логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

ПАРАБОЛАТА ЗА ЛОШИТЕ ЛОЗАРИ
(Матеј 21,33-42)
Тринаесетта недела по Педесетница

Исус кажува парабола. Еден домаќин дал лозје под наем. Многупати праќал снои слуги да ја наплатат наемнината. Конечно го пратил сиојот син сметајќи дека ќе го почитуваат. Кога го виделе сипот, насмниците решиле да го убијат за да остане имотот за нив.
Толкувањето на параболана е очигледно. Лозјето е еврејскиот народ. Домаќинот кој грижливо го посадил лозјего. го оградил и подготвил се за времето кога ќе донесе плод е Бог, Кој ги одбрал Евреите да бидат Негов народ, ги заштитил од нивните непријатели, ги хранел со Својата вистина и ги упатувал по Неговиот пат. Лозарите иа кои лозјето им било изнајмено се еврејските водачи од сите поколенија. Низата слуги што биле пратени од домаќинот за да земат дел од плодот на лозјето и кои биле каменувани и убиени биле пророците кои Бог му ги праќал на Израилот да го говорат Неговото слово и да го потсетат за нивната судбина. Синот на домаќинот кој бил пратен како последен повик до нив е Самиот Исус.
Исус ја кажал параболава во вторникот на Страсната Седмица, токму пред Неговото распнување. Имала за цел да ги разбуди фарисеите, книжниците и свештениците за ужасните гревови што ги извршиле во минатото против пророците и за ужасниот грев што ќе го извршат над Самиот Божји Син.
Исус сака да ни каже многу со параболава за Бога, за човекот и за Себеси.

Божјата љубов
Првин, за Бога и за Неговата љубов. Би можело да се очекува Бог да се налути и да ги уништи тие лозари што Му Го зеле имотот и толку срамно се понесле со Неговите слуги. Наместо тоа, Тој постојано се обидува да ги придобие праќајќи се повеќе слуги. Божјата љубов за човекот е навистина несфатлива: Кој човек би го трпел суровото однесување на кое биле подложени Божјите слуги? Кој човек би помислил да го прати сопствениот син на некои луѓе кои ги истепале, убиле и каменувале другите што биле пратени? Сепак, Бог го прави токму тоа! „Ке се засрамат од сина ми", вели Тој. „Овој е наследникот, ајде да го убиеме и да го присвоиме неговото наследство". Па, како го фатија, го изведоа надвор од лозјето и го убија.
Никогаш нема да ја разбереме оваа парабола ако не се видиме себеси во неа. Како се однесуваме ние со слугите што Бог ни ги праќа денес? Секако, не ги каменуваме. Не сме веќе толку сурови. Имаме други, често попрефинети, начини за да ги откачиме. Ги запоставуваме. Им даваме празни ветувања. Се нарекуваме христијани и сме членови на Црквата, но Бог на кој некои од нас му се поклонуваат не е Христос туку нашето его. И денес имаме многу начини за отфрлање на Божјите слуги.
„Ке се засрамат од сина ми", рекол Бог. Нели е тоа главната цел на човекот? Да го почитува Божјиот Син кога доаѓа со Своите тврдења и ветувања? Да се следи простоумно како Господ и во Него да се најде исполнувањето на животот?



Божјата великодушност
Параболата понатаму ни кажува за Божјата великодушност. Лозјето не било пустина; било веќе „насадено"' и опремено со се што било потребно за да им се олесни работата на лозарите и за да им биде исплатлива. Била оградена со густ трнов плот за да не влегуваат диви животни и крадци. Имало винска визба и кула во која лозарите можеле да се одмораат и да го чуваат лозјето од крадци. Нели е Бог исто толку велико-душен и со нас? Тој не само што ни дава задача што да правиме; ни ги дава и средствата да ја направиме. Ни го дава дарот на животот; Ни доверува да се грижиме за целата оваа голема и прекрасна Земја; Не обдарува со ум за да создаваме компјутери и вселенски бродови и да решаваме замрсени проблеми. Навистина, има ли некој повеликодушен од Бога?

Божјата доверба
Освен за Божјата Љубов и великодушност, параболата ни кажува за Божјата доверба. Сопственикот си оди и го остава лозјето во посед на лозарите. Тие не се ограничени со ништо. Тој им верува целосно. Тие си се свои газди со лозјето и можат да прават со него како што мислат дека треба без никаков надзор. Нели Бог ни го прави истиот комплимент и нам? Нели ни ја дава слободата да си раководиме со животот како што ќе избереме? Навистина, една од прекрасните работи кај Бога е тоа што ни дозволува да правиме толку многу самите. Не обдарува со големиот дар на слободната волја.

Божјото трпение
Параболата ни кажува за Божјото трпение. Господарот праќа слуга по слуга на лозарите „за да му ги прибере плодовите". Не еднаш или двапати, туку безброј нати Тој им дал на лозарите шанса да го платат својот долг. Кога првиот слуга бил малтретиран, тој не им вратил со одмазда. Им давал шанса по шанса. Колкуе убаво Божјото трпение! Да беше Бог човек со човечки реакции, одамна ќе ја растуреше вселенава на парчиња од очај поради гревовите и глупостите на човекот. Но не Бог! Тој е трпелив со секој од нас дури и кога сме во грев. Тој не не отфрла. До самиот крај, како со покајаниот разбојник, Тој чека да се покаеме и да Му се вратиме. Еден атеист еднаш се обидел да докаже дека нема Бог. Со драматичен гест го извадил својот часовник и рекол: „Ако има Бог, Му давам една минута да ме погуби на место". Публиката че-кала една бескрајна минута. Конечно, некој станал и прашал: „Зарем малиот човек мисли дека може да го исцрпи трпе-нието на Семоќниот Бог за една минута?"

Божјиот суд
Параболата зборува за Божјиот суд. Бог е многу трпелив. Човек може дури да го искористува Неговото трпение, но на крај доаѓаат судот и правдата. Божјата воздржливост е голема, но на крајот Тој дејствува. Откако Го пратил Својот Син во светот во личноста на Исуса, Бог не може да направи ништо повеќе. Нема понатамошни повици. На крајот спте ќе не суди нашиот одговор на Божјиот Син.
„А кога ќе дојде господарот на лозјето, што ќе им направи на тие лозари?" Му одговорија: „Злочинците ќе ги погуби, а лозјето ќе го даде на други лозари, што ќе му ги даваат плодовите навреме". Големата задача што требало да им припадне на Евреите, рекол Исус, ќе им биде одземена и дадена на незнабошците. Евреите требало да бидат народот што ќе ги води сите луѓе кон Бога. Наместо тоа, тие го отфрлиле Божјиот Син кога Тој дошол; затоа задачата за благовестење во светот ќе им се даде на незнабошците кои тие ги презирале.
Бог е милостив, трпелив, великодушен, доверлив. но и праведен. Лозарите мислеле дека можат да го убијат синот и да го земат лозјето за себе. Сигурно си мислеле дека господарот е многу далеку за да дејствува или дека е мртов. Многумина денес мислат исто така за Бога. Но Тој е жив и управува со се. Поради тоа, денот за поднесување сметки секогаш доаѓа. Тој не ставил на нашите места со доверба, но еден ден ќе се врати и, тогаш, ќе има право да очекува нешто од нас.

Човековиош грев
Освен што ни зборува за Божјата љубов, доверба, великодушност, трпеливост и суд, параболава ни зборува и за човековиот грев. Го гледаме во каменувањето и убивањето на пророците. На крај го гледаме во распнувањето на Божјиот Син. „Овој е наследникот, ајде да го убиеме и да го присзоиме неговото наследство". Го бараат за себе тоа што им е само позајмено. Служителите сакаат да станат господари. Сакаат „да си играат" Бог. Забораваат дека се наемници што уживаат во едно лозје што не го посадиле. Зарем не правиме и ние така? Се однесуваме како господари на куќата, особено ако имаме макар малку успех во животот. Си ги присвојуваме сите заслуги за нашиот успех.
Еден учител му рекол еднаш на еден ученик: „Ти си многу надарено момче". Ученикот поцрвенел и не знаел каде да се сврти. Се засрамил и сакал да пропадне в земи затоа што мислел дека талантите му припаѓаат нему. Но учителот кога рекол „надарен", сакал да каже дека неговите дарови не се негови, туку дека му ги доверил Бог. Колку често се обпдуваме да го присвоиме лозјето и го забораваме господарот? Ги примаме даровите и го забораваме Дарителот.

Самиот Син
Конечно, Исус кажува нешто многу важно за Себе во оваа парабола. Најпосле, вели параболата, Бог Го пратил Својот Син кај нив. Праќал слуга по слуга, пратеник по пратепик. Сега не доаѓа слуга или пратеник, не некој втор Мојсеј или Исаија, туку Самиот Син, Самиот Бог! Параболата содржи едно од најјасните тврдења што ги искажал Исус за сзојата Единственост. Тој е поголем дури и од најголемите што дошле пред Него. Тие носеле пораки од Бога; Тој го носи Самиот Бог. Тие ја откривале Божјата промисла; Тој го отвора Божјото срце. Тие им кажувале на луѓето што сака Бог; Тој им го покажува Самиот Бог. Св. Марко вели вака за тоа: „Имал само уште еден, возљубениот син, им го пратил Него последен". Авторот на Посланието до Евреите вели: „Бсг, Кој во старо време, откако многупати и на многу начини им зборуваше на оците наши преку пророците, во последниве дни ни зборува преку Синот..." (Евр. 1,1-2). Ете го Божјиот носледен збор, Божјата последна покана, Божјиот краен повик. Тоа е тоа! Бог не може да направи ништо повеќе.. Во Своите последни денови, токму пред распнувањето, Исус ја употребил параболава за да им биде кристално јасно на водачите иа Израилот кој е Тој и што е Неговата служба.
Далеку од тоа дека е „отсутен" господар, кој одамна го создал светот за Себе, а потоа го оставил и заборавил на него, Бог е Оној Кој е постојано присутен, грижлив, полн со љубов, трпелив, великодушен, Кој праќа пратеник по пратеник, на крај и Сопствениот Син за да ни го понуди дарот на небото. 

 

  Извор:

Ентони М. Конијарис„ СКАПОЦЕНОСТИ ОД НЕДЕЛНИТЕ ЕВАНГЕЛИЈА“

Издавач: ЃаконијА



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная