а љубовта претставува пат кој води до Бога. Затоа сите вие сте – придружници еден на друг. Богоносци и храмоносци, христоносци, светоносци, во сè украсени со заповедите на Исус Христос“ (св. Игнатиј Богоносец). Преку подвигот на љубовта во исполнувањето на заповедите, верата се издига кон Бога. Затоа вториот првохристијански учител, апостолот Варнава, зборот „љубов“ го заменил со поимот „добар живот“, односно „исполнување на заповедите“: „Има три Господови догми: вера, надеж и добар живот“. Патот на воздржувањето води кон нивно разбирање.“

„Љубовта е самото дејство на заповедите Господови!“ (Георгиј Задонски).
Призив за подвиг е призив за лична Голгота, преку која човекот води борба со темнината што е во самиот него, а со самото тоа е и – внатре во Црквата. Тоа, всушност, е големото Христово дело во светот, Неговата „голема замисла“, за преку неброени Голготи на луѓето, преку нивната жртвена вера и љубов, да се разгори над светот вселенското Воскресение. Во тоа е смислата на животот на Црквата. 
Призивот за подвиг го пронижува сето учење на апостолите, и на првохристијаните, и на сите светии до нашите дни.

„Да се облечеш во името Христово а да не одиш по патот Хирстов – нели е тоа предавство на името Христово? (Св. Кипријан Картагенски). 
Внатрешната темнина е болест на Црквата. „Црквата е тело Христово. Тоа тело е изложено на пострашни болести и зарази одошто нашето тело, брзо се повредува и бавно заздравува – вели св. Јован Златоуст. Во што друго се состои должноста на пастирот, ако не во тоа да го покаже телото достојно на непорочната и Божествена Глава?“

Внатрешната болест на Црквата го создава историскиот факт на постоењето на два црковни аспекти или елементи: пченицата и каколот, коишто географски растат на исто парче земја. „Црквата е – Божествена заедница на светиите (св. Јован Кронштатски), или, според Апостолот – Невеста Христова. Таа постои некако заедно или напоредо со луѓе коишто само го носат нејзиното пресвето име но не живеат во него. За да стане појасно како е можно такво постоење на доброто и на злото на простор со заедничка ограда, треба да си го претставиме постоењето на еден одделен човек.

Преп. Макариј Велики пишува дека во нас злото дејствува така како што на едно поле расте и пченица и какол. Во едно срце постојат два вида живот: животот на светлината и животот на темнината. „Дух чист и Свет, којшто пребива во душата којашто е уште под дејство на лукавиот, не користи ништо од сето тоа; зашто, светлината во темнината свети, и мракот не ја опфати“.

Светата Црква „ништо не користи“ от темнината црковна, но таа темнина за сето време се стреми да ја „опфати“, на ист начин како се стреми да го опфати и животот на малата црква – човековата душа. Тоа е обидот на злото преку внатрешното умртвување на ткивото на црковното тело да ја докаже призрачноста на нејзиното постоење, односно практично, на дело да ја докаже лажноста на догмата за Црквата. Ако сите настојувања на еретиците во првите векови било насочено против богочовештвото на Главата на Црквата, и било обид да се намали или Неговото Божество, или Неговото човештво, тогаш внатрешното заразување на црковните луѓе со пороци има за цел да го покаже фактичкиот неуспех на сета Неговта голема замисла. Ако старите ереси за Црквата веќе ја изгубиле својата острица, ереста на животот не само што никогаш не слабее, туку, напротив, колку што се наближува крајот на историјата, толку пострашно ќе бидат нејзините напади врз Црквата, за да успее да докаже дека во историјата никогаш го немало Телото Христово, обвиено со пелении или со плаштеница. 

Помрачување преку пороците на црковните луѓе, или заразување на Црквата со световната нечесност се случува, може да се каже, уште од првите денови на нејзиното постоење. Уште во првата Ерусалимска заедница апостолот Петар сметал за потребно пред сите да ги разобличи Ананија и Сапфира за нивното користољубие и лукавство (Дела 5). Апостолот Павле на многу места во своите посланија отворено ги разобличува најниските пороци на црковните луѓе и на одделните црковни заедници. Почнувајќи од овие два врховни апостоли, преку сета историја на Црквата такво отворено разобличување на скриеното црковно зло доаѓа од отците и од учителите на Црквата. Светите не дозволувале никакво шминкање на црковната реалност: единствено преку светлината се открива и, со самото тоа, станува достапно за исцелување ова големо, сокривано зло. 

Источната Црква, како и досега, ќе остане единствен чувар на полнотата на апостолското учење за светоста на Црквата. Но, може ли неказнето долго да се чува учењето за светоста, не запазувајќи ја таа светост во животот? Мошне е страшно, мошне е одговорно нашето, би се рекло, лично и незабележливо зло. Во Црквата нема лично и нема незабележливо. „А кога страда еден орган, тогаш страдаат сите органи“ (1 Коринтјаните 12:26) Секако, секоје наше лично зло внатре во Црквата не е зло на светата Црква, туку зло против светата Црква. Но тоа директно ја зголемува болеста на Црквата, ги отсекува „органите Христови“. „Нечистотијата (човечка) – пишува св. Теофан Затворник – е напад на благото на сета Црква“.

„Малку квас го потквасува целото тесто“ (1 Коринтјаните 5: 6). Зашто, сета вселенска црква се изградува од црквите на одделни луѓе. „Вие сте храм Божји, и Духот Божји живее во вас“ (1 Коринтјаните 3: 16). Зборот „Црква“ се однесува и на многу души, и на една душа. „Црквата може да се разбере на два начина: или како собрание на верните, или како душевно устројство“ (Макариј Велики).

Борбата за чистотата на тоа „душевно устројство“, борбата за изградба на „мала црква“ внатре во нас, претставува живот на црковните луѓе. Црквата е сораспнување и совоскреснување со Христос, и само оној што учествува во тоа, макар и во најмала мера на своите сили, учествува во светата Црква. 

Внатрешната духовна борба на христијанинот со „отпорите“ е борба за светата Црква и во себе, и во историјата, и единствен победоносен доказ за догмата за неа. Таа духовна борба, како што вели Макариј Велики, се состои во „отпочнувањето на човековата љубов и волја, и во извршувањето на делото на подвигот од страна на Духот“. Човекот треба само да „отпочне", и колку е понезапирлива таа човекова волја за подвиг во Црквата, колку е посилно тоа „отпочнување“, толку е посилна благодатта на Светиот Дух, којашто го извршува подвигот. Колку е поголема во Црквата Голготската љубов, толку се поголеми во неа пламените јазици на Педесетницата. Благодатта сè извршува, но за тоа извршување таа од човекот очекува активност на неговата љубов и слобода, негов обид да го направи тоа. Како што жената, од чиишто нозе течела крв, „имала сила да дојде до Господа и, откако се допрела до Него, била исцелена, и како што на сличен начин слепиот, макар што не можел да се приближи, зашто не гледал, сепак испратил глас кој бил побрз од гласниците, зашто рекол: „Сине Давидов, помилуј ме!“ ... и бил исцелен, така и душата ... има волја да залелека кон Исус и да Го повика, за Тој да дојде и на душата да и даде вечно избавување“ (Макариј Велики).

Солзите на светиите заради ослабнување на црковниот живот отворено покажуваат дека во црковната историја нема постојан подем, туку има периоди на подем и периоди на пад на духовниот живот. Уште повеќе, во социјално-историската рамка се остварува пророштвото во Евангелието за ослабнувањето на верата, а со тоа и на самата Црква: „Синот Човечки, кога ќе дојде, ќе најде ли вера на земјата?“ (Лука 18:8). Сè помалку има повици на слепите: „помилуј ме!“, се помалку крвоточиви приоѓаат да се допрат до ризата Негова, се поголемо е во нас, црковните луѓе, духовното мртвило и, со самото тоа, се помала е благодатта што нè преобразува. Вториот, темниот аспект на Црквата сè повеќе ја шири својата мртва област внатре во заедничката црковна ограда. Таков е текот на историјата, претскажан во Евангелието, и никакви римски фантазирања  за некаква позитивна културно-историска мисија на христијанството, за неговата победа во историјата, нема да го промени таквиот тек. Мечтата за таа победа на Христос во историјата е исконско несфаќање на Неговото дело во светот, и тоа не само од страна на старозавентото јудејство, коешто го распнало Христа токму заради уништувањето на таа мечта во нејзиниот јудејско-националистички аспект, туку и од страна на голем број христијани.  

 „Јуда, не Искариот, Му рече: „Господи, што е тоа дека сакаш нам да ни се јавиш, а не на светот? Исус одговори и му рече: „Ако некој Ме љуби, ќе го пази словото Мое; и Мојот Отец ќе го возљуби, и ќе дојдеме при него и живеалиште во него ќе направиме“ (Јован 14: 22, 23).

Христос во историјата го спасува човекот, а не историјата; не светот, туку Црквата, т.е. само оние луѓе „коишто Го засакале“. И за тие луѓе е дадено друго пророштво во Евангелието: „Ќе ја изградам Својата црква, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат“ (Матеј 16: 18). Ниту темнината на историјата, ниту сè поголемата темнина на црковната реалност нема да ја изгаснат светлината на светата Црква. „Господи! Пророците Твои ги убија, жртвениците Твои ги разурнаа; останав само јас, но и мојата душа сакаат да ја земат“. Што му кажува (на пророкот Илија) Божествениот одговор? „Оставив меѓи Израилците седум илјади мажи, кои не ги приклонија колената пред Ваала.“ Така е, пак, и во сегашно време: остатокот се спаси по изборот на благодатта.“ (3 Царства 19:10, 18; Римјаните 11:3, 4, 5). „Луѓето, преку кои Неговото дело ќе се извршува непорочно, не оскудеваат во Бога“ (Варсануфиј Велики).

Без оглед колку малку вистински христијани ќе останат на крајот од времето, светата вселенска Црква и тогаш ќе се осветлува со светлината на Педесетницата. И можеби најсилната, најпобедоносната светлина на Црквата ќе биде токму тогаш кога, според Евангелието, ќе биде толку тешко „да се најде вера на земјата“. 


„И Светлината во темнината свети, и мракот не ја опфати“ 

Подрготви: д-р Драган Михајловиќ

 

13-ти декември, лето Господово 2016

 

 

Посети:{moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3166
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7640
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

02/12/2024 - понеделник

Божикен пост (строг пост)

Светиот пророк Авдија; Светиот маченик Варлам; Преподобен Варлам и Светиот принц Јоасаф; Светиот маченик Илиодор; Преподобен Порфириј Кавсокаливит;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

 Денес е почетокот на Божјата милости на проповедта за спасение на луѓето.Во храмот Божји јасно Дева се јавуваи Христа на...

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Пример си бил на воздржание,со Божествен Дух сите просветувајќи ги,правоверно животот завршувајќи го,со учењето светот го просветли,

Тропар на светиот пророк Божји Авдиј 19 ноември / 2 декември 2024

Тропар на светиот пророк Божји Авдиј 19 ноември / 2 декември 2024

Велик е животот на праведникот пред Господа,и него наградата не го одминува,така ти Авдие Божји пророче,дар доби да ја видиш...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная