логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Епископ Велички Гаврил Светогорец

gavril.svetogorec.heruvim.jpgСите ние кога се прифаќаме за некоја работа, уште не сме ја ни почнале, а веќе замислуваме како ќе изгледа нејзиниот крај. Секогаш претпоставуваме среќен завршеток, па кога ќе почнеме, брзаме што порано да стигнеме до крајот и да се опуштиме во лулката на своите соништа. Тешкотиите кои се јавуваат на патот кон остварување на задачата, настојуваме да ги скратиме и совладаме преку брзината - таа на сите омилена, но никому верна помошничка.

Меѓутоа, како што рековме, ако брзината кај световните луѓе е разбирлива, а во извесен случај може некако и да се оправда со недоволната вера во Бога, за монасите таа треба секојпат да биде туѓа и непожелна, како фактор кој не наведува на гордост, да мислиме дека нашиот успех претставува наше дело, а не Божја волја. Брзината на монахот може само да му наштети. Може да создаде само студена кора околу неговото срце, да го одвои од богомислие и да внесе немир во неговата душа. Затоа, силите на своите напори за совладување на црковното пеење, млад почетнику, нека бидат во прв ред насочени на отстранување на брзината и негрижата. Потоа се ќе оди подобро и посигурно.

Кога ќе почнеш да учиш црковно пеење, немој да се двоумиш околу изборот на материјалот и да скокаш по омилените и лесни детали, па кога нив ги исцрпиш и дојдеш до потешки делници, ќе се чувствуваш заситен, со исцрпено интересирање и без доволно сили, и тоа тогаш кога треба да вложиш труд за совладување на ново и потешко градиво. Подобро мешај лесен и тежок материјал, познат и непознат, онака како што горчината на лекот се разблажува со вода.

Кога учиш, труди се секој ден што повеќе да научиш. А кога сакаш да провериш колку си напредувал, подобро огледувај се на подолги периоди. Да речеме, колку си совладал за еден месец или за тромесечие, во однос на целокупното градиво. Ако целокупниот материјал го споредуваш со она што си научил за една седмица, или за еден ден, ќе ти се чини дека многу малку напредуваш, или дека стоиш во место. Тоа често ќе те доведува до криза на трпението и нервоза.

Кога би имал доволно вера да ја препуштиш Вистината да те води и наставува, ќе те води непогрешно од предмет во предмет, со некоја чудна и блажена постапност, како по некои воздушни скали кон твојата цел. Се ќе ти доаѓа во свое време и онака како најмногу ти одговара. Ќе спречува секое избрзување и изостанување. А ти се повеќе ќе се чудиш на себе си како стануваш помудар и поискусен, се дури не откриеш невидлива рака над себе. Слатки плодови од ова чудно и прекрасно дрво ќе вкусат само верните души. Господ Христос не рекол напразно: "Наставници немојте да се наречувате, зашто еден е вашиот Наставник - Христос".

(Извадок од „ОТЕЦ ХЕРУВИМ“)

Житие на светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец

Посети:{moshits}



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1511
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1900
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1688
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…