логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

ЧУДЕСНОТО ВИДЕНИЕ НА МОНАХИЊАТА ЕВПРАКСИЈА

(Продолжение)


zlaten.vodopad.jpgПотоа, одејќи малку понатаму, видовме голема градина со златна земја и со златни јаболкница, преполни со златни, свежи и прекрасни плодови. На крајот од градината, покрај патот по кој одевме, видов дрво поинакво од другите дрвја во градината, коешто наликуваше на мала смоква, а имаше зелени, долги, виснати лисја. Тоа дрво го набљудував љубопитно, зашто беше послично со земните дрвја одошто со оние во Рајот. Во тој миг се појави и застана покрај дрвото еден прекрасен ангел во бело и ми рече: „Сакаш ли да наберам плод од ова дрво, за да го пробаш? Тоа е Адамово дрво.“ Но, бидејќи називот на дрвото предизвика во мене непријатни спомени, ја одбив понудата. Марија, пак, разбирајќи каков спомен предизвика во мене споменатото име на дрвото, ми рече: „Не плаши се“. И додека Марија се упати самата да набере од плодот, ангелот веќе ми пристапи и ми даде во раце еден плод. „Внимавај сега, ми рече Марија, кога ќе го вкусиш, ќе видиш дека има способност да даде вкус на кој било земен плод, или јадење, или пиење, коешто ќе посакаш да си го претставиш во мислите“. И навистина беше така. Па сепак, неговиот сопствен природен вкус беше неспоредлив.
Малку понатаму се свртев и видов како тече некаква блескава златна вода. Таа не течеше по некое корито, туку една прекрасна управуваше со водата со еден тенок стап. Водата течеше разбранувана и со чудесен звук. И за ова ја прашав Марија, којашто ми рече: „Оваа вода, којашто ја гледаш, претставува почеток на реката Јордан, чиј крај ќе го видиш кога ќе го посетиш земниот Ерусалим.“
Потоа, откако поодевме малку, се најдовме пред мошне голема зграда со многу прозорци. Кога влеговме во неа, видовме редици клупи на кои седеа многу деца. Сите беа на иста возраст, до дванаесет години, а лицата им блескаа. Неки од нив читаа, некои разговараа со детска простодушност и умилност. Навистина, во тој миг јасно ја сфатив смислата на искрената љубов. Начинот на нивниот меѓусебен разговор толку ме восхити, што посакав ненаситно да ги гледам овие ангелски деца како разговараат и читаат. Но, бидејќи не можев да разберам на кој јазик зборуваат, ја запрашав за тоа Марија, а таа ми рече: „Тоа што го слушаш а не го разбираш, се оние неискажани зборови за кои говори апостол Павле, учителот на вселената, во своите посланија.“ Бидејќи и реков дека не разбирам зашто никогаш не сум читала за Павле, таа ми одговори: „Кога ќе се вратиш на земјата, запрашај некој од учителите во твоето место и тој ќе ти го разјасни твоето недоумение.“ На крајот, бидејќи доволно долго стоевме гледајќи ги ненаситно малите ангели, ги поздравивме, по што тие ни отпоздравија со натприродна благост, и заминавме. Одејќи по истиот тој пат, видовме низа соби со ѕидови со небесно сина боја. Веднаш ја запрашав Марија дали ќе ми дозволи да влезам и да ги разгледам собите. „Ти се дозволува, ми рече таа, но треба да запаметиш сè што ќе видиш“. Ја отворив најблиската соба и видов како во средината виси скапоцено кандило, коешто ја осветлуваше собата со блага светлина, и две монахињи како седат една наспроти друга. Бидејќи главите им беа наведнати, заклучив дека се молат. Веднаш се повлеков, затворајќи ја брзо вратата, зашто едната од нив ми даде знак да излезам. Ја запрашав Марија, и таа ми рече дека се тоа монахињи коишто му угодиле на Бога подвизувајќи се заедно, поради што на Бога Му беше угодно тие молитвено да тихуваат во таа соба, двете заедно, и да се молат, како што гледаш. И да ги жнеат плодовите на духовна веселба и на небесна радост. 
По оваа соба, отворив друга и видов една жена облечена во блескава светлина. Потоа отворив трета, и во неа го видов мојот сопруг Андреј, којшто седеше на престол, а над неговата глава видов полиелеј со седум кандила. Штом ме здогледа, тој слезе од престолот и ме поздрави благонаклонето. Отпоздравувајќи му, му реков дека сè уште сум жива, но дека би сакала да останам покрај него. А тој ми рече: „Знам дека сè уште не си починала, но за сега е невозможно да останеш тука, зашто предодреденото време на твоето живеење во светот сè уште не е изминато. Погрижи се, затоа, во преостанатиот дел од твојот земен живот да покажеш добродетелен живот, и да не стапуваш во друг брак, за да можеш да се удостоиш да пребиваш заедно со мене. Еве, сум ти подготвил стол – притоа ми покажа еден мал стол, уметнички изработен и со блескава чистота. Во спротивно, доколку се омажиш, во истиот тој ден ќе ме собориш од овој престол – притоа тој истовремено и со движења ми покажа како би паднал, и додаде: тогаш не би се удостоила да го видиш Рајот“! Потоа строго ми нареди да се чувам од грев и со срдечност да ги поднесувам искушенијата, и ми вети дека секогаш ќе биде со мене, духовно. Откако ми го рече тоа, јас го поздравив со почит, ветувајќи му дека ќе се придржувам до неговата наредба, и излегов. 
Потоа, отворајќи друга соба, се најдов пред еден мој познат сограѓанин, кој беше починал пред пет години, и кој се викаше Димитриј Христодулу. Откако се поздравивме, му раскажав за мене. Тој ме одведе во една голема сала и ме постави пред дванаесет млади луѓе, коишто блескаа посилно од сонцето, и коишто седеа на златни престоли. Во средината на салата имаше трпеза, совршено наместена, со чинии поставени за ручек. Салата беше осветлена со изобилна светлина којашто влегуваше низ големи прозорци коишто, по сè изгледа, беа постојано отворени. Гледајќи го сето тоа, се збунив и се засрамив, и се свртев за да излезам. Но, Димитриј, чијшто живот на земјата беше пример за добродетелност, ме запре; и, згора на тоа, ме поттикна да пристапам и да ги поздравам сите по ред. Ги поздравив, и се вратив при Димитриј, а тој ми рече; „Тоа се дванаесетте Апостоли, и тие дојдода за да ме посетат, и еве, благодарение на даровите од мојата добра споруга, им подготвив ручек; затоа те молам на мојата добра сопруга да ì ги пренесеш мојата благонаклонетост и благодарност, и да ì кажеш дека заборавила да изврши сè што ветила, на тоа и тоа место, во тој и тој ден.“ Потоа низ еден балкон ми покажа една голема, блескава градина. Во неа видов петнаесетгодишни девојки како залеваат дрвја и цвеќиња. Девојките ми рекоа да останам со нив. Им објаснив дека не можам да го сторам тоа, и се поздравив со нив и со Димитриј, и заминав оттаму.
Влегов во друга соседна соба, и таму го здогледав Христодул, братот на Димитриј, кој исто така беше починал, како седи на еден украсен престол, со извесна тага на лицето. Му пријдов за да се поздравам со него, и му ги раскажав своите впечатоци што ги стекнав до тој миг, а особено му реков за исклучителната положба на неговиот брат. „Мојот брат, ми одговори тој, е задоволен од повеќе причини, а особено затоа што е удостоен да има богобојазлива жена којашто сè што прави за покој на неговата душа, го прави со добра волја и без негодување. Додека, пак, сè што за мене го прави мојата жена, го прави без добра волја и без благодарење. Затоа те молам, да ì кажеш дека се жалам, и дека е потребно: или да ми ги праќа тие дарови со љубов и без негодување, па макар биле и со помала вредност, или да не ми праќа формално многу дарови со студенило и со префрлање. Му ветив дека ќе ја исполнам неговата желба, и го поздравив. Излегов и ја сретнав Марија, и заедно продолживме по десната страна.

 (продолжува)

Подготви: д-р Драган Михајловиќ

ВРАЌАЊЕ ОД ДРУГИОТ ЖИВОТ (III дел) 

ВРАЌАЊЕ ОД ДРУГИОТ ЖИВОТ (II дел) 

ВРАЌАЊЕ ОД ДРУГИОТ ЖИВОТ (I дел)  

 

{moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная