логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 tihon borisov

(Obnoveno)

             Кај Достоевски има прекрасни зборови: „Човекот, цел живот не живее, туку се прави себеси, се самосочинува…“ Тоа многу точно ја одразува суштината на тоа, што се случува со човечката личност, ако неговата душа е распределена само на земната рамнина. Само Небото, само Вечноста, само Бог вдахнува во човековото постоење длабочина на живот, острина во поимањето на времето, аромат на Тајна! Со Бога, човекот не треба да измислува ништо. Господ – е диригент на неговиот живот. А човекот треба да стане малечка, прекрасна, звучна нота во Божествената симфонија.

А ако си сам и Бог не постои, тогаш треба да го измислуваш својот живот, да го измачиш, да го направиш. И таа самосоставена песна на животот често е многу нехармонична, грда, горка, празна и бесмислена, иако е наполнета со силни бои и надворешни специјални ефекти. Ако „човекот се уподоби на суетата“, „дните негови како сенка ќе поминат“.

            Многу луѓе, цели поколенија, а и секој од нас, има опит на минати грешки, опит на живот по свое, а не по Божјата волја, опит на задлабочување во мртвата суета на псевдо-животот. И само чудото на Божествениот допир, чудото на Христовата Љубов може да го извлече човекот од лепливите и цврсти прегратки на светот, да му ја откријат „космос тоу оураноу“, т.е., Небесната убавина, која ќе му помогне вистински да го измени својот живот.

         Житието на преп. Марија Египетска и за човекот, кој се изгубил во ќорсокаците од животот и само што дошол пред вратите на храмот, и за оној кој веќе дошол во Црквата – не е само илустрација за промена на начинот на живот, пример за промена на декорациите… Нејзиниот живот за нас – е вдахновен урок  за пробивање од темнината кон Божествената Светлина! Нејзиниот живот – е учебник за покајание. Такво покајание, кое го превртува сиот твој живот, душата твоја ја пресвртува нанадвор…  Кога сфаќаш, дека сето тоа што си го сметал за смарагди, злато и нешто вистинско, всушност е само ѓубре, илузија, празна, беден фалсификат.

Некого од светителите го прашале: „Како се разликува пројавувањето на Благодатта?“ Тој одговорил: „Благодатта е таму, каде што е презирот кон нескротливата бура на желби и страсти!“ Токму благодатта Божја, презирот кон својот страшен скотски живот ја  привеле на другиот брег на Јордан, на другиот брег на животот. Од блуд – кон воздржување! Од слепило – кон гледање на Нетварната Светлина! Од бесмисленост – кон познание на Вистината Христова!

            Благодатта Божја го приведува современиот човек на другите брегови: од ноќниот клуб – кон вратите на храмот, од самозаљубеност и егоизам – кон љубов кон ближниот, од рокчињата за свињите – кон Божествениот Леб! Но таа благодат доаѓа кај срцето кое бара. Кај срцето, рането од својата страшна оддалеченост од Бога, срцето, изрането во барањето на патот кон Небото. Се сеќавате, колку страдала грешната Марија, што некоја сила не ѝ дозволувала да го престапи прагот на храмот и да се поклони на Животворниот Крст? „Мерзоста на моите дела – велела таа – ми забрануваше да влезам во Црквата“. Само чистите по срце, можат да го видат Бога…

Меѓу Бога и ѓаволот, меѓу рајот и адот, светлината и темнината, се развива драмата на човечката душа. Светителот не е осигуран од паѓање. На бандитот не му е затворена вратата во Царството Небесно, ако се покае. Јуда бил меѓу учениците Христови и станал предавник. Разбојникот на крстот се покајал и добил рајско ветување.

Ава Аполон пред монаштвото бил прост, груб овчар. Еднаш, во полето ја видел својата жена, која била бремена, и по внушување на ѓаволот рекол: „Сакам да го видам младенецот како лежи во утробата нејзина“. Растргнувајќи ја, го видел младенецот. Совеста веднаш се срушила врз него и почнала да го гори и да го мачи. Тој, на крвави колена приползил во Скитот кај отците, и со ридање раскажал за двојното убиство. Отците, во тоа време пееле: „Дните наши, се седумдесет години, а ако сме силни, и до осумдесет, и многу од нив се во труд и болести“.

„Јас имам 40, – рекол тој, – и ниту еднаш не сум се помолил, а сега, ако проживеам други 40 години, непрестајно ќе Му се молам на Бога, да ми го опрости мојот грев!“ Тој не се занимавал со никакво ракоделие, но секогаш се молел, велејќи: „Јас како човек згрешив, Ти пак, како Бог, помилуј ме! Тешко Те оскрбив Господи, но прости ми, барем малку да се успокојам!“ И тој добил уверување, дека Бог му ги простил сите гревови, дури и убиството на жена му. Но за младенецот, не му било откриено. Еден од старците му рекол: „Бог ти го прости и убиството на младенецот, но те остава во измачување, зашто тоа е полезно за душата твоја!“.

Преподобен Макариј Оптински вели, дека раната заздравува, но лузната останува за цел живот. Така и гревовите. Кога ќе се покаеме – Господ сè ни простил. Но спомените за направеното, како лузни, може да те прогонуваат со години. И тоа измачување е полезно за нашата душа.

Во денешното Евангелско четиво, слушнавме како Господ им дава на своите ученици заповед, како да се однесуваат меѓу себе: „Оние,  кои се почитуваат како кнезови на народите господарат над нив, и моќници владеат со нив. Но, меѓу вас нека не биде така: а кој сака да биде поголем меѓу вас, нека ви биде слуга: а кој сака да биде прв меѓу вас, нека им биде на сите слуга“ (Мк. 10, 42-44).

Сите ние – сме крст еден за друг. Треба да го понесеме ближниот и да се распнеме за него. „Носете ги немоќите еден на друг и така исполнете го законот Христов“. Да не биде меѓу нас она, за кое зборува преподобен Максим Исповедник: „многу пријатели во благопријатни денови; за време на искушенија, едвај и еден ќе најдеш“.

Секој од нас, знае од свој опит, дека кога во нас нема љубов, кога во душата има празнина, осудување, раздразнетост, егоизам – односите со ближните често доаѓаат до разделби, разочарување, недоразбирање, ќорсокак. Ако има љубов, ако се има желба да се разбере човекот, да се поднесе неговата слабост – секоја средба, дури и случајната комуникација – е откритие, новина, длабочина, радост! И сето тоа, повторно е сврзано со покајанието.

             Современиот романски подвижник, о. Захариј Захару вели, дека „да се биде трезвен, не примајќи лоши помисли, е полесно, ако има покајание. Кога срцето се стоплува со оганот на покајанието, придружен од духовен плач, тогаш будноста е природна; ниту една непријателска помисла нема да се приближи. Додека срцето ги преживува болките од покајанието, секогаш сме мирни“. Покајанието ни помага да го преминеме мисловниот Јордан. Ни помага, не „да се самосоставуваме“. И обратно, „со самомнението – како што вели свети Григориј Палама – човекот ја отвара широката врата, која нè води далеку од себеси!“

На Валаам живеел некој работник-старец. Педесет години тој поминал во манастирот; изгубил рака и нога во дрвосек. Многупати му предлагале да го пострижат во монаси, но никако не можел да се одлучи да стане монах. „Што е монахот, та толку време не се одлучуваш да се замонашиш?“ – го прашувале. „Монахот – 2 човек, кој од сострадание плаче и се моли за сиот свет. Јас уште се немам научено да сострадувам, срцето ми е камено, не можам да станам монах!“ – одговарал тој.

Ако срцето наше е исполнето со самоувереност, самонадежност, самомнение; ако се надеваме само на своите сили, сметајќи се за добри познавачи на духовниот живот; ако заборавиме за срдечниот призив: „Дојди и всели се во нас“, не ќе можеме да влеземе во длабочината на Црквата, како што не можела да влезе Марија во длабочината на храмот. Така и ќе останеме во припратата на животот.

           Еднаш, некоја студентка гркиња се исповедала на преп. Јустин Српски, и навлегувајќи во ситници и непотребни детали, се обидувала само со човечки сили да најде излез од тешкотијата на проблемите кои ја спопаднале. Преподобен Јустин долго ја слушал и воскликнал: „Драга моја, а каде му оставивте место на Бога? Треба и на Бога да му оставиме место!“ Не смееме да забораваме, да му го оставиме тоа место на Бога.

Еднаш, еден мудрец го прашал својот пријател: „Знаеш, зошто е добра пустината? Некаде, во неа се кријат извори!“

Господ ќе нè земе за раце и ќе не проведе преку изгорената пустина на животот, како што ја провел светителката која денес ја празнуваме. Ќе ни ги отвори Своите Божествени извори. Најглавно – да не ги губиме покајанието, вдахновението и верата! Тогаш, секоја човечка душа, како некогаш преподобната Марија Египетска ќе ги слушне зборовите:

„Ако преминеш преку Јордан, ќе најдеш совршено успокојување!“

svyataya_mariya_egipetskaya._ikona.8

Игумен Тихон (Борисов)



17 април, 2016 г.

Оптинска Пустина

Извор: Преспанско- пелагониска епархија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3221
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7715
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная