логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Брегалничката епархија ќе ги урива сите нелегални градби каде што бајачи и гатачи поставуваат крстови

БИЛЈАНА ЈОВАНОВСКА-Утрински весник

Во епархиите на Македонската православна црква во градба се над 120 цркви кои ќе бидат завршени годинава или најдоцна во почетокот на наредната. Во Архиепископијата немаат вкупни податоци каде и колку се гради, како и колкав е бројот на завршените црковни објекти што се предадени во употреба последните една-две години, бидејќи секоја епархија си има свој буџет, свои верници и ктитори кои директно ја финансираат градбата.

Меѓутоа, впечатливо е дека доста се гради и се настојува да се „покрие“ секоја градска населба или село кое досега немало црква или, пак, била премала за духовните потреби на верниците. Тука не спаѓаат црквичките, параклисите и местата со „света вода“, кои без благослов на надлежните епархиски архијереи ги изградиле „верници“ кои во сон „од горе“ добиле порака дека нешто треба да изградат. Најчесто, самите ја злоупотребуваат недоволната упатеност на луѓето во верата и ваквите нелегални објекти, кои од црковни обележја имаат единствено крст и никаква врска со религијата, најчесто се користат за злоупотреба на туѓата мака и во нив „ординираат“ јасновидци, бајачи и гатачи... Во една епархија на МПЦ дури не ги ни попречуваат во давањето услуги и во остварувањето големи профити.

Убедливо најголемо градилиште на нови храмови, легални и со благослов на архијерејот, е во Пелагониско-преспанската епархија, во која само во последните две години се завршени и осветени 61 црква, а 48 се во фаза на градба. Некои од готовите храмови се' уште чекаат фрескоживопис. Оваа епархија, од осамостојувањето на државата, доби уште близу 200 конаци. Само три-четири цркви во Битола, на Кајмакчалан, Подмочани и во Јанковец имаат свои ктитори, двајца се нашинци од САД и од Канада, додека сите други цркви и околу 15-ина параклиси се прават со средства од верниците, ама во најголема мера градбата ја финансира Митрополијата.

За изградба на црквата во Мала Преспа, на пример, донација од 30.000 долари обезбеди бизнисменот од Швајцарија Владо Ралев.

Во Дебарско-кичевската епархија лани беа осветени 6-7 цркви, а во градба, главно во селата, и тоа како втори параклиси, се градат уште 20 објекти. Црквата во Трпејца е пример на храм чија градба верниците долго ја подготвуваа, но таа е завршена само за една година.Една од поскапите инвестиции во епархијата се конаците и капелата во охридски „Св. Наум“, кои имаат над 1.200 квадрати.

Цените на градбата на црквите се различни и главно зависат од тоа дали ќе се работи од делкан камен, со или без скап иконостас и фрескоживопис. Но, се цени дека просечно еден квадратен метар на црква е од 250 до 320 или најмногу до 350 евра, а на цената влијае и тоа дали црквата е лоцирана во градска средина или во некое оддалечено село, каде што транспортот значително ги крева трошоците.

Струмичката епархија од неодамна има уште 23 нови цркви, а 17 се градат, додека во Скопската епархија готови се десет, а во завршна фаза се пет цркви, лоцирани во главниот град или во околината. Најголем и најскап објект од милиони евра е црквата „Пресвета Богородица“, чиј ктитор е градоначалникот Трифун Костовски. Станува збор за црква што го носи името на заштитничката на Скопје, која била запалена и урната во Втората светска војна, а чија обнова неколкупати била започнувана, но градбата секогаш се уривала. Ова импозантно здание, сместено спроти Академијата на науките, велат, скопјани ќе го добијат годинава, исто како што во употреба ќе бидат предадени и црквите „Св. Илија“ во Аеродром, „Св. Злата Мегленска“ кај Матка, „Св. Наум“ во Радишани, каде што се погребани последните двајца поглавари на МПЦ г.г. Гаврил и г.г. Михаил, како и црквата „Св. Никола“ во Скопје - Север.

Брегалничката епархија, во која 20 цркви се во градба, засега е единствена што поведе иницијатива за уривање на сите „оброчишта“ или места на кои се поставени крстови, кои се работени на диво, без благослов од архијерејот и од Македонската православна црква. Интересно е, вели владиката Иларион, кој и го отвори прашањето за расчистување на бајалиштата, што тие, како по правило се направени во непосредна близина на црквите за полесно да може да ги „обработуваат“ потенцијалните клиенти.

Г. Иларион тврди дека во неговата епархија на свештениците не им е дозволено да одат во овие диви градби, бидејќи таму „луѓето му се поклонуваат на ѓаволот, а не на Господ“. И затоа сите што нема да се покаат и нема да го почитуваат Уставот на МПЦ, во кој е пропишано кој и како може да гради параклис или црква, ќе бидат урнати. Тој очекува неговиот пример да го следат и другите владици на Македонската православна црква.

Некои духовници забележуваат дека дури и Црквата секогаш не води сметка за тоа какви проекти за цркви прифаќа, па ни се случува и невиден модернизам, кој нема врска со црковната архитектура на овие простори и не соодветствува со православието. За ова, велат, исто како и за бизнисот во „оброчиштата“ и разните места со божемни свети лековити води кои носат огромен профит, поскоро треба да се позанимава и врвот на МПЦ. Јавна тајна е дека поединци во ова гледаат доходовен бизнис, знаат дека „светите“ места кои се обележани со крст државата потешко ги урива и на тој начин ем остваруваат пари ем узурпираат државно земјиште кон кое со тек на годините се однесуваат како кон лична сопственост.
 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3123
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7595
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная